Епа драга моја ако имаш соковник или некои твои пријателки ,комшики имаат,направи си природен сок од зеленчук, ти препорацувам микс од моркови,цвекло, ем ќе те освежи максимално,ем има мн витамини и не е калоричен,а и сокот од моркови и цвекло има сладок вкус и ќе ти биде прекрасно,а можеш да пробаш и сок од домати,зелка,краставици и др зеленчук,ем природно,ем здраво
Толку ми е смачено од диети, што ми се повраќа веќе. Не можам веќе, немам сила навистина. Ослабев 22 кила, вратив 5, ослабев 6, пак вратив 5... Ми се смачи од вечнава борба, од броењево на калории, од немешањето на протеини со јаглехидрати, од 1 час вежбање после еден сладолед, или не дај Боже помфрит со сирење. Ми се смачи од јадење салати, пластични краставици, банани... Од се ми е смачено, а не сум блиску до линијата што ја посакувам.
Од утре и јас ви се придружувам. Морам да ослабам барем 15 кг. Треба 25, ама ај за почеток и толку е доста. Подобро нешто, отколку ништо. Се полека. Се одлучив за УН диетата. Некако најефикасна ми изгледа. Од утре и јас ќе ви бидам редовна во темиве.
Бидете упорни во тоа што сакате да го постигнете. Јас со Ун диетата ослабев 13кг завршив вчера со неа па после Велигден почнувам пак од почеток Не се откажувајте резултатите се неизбежни !
Викторија поентата на една диета не е да ослабнеш и да се прејадуваш за празниците. Поентата на една диета е да е животен стил во кој може да уживаш без разлика дали е празник или било кој ден. Добар план за исхраната не е едно краткотрајно решение каде што ќе ослабнеш и после ќе ги вратиш. Затоа што секогаш ќе биде послатко прејадувањето отколку гладувањето. УН диетата функционира краткотрајно,но ете што ќе се деси во долг план? До кога ќе гладуваш е прашањето?
Со Ун диетата не се гладува Кој кажа дека ќе се прејадувам за празници спомена некој такво нешто ? Незначи дека праам пауза некој ден и ке јадам како свиња се и сешто ... Не се навикнав на таквиот начин на исхрана и гледам да не ги мешам работите грешно туку баш како што треба нормално да си јадам. Јас во ниту еден ден од диетата не почуствував некој силен глад ,освен во овошниот ден но сепак тогаш има најмалку внесување на калории и чистење на организмот спред мене. Јас ун диетата ја сметам како здрав начин на исхрана а мислам дека и ти ќе се согласиш дека е така затоа што во неа има се што му е потребно ан организмот во разни денови И протеини и јаглехидрати и скроб ....
Па не чувстуваш,али јадење само еден ден јаглехидрати,еден ден само протеини,еден ден само овошје не дава разновидност и не му даваш на телото тоа што му е потребно балансирана исхрана. Под балансирана исхрана мислам да има доволно порции зеленчук,овошје,протеини и омега 3 и 6. Само направи крвна слика да видиш каква ќе ти биде за време на таква исхрана. Нема разновидност=слаба крв.
Денес е прв, протеински ден, што значи се јаде или месо или јајца, а денес е велики петок, стрг пост, така да нема денес да ја почнам диетата, туку од задутре.
^ Можеш да си свариш: компир и морков и да си направаш пире, печен грашок, брокула, тиквичка! Направи си салата, важно е да се почне од некаде!
За појадок два портокала, потоа варен компир и краставица за ручек, а за вечера домашна супа со зеленчук. Тоа ми е денешното мени. Веќе почнав. Само сакав да кажам со УН диетата ќе почнам после пост.
Stef имам прашање до тебе. Дали ја имаш прифатено здравата храна како животен стил и си се помирил со тоа, или вежбаш а знаеш често да си се почестиш со нешто нездраво? Мене ептен ова ми изгледа како голема жртва.Да се откажам за цел живот од нешто во кое што уживам, за да имам тело какво што сакам.
Јас не се откажувам од ништо. Ако ми го видиш дневникот јадам празна храна но во умереност и во моите дневен калориски внес и макросооднос што сум го испланирал во денот. Мојата цел е да бидам флексибилен,да изградам функционално тело и да сум здрав,а ако изгледот следи после тоа да и тоа е супер. А дека мора да жртвуваш,мора тоа ми е работа и не го препорачувам на секого. Но го препорачувам ако сакаш да ослабнеш и да ја одржуваш фигурата. Истражувања после истражувања ја кажуваат ефикасноста на вежбањето,подржано со здрава исхрана. Мојата филозофија е IIFYM. Пребарај ќе видиш за што зборам.
Да си кажам дека денеска свесно ја направив првата грешка Јадев торта, и сега многу ми е лошо, прв и последен пат ми е тоа!!!
Big Deal... Get over with it. Има 300-400 калории едно парче. Бидејќи гладуваш тоа не е ништо за тебе.
Не ме занима. Го правиш како големо чудо,јас јадам секакви храни секој ден. Не гладувам и успевам да слабеам. Ако за тебе е 800 калории успех што си јадела,слободно продолжи на тој пат. Но како човек што бил низ сите тие патишта,повеќе од 4 дена рестрикција не би ти препорачал. Но ти си знаеш и доволно си свесна за последиците.