20 дена и намалени 3 цм во обем со инсенити, а ниту едно килце симнато. А што е најтрагично многу внимавам на исхрана, пешачам, возам точак повремено. Нормално ли е ова?
Тудеј доручкував Баланс Јогурт со малку корн флекс. За ручек ке имам бело оривче,печено и супа. Во меѓувреме изедов една банана. Ке вечерам некоја салатка или овошје. П.С. Зека,тебе како ти оди? Ти си ми една од најголемите мотиватори овде.
Фала . Во диетава нема овошје, незнам тоа сахар што е за појадок. Си ја држела ли ти и колку имаш симнато. Мене уште малку ми фали едно 4-5 другите со ун ги симнав. Ама веќе неможам да ја држам неколку пати почнувам и многу грешам, повеќе јадам отколку кога не сум на диета.
Халло И јас денеска не се мерив , иако секоја недела се мерам. Едно ми дојде и сигурно нема да добијам вистинити резултати, друго и заборавив, постојано брзам некаде. Следната недела објавувам резултати. !4 дена ке направам , ке очекувам барем 3 кг минус. Не се брзам да ослабнам, полека- но сигурно. Брзите резултати нникогаш ништо добро не ми донеле. Не можам да очекувам дека во овие 20 и кусур години сега ми текнува да ослабнам а до тогаш сум се дебелеела да ги симнам сега за 20 и некоја ден. Но но... И јас ито така се повеке се согласувам со мислењата На Стефан. На почетокот ја негирав вестината, не сакав да прифатам, но веке ја прифатив и знам дека бев неправедна, а гледам исто и многумина феминки истото го прават. Ке сфатат, со цврста воља само. Не е виновна генетиката за нашето дебелеење, виновни сме самите, дека сме биле мрзи. секојдневно конзумирање на чипсови/брза храна/сладоледи/благо/газирано - во прекумерени количини = дебелеење. Доста вадење дека и вода да се напиеме се фака за нас. Не е така, и јас се убедував дека јадам по малку, али не било така. Проблем. Инаку, да не бидам веке досадна, да скратам. За вечера си спремам супа, шопска и јајца варени, без жолчката. Тоа ми е најбрза варијатна, премногу сум уморна, неможам друго да готвам. За појадок си земав околу 50 гр пилешко месо испечено. Само тоа, немаше време повеке. Во 13 часот ручав, јогурт, краставички и домати салата. Тогаш ми текна, имав многу обврски денеска. Од утре се стабилизирам.
Најважната лекција во животот. Подобро признај си дека си и побарај помош,тргни го егото и ќе добиеш добар совет.
Нз дали е за овде пρашањево но јас κо домаκинκа немам вρеме за теρетана значи имам добρа κилажа ама салото на стомаκот неможам ниκаκо да го намалам.Пρавам стомачни ама слабо се одвива инаκу пρашањето ми е овие хеланκите на топ шоп има ли шанси да делуваат во слабеењето.Ај аκо има исκуство неκој неκа пише.
Да аκо имам κој да ми го чува малиот κе имам вρеме амажнеможам да му го тρеснам на мм κој деноноќно ρаб а јас да си се стегнам у теρетана.
Имам јас таква клиентка. 2 пати доаѓа кај мене и наоѓа време за се. 2 часа неделно и плус ја променува исхраната. Ако ти е важно ќе најдеш време. Ако не ќе се вртиш во круг и ќе купуваш не ефективни продукти кој никогаш нема да ти дадат долготраен резултат.
Јас го кажувам тоа што го имам. А вие можете да давате милион изговори. Ако се организира ќе се најде време за се. На крај краева може и со бебето дома да се вежба. http://www.parenting.com/gallery/exerci ... aby?page=0 Битно е да се промени прво исхранта. Џабе ви се вртите околу било какво решение ако јадете се и сешто.
А бе изговори милион и еден ќе најдиме, а искрено сите до еден знаеме дека време се има за се, ама баш за се драги мои, и за да испиеш кафе на раат сабајле, и да раскреваш дома, и да учиш, и да им обрниш внимание на деца, на миличиња, да си посветиш време за себе, да се видиш со пријатели, да му посветиш време на маж/дечко, да учиш/работиш и најбитно да вежбаш, бар еден час брзо пешачење со куче, или па дома вртење орбитрек и вежби со тегчиња, или па саат, саат и пол у најблиската теретана, или па за тие кои сакаат социјализација и дружење, на кеј вежбање у групи или за оние кои можат да си дозволат па и приватен тренер. Мотивација има насекаде околу нас, никогаш доста од неа, ама волјата наша ни е најголемиот непријател, а до неа одма нејзината близначка - мрзата. Моментално врте низ интернетот една мисла - Имаш исто минути во денот како и Бијонсе, затоа искористи ги мудро. Епа и во право се до некаде со тоа. Ама се е до нас и до нашата психа и нашите нездрави навики и тоа што сме научени само да јадеме, со кола/такси секаде, пред лаптоп/тв, изморени сме за се ни е изговорот, а кога ќе дојде време да одиме на шопинг или кога имаме проблем со кондиција сите ни се криви и паѓаме во транс. И јас сум ваква, затоа пишам, и веќе нема изговор, нема кај да бегаш, мрза сум невидена, стрвна сум, гурман сум, ама и ова се само една низа изговори, за жал само тоа се... Вода многу пиење, овошје насабајле или ако сум многу гладна некое печиво само, со сусам или вегета, или па само јогурт и варени јајца. А обично преферирам и цеден сок од различни овошја додека имам пари повеќе во мене, ептен енергија ми дава и се чувствувам најубаво. Ручек стандард, сто пати имам пишано, најчесо протеин со салата, многу зеленчук, или па некоја манџичка со мал број на јаглехидрати без запршки и не многу солена. Вода после ручек не пијам 3 часа, пошто ако пијам стомакот ми се дуе многу и побавно се варе храната, па затоа пред ручек пијам до 1.5л вода обавезно, си имам мерка шише со мене нонстоп. Вечера - протеин со салата, пошто седам до покасно, секако 2-3 ме наоѓа, и накај 9-10 ми е вечерата. Обично јадам туна салата, или па шопска со варени јајца. Шо друго да се исповедам, нема, освен дека морам да почнам сериозно и да вежбам, а сум тешка мрза, мотивација нула да станам, да облечам патики и да се запотам салам како што треба... Еднаш у денот секако пешачам со кутрето, околу пола час тоа се фаќа, и ете у кардио да го ставам тоа, ами кај ми се вежбите со тегови или па јако кардио да се запотам. Се ќе почнам, и ќе прекинам и се така у круг. Арно вика мама, мрзата да болеше, цела куќа ќе ече од што ќе рикаш. hock:
Остај ја вагата, ќе паднеш нагло, и мене така ми правеше на почетокот, вежбав како луда, се топев а на вага само 2 кила, а имав намеалено цел конфекциски број. После наеднаш уште 3-4 кила за 2 недели и така два пати истот додека дојде до магичната бројка од 10. Не се откажувај само, не сме манекенки да се мериме и да споредуваме килажа, сепак си добила и на мускул затоа и не ти паднала килажата, зашто салото се топи а се јача мускулот. Јас стално го викам ова на сите, кога си го видов празниот простор кога ги споив нозете а имав проблем во тој дел, сфатив до каде сум стигнала и што сум постигнала, а дали се 66 или 63 или 60 не е толку круцујално битно се додека салото се топи а мускулот се офорумува и зајакува и нема целулит (или е намален видно). Плус нема човек кој не ме прашал каде вежбам и што, и тоа луѓе што ме знаат со години и години, значи има разлика и ефект. Подршка, вежбај си редовно, пиј МНОГУ вода, и барем еднаш одмарај у неделата, доволно е.
За појадок денес краставица и јогурт од 100 гр. Немаше во продавница баланс. За ручек си спремам шопска и риба испечена во рерна. За вечера ке јадам на работа, јадењето ке ми биде во 17:20 мин и толку за денес. Е така. Само што се вратив од пешачење по угорница. Некои 5 км. Задоволна сум. Да се истуширам сега и одмарам до 12 и 30 часот. Па посао нас чека.
Имаш засладено со стевија најмалку имаш калории или земаш протеински барови да правиш сама. Еве рецепт. http://moirecepti.mk/post/%D0%B5%D0%BA% ... B8-%D0%B8/
Подобро отров ќе јадам немасто стевија да ставам. Ем е грозна, најгорoзна, ем читав некаде дека не е нешто посебно здрава, ако нема многу калории. Just saying....