(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Xallo :) Тука е зека.

    Само што станав од спиење, морав малку сон да си пружам, сонот придонесувал за слабеење, така слушнав. :wasntme:

    На денешно мени имав од се по нешто. :fubar:
    Појадок од работа спанаќ и супа. Не јадев многу, не ми беше убаво, само една супена лажица од спанаќот и толку. Да, и супата си ја изедов, таа ми се свиде. Еден цел кутлач.
    Како си дојдов дома од работа, си манав едно турско и повторно ме пречека дома супа. Ај да не се жалам. Добро е. малку супа, една пиперка си земав (ја мислев веке подолго време) и 3 малечки чофтинки.
    Салата краставици.
    Исто ќе веќерам само без чофтинки.

    Е тоа е Зека.

    Секојдневно сум во трка со времето, па кога не сум на работа, често заборавам и да јадам, па уште сега и нагласив на мајка ми да ме потсети да јадам утре. :drunk:
    Уф.

    За дебелина и слабеење немам веќе проблем да дебатирам, отворено, со широки хоризонти, ама има еден проблем, демотивирање од страна на зли пријателки/и. Затоа, до сега, не сум признала дека внимавам на исхраната, а кога ќе се најдам во толпа луѓе и морам да одам во ресторан или на чорба, уредно си измислувам изговори, дека тоа не јадам, или не ми е убаво. Па останувам доследна и избирам да јадам помалку и понекалорично јадење.

    За инат на непријателите.

    На шала де. :wasntme:

    Едит: Утре Зека почнува со INSANITY вежбите. Па ќе видиме како ќе биде. Утре коментар. Мора зека да успее. ]:)
     
    На Pinklips му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.410
    Допаѓања:
    143.173
    Викендиве како ми се убитачни, со закон би ги забранила.
    Денес се цел ден се мачам да не згрешам нешто. Како дупната вреќа сум, колку и да јадам малку ми е.

    Станав рано и одма кркнав парче двопек и портокал.
    Во 10.30 веќе пак ми се јадеше и јадев две јајца со порилично печурки, околу 200 грама свежи, а не знам колку беа кога ги спремив. Оброков ми беше непланиран, ама ај, не е многу калоричен, протенински е и барем се најадов ко чоек.
    За ручек, риба и салата. По многу од двете.

    Веќе нема да јадам, мислам дека 3 оброка беа и повеќе од доволно :D
    Се мачам да не јадам ништо благо и сега за сега ми оди. Мачно, ама оди. Во потрага по мотивација го гледав клипчето екстрим мејкоувр што го постираше Хипстер погоре.
    Го извадив и синиот фустан за по свадби, кој најверојатно нема да успеам да го носам. Ама ако, нека се најде за мотивација.

    Повеќе ме секира тоа што утре може ќе одиме на ручек кај едни пријатели што готват перверзно добро. Иди, па кажи не.
     
    На 2036, hristinnnna, Marossa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.977
    Допаѓања:
    45.681
    Пол:
    Женски
    Луѓе јас да би се придружам во клубот.Јас откако памтам за себе не сум се грижела многу за тоа колку јадам и дали ќе се здебелам, веројатно затоа што имам таква градба и метаболизам и се што јадев ми одеше во газот и градите, па додека бев тинајџерка ми се направи добар задник и гради и онака си бев таман, едино што бев здебелена во прва средно така отповеќе, ама после ослабев и немав мака.
    Е сега последниве година дена, дали дека стареам почна многу мака да си имам со ова килажата, не велам дека сум дебела, ама газот ми е ала џеј ло и може за некој тоа е добро ама за мене дефинитивно не е.
    Јас спомнав и предходно дека сум страшен гурман, значи јас обожавам храна и стварно ми е тешко да издржам диети.Порано јадев за доручек омлет со 2 јајца со сите додатоци и плус мајонез, замислете кои калории беа тоа и пак си бев океј, ама сега исфарлив најмногу што можам од таа храна што ја обожавам и многу ми е тешко, а нема кој знае какви резултати.
    Сега јадам житарки со овошје за доручек, пијам повеќе вода, за ручек салата со некое месо печено, риба, компир и сл.Не пијам газирано освен пиво, не јадам пржена храна и најмногу што можам го одбегнувам чипсот( а тоа ми е храна бр 1 во пмс).Не велам дека не ми се случува да каснам нешто зготвено и калорично ако сум излезена пр. пица или сл, ама поретко од порано.
    Почнав и да вежбам ама признавам не толку редовно како што треба.
    Јас не зборам за симнување на многу кила, сега сум 57кг со 167см височина, тоа е нормална медицинска разлика, ама јас не сум задоволна, сакам да симнам на 55 и да го приберам задников.
    Градбата не знам да си ја дефинирам песочен часовник со не толку тенка половина, обемот ми е 66, гради 97 и задник 110 :D
    Порано си вежбав јога и ептен ми беше арно, ама поради заминување настрана прекинав.Сега сакам да најдам соодветна исхрана и вежби за да го намалам задников или барем да го зацврстам, но вежби кои се слични на инсенети не сакам зошто стварно немам кондиција, сакам нешто посмирено.
    А за исхрана да ми предложите некој план вие поискусните, оти јас стварно за мочани 3 кила мака мачам со месеци :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    АЈ Зека малку да се жали.. :wasntme:

    Оваа недела ослабнав само 0,5 кг. Предминатата 2,5 кг.
    Оваа недела искрено очекував барем 1,5 кг. Но, што е , тука е. Задоволна сум во глобала, за 1 месец и 2 недели ослабнав 10,5 кг. Не е малку, не викам.

    И оваа недела исто бев многу активна исто како предходната, незнам дали е до тоа, но имав еден проблем. - Нередовно одење во ВЦ. во 8 дена еднашка отидов. :drunk:
    Ништо не ми помогна, порано ми помагаше супата, јогуртот (баланс од битолска) овој пат ни тоа.

    Незнам што да земам или да променам. Ако внимавал количински колку внесувам, ако не `изнесувам` ... :drunk: :drunk:

    :?:

    Инаку, за појадок си земав туна.
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.410
    Допаѓања:
    143.173
    ^ Зека, и мене ми се случувало да ми се успори метаболизмот, особено кога сум на ригорозни диети. И да, има удел на слабеењето, добро е што и 0.5 кг си ослабела.

    Последниот пат едвај куртулив, и тоа со офанзивен настап на се што прчитав по интернет. За појадок обавезно јадев овесни трици со многу мелено ленено семе (две лажици трици, две ленено семе) и јогурт баланс. Пошто тоа беше време кога имаше свежи модри сливи, јадев по 5-6 сигурно. Ти можеш да си направиш компот од суви сливи. Исто така прочитав дека физичка активност наутро е важна за раздвижување на метаболизмот, па пред работа вежбав. Неколку дена не јадево ориз и компир, главно бев на зеленчукови супи. И така ми помина. Претходно се решавал проблемот само со по некоја слива или ленено семе, ама последниот пат се изнамачив.
     
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    За сите што не пијат доволно вода. Пронајдов апликација за Андроид Water your body се вика, пишувате колку кг имате и ви одредува колку мл вода треба да испиете во текот на еден ден + ве потсетува дека треба да пиете вода за да си ја изполните целта, ви води и евиденција.
    Мене стварно ми е од корист, кожата ми стана поубава и посвежа и поубаво се осеќам со количината на вода што ја внесувам, ма да јас и повеќе од пропишаното внесувам па на дијаграмите ми стои дека 150% сум испила :D
    Друго да се пофалам дека по еден месец целулитот ми е видливо намален, сега ми се познава само кога ќе притиснам, одиме да го елиминираме и тоа. Не ми се верува дека за само еден месец го постигнав тоа, со оглед на тоа што цела година си го таложев и инвестирав во него.
    Здрава исхрана ( добро не до толку строго), вежбање (трчање), масажа со талог од кафе, многу вода и зелен чај (1л), антицелулитна крема Кларинс + антицелулитни хеланки Афродита = формула за елиминирање на целулитот :)
     
    На 1209 и Cka им се допаѓа ова.
  8. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.041
    Допаѓања:
    5.463
    Пол:
    Женски
    mims-89 ај кога ќе имаш повеќе време пиши тука за водата пр. од 60-80кг колку треба да се пие. Па останатите кои сме +- ќе си прерачунаме според нив. :)
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Неможам да видам затоа што ми е зачувано на мојата тежина и ако напишам нова ќе ми се избрише се, побарајте по нетов мора да има нешто. Ако е од помош на мојата тежина 52кг ми препорача 1716 мл на ден.
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Нема точно одредена количина,но ако бојата на мокрачата не ти е кристално чиста кога извршуваш нужда тогаш треба да пиеш повеќе.
    Звучи чудно но така е.
     
  11. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам апликацијата,за 69 кг треба 2277мл па прерачунај си за твојата тежина.
    Ептен е добра и досадна,кога и да го чепнам телефонот по една чаша вода :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Јас сметам дека постои точно одредена количина што треба да се пие за да може нормално да функционира организамот. Секое тело е различно и на секое тело му треба различна количина на вода. Е сеа незнам како го одредува програмов само по килажата, барем и висина да бараше...
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Не постои такво точно одредено количество.
    Водата не ја има само од чешма,ја има во се и сешто што конзумираш.
    Конзумирањето на зеленчук и овошје е исто така битно.
     
  14. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Ќе може препорака на некоја ниско-калорична ужинка што ќе те засити до следното јадење?
    И успат дали некој знае колку калории има во печено месо?
    (односно печени колбаси? Тоа имам за ручек денес со компири па незнам колку и дали да јадам воопшто од нив.)
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Добро тогаш според колку вода на ден треба да се пие? И дали на човек што тежи 50 и човек што тежи 90 кг му е потребно исто количество на вода во текот на денот?
     
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Најпаметно сметање е она на секои 30 кг - 1 литро вода. Не се рачуна тука водата од зеленчукот и овошјето, тоа си е плус посебно.
    На пример ако си 60кг, треба да пиеш 2 л вода, а ако си 90кг - 3 литри. Ако си измеѓу на пример 80кг - измеѓу 2 и 3 литра, 2 и пол или помалку или повеќе, нема да е грешка. :)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Убаво ти е објаснето овде.
    https://www.youtube.com/watch?v=kdFFrBByv-E
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Голем фактор има и колку мускулна маса имаш.
    Луѓето со повеќе мускулна маса = повеќе вода.
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Да јадеш јатки(бадеми,лешници,соја)
     
  20. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Денеска испешачив едно 15 км по угорница, сабајлето направив 30 чучњаци. И вчера вечер исто вежбав.

    Појадував туна.
    ручав печена кременадла со компирчиња и краставички.
    за вечера: незнам, на опција ми се баланс со краставица, туна или јајца (само белката). :geek:

    Едит: Ариел, овесни трици не јадам, воопшто. Исто и компот од суви сливи. :|
    Али супи, баланс јогурт доста често ги конзумирам.
    Од денеска ке гедам и протеинската храна да ми биде почесто на маса. Се надевам брзо ке помине и повторно ке се вратам во нормала. За два месеци цел ми се 15 кг. Ке видиме колку ке биде остварливо.
     
    На Pinklips му/ѝ се допаѓа ова.