после пак по старо салати супи и ручек без леб инаку накачив килограми оти иав гости па со нив на ручеци и на брза храна и благо си ја знам јас грешката ај ми е пици пити хамбургери тостови поховани нешта ова ми е диета кога сакам да симнам 2-4 килограми некаде и за на кратки стази е ок
И јас си се израдував, -2kg дека сум ослабена од 28ми, а сега ме разочаравте Инаку во пакетчето на нудлсот пишува дека се помалку од 100калории, is it true? Како и да е денес си направив сабајле-мусли со млеко за ручек-нудлс зачинети со коцка супа И мнооогу вода успат И зелен чај сега ќе си направам бидејќи осеќам “песнички“ во желудникот
Мојот нов рецепт. Ништо не остана,се ги изедовме Како се прават. 1.Ставете ги сите состојќи во блендер(без водата). 2.Изблендерирајте ги дур не добиете сува смеса. 3.Додадете ја водата полека се додека не се направи густа и леплива смеса. 4.Земете силиконска обвивка за правење леб и дотурете ја смесата. 5.Ставете ја сместа во замрзнувач и нека одстои 1 час. 6.Сервирајте Како треба да изгледаат. http://instagram.com/p/nvJWfbyjHJ/ Dude google IIFYM. Флексибилна исхрана не гладување...
Јас сакам да прашам за оној црниот леб од Кам сечен на кришки, го бива вака за диета или? Зашто јас едноставно не можам од леб да се откажам, само да го заменам со интегрален или да го намалам
Не туку не ја разбираш поентата. Поентата не е да го тргнеш лебот,благите или било која храна. Телото не препознава оваа храна е нездрава или здрава. Познава калории,макронутриенти и микроелементи. Сите си имаат своја улога. Ако си во калориски дефицит нормално дека ќе ослабнеш,било тоа да е леб,колачиња или било каква храна. Но ако сакаш вистински да ослабнеш,бидејќи лебот тој што го има во кам нема диетални влакна ќе изедеш повеќе отколку што мислиш дека треба. Затоа решение е да јадеш повеќе зеленчук,овошје и протеини. Стави ги јаглехидратите од сабајле и после вежбање. Имај си едноставен систем. 1.Биди активна преку целиот ден. 2.Храни се правилно имај главно јадење со зеленчук,овошје и протеини. 3.Спиј 8 часа.
Па да се пофалам вечерва не посегнав по никоја храна која ја имаше на масата , а имаше разни видови пржени работи(од кромиди, до пилешки прсти) Воедно и ми подарија едно чоколадо киндер буено, но си го чувам во ташна, не ми се потребни дополнителни 600 калории
Стагнацијата ме убива. Вагата никако да мрдне веќе една недела. Не ми е прва стагнација, секогаш е тука, секогаш во текот на втората недела, и никогаш до сега не сум ја поднела без нервози Многу е грдо чувството кога цел ден си внимавал што јадеш, сабајле со надеж застануваш на вага, и таа ти покажува 300 грама повеќе од вчера. И не е само вагата, и гардеробата истото го вика А ми треба за мотивација.
Зависи кој дел од месецот е. На пример јас сум пред „оние“ денови и иако не внесувам многу ни количински, ни во калории ми покажува 2 кг повеќе. И тесни ми се фармерките затоа што сум надуена и знам дека телото моментално ми задржува повеќе вода од нормално.
јас јавно да се заблагодарам на Мимс-89 (мислам она беше) за споделена апликација за вода Ете неколку денови веќе откога ја "користам", и толку ми е убаво, ми се забрзал метаболизмот, дури во денови пред циклусот не се чувствував надуто и нетечено. Ме држи одговорна за колку вода ќе испијам, истовремено ме држи дури одговорна што ќе јадам и КОЛКУ ќе јадам количински. Кога "системот добро е наводнет", не се чувствува потреба за јадење тогаш кога не ти е потребно. Така, пијте дооооста вода, водата е драгоцена!
Здраво на сите. Не бев малку активна на форумот, но тоа не значи дека и прекинав со режимов, не. Продолжив, посилна од било кога. Прво, да се пофалам, благодарение на Spoiler Баланс, јогурт. краставички ситно исецкани, некогас комбинирам со јајца (само белката) роквици, малку сиренце, за вкус. За појадок тоа го имам на мени. За ручек вчера, пилешко месо на тостер си го испеков, едно парче од 100 гр. супа. салата.За денес ке видам што, не сум размислувала, пред малку станав од спиење. За вечера на работа туна и шунка нокеска. од 50 гр. али половина само, со јогурт. немаше друго што, оваа недела само со крем сирење , павлака и зденки изминаа. Секако ги заобиколив дека имаат премногу калории. минам некако. Уште денес и утре ќе издржам, после се враќам во нормала следнит 2 недели со исхраната. И да ве прашам, секоја недела се мерам, точно во недела, али утре треба да добијам, незнам колку би биле веродостојни резултатите. Дали да се мерам или сепак да оставам за следната недела. Благодарам.
Мери се но знај дека генерално за тој период се собира повеќе вода. И тежината може да ти варира многу.
Еднаш прашав некого, ама не памтам, па пак да си прашам. Од прилика, после кој ден или после колку симнати килограми се симнува она „вистинското“, вистинската килажа, а не само водата? Знам дека најверојатно тоа е зависно до самиот организам, ама вака од прилика.
Значи вака сега, колку што сфатив, килограмите на нас ни се губат преку воздухот. Поточно ги издишуваме, и уште нешто преку потење, урината итн. Не ја знам номенклатурата, ама фактички при помалку јадење и повеќе движење, јаглеродот, водорородот и кислородот од една молекула, се распаѓаат на мали атоми коишто ние ги издишуваме преку воздухот. Дека не може едноставно повеќе да дишиш и да губиш атоми, туку мора и помалку да јадеш или да се движиш. Бидејќи кога само дишиш, не излегуваат атомите, поточно не се распаѓаат од таа молекулата. На пример, при вежбање, тие се распаѓаат и побрзо дишиме. А така и губиме „килограми“. И храната фактички само си поминува низ нас, како преку цевка. Немаме ние во нас вишок храна, туку вишок такви атоми на водордт, јаглерод и кислород. Јас така разбрав.
Морам да си кажам, т.е. надоместам за изминатите 2 дена што ме немаше. Земав да си варам кафе и ми се присака - Лубеница. Spoiler Па нема сеуште. Уште малку. Многу ги сакам, незнам од кај ми текна, да варам кафе а да ми се пријаде лубеница. Ги обожавам иначе. И, што ѕаборавив да кажам, нокеска си дозволив 20 гр. чоколадо. А од страна на колешките и колегите почнуваат коментари, а, не јаде зека, не и се јаде неа. следечи... Хм.. пак не и е убаво нејзе, нешто без чејф јаде...
EE aj бе и тоа да се чудиш со луѓево.. и ја само што сум симнала некое килце ете ти ги абе си се поправила,а врска нема. ама ако бее ќе дојде и нашиот ред нашите 5 минути