Баш нека ти биде тоа мотивација затоа што приметиле дека си ослабела, криво им е, па мораат да се утешат и да пробаат да те навредат на некој начин. Јас лично никогаш не сум имала проблеми со тежината, ама баш кога најмногу си го средив телото во смисла на стомачни мускулчиња што почнаа да се познаваат, подобро обликувани нозе прв пат ми искоментираа дека сум се здебелила Така да јасно ми беше одма колку се јадат луѓево кога некој е во било што подобар од нив. Таква ни е глупата природа, што ќе правиш.
Или при создавањето на енергија (АТФ) се користи кислород,водород и јаглерод кој преку аеробниот и анеробниот метаболизам се троши таа килажа. П.С за тие што ви делат коментари барем вие правите промена они целовреме се жалат како не можат да ослабнат и дека бараат решение и дека нивниот метаболизам е толку бавен што не може да ги потроши сите калории изедени низ целиот ден. Се се изговори дами и господа. Ако сака некој да ослабне,се ќе направи за да го постигне тоа.
Јас да си кажам што имам ... Поминаа 90 дена ун диета и почнав ун одржување но неможам ... Па по вашите коментари а најмногу по мислењата на Зека и Стеф сватив дека мора да си поставиме граница и сами да знаеме што треба да се внесува и колку... Е сега на почеток се е тешко но кога нешто се сака се се може точно е дека секој сака да е на диета 2-3 месеца да ослаби и толку чао пријатно потоа се по старо но тоа не е тоа (конечно и јас оваа да го сватам и кажам) Како што вели Стеф повеќе пати внесувај тоа што треба(овошје зеленчук протеини) спортувај колку можеш повеќе спиј 8часа и се ќе се нормализира ... Потребен е здрав начин и редовна исхрана а не оваа денес забрането онаа утре ... Од вчера почнав за појадок исто како и Зека си пијам јогурчте една чашка со еден двопек или па кисело мелекце со краставица ... Ручек тоа што го има дома еве денеска имавме грашок манџа па јадев тоа со повеќе салата секако без леб ... каснав 1 портокал како ужинка и ке гледам после 19ч да нејадам ништо туку да пијам само вода а ептен ако ме фати некоја криза да си каснам некоја салата ама тоа да биде 2-3 часа пред да спијам или пак чашка јогурт. Оваа размислување го немав пред да бидам на форумот член ,вие овде сте заслужни за мојата решителност целата мотивација ја добивам од вас ... За многу работи не се согласував со Стев но може да се каже дека со неговите муабети ме наведе да започнам така и да пробам да слабеам здраво без диети туку со здрав начин на исхрана
Денеска за доручек имав интегрално кифличе со краставички. Ручав гравче со мноогуу зеленчук и едно парче интегрален леб. Бев сега на тренинг,па чекам да помине некое време да изедам некоја овошка,да не биде веднаш после тренинг. Ако нешто грешам во исхраната,поправете ве молам... Едит: Знам дека ми е грешка ама куснав и сладолед некое време после ручекот...
Мило ми е ако е така. Не треба да гледаш да не јадеш после 19 часот,туку треба да знаеш што да јадеш после 19 часот. Ако не ти се брои калории и макронутриенти би ти препорачал едноставен систем. Во денови кога вежбаш јади пред вежбање и после вежбање јаглехидрати и протеини. Во денови кгоа не вежбаш јади зеленчук,протеини и овошје. Во денови кога креваш тежини не преферирај да правиш кардио. Во денови кога не вежбаш со тежини преферирај повеќе да бидеш активна да пешачиш или да одиш на водно. П.С телото не познава време.
Епа драги мои диеталки ете ме и мене малце да ве мотивирам дека секогаш може да се успее кога се сака и да си се пофалам од 16 мај 2012 сум на диета до сега вкупно ете скоро 2 години 35 кг ослабев, а од први јануари до сега 11 по мала пауза што правев, среќна сум си целта ми е уште 10тина килограми и конечно да одморам, малце и ја сум жив човек ве подржувам максимално и посакувам да успеете сите да ја достигнете саканата тежина **
^ Судика, честитки, си постигнала огромен успех! Можеш ли да споделиш со нас дали следеше некој посебен режим и дали вежбаше? ******************* Кај мене конечно вагата малку мрдна. Малку, ама доволно да ме измотивира, иако утре можеби веќе ќе се вратам пак на кобната бројка. Инаку хбалајф пиев еден ден, ама го баталив. Не го можам. Не ради вкус, туку толку те тера на вода што се прелеав, сомакот ми клокотеше кога одев . Си продолжив по старо - помала количина и повеќе протеини. А од ништо не се лишувам. Само никако да почнам да вежбам. Се нешто одложувам поради други обврски. А не е дека немам 45 минути во денот.
Јас си ги имам квалитетно зафркнато колената лани во Германија. Не знам дали изминатиов период претерав малце со вежбите на Џилијан, ама вчера по бааги долго стоење и одење, не можев да ги свиткам колената. Значи ми крцаа со месеци, ама таква болка како вчера... Ми се вриштеше. Проблемот е што за месец дена треба да работам многу, по 12 саатни смени, а не е заебанција работава, си дадов еден куп пари што морам да си ги вратам. Страв ме фаќа, а ако ми треба да заштедам време, и точак не ми бега. Најдов некои појаси и креми, а сите викаат дека додека не болело крцањето, не било страшно... Ами последиците каде се, на 20 години вака, а на 50+.... А да, совет што најмногу би ми помогнал е да мирувам, ама најмногу можам да си дозволам еден месец одмор, после тоа, каква е, таква е работата, морам да одам.
Искрено се додека вежбате дома со програми кој немаат никакви функционални движења,шансата да се повредите е голема. Секогаш пред било што и да правите советувајте се со стручно лице. Програмите тие што се правени за дома се супер за да почнеш,но не се наменети за да имаш функционално и здраво тело. Наменети се да се почнете да се движите. Основни вежби се знае што треба да правите. Да кревате,да клекнувате,да идете напред назад,да туркате,да влечете. Се додека вежбате од “гуруа“ и не погледнете out of the box,ништо посебно не правите. И возењето точак каде каде е подобро од вежбање по програма. А ако имаш проблеми со крцкањето тоа е можеби затоа што имаш некаде дисбаланс во мускулатурата. И советувај се со ортопед.
Хахахахха, Стеф Шеф и на мои рецепти бе Еклери со протеини: http://moirecepti.mk/post/%D0%B5%D0%BA% ... B8-%D0%B8/
После 19 дена екскурзија, нередовна исхрана, алкохол, мн испешачени км... си се ставив на домашен 4 ден без леб. Од сабајле јогурт со 5 лажички овесни снегулки, ручек месо со салата, вечера исто така нешто протеинско (јајца со урда и спанаќ, томатело сос и сенф). Ужина по некој бадем, кафе без млеко и шеќер, 1 овошје. Алкохол до 1 чаша бело вино... Вежбам аеробик, мотивирана сум и не се предавам. Ете така!
Doozy и јас од вежбите на Џилиен си го повредив коленото. Неможев никако да го свиткам, а за по скали да не правиме муабет. Низ разовор со професионален тренер ми кажа дека многу се чести повредите на колено ако ја вежбаш програмата за метаболизам и шредед на Џилиан, особено ако ти се веќе повредени или слаби. После неколку недели мене ми беше подобро и болката полека ја снема. Е сега јас вежбав дома без патики, дали и како има врска немам поим. После тоа си купив патики ама не и мотив за Џилиан. Сега го вежбам Блогилатес и немам зборови колку сум импресионирана од девојката. Си почнав со нејзиниот календар за почетници и до сега немам видено мака. Ако го интересира некој кој видови вежби се ке ставам во спојлер. Spoiler http://www.blogilates.com/blog/2013/06/03/beginners-calendar-for-popsters-just-starting-out/]
Ова нешто ми требаше, конкретно искуство, ти благодарам. Ништо, јас веќе неколку дена паузирам, уште една недела ќе паузирам, после ќе си вртам на Орбитрекот. Не знам дали приметувате, ама Орбитрекот навистина многу ги штити колената, нема никаков удар, баш елиптично вртиш. Џилијан е навистина одлична, резултати има, ама ете, добро е што го прочитав ова. А да, и јас боса вежбав, и мислам дека тоа ми е една од најголемите маани... Тие скокања и клекнувања се директно на удар на зглобот и на коленото, после ми крцало епа ќе крца... А, бе... не дека таму ќе имам многу време за јадење, посебно јас како што немам ниеден оброк обезбедено, ќе се вратам во бааги минус, ама нејќам да отидам опуштена и таму да се џвркнам...
Doozy одамна имам пишано за ова, но не знам зошто, ми го избришаа мислењето, конкретно прашав за болка во колената по 20тина дена вежби на Џилијан. Имав огромни болки, не можев да скокнам, но бидејќи никој не ми одговори продолжив да вежбам се разбира без скоковите, и по неколку дена исчезна болката. И ден денес вежбам различни нејзини вежби, но такви проблеми повеќе немав. И јас вежбам без патики.
Веќе 3ти ден трчам од Жабарот до Палас и тоа со темпо ко на трки да сум, многу брзо трчам, незнам за полека и така ми излегува околу саат време трчање, а толкава километраѓа поминувам... Нема врска, сакав да ги споделам резултатите што се видливи, надвиснатото стомаче се повеќе се намалува, бутовите ми се поцврсти, ќе почекам уште една недела па ќе се измерам да видам дали се намалил обемот, ама вака ми зигледа дека да
Не знам дали е за тука прашањево, но кој период од денот е препорачливо да се јаде благо, кој не е? Стигнав до речиси идеална тежина, телото ми изгледа онака како што сакам, но имам проблем со половината и стомакот. Кога ќе станам е идеално (она за мене де што е идеално), но некаде после 15 часот почнувам прилично да потекувам само во тој предел. Можам да кажам и дека повеќе од 4 см е разликата. Телото само се промени без никакви вежбања, но ете не сум задоволна поради овој проблем. Почнав деновиве да правам некои вежби, но не знам ни дали ги правам правилните, всушност не знам што ми треба
^^ Па и според некои диети, јаглехидратите се јадат по сабајлечки. За да има време да се „истроши“ тоа што сме го внеле. Бидејќи кога нешто ќе внесеме во организмот на почетокот на денот, има поголема веројатност до вечерта да се „согори“. Отколку нешто што сме го внеле вечерта. За навечер не е поволно ниту овошје да се јаде, бидејќи шеќерите така остануваат во телото. Зеленчук или протеини е најдобро за навечер. Јас така знам, т.е. така имам прочитано, па сега...
Добро имаш прочитано и да напоменам овошје јадење пред оброк, т.е на гладно срце за да не ферментира во стомакот, јаглехидрати насабајле, али може и покасно, но препорачливо е коа се држи диета да бидат тие сложени, не прости, да не ја објаснувам разликата меѓу едните и другите, само ќе ви кажам се што е интегрално и плус овошјата и зеленчукот, освен белиот ориз и компирот, се има сложени јаглехидрати. Избегнувајте, сокови било какви, газирани, негазирани, шеќер, леб бел, тестенини, благо итн и резултатите неизбезно ќе дојдат до одморите ваши ценети