Ме немаше вчера. Малку се изнервирав, искрено. Појадив во 9 и 20 мин, на работа. Имавме место печено (50гр) и компир (половина компир), искрено малку ми беше, не се најадов ич. Немаше друго што да се јаде, не беше ни репете возможно. Останав гладна, од 4 и 30 станата, дури во 16 си отидов дома. Незнаев што да јадам, огромен глад чуствував. И за прв пат во овие 2 месеца си каснав 2 кришки (од сечениот) леб. Со мисиркино месо. Шлаг на торта беше сладоледот и благото. (2 парчиња од по 20гр). и 2 часа пред да си легнам шопска салата, и чао. Денеска осеќам кривица. Не успеав да се исконтролирам и се поради проклетиот појадок Денес се стабилизира работата, похована мартодела и салата. За ручек супа домашна и шопска салата. За веќера шопска и копанчиња испечени. За вчера, тоа ми е посериозен прекрсок во овие 2 месеца (без 3 дена). Се на се, задоволна сум. Со крената глава и пред мене нови предизвици и успеси. Исто и јас, посебно задоволство ми е да си го аранжирам јадењето. Уживам во тоа. посебно задоволство ми дава. :geek: Едит: Да го допијам кафето, се фрлам на вежбање.
Јас немам некоја посебна диета освен што припазувам на исхраната,од бременоста се поправив малце па сеа се трудам да намалам на килажа,навечер никако не јадам,физичка активност турбо сум цел ден раздвижена во брзање плус возење точак и добро е осеќам некаков мал резултат ама има време
Како што сум ви позната,јас сум тука една од најслабите карактери.Многупати почнував,и никогаш не завршив.Денеска долго размислував.Што е проблемот со мене,зошто не се воздржувам и покрај толкава мотивација? Го пронајдов проблемот.И одлучив некои работи.Ова не ќе да биде само обид,ова ке биде моја долгоочекувана промена.И нема да биде како минатиот пат...или пред минатиот пат... Овојпат решив да не го чекам следниот понеделник.Овојпат решив дека сега е правиот момент.Пред тоа,средив некој работи. Најпрвин,си средив сама со себе.Овие неколку наредни месеци ке треба да се борам со себе.И се уверив дека тоа нема да биде за џабе.Туку,ке биде за да бидам јас која одсекогаш сум сакала да бидам. После,си докажав дека овој начин на исхрана не треба да го сфатам како некоја диета,некоја мака туку како секојдневност. Ја фрлив и вагата.Буквално,ја фрлив.Добро,не буквално ама ја изнесов од дома.И нема да ја земам се додека не застанам пред огледало и ке се чувствувам задоволна со моето тело.А можеби ни тогаш. Исто,така,бидејќи немам самоконтрола кога ке видам храна,се убедив дека храната не треба да ми биде нешто за кое треба да живеам туку нешто од кое преживувам. И си кажав дека ова не го правам за да бидам поубава на некого,не го правам за никој друг туку за себе.Сакам да ослабам,најпрвин за да си ја средам психата(не сум луда де,тој што минува/л низ моето знае на што мислам),а подоцна за здравјето,за облеката и за ред други работи. Покрај новиот начин на исхрана,ке вежбам-колку можам и колку имам услови. И,само колку да се каже,не планирам нагло да пресекнувам со исхрана,а не ни мислам дека во текот на мојата „фаза“ на ослабнување ке му дозволам на организмот гладување(не мислам на тоа дека ако ми се јаде ке земам тост,сендвич и сл.),а ниту пак ке претерувам со физичката активност односно вежбањето. А,сеуште пребарувам на интернет за некои диетални рецепти,односно не диетални туку некои што...ај мслам дека ме сфативте.Ке си направам некоја табела со примери за доручек,опции за ручек и за вечера.Исто така ке направам некој план за вежбање. Сега,имајте ми лека ноќ.
И ја да се пожалам, последниве две недели сум хаос! Прекинав со вежбање оти спремам последен колоквиум, добив многу благо на поклон, нешто неодоливо и млечно и чоколадно што мора ама мора да се изеде!!! Реков ќе се мерам по еден месец ама не, несакам, мислам дека се надокнадив оваа недела, несакате да ви напишам што се не јадев!!! Нека помине уште утре денот и се фрлам пак на режимот!
Посилна од било кога. Оваа недела во исчекување минимум 1 кг ослабната. За мене исто колку огледалото и вагата е важна. И двете тесно поврзани. Денес за појадок грашок и краставици. За ручек грашок и шопска. (и дома исто грашок подготвено како на работа) За вечера супа и шопска. Денес добив коментар од пријателката што си купувам алишта Слушај зека,се познава малку дека си ослабната. абе .. цели 14 кг ејјјј и 100 грама велам, како нема да се познава. И така, си нарачав фармерки помал, конфекциски број. Ај на здравје. и нек пукну душмани.
Помагајте со ун симнав доста кг. Ама си реков доста е и почнав некоја своја диета (начин на исхрана) решив доручек овошје потоа цел ден на протеини и салата. Леб нејадам количински многу малку јадам храна, а со кг нагоре наместо да симнам 3-4 кг јас качив 2 кг. Ке пукнам колку пазам вежбам и пак се поправам. Вежбам 3 пати неделно и многу се движам
Јас сеуште си имам уште 5 кила за симнување. Значи луѓе вежбам по еден час секој ден,се движам,јадам само интегрален леб,многу овошје и зеленчук и се фокусирам на повеќе протеини,помалку прости шеќери. И џабе,моментално со ПМС и се по ред,сум како Годзила,ем лицето нафрлено,а телото подувано како балон. Рацеве никакви,ги утепувам вежбајќи да се затегнат,ама не оди.Нозете добри се,ама им треба уште вежба. Се на се,не знам веќе што да правам,не ми се допаѓа како изгледам. И најискрено почнувам да верувам дека има нешто со дебелината поврзано во гените,бидејќи толку режими и мачење,јас се како слонче изгледам.Дури и лицето ми се поправа со едно килце... Не е работата само во диетите,слабеам само кога гладувам по цели денови,а не бива така. Не знам што ќе се прави
И на крај не кажа колку калории внесуваш и што ти е целта. Џабе ти е здрава храна ако се прејадуваш и ако не си во калориски дефицит. Ако вежбаш секој ден кардио не добиваш ништо,ако сакаш да се затегнеш треба вежбање и одмор. Кардио е катаболично треба да создадеш мускули.
Грешев и јас многу оваа недела, јадев витанови, виталии, кафиња по 100 на ден, мешав се и сешто, срам ми е дури!!! Баш прегеска си размислував, дали сакам пак да се вратам на старата килажа? Нели е срамно за уште 9-10 кг да правам такви грешки?
Па јас душичката да си ја олеснам Не вежбам нешто напорно,основни вежби.Може пак Инсенити да почнам Максимум внес на калории ми е 1600,ама ретко толку изедувам.Целта ми е како на секој,убаво тело.Сметам дека треба да ослабам уште малку,да согорам маснотии,па после и мускули. Едноставно не ми се допаѓа тоа што гледам пред огледало,а навистина исфрлив се што е лошо. Ни газирано,ни претерано благо,ништо.
Послушајте го StefChef кога ни објаснува некои работи. До сега за сите нешта што сум ги послушала и за нештата кои не сум ги послушала бил во право. Не за џабе постојано зборува дека диетата за долготрајни резултати треба да ти биде животен стил. Ете на пример јас бев 3 месеци на УН, не дека се жалам од диетата, супер си е, лесна е за држење, има резултати ама после кога ќе ја прекинеш ако се вратиш пак по старо џабе си се мачел 3 месеци, ако не сите барем дел од килата ке си ги вратиш дури да трепнеш. Ова не важи само за УН туку општо за било која диета. Јас јаката ја држев 3 месеци УН, додека ми зборуваа другарките дека кога ке ја прекинам диетата ќе си продолжам по старо и повторно ќе си ги вратам килограмите јас им се смеев и им велев дека нема да си дозволам бидеќи знам како ми беше предходниот пат кога ми се случи тоа. Е сега тие нека ми се смеат. Не дека сум пак како порано ама за неполн месец вратив 5-6 кила назад, што значи пола од изгувените. И сега додека го пишувам ова и барам поддршка од вас која ужасно ми е потребна, јадам макарони со кечап сирење и салама и со грозење ми текнува бидеќи сум веќе прејадена на денешните изедени кренвишли, маслинки, мајонез, сенф, леб, едно пакетче атлантис чоколадца, уште едно чоколадо Алпико, топено сирење со кашкавал... мислам дека се набројав. Не ми се верува дека сето ова ги изедов јас, човек од шеесеттина кг. Ама нема повеќе. Од утре почнувам повторно со мојата верзија на УН бидеќи таква исхрана ми одговара и ни малце не се мачев дури бев на диета туку супер ми беше и планирам секогаш така да се хранам.
Епа како очекуваш телото да се промени,од вежбање со барби тежини? Ако сакаш да бидеш како мајка ти продолжи по тој пат, ако сакаш да имаш убаво тело мора да се предизвикуваш. Нема лоша и добра храна има лош пристап кон храната. Се во умереност. П.С не е само до калориите и соодносот на макронуриентите дава подобри резултати. Истражувањата секогаш кажуваат дека 2 грама протеин на секој кг мускулна маса дава најдобри резултати за инсулин сензитивност,намалување триглецириди и подобрување телесна композиција. Има процес девојче нема лесно, ако сакаш нормално ќе се посветиш ако не седи си дома и ужувај.
Стеф,сакав да кажам дека не сум по теретани или некои справи,туку вежби аеробик. А за она дека храната нема добра и лоша страна,не се согласувам. И навистина не знам од каде заклучи дека мајка ми има проблем со тежината,кога не реков од кого ми се гените Како и да е,ти благодарам на мислењето,не сакам да навлегувам понатака,како што реков и погоре,сакав малку да си ја олеснам душичката. А за умереност и за вежбање,знам дека треба и не се откажувам
Епа како очекуваш од аеробик да ти се промени телото? Аеробик заедно со вежбање е тоа е веќе друго нешто,а само аеробик нема ништо да ти направи. Не мора да правиш аеробик за да подобриш телесна композиција. Исхраната го кажува тоа. А кажи ми како телото ја процесира лошата храна од добрата? Како може да ја познае дека таа храна е лоша за тебе и кој е метаболичкиот процес што го прави една лоша храна. Не велам дека нема штета но ако се прејадеш зеленчук ќе добиеш консипација,ако се прејадеш овошје може да бидеш дефицитарна на одредени работи,ако се прејадеш црвено месо ќе го зголемиш ризикот на добивање рак. Се во умереност.
Едно питанце... Што мислите за киселата вода? Јас ја пијам многу повеќе од обичната и ми е поубава. А плус си држам некој мој режим, не е баш диета. Ама би сакала да знам за ова киселава вода.
Точно 2 месеца до денеска како внимавам на исхраната. Немам апетит, не ми се јаде. Вчера многу малку јадев, појадок 3 лажичиња грав. ручек 1 кутлач супа и шопска. вечера само шопска. денес исто, само шопска салата. за појадок. Имав планирано туна, али неможам. И за ова ми бутаат со сила, не ми се јаде. Готово. во наредните денови ке гледам да кажам како си поминав во овие 2 месеца, сега тешко ми оди.
Денес точно 2 месеца. Кажав. поради тоа одлучив да не чекам уште една недела за да поставам слики. Затоа точно на денот. Така ќе биде и следниот, на третиот месец, здравје. Spoiler Искрено, ова мене ми е дополнителна мотивација.Самодовербата од ден на ден ми е се поголема. Се извинувам за дуплиот пост, нема никој коментирано со саати. Иначе, маицата ми е стара, едвај чекам да ја фрлам со посветла боја. Тренерките ми се нови само, старите ми беа многу широки. Црни се, епа нема поинакви за дебелки. За некое време јас ќе си бираб гардероба по боја, по фкус. Старите алишта аривидерчи.