http://mkd-news.com/retsept-kako-da-gi- ... ina-video/ Грешка ли се овие? Ме двоуми тоа пржењето и брашното...
Знам дека одприлика за 2 недели можеш да се здебелиш 6-7кг, е сега мене ме интересира дали е изводливо за истиот период и истите кг да ги ослабеш?
не верувам дека за толку краток период може да се намали 6-7 кг ептен ако ништо не јаде и се држиш многу строго.Mислам дека едно 3-4 кг може да се ослабе за 14дена . не за џабе е кажано лесно се качува тешко се намалува
За толку да ослабнеш реално треба 1 и пол месец. Збориме за топење сало, не збориме за губење тежина.
Awwww, yiss...motha fuckin' weight loss. Утре ми е редот да измерам „неделна“ килажа, ама ме пофалија, па морав да измерам бар половина. Оттаму отишле вкупно 6цм за овие нецели две недели. Не е многу, ама е нешто. Полека, но сигурно. Ама од вчера не сум нешто задоволна. Јадев туна за појадок, но бидејќи полагав во ниедно време т.е. време за ручек, отпосле „надокнадив“ со овошен сладолед и Бејк Ролс од пица...две пакетчиња. И ладно Нес. Прво потфрлање, ама на посветлата страна, 12 часа не бев дома и голем дел од времето се движев, лифт веќе за мене нема и успеав во 2 по полноќ да ги извежбам по програма вежбите од Шон Ти. После спиев ко заклано теле. Сабајле каснав 2 парчиња авокадо и чаша сок од боровинка, не ми се јадеше, бев поспана. Одвратен (не)вкус има авокадото. Ручек - кришка црн леб со малку домашен подварок (зготвена кисела зелка де) Нескафе 2 во 1 зашто ме болеше глава. Сега ќе каснам две мали коцкички проја и доста е. Вежбите, стандард - Hip Hop Abs делот е сработен, вечер останатото. Плус бев молер по дома два часа. Килажа, видечемо сутра.
Значи вчера сум се напукала во седмица... абе шо. А цело време ме убедуваше дечко ми да не идеме да јадеме дека е касно, јас не та не. (Пошо двајцата сме на некој режим, се по нешто али во мали количини) И едно време си лежевме така и сме заспале. Али нормално, ако не нешто сум ставила в ум и не сум го исполнила, ма се будам на сред ноќ бе и одам правам шо треба Се разбудив као будала, а сигурно кутриот се израдувал као демек заспа конечно не идеме да јадеме, ама јас си станав фино лепо и со полузатворени ролетни - очи, и директ седмица. И сега нормално, грижа на совест. Јес да си имам во режимов, пример ако некогаш еееептен ми посака душава седмица да си отидам, али тоа еднаш во месец, ок, ама тооолку касно бе пред да затворат, НЕ! Има да се изнатрчам за тоа вчера, па шо сака нека е! Тешко се слабее ах, али не држам диети, вака си стварам една навика да јадам дупло помалку од тоа шо сум јадела, и се навикнав и со малечки порции, само ете некогаш вака некој исклучок. Сега засега ZEKA ми е голема мотивација, женска алал да ти е!! Само да те прашам дали во меѓувреме нешто вежбаш, или ослабе само од режим?
Девојчиња,јас не знам што да правам. Од декември до март некаде ослабев 17 кг. и сега ми треба да се отарасам уште од 6 и да си бидам таман. Висока сум 171цм и целам према 58 кг. Арно ама, веќе 2 месеци колку и да пазам не можам да симнам ни грамче. Што да правам?
Бидејќи имам полицистични јајници, докторката ми рече да држам строга диета т.е. да гладувам. Почнав на 22.5.2014 со 71 кило. Еве денеска 24 е и имам 67 килограми( ), незнам шо ми се случи ама изгубив апетит и можам по цел ден да не јадам(ама мама ме тера упорно и морам да каснам нешто). Одам мнооооогу и во дворот играм со топка околу 2-3 часа во денот. ПРЕД ПОЈАДОК ЈАДАМ ПО 12 БАДЕМИ(да не се многу? ) 1, 2 и 3 ден појадок: пола банана или пола јаболко ручек: 1 парче црно лепче(денеска не ни каснав леб), салата зелка со морков(малку) и маалку пире(една лажица) вечера: или ништо или малку сушена брусница Денеска конечно најдов и диетално чоколадо на Виталиа, бидејќи неможам без благо изедов 2 коцкички ... Чудно ми е шо до пред 2 дена јадев, јадев и само јадееееееев, а сега неможам ни едно парче леб да каснам
А ти објасни ли докторката која е поврзаноста на полицистичниот синдром и диетата? Навистина ме интересира, до сега не сум слушнала за ова... Се повлекуваат/пукаат цистите или...? Ако гладуваш реално циклусот би требало да изостане, што значи нема јако дејство на хормони, можеби е тоа...
Девојки секој може.Јас бев крупна до 8 одделение,а од тогаш до сега слабокрвна сум.Пред еден месец бев на шопинг и таму ги сретнав шмизлите од основно,мислеа дека сум некоја лепотица во однос со нив.После кога им кажав која сум овие у земја пропаднаа.Не се секирајте и вие ќе ослабнете само тоа диетите пополека малце повеќе танци,помалце диети.Пошто после анорексични ќе станете.Па не треба даски да бидете
Луѓе, навистина не можам да си ставам никаков ред со исхранава, не знам колку количински е нормално да се јаде во еден оброк, се си мислам дека јадам многу, не знам дали е од што сум опседната со тежината или нешто друго е проблемот. Ајде ако сакате пишете ја вашата нормална дневна исхрана, колку оброци јадете, количински и што јадете и пиете помеѓу оброците за да си споредам со мојата исхрана.
smiley16 Сабајле само што ќе станам пијам шише вода од 0,5, па после пијам кафе (па одам во веце ) па јадам некаде 2-3 часа после станувањето, две јајца со сирење и домат, или нешто намачкано исто со салата. После претпладне ме фаќа криза и поткаснувам некое овошје и пијам вода за да се заситам. После ручам тоа што спремиле моите, ориз, некоја манџичка и сл исто со салата обавезно. После пијам кафе, па вежбам, па вода, па вечерам некои тестенини, житарици, корнфекс нешто такво... и пред спиење пак вода. Леб јадам еднаш во денот, 2 кришки. Чипс, благо, други грицки јадам ептен кога ме фаќа криза. Во меѓувреме пешачам кога можам, кога се враќам од факс најчесто. Тоа е тоа отприлика
Луѓе, може совет за најхранлив леб од овие што ги имаме низ нашиве маркети? Барам некој со најмалку јаглехидрати, а најмногу влакна.
Ми рече дека ако јас се смалувам(ослабнувам) дека и јајниците ќе ми се смалат, затоа што јајниците ми се два пати поголеми од тоа шо треба. И да ќе пукнат цистите рече докторкава. Иии ми рече да гладувам зошто сум имала резерви храна во мене.. ----------------------------------------------------------------------------------- 4 ден појадок: пола банана ручек: едно парче црн леб, салата зелка со моркови и малку грашок манџа вечера: шопска салата Spoiler однапред си испланирувам шо ќе вечерам
Микс од пченични зрна на Жито Лукс содржи само 30 грама јаглехидрати на 100 грама и 25 грама протеин заедно со влакната на 100 грама секако.
Хајјј Прво благодарност и да одговорам на прашањето. Во првиот месец одев во теретана (незнам тука дали сум напоменала) , а вториот прекинав. Но вежбав дома и доста пешачам. Си давам и предизвици за трчање. Неможам многу, немам кондиција. А и поради мојата тежина тешко ми оде. Па повеке практикувам брзо пешачење. Во викендите како вчера, така и денес испешачив по 14-15 км. Жива вода си дојдов дома. Инаку, исто и мене ми е денеска ден за застанување на вага. Одлучив да пролонгирам уште 7 дена. се мерив минатата недела, сега оваа што доаѓа, односно на 1 јуни. вкупно 14 дена. Кога ќе падне стрелката подоле, добивам поголема самодоверба. Иако не се не преоптоварувам многу со вагање. Резултати знам дека има и ќе има. Тек смо почели. За денес појадував шопска и супа. За ручек краставици салата и риба. за вечера шопска. Малку бев креативна, да се пофалам, доле во спојлер. Spoiler Ова ми е прв пат да ставам маслинки, ми отиде во умот маслинче со пиперче и готово. Е така. ))
Денешно мени: Појадок: овошен јогурт(јогурт со јагоди) Ручек: Плескавици од леблебија(со интегрално брашно) Ужина: Алва (оние од по 10 денари) Вечера:Сладолед,а потоа проја со јогурт. Денеска имав тренинг,а потоа излегов надвор и трчавме со некои другарки.Потоа следеше вечерата.Малце утнав,ама ништо не е. Претходните денови супер си ги издржав,не правев грешки.