Здраво дали некој ја има држено оваа диета http://www.zdravjeizivot.mk/diet-meni-k ... mo-7-dena/ ?? поздравввв
Не ти препорачувам да држиш диета што ќе ти го ослабе имунитетот и ќе ти кажува да не јадеш после 6 часот. Телото не препознава време,познава колку калории во денот си внела и ако си потрошила повеќе отколку што си внела сигурно ќе ослабнеш. Направи го животен стил и навика,за да видиш ефект долготраен. Краткотрајно може и да гладуваш и да ослабнеш и 10 кг,но тие ќе се вратат зашто поголемиот дел е вода.
Каков зулум сум направила деновиве, кутри јагниња, којзнае колку свиткав Буквално почнав да ги сонувам, не затоа што имам грижа на совест, туку толку сум прејадена што не можам да дишам Сега ќе удрам еден Жан Митрев да ги вратам тие 2 и пол кила што ги ставив овие 4 дена. Варени јајца, фала богу, има
http://www.mindbodygreen.com/0-13454/3- ... -diet.html Во прилог на моето тврдење дека сировата храна знае да биде и не толку добра. Сите три точки ми одат во прилог. Од вечера почнав со Инсенити. Се што е протеин мене ми е ок. Појадок шејк, јаболко,цимет, мед, ѓумбир и лимон, ручек две парчиња печено месо, со марула салата, мало парче леб и крем салата со урда и ореви, две големи лажици и толку. Вчера ваљда јогурт.
Не знам дали е ова соодветна тема, ама ова морав да го кажам некаде. Таа „морална“ поддршка среќа постои на форумов бидејќи имам чуство дека никаде, ама баш никаде, на друго место не постои. Отсекогаш сум била слаба, иако никогаш не сум внимавала на исхраната, бидејќи и средното и основното училиште ми беа 2-3км оддалечени од дома, па пешачев и редовно трчав и играв кошарка на часовите по физичко,а преку летото, пливав, возев велосипед, планинарев . Кога дојдов на факултет прилично се здебелив, јадев домашна замрзната храна која ја одмрзнував, ама со „прекрасниот “ распоред на факултет и отсуството на свежа храна(салати,самопослужување на готвена храна и сл)во бифето и посегнувањето и по брза храна си го направи своето. Преку лето спремање испити, нерви и сл. Не знам колку и самата промена на средината вилјаеше врз мене. Како ѝ да е поентата ми е дека дури да завршам со факултетов ќе се потрудам да ги исклучам целосно производите од брашно, газираните сокови и благото(чие комзумирање ми е тешко да го контролирам во овулација и оние денови). Бидејќи покачената тежина си го направи своето, поспаност, цисти (за среќа само) на едниот јајник, нередовен циклус, напади на јадење, блага депресија, голем пад на самодоверба, трауми при купување на нова облека(како сите што носат облека со број поголем од 40 да се свињи дебели што не треба да излегуваат од дома, после ги осудуваа девојчињата што носеле хеланки, наместо фармерки, па што да прават кога на прсти се бројат продавниците каде можеш да најдеш облека со 42, 44, 46 број -.- ). Деновиве ми падна в очи една група на фб од еден фитнес центар каде очигледно не вежбаат многу девојки и имаат добра комуникација и поддршка, а очигледно и доволно добра инструкторка, толку добри и видливи резултати за краток период само со здрава исхрана и вежбање, е навистина за пофалба. И штом завршам со факултетот радо би им се придружила, без разлика колку месечно ќе треба да плаќам , бидејќи секаде недостига таа морална поддршка и споделување на искуство. Па како очекувате некоја да ослаби во теретана каде одат и машки и женски и таа е тринеасетото прасе и кога и да дојди , машките се подбуцнуваат еве ја дојде дебелата, како ќе дојди некоја со Викторија сикрет тело, буквално ја слекуваат со поглед.(Колку сме прости и заостанати, во САД голи мажи и жени вежбаат јога овде уште се прегледваат како сите кога прв пат стапнале в теретана да имале а ла Давид тела(боженствени тела) ). Некои ќе речат„Ако тоа е добар начин да се мотивира!!“ Не, не е! Не работи кај секого инаетот „Ако таа може и јас можам“, некои се поосетливи, покршливи и баш затоа им треба поддршка. Неколку пати сум одела на групни тренинзи да ги наречам, како аеробик и зумба, но некако нема групи за почетници сите се еднакви. И иако бев во средните(во однос на телесн тежина), ги гледав како подебелите, се чуствуваат инфериорно и после 2-3 тренинзи се откаживаат и комуникацијата е на најниско ниво, а баш во тие моменти потребна е комуникација поддршка, споделување искуства, не сите од Адријана Лими-те одсекогаш биле такви или на прсти се бројат тие што отсекугаш биле слаби. И апел до сите кои имаат другарки кои поради вакви или онакви причини се здебелиле,прво прашајте ги како се, потоа самите ќе ви кажат дека се здебелиле, поправиле, наместо првото што ќе и го речите да е „Ауу колку си поправена“, бидејќи не знаете во каква фаза се наоѓа и ако веќе почнала да презема драстични мерки да ослаби , таквата дирекна констатација може да е погубна.
Дечки, ги читав сите диети и сите коментари. И јас сум за диетата на Жан Митрев. Сакам од утре да ја почнам, слична е на протеинската која најмногу ми одговара. (Ја држев до четвртокот, 11 кила за 5 недели). Сакам да ја сменам зашто ми е страв да не направам каша - попара зашто ниту овошје не јадев, а ми фали многу. Инаку немам проблем со слабеењето, кога ке решам - решено е. Овие денови пробав да јадам пецива и благо... ама не иде. Затоа сега ке ја почнам на Жан, затоа што има малку од малку овошје, само планирам да не јадам двопек, мене тоа не ми одговара на организмот, ми се дуе стомакот, а перфектно функционирам без јаглехидрати. Кој почнува од утре?
Неколку дена ништо не сум се напила, освен вода. Ми се пие нешто, ама соковите не се баш здрави. Чај без шеќер не можам, кафе исто!?
jas normalno pijam normalno jadam odam dvapati vo nedelata na trening i pocnav od vcera vezbi od fevruari pa navaka imam oslabnato 4-5 kila barem do 1 juni da bidat 7-8
Пробај цеден сок, овошен или зеленчуков каков ти е повкусен. Знам дека не е здраво ама кока кола zero е со нула калории,т.е на една чаша има само пола калорија и не би те здебелила. Исто можеш кафето и чајот да ги засладуваш со Стевија,тоа е некалоричен засладувач добиен од растение.
Кока-кола нема шанси. Си купив кисела вода со вкус на лимон. Инаку, во право си, ќе си правам сок од портокал, барем тоа не е ќисело без шеќер.
Еве ме и мене Вчера не можев ништо да кажам, бев во трка со времето. за појадок само што појадував супа и краставички. За ручек незнам што да си подготвам, си купив коковче, дали да го испечам или грав да јадам, незнам. Се ме влече накај коковчето.. незнам.. и секако нема да го изедам целото, само да се заситам, таман работа. Вчера ис поминав како - така, бев кај колешка на гости, една чаша кока кола, соленка и едно парче кашкавал и мартодела - морав.
Јас од денеска повторно почнувам со УН Морав и овде да ви кажам... Посакувам во овие 90 дена да си намалам барем уште 10кг Овие денови т.е за празниците не сум покачена ниту грамче и тоа ми е за пофалба ,затоа што си каснував од се по малку
Доручекот го почнав со овесни снегулки со јогурт + чиа + ленено семе и суво овошје една рака (папаја, ананас, кајсија и слива), за ручек ќе си направам соја шницли само варени со салата свежа марула со домат и краставичка, а за вечера ќе видам салата ќе биде сигурно домат и краставичка со некој додаток. Меѓуоброци јадам оревчиња, овошје и интегрални соленки. Зелен чај 4 шолји = 1л, вода уште литар и си пијам по една чаша цедевита затоа што не пијам никакви други сокови - освен свежо цедени! Кафе и онака не пијам. Наутро се масирам со антицелулитна крама, облакам антицелулитни хеланки и пешачам пола саат до саат зависи колку време имам. Ги вежбам и 30дневните предизвици за задник и стомак и навечер трчам комбинирано со брзо одење саат два исто зависи колку време имам секако со хеланките на мене. Секој ден си запишувам се што јадам и колку вода пијам како и дали вежбите сум ги направила се со ред, да не заборавам нешто Така имам поголема евиденција и си запишав почетен обем на бутовите, задникот и стомакот како и килажа па ќе се измерам пак за некој ден, денеска ми е 10ти ден како го практикувам се ова што го набројав со варијации во исхраната (на пример руска и торти на секој чекор со празнициве )
Јас веќе неколку дена не сум мрднала на вагата Spoiler Ај се тешам дека треба овие денови да ми дојде Инаку, почнав да ги носам работите кои ми беа ептен мали, а сега ми се големи, и сите ми викаат дека многу сум ослабеана. А немате поима колку многу ми се јаде Милка сладолед .. ама нема!
Нема ништо да симнеш. Не за џабе е пишано дека после три месеци можеш пак да ја започнеш. Организмот сега ти е навикнат веќе на тој начин на исхрана, така што не верувам дека ќе имаш некои големи резултати. Секако нема шанси 10 кг. Смени ја малку овој период исхраната, затоа што лошо ќе си направиш само.
Ќе видимее само здравје Планирам да вметнам тоа што поретко го јадев претходните 90 дена ... па после 20 дена ќевидам какви ќе бидат резултатите
здравоо девојкии како сте ми јас сум нова на форумов.и во голема очајност сум да ослабнам а неможам никако.пред три години со диетата на УН ослабев 24кг. но еве сега пробувам пак и не бидува и не бидува проблемот е што ја држам 4 дена и ја прекршувам а сакам да ослабнам барем 10 кг.еве тука ја читам онаа аткинс диета па се мислам да ја почнам.дали ја има некој држано ?ве молаам очекувам гоолема мотивацијаа од ваас ве поздравувам и ви посакувам убава вечер
Аткинс диета е опасна за срцето. Не ја препорачувам затоа што се е до калориите и до макронутриентите(протеини,јаглехидрати,масти). Еве ти добра тема за тоа. fitnes/rezim-za-topenje-masnotii-t18001/110.html Потребно е да си ја готвиш храната дома. Да ја мериш и да водиш евиденција во дневникот. Да си трпелива и да почнеш да вежбаш. А ако не си дисциплинирана ти препорачувам да го погледнеш видеово. https://www.youtube.com/watch?v=ESLx-CzWdNQ