После месец и нешто, ја прекинувам Аткинс диетата. Иако веќе почнав да намалувам на обем, дури и дечко ми ми рече, а што тој ми рече - значи нема утка, не можам повеќе само заради тоа што почнав да имам тахикардија и вртоглавици во буквална смисла на зборот. Мене Аткинсот како диета многу ми одговара, пошто сум месар, но доста беше, не можам да си го жртвувам здравјето. Инаку не се мерев јас, но според фармерки, облека, забележав дека имам намалено во обем, и апетитот ми се намали исто. Сега, почнувам со режим на јадење што најмногу ми одговара, не е никаква диета, туку долгорочно решение. Овој режим си го знам напамет со помош на нутриционистот што го имав пред некоја година и плус она што сама гледам дека ми годи најмногу. Појадок - овошје, цеден сок лимон со 3 јајца од потполошка препелица, лажичка ленено масло. До ручек само вода минимум 1 литар. Ручек - варено, печено месо, риба, зеленчукови манџи, многу салати, туни, јајца, зеленчук, супа без фиде. Вода после ручек 3 часа не пијам. Ужина - јаткасти плодови, чаеви, какао. Вечера - салата многу и парче месо или риба/туна, или па печена тиква, или малку солени пуканки. Ги вежбам вежбите од The biggest loser, многу ме потат, јако кардио се, баш тоа што ми треба, и плус после тоа - вежби со тегови за гради, грб, раце и задник најмногу. Како слабеам и да се затегам, не сакам да си го загубам задникот ни па градите да ми станат како издишани. И јас утре обем ќе си мерам и на вага, па со среќа на сите.
Мрзата е денеска најголемиот убиец. Ако ја победиш ќе добиеш,ако не џабе ти се какви сакаш диети. Оди пешачи биди активна. Со седење на компјутер на 4 ѕида ништо посебно не правиш.
Тоа е затоа што на мозокот му треба глукоза. Ако ти не правиш денови со јаглехидрати нема да издржиш.
Чудна ни е `моралната подршка` што си ја даваме едни на други. Повеке ке се демотивираш него мотивираш. Си одговараме на постови ако не се согласуваме само со истите, сакаме да се докажеме итд...
ти само на вакви постови можеш да одговориш. а дали си дал реплика на моето прашање односно проблем, или како да го наречам за колковите? вежби кои да ги практикувам, погрешна стратегија имаш за да привлечеш клиенти.
Овде не сум да привлечам муштерии,тука сум да едуцирам. Ако имаш проблем со колковите би ти препорачал да отидеш на ортопед или физиотерапевт,кој ќе ти дијагностираат што ти е. А ако е до коските тешко дека ќе можеш нешто да направиш со вежбање. Може само да ја ублажиш болката,не да го излечиш.
После стагнација од 2 месеци, т.е. благо покачување како резултат на прекумерното јадење јагнешко, од вторникот навака почнав да пазам што јадам. На крајот на мај имам некои поважни настани, па сакам да ослабам 6 кг до тогаш. Не е дека се држам до некоја посебна диета, ама личи на онаа на Жан Митрев, а до кога ќе биде така, не знам. Може да почнам нешто поконкретно, а може и нема. Наутро околу 10 јадам некоја овошка, некогаш и двопек. На работа често знае и благо да има, па и некоја коцка чоколадо знам да изедам, ама само 1-2 и не секој ден. За ручек јадам кисело млеко. Ова е некаде околу 12-1. Ако излезам на пауза, тогаш јадам салата. За вечера јадам голема количина мимоза салата, со две јајца, многу марула и кромид ако не ми е у план брзо после тоа да се лапам Ова е околу 5.30. Бидејќи вечерата ми е многу рано, ако искризирам подоцна јадам по еден портокал или јаболко. Е сега, повремено знам да се напијам и по некоја ракија, ама најмногу 3-4 пати неделно, и не повеќе од две ракии. Што да правам, ракија и салата се совршен спој. И плус нема поголема казна од тоа во кафана да јадеш салата и да пиеш кисела вода. Не иде. Дури и од благо се откажав, ама со алкохолот не ми иде. Јбг, мора човек по некој порок да има На сите диеталки сакам да им посакам многу успех. Често ве читам, иако не пишувам редовно, најмногу затоа што не ни држев диета периодов, само гледав да не претерам. Анушка, добро е што си ја прекинала Аткинс. Такви диети повеќе од 3-4 недели преку сила не држи. Смени нешто, почни некоја друга. Каква и да е, ограничува. Мене ми здосадуваат, па ги менувам Го молам СтефШеф да не делува демотивирачки во темава.
Со среќа Ариел. Денес јас, како вообичаено. Краставички и супа за доручек. За ручек риба и краставички. За вечера што има на работа. тоа е моето денешно мени. За разлика од многумина, јас не се одкажав од ништо, од никакво задоволство, добро само лебот, но навистина тој многу ми пречи. А останато, благо , глазирано знам понекогаш да си каснам, но умерено. Многупати кога почнував диети што забрануваат благо, газирано , леб итд. ми се покажуваа како неуспешни. а нели, добро ни е познато дека забранетото оружје ни е послатко Шала на страна. На крај краева, луѓе сме, И храната ја сакаме таква каква што е и уживаме во истата. и покрај потребата од храна за живеење, имаме потреба од храна за задоволство, и сме зависни од нејзиниот вкус. Но поносна сум што научив кога да кажам СТОП, кога да продолжам со конзумирање на храна.
Не знаев каде да го сместам прашањето,ама не е проблем и тука да е. Сакав да прашам,да не, некој од вас има слушнато за една диета во која секојдневно внесуваш само едно јадење?Се сеќавам само дека првиот ден беа макарони цел ден(без ништо) а натаму не знам... И име ако може на диетата.Не планирам да ја држам,во никој случај само сакам да знам пред некоја година на што се прелажав та се разболив. Благодарам однапред.
Денес сум помалку активна поради тоа што вчера се исфорсирав многу и се настинав (јбг ме фати дожд во сред трчање)... Вчера вежбав од овие вежби, пешачев 2 саати, трчав 1 саат, направив 120 стомачни и 60 чучеви.. http://www.ladybook.mk/mk/post/5085/10-vezhbi-za-zadnik-od-milion-dolari Ѕирнете ги, сите се за задник и верувам дека ќе си пронајдете нешто за вас. Доручек: тост со путер и парче шунка јогурт со ленено семе и чиа Ручек: чорба со зеленчук, варен ориз и малку бело месо - печено Вечера: салата зелка+морков Меѓу оброк изедов цело пакатче чипс од јаболка, не се каам, здрава грицка е тоа Литарот вода и зелен чај не ги пропуштив секако. Вака кога ќе напишам се што сум јадела изгледа некако малку, а се чувствувам доста сита и полна со енергија... Само не сум многу по овошјето, суво го сакам сто пати повеќе или у форма на сок, другше му немам некој мерак затоа и го нема многу на моево мени. Не се раководам по диети затоа што ги мразам и неможам фиксно да се држам до некоја, сама си измислувам што од прилика би требала да јадам да биде здраво и да има од се, + да ми дава енергија.
Вчера добив коментар од Мајка ми знаеш колку си ослабната, многу до пред тоа беа, аааааа , незнам зеко, секој ден те гледам, не те познавам да си ослабната и вчера се стопив И надвор од семејството ми дават коментари. Преубаво е чуството. Денес за појадок си земав две мали рипчиња... и краставички. не ми се јадеше повеќе а и бев во брзање. За ручек ке си подготвам спанаќ. За веќера на работа ќе јадам. Ах, да, заборавив сосема. Вчера влегов во фармерките што пред месец ипол не можев да ги закопчам. Денес комотно ми стојат. Уживанција. И така... оде сега Зека на вежбање.
Јас вчера на роденден бев, се гледам во огледало и си викам пу пу згодноќо една види како ти стојат хеланкиве, ептен confident се осеќав, првпат вака во хеланки да си се свиџам.
Оваа Џилијан не е нормална значи со вежбиве , гледам да ја вежбам кога можам, некогаш два дена по ред, некогаш преку еден ден, од минатата сабота до денес 3цм намалена сум на најкритичниот дел, тука кај спојлерите! Штета не се измерив кога почнав и немам осет од почеток што и како терам, ама ова е и повеќе од супер. Ништо посебно не јадам, стандард моите јадења , јогурт за појадок, се случи и еден ден кифла да каснам, нормални јадења за ручек, салати... И чоколатце за готвење си каснав и тие едни овесни колачиња. :geek: Едит - Баниш фет буст метаболисм го вежбам
Денес мене ми е 6-ти ден. Уште еден ден и една недела откако сум на УН диета. Искрено пренајадена сум и сфатив дека можам и без тостови, сендвичи, хамбургери, сокови, чипсови, смоки, благи. Порано овошје воопшто не јадев, ама сега овошјето ми стана и едно од омилените јадења. Обожавам, јаболки, банани, портокали, мандари, јагоди, лубеница, круши..... Не ми е проблем да издржам 3 месеци. Штом издржав кога беа празниците и кога сите јадеа, а јас не, а имеше месо и мн друга убава храна без која порано не можев тогаш и понатаму не ми е тешко. Едноставно знам да се контролирам. Вчера бидејки дома имавме роденден имаше се и сешто, ама самата сум свесна дека сум на диета и не го заборавам тоа. Се надевам вака ќе издржам до крај.
- 2,4 кг. помалку. Најверојатно дека имам МНОГУ за слабеење па побрзо ми оде. Денеска за доручек салата зелка и ќофтинки. малку рано за нив, и не соодвето време за нив али тоа е.. за ручек истото ке го конзумирам а за вечера ке си земам туна балко и салата. Подоцна ке се фрлам и на везбање, мора зека да ослабне.
Исто и јас како и Дузи, само јас други вежбам, морам да ги пофалам Инсенити вежбиве. Не измерив обем на почетокот, ама се сликнав пред да почнам, и еве денес пак, пред почетокот на втората недела. Леле луѓе мили за една недела која разлика ја има. Вежбам секој ден, 6 дена. Само два дена ги утнав затоа што горев од температура и не можев од кревет да станам, ама ги надокнадив веднаш потоа, па сега нема да го имам тој ден одмор пред почетокот на секоја недела. Е јас се нервирав затоа што вагата не ми покажува ни грам помалку, ми влијаеше на психа, ама ако продолжи вака салцево да се смкнува, не се замарам и повеќе ако покажува. Инаку држам некоја моја верзија на УН, појадок овошје, само деновите не ги терам по ред, туку што ми се наоѓа по дома дента за јадење. А секој четврти- петти ден ми е овошен (т.е. повеќе сум на краставици и зелка).