! леле немојте вакви глупости! не е возможно 20 кила да се ослабе за 1 месец! поготово ако е некој +18 години, со годините потешко се слабее
Дај кажете некоја диета која не е многу сложенааа...неможам да се поднесам веќее Што и да јадат тие околу мене и мене одма лиги,морам и јас ....за тие недела дена што пазев што јадам,место да се олеснам малце јас уште толку се напраив каца
зависи колку имаш вишок....што повеке имаш тоа повеке кг ке губиш...секако зависи и возтаста и секако дали ке ти се погоди начинот на исхрана. во секој случај возможно е и те како
Како прво не е нормално да се ослаби 20 килограми за еден месец! Мислам ало луѓе, сте слушнале за слабокрвност? И слични здравствени проблеми кои можат да се јават во текот и по завршувањето на диетата? Факт е дека сите имаме различен метаболизам. Некои побрз а некои пак побавен, но сепак нормалата за еден месец е од 4 до максимум 8 килограми. Затоа не претерувајте. Хранете се здраво и имајте трпение. Еве јас што да кажам...Имам вишок 27 килограми па сепак не ја бирам нездравата опција. А незнаете само колку би сакала утре да се разбудам витка без овој вишок кој навистина пречи Затоа мој совет би ви бил да ослабете здраво и без несакани последици. Ем ќе се исплати, ем нема јо-јо ефект после тоа Извинете што отидов офф топик!
Девојки секоја чест на волјата да издржите на диета додека вашето семејство ужива во прекрасни јадења Јас од вчера мака мачам со моиве, си идам дома- пица, денеска каков ручек имаше телешко во тава со разни зеленчуци и сос а јас само гледам и подголтнувам Од денес сфаќам колку ви е тешко и ја имате мојата поддржка - јас изгледа ќе потклекнам на искушенијата неделава
за 30 дена 23 кила????? да чујам да не верувам1 ок, можеби 20 кила вода, а сало... мало морген! салото и те колку тешко се топи! сепак не е нормално и не е здраво за 30 дена да ослабеш 20 кила... али како сакате едит... E како бе јас не ослабев 10 кила до сега??? еве 3 дена јадам трошни салати и не се ни приметува дека сум ослабена! а леб и благо веќе не ни памтам колку дена немам јадено! скоро 20 дена сум на диета па 15 кила не ослабев
Абре какви 20 кг месечно... Прво, не е возможно. Второ, и да е, не е воопшто здраво. Ај малку проста логика, луѓе со вишок на кг кои ги спремаат за некоја ризична операција и под итно мораат да симнат некое килце, по 20 дена се на клиника само на супа и понекоја салата. И никој не симнал повеќе од 5-6 кг, дури и со таква сиромашна исхрана, поради фактот што слабо се движат. Ова не е зборување напамет, мајка ми секој ден го гледа ова. Значи и со супер здрава исхрана, добар режим и здрава физичка активност, оптималното слабеење е 7-10 кг максимум месечно. Некој дури и помалку. Што поспоро, тоа подобро и поздраво.
и официјално од денеска ќе почнам да слабеам... поточно не ми треба да ослабам туку да се затегнам малку и да набијам кондиција за почеток поздрава храна и планинарење
Eпа ако имаш само 2 кила, јас не знам тогаш зашто си на диета? подобро иди трчај, вежбај по 30 минути ќе ги симнеш! не ти треба диета
Фала лудо али прбав со све! Немам живци веќе. Значи возам 1 час велосипед, пола час кардио вежби, 15 мин. трчање. Тоа 5 пати во неделата. Значи аман веќе не се стопив за тие 2 кг. што да правам сеа... За братучедот-докторот рече дека подитно треба да ослаби и тоа ептен. Му го отежнуваше дишењето. Му рече протеинска диета али да провери се-шо како. Крв околу 170, органи све топ и што е најважно 0 кр. група така да диетата му беше и повече од успешна. Требаше да ослаби 15 кг. за 35 дена, а тој ослаби 19-20 и ств. беше топ.
^ Mашко е можеби затоа, а може има и доооста вишок! обично тие со +20 кила вишок побрзо слабеат, ама сепак не верувам дека го стопил она реалното сало, не се слабее толку брзо за наша несреќа епа не знам, колку помалце кила имаш, толку потешко е да ослабеш, ама мислам дека не треба да се замараш за 2 кила, верувај многу од девојкиве тука да имаа само 2 кила вишок пресреќни би биле
Е да машко е па затоа мислам дека толку многу ослабна, т.е. бидејќи имаше прееголем вишок. Инаку за жал псоле тоа 5 врати али сепак не беше исушен и океј беше све. [дека се нафрли по пици...] Ајде да видам белким ќе ги стопам... 2 кг. Шо мислете за оваа: Диетата на база на свежо овошје ќе им одговара на сите кои сакаат на здрав начин да го исчистат организмот од токсини. Освен тоа, со помош на новата овошна диета за само пет дена ќе изгубите три килограми. Петдневната овошна диета ќе ви помогне да го зајакнете имунитетот и да се ослободите од сите акутни инфекции, а воедно, а вашиот систем за варење ќе работи како подмачкан. Освен губењето на килограмите, долгорочната овошна диета ќе допринесе и за смалување на дигестивните или бронхијални проблеми, затвор и проблеми со жолчката. Доколку боледувате од некоја хронична болест, пред да почнете да држите било каква диета која ќе трае повеќе од еден ден, консултирајте се со доктор. Прв ден Појадок: 100 г јагоди, двопек, кафе Ручек:200г цреши, варено јајце Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, краставица, 2 парчиња двопек Втор ден Појадок: банана, двопек, кафе Ручек: 150 г јагоди, варено јајце, 2 парчиња двопек Вечера: 125 г варено јунешко месо, домат, јаболко и парче двопек Трет ден Појадок: крушка, двопек, кафе Ручек: 200 г цреши, кисело млеко, двопек Вечера: 125 г варено јунешко месо, 50 г јагоди, двопек Четврт ден Појадок: овошна салата, двопек, кафе Ручек: 125 г младо сирење, 1 домат, двопек Вечера: 125 г варено јагнешко, 100 г цреши, двопек Петти ден Појадок: јаболко, двопек, кафе Ручек: 200 г варено јунешко, 1 домат Вечера: 500 г варен зеленчук, 1 домат, 100 г цреши, 50 г јагоди Минимум калории кои треба да се внесат во текот на денот: 1.200 Докторите препорачуваат при држење на рестриктивна диета при која се бројат калории, никогаш да не се внесуваат под 1.200 калории на ден, зошто во спротивно, постои опасност за нарушување на здравјето.
месото никогаш не се меша со овошје! ако јадеш месо, тогаш салата! значи мениво не ти е баш-баш! и мислам дека видов јагнешко? не се јаде јагнешко на диета, премногу е мрсно и калорично
Ми ја кажа вујна дека ослабила 2,5 кг. Па сеа незнам. А зелен чај како приготвувате? ја стаив топла вода и у неа 1 лажичка [vitaLia green tea]
Може за 1 месец 20 кг ама ако си 300 па и повеке кила...али ако имаш 20, 30 па и 50 нека се не е можно...и да е не е здраво воопшто Дулче погоре праша дали може 5-6 кила за 1 месец ...а баш ме интересира како ослабела таа девојка 20 и незнам колку кила за 1 месец