Не знам колку е морална подршка, ама е едно размислување... Многу девојки се научија да купуваат С, ХС, значи од се најмалото бројче. И чекаат да ослабат. И сакаат да ослабат. И се премногу разочарани кога никако не ги собира во тие фармерки. И јас имам едни фармерки, преомилени ми се, ама немаат ластик, во нив ме собира кога сум најслаба само (обично преку лето сум уште послаба од вообичаено). И многупати жалам, само ги пробувам... Значи тие фармерки се за мене стандард - дали сум јас фит или не. А, тоа е погрешно !!! Треба да сфатам дека фармерките се премал модел, ем немаат ластик, и повеќе пати сум сакала да ги подарам. Ама скапо ги платив, ем многу ми се типски, па не ги давам никако.
Хај , хај, хај! Да знаете, не ве заборавив ниту пак се откажав! Само сум зафатена со работните обврски и немам многу време да пишувам. Си внимавам јас пак што конзумирам и колку, е сега, си мешам и различни продукти во текот на денот, така ми налага работата. Нпр. денеска за појадок (во 10,30 часот) имав гравче со свинско место, издинстано. СИ зедов во нормална количина и чао. без лебче и сокче. Кога си дојдов дома, имав спанаќ и салата краставички. Истото и за ручек и вечера. Сега, знам дека појадокот ми е многу доцна со оглед на тоа кога сум прва смена станувам во 4,30 мин но тоа е, неможе се порано. Како и да е - задоволна сум. не се жалам, некој БУУУУУУУУУУУУУМ резултати нема, но , мали, мотивирачки има а полека ке дојде и тој БУУУУУУУУУМ
А како успевате да се контролирате во врска со благото? Јас никако не успевам Одма се откачив од лебчето, од газираните пијалоци, од се калорично, ама од ова благото абе никако не ми оди, ќе издржам 2-3 дена и толку, пуста душа попушта кога ќе види чоколатце Ај пробав демек кога ќе ме фатат кризи за благо да јадам овошје или житарки како Витанова, ама и така не успеав, кога ќе видам ресанче, медено срце ми светнуват очината Одам на фитнес, и добро ми оди, внесувам 2 л вода и сето то,ми спадна подуеноста на стомакот, ама никако да му откажам љубов на благото
Јас за краток период ослабев едно 3-4 кила, а се зачудив дека сум во ПМС и јадев како луда дали е до промена на време незнам, али уште минус толку ми требаат за некоја моја идеална тежина
Ве молам кажете некоја диета нешто морам да ослабнам до др месец (17 мај)пробувам некои диети но никако - ве молам помогнете ми
Имам читано дека јаткастите плдови се ептен препорачливи додека си на диета, али никој досеа ми нема одговорено дали белите семки дебелат? Не можам секогаш лешници и бадеми да купувам, некогаш со нешто поскромно треба да се задоволиме. Сончогледот знам содржи премногу калории, поготово во количини кои јас ги јадам, али семките не знам ств.
Можеш да јадеш кикирики,ораси,ленено семе,семки од тиква,семки од сончоглед се додека ги задоволуваш твоите калориски потреби. Ако ти е за диета ленено семе има многу диетални влакна исто и чиа семето. Поентата кога си на диета е да јадеш многу храна и да не се чувстуваш гладна. А ефектот на јатките е во тоа што голем дел од храната не се апсорбира како што треба,семките за жал не сум читал и не можам да ти кажам дали го имаат истиот ефект.
Убаво ми одеше 1 и пол недела на здрава храна и храна в уста после 7 НЕ! Ама се разболив и после то убо си ги накачив изгубените килца Пред 1 недела пак почнав, ама само со исклучок на газирани сокови.. Имам нешто проблем со желудникот, гастрит ми рекоја и од месо смеам само пилешко, конзервирано НЕ, салата НЕ , зачини и луто НЕ, само млечни производи и леб Сабајле ке јадам некоја кифла на училиште со нешто малце или пак ѓеврек, за ручек нешто шо е замене како компир, ориз и такви работи, а за вечера многу малце 2 лајци павлака или 1 чаша млеко или 1 мало парче кашкавал...
Затоа ќе си припремиш 3 оброка со зеленчук за на школо и нема да гладуваш. Јади повеќе протеини и од растително и од животинско потекло. Еве ти објаснување како. https://www.youtube.com/watch?v=Bq1TRHVwgs8
Ако е ова земене кажав дека несмеам салати, поточно несмеам зеленчук, од овошје само јаболко и банана
А јас шо сум на Аткинс и ме фаќа тешка криза за сок? За цеден сок, за фанта, за кока кола, за синалко, за пиво, за се бре ме фаќа стрвост... Сега размислувам да земам да сварам чај, да го изладам, и да го пијам демек сок да мислам дека е, незнам ете шо да направам, ни благо не ми се јаде, ни леб, се навикнав веќе, ама ми се пие сок луѓе.
Јас ослабев за 20 дена 4 кила. Не држам никакви диети, ниту па сум исфрлила нешто скрос онака као - засекогаш. Нема ваљда цел живот да не каснам чоколада или хамбургер од седмица или никогаш повеќе да не се напијам кока кола. Целта ми е да намалам на јадење, значи се да си јадеш само во помали количини. Пример јас сум голем зависник од благо, ама еве се издржувало. Во овие 20 дена само два пати имам каснато благо, еднаш пола чоколада, а еднаш еден кроасан. И еднаш јадев во седмица. И пак слабеам. Вежбам секој ден по 40 минути на орбитрек. Сум држела диети па после дупло сум ги враќала килограмите. Вака сакам да си створам една животна навика, да внимаваш да не се прејадуваш, благо ептен ретко коа ќе те фати само криза, а не како претходно што не можев да си замислам ден без да не се изнагнетам онака убаво благо. Фино лепо за доручек си јадеш овошје, некогаш земав едно пакетче смоки, за ручек тоа што има дома (без леб) една мала порција. Абе јадело ми се уште или не, небитно, една порција од ручекот , салата и толку! Секако понекогаш си земам и парче леб, али ретко. За вечера јадеш супа, или салати, може и ако останало од ручекот онака да земеш малце пола порција, сирење, маслинки... И така. Може иде бавно слабеењево али е сигурно. Сок не пијам вака сама да си купувам, ама јебига коа одам на гости нема ваљда вода да побарам, ќе си ме послужат со чаша сок и готово. Нема да те здебели чаша сок ако внимаваш на исхрана.
Да тоа е се ок, но треба да се тргнеш од процесирната храна и да јадеш целосна храна. Зеленчукот ќе ти помогне во тоа. Освен ако лично не можеш да го поднесеш, не гледам зошто да се тргнеш од него. Би те советувал да идеш на нутриционист и да ти даде совет.
И јас да споделам искуство Сакам да ослабам најмалку 10 килограми, полека но сигурно. Скоро цел месец сум без леб и благо и не било тешко...На сабалје за поручек јадам било какво овошје и две лажици секакво суво овошје (мешано), за ручек јадам тоа што има дома зготвено (пр денес риба и орис) без леб и во комбинација со салата (зелка, малрулка, туршија, било каква) за вечера овошје или супа. Така ми поминува денот, се уверив дека од досада сум јадела порано. Немам некоја потреба за благо па ни за леб. Во викенди на сабалје излегувам трчам, додека во понеделник, среда и петок вежбам на справа по 15 или 30 минути. Како што кажав 3 недели со вакво темпо терам и имам упех 4 кила сум ослабена и се гледа, сите ми рекоја Сега за Велигденов морам да се пазам да не кикснам со благото. Многу пати сум се обидувала неуспешно беше, но овој пат сум стварно цврсто решена! АКО СЕ САКА СЕ МОЖЕ, вистина е, а јас порано изговор ми беше и вода да се напијам за мене се фаќа..е не е вистина, не се тешете со тоа Со стомачни несакам да почнам затоа што сеуште треба да топам од мене, па кога ќе дојде време за зацврстување ќе почнам и со стомачни Spoiler МОТИВАЦИИ : Идол ми е женава, најмногу ме мотивираат нејзините слики