(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Овошјето и зеленчукот пример важат за здрава храна,ама ако јадеш премногу дневно ќе се здебелиш заради внес на многу калории.Или во најмала рака нема да слабееш. Е сега потешко е да се прејадеш(да внесеш премногу калории) јадејќи овошје и зеленук место нешто друго.

    Ама гладувањето е уствари дефицит на калории. Да троши повеќе него што внесува. Само така се слабее. Без разлика дали со чипс или со јаболко. Е ,сега работата е да се храни здраво и количински не премногу,односно калориски дефицитарно,за да ослабе. И тоа е гладување уствари. Телото за да посегне по резервите мора да гладува.

    Несреќен избор на терминологија е ова,лошо е што останало без понатамошно објаснување.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  2. starish

    starish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Мораш да најдеш некоја рамнотежа и неможеш да гладуваш, мислам дека тоа е најлошото што можеш да го направиш и дефинитивно нема да ти го реши проблемот затоа што не е од толку лесно минлива природа. Ако на организмот не му даваш доволно енергија ни за основна работа на срце, црн дроб, бубрези и ред други витални органи, тогаш прашај се, зошто би си ја пренасочил енергијата кон тоа да ти функционираат нормално јајниците? Затоа, почни повеќе да се движиш, вежбај, умерена диета со дивжење е најдобро, немој само да се изгладнуваш, тоа не функционира, имам пробано веќе незнам колку пати, верувај секој нареден пат бил се потежок и потежок да се добие резултат.
    Нема да згрешиш ако почнеш да внесуваш повеќе грав, леќа, соја поради фитоестрогените кои ги содржат (освен ако не те ставиле на некоја хормонска терапија), знам дека во моментов ти фалат естрогени хормони па на организмот му треба секоја помош која може да ја добие :) еве ти линк можеш и сама да си прочиташ што и како се препорачува.

    http://www.mckinley.illinois.edu/handouts/pcos.htm
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Така е нашите доктори не се нутриционисти.
    Тие можат само да ти кажат каде грешиш во исхраната, али да гладуваш тоа е апсурдно и тој доктор не вреди да се слуша.
    Можеби знае за гинекологијата, но за исхрана воопшто нема поим.
     
    На tinka-mace и Marossa им се допаѓа ова.
  4. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Се осеќам дека сум напорна. :tmi: Ама неможам а да не си ја олеснам душичката.

    За денес појадок салата домати и сиренце одозгора.
    Јогурт баланс 0,5 л.

    За ручек, одамна не сум конзумирала гравче.
    Си варам, да го подготвам и ќе одам на пешачење - трчање. Штом си дојдам ќе вежбам.
    И така.
    За веќера исто гравче и шопска ќе јадам.
    И веќер тамо кај 2 и 20 после полноќ повторно ќе има јадење пред мене.
    Ќе гледам полесна храна. Риба, јогурт. Или супа.

    Трета смена ќе сум. За денес ќе ми се соберат 4 оброци но исто така и 26 часа во ефективност.
    Имам полно обврски и преку дента тешко да заспијам а станата сум од 5 и 40 :doh:
     
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Гледам да не јадам многу, ама па не и да ми се слоши за јадење, секој ден вежбам, пешачам мнооогу у во дворот трчам и играм со топка. Ми дадоа и хормонска терапија, ама претходната докторка а оваа ми рече да не ги пијам. Сите различно кажуваат незнаеме веќе на кој да му веруваме, не збунија скроз :x .
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Да појдете и ти и мајка ти по еден шамар да ѝ врзете.
    Со гладување, организмот само ќе се активира да ги заштити тие т.н. залихи кои ги имаш.
    И џабе ти се изгладнуваш, ако таа малку храна што ја јадеш го поттикнува нивото на андрогени.
    Јас пред 3-4 години проверував за полицистични, но немав, сега ко да приметувам некои симптоми, па ќе одам пак за некој ден. Мене тогаш гинекологот ми објасни што и како, не само гладувај зашто ако се смалиш ти, ќе се смалат и јајниците. Прв пат слушам ова.
    Провери си и инсулин, и тој знае да биде мајчин.
    За хормоните би ти препорачала да се консултираш со уште некој пред да ги земеш. Многумина даваат терапија со контрацептивни таблети, што е горе-долу најбезбедна хормонска терапија. За останатите би размислила повеќе пати.

    Инаку, вчера ми беше неделното мерење и сум намалила дури килограм и пол. :rofl:
    Јас сум ко оние од Етиопија, имам слаби нозе и раце, ама се таложам околу стомак, во гради и на грб.
    Доволно е, да не ми се фати многу, а и не ја замарувам вагата, вкупно од обем отишле 13цм, а истовремено и интензивно вежбам, па може и мускулната маса се потпокачила. Најбитно, огледалото покажува речиси рамен стомак.

    Пошто станав предмалку, доволно ми е 75гр овошен јогурт со две плазми, кај и да е ќе дојде неизбежниот ручек.
    За ручек чинам спанаќ има, а за вечера најверојатно ќе е некоја салата, можеби зелка или зелена со мало парче пилешки стек + лимон.
    И стандард вежби.
    Уште 5-6 килца, ама најбитно се осеќам убаво и зајакнато. :party:
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  7. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Битно ми е во обем колку ке ослабам, не ми е толку битно дали сало или мускул. После ке му ја мислам за тоа. А од лично искуство сум заприметила дека 1кг на вага е и 1кг во обем.
     
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    5 ден
    појадок: едно јаболко
    ручек: 2 парчиња леб,една чинија гравче-тавче и салата краставици
    вечера: една редица диетално чоколатце :inlove:
     
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Можеш да ослабнеш во обем и да изгубиш мускули и да си повеќе % масти.
    И така ќе го забавиш метаболизмот и ништо не си постигнала.
    Вагата е варка,огледало и калипер никогаш не лаже вистински прогрес.
    Телесна композиција па тежина.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.274
    Од сите диети и начини на исхрана најмногу ја мразам болката во желудникот рамна како бодење на игли и киселините... тоа секогаш најмногу ме дестимулира.
    А не дека ете малку храна, туку чувствителен желудник.
    Храна фала богу помалку,пребрана, ама тоа е.
    Ќе си починам...уф.
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ти не гладуваш туку држиш диета со строг калориски дефицит, во принцип гладување е режим каде извесен период воопшто не внесуваш храна.

    Гладувањето може да даде одлични резултати за подобрување на здравјето под услов да си добро запознаена со принципите (за да не се направи грешка). Би ти препорачал да ја најдеш и прочиташ книгата за лечење со гладување од Малахов (ја има на нет).

    Можеш и да го комбинираш режимот 5+2 кој е исто одличен за слабеење и зачувување на здравјето.

    Каква и терапија да применуваш пожелно е и самата да си запознаена за предностите (или недостатоците) на истата.
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.232
    Допаѓања:
    91.845
    Пол:
    Женски
    И јас да кажам нешто :lol:
    Бев на Ун издржав 3 месеци ослабев 13кг,после тоа почнав со Ун одржавање ама прекратив решив сама да си создадам режим на исхрана кој ќе ми одговара.Ја пратам Зека морам да кажам,најголема мотивација си ми да си знаеш :*
    Газирано и леб а и секакви сокови не конзумирам никако :) Сок не ми недостига затоа што и многу ретко пиев а си се налевам со газирана вода или со цеден лимон. Наутро обично пијам јогурт, кисело млеко,понекогаш правам палента ама многу ретко ,краставичка со сол,шопска зависи .
    Ручек јадам тоа што го има дома најчесто има некоја лесна манџичка или печен зеленчук + многу салата
    Знам дека треба да се внесува протеини повеќе и месо но луѓе неможам да јадам месо ми се гади :( Освен јогурт и јајца што друго можам да јадам што има протеини?може да ми кажете ?
    Вечера избегавам но ако сум гладна јадам салата или пијам јогурт или си правам таратор :lol: ретко се случува да изедам овошен јогурт или пуканки.
    За благо си каснувам морам да кажам гледам на 2-3 дена да каснам нешто или па преку ден но нешто што е со што помалку шеќер пр гранола бар една плочка или неколку чајни колачи .

    Вагата гледам да ми стои подалеку од мене и да не се мерам на секои 2 дена како што вели Стеф заборавам дека ја имам и не сакам да ја употребувам и да се држам до тоа како таа покажува.

    Помина месец време откако ја сменив исхраната и почнав веќе да се навикнувам што и како да јадам без диети и забрани.Како Зека што вели порано велев гените се виновни,неможам да ослабам,се се фаќа на мене ама не е така за се треба да е внимава и претходно да се прочита доколку не знаеш да научиш нешто.
    Утрово изненадно ме пофалија дека сум ослабната дека ми се познава :wasntme: Абе поубаво чуство нема,се враќам дома и викам дај да си се мерам да видам шо се дешава :lol:
    Се мерив -3кг за овој месец, па и не е толку лошо полека но сигурно значи вкупно -16кг сум за овие 4 месеци што тоа е супер за мене :) Порано немав доживеано да издржам повеќе од месец време ќе намалев 5-6 кг и ги враќав многу брзо но сега е поинаку :)

    И да ви кажам не се лажете со никакви апчиња и чаеви шејкови и што ти знам какви глупости.Ретки се луѓето кои како мене имат издавано многу пари за такви глупости .Колку ми е криво сега кога ќе ми текне како фрлав пари за 'магични' работи што мислев дека ќе ме ослабат,нема ништо од таквите работи се е во нас и до умот додека самите не си поставиме граница нема ништо да направиме така да си знаете :)
     
    На Elennaa, zeka, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Јас не ослабев како што планирав. Добро ми тргна, ама морав да одам на пат, а патиштата посебно лошо ми влијаат на диетите. Ме мава психа дека се што има таму морам да пробам. Јес дека не бев на некоја нова дестинација, сто пати сум била таму, се сум пробала, ама ете, оваа година нема да одам пак, и удри на јадење.

    И после, повторно дијаспората, кафанчиња, прасиња, аман. Оп - две кила за 4 дена.

    Свадбите ми се викендов, и под казна најверојатно нема да носам нов фустан. Не дека толку сакам да се казнам, ама не најдов ништо што ми стои како што сакам. Многу ми е стресно тоа одењето на шопинг. Среќа на крај во Бела ми ја вратија волјата за живот, кога пробав едно фустанче број 42 и ми беше големо, па морав 40-ка да пробам. Може да го купам атер на бројчето :D Супер ми стои, само не ми се допаѓа многу бојата. Денес ќе одам да го видам пак.

    Совршениот син фустан што планирав да го носам ќе остане необлечен. Здравје, имам уште една блиска свадба во септември, можеби ќе го носам таму.

    Многу е грдо кога човек не може да си најде облека што му се допаѓа во соодветен број. Се чувствувам огромна, а од зимата сум 6 кг послаба. Ќе симнам оваа недела уште 2, ама требаше уште 5, а не 2.

    Како и да е, продолжувам понатаму. Ако не друго, конечно има овошје што ми е по мерак. Што може човек да посака повеќе? :D
     
    На anuskaNESTLE и zeka им се допаѓа ова.
  14. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Добро Утро на сите.

    Станав пред еден час.
    Си спремив за појадок, само што појадив. :geek:

    И така.
    Сега одам со кафенце да се освежам малку, да погледам нешто на ТВ па штом отворат продавниците вечер во 17 ке одам на мал, мини шопинг.

    Уф, едвај чекам.

    Денес појадив мешавина од мелено месо, морков, тиквичка и грашок. Сама све си исецкав и зготвив.
    Истото со салата од краставички.
    За ручек кај (19 х) не сум во план да јадам од јадењето, си купив јогурт баланс, краставички , јајца све убаво измешано.
    Многу ми е убаво, ми освежува посебно и ми дава енергија. Еден тањит ке си дозволам. :) Треба да соберам енергија за претстојната вечер на работа.
    Од работа ќе си земам туна. Прочитав што ќе има. Вечерам кај 2 часот и 20 минути после полноќ.

    Е така.
    ]:)

    Морам нешто да кажам.
    Ни заврше работното време, редно е да си одеме дома. По автобус правеме муабет со колешките што јадевме на вечерата и секако, од автобус се симнуваме и правец по еден хамбургер. :wasntme: :|
    Молим?

    Велам, Благодарам, ама мене не ми се јаде. Се најадов доволно на работата.
    Колешката: Ех, не јаде она, ни за вечера ни за појадок. :wasntme:
    Другата: на диета е она, со повишен тон.

    Јас се смешкам незабележително и велам, кој? јас? неее? само не сум гладна , море, и не свиѓа ми се јадењето што го даваат. :fubar:
    Морам некако да се вадам, не сакам да признаам дека сум си на нов начин на живот.

    Да си знаат сите.
    Зека е посаумоверена од било кога. Зека се топи пред огледало. :inlove:
     
    На molikaMk, hristinnnna и Marossa им се допаѓа ова.
  15. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Денес значи многу се осеќам безвезно,многу :devil: +
    Сабајлето на училиште си се почастив со калорично чоколадце, и денов наопаку ми тргна.Прејадена сум како свиња.
    Поука,започни си го денот со нешто здраво, за потоа да не те влечи она нездравото. :!:
    Ајде ајде,утре пак со нови сили.

    Пс-тркнав да си купам зелен чај јас. :wasntme:
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Појадок: јогурт, краставица, овесни снегллки со семиња
    Ручек: соја шницки и салата со домати
    Вечера: двопек со салата
    Литар зелен чај, литар вода!
    Завчера бев на водно пешки до крстот по патчиња не по асфалт! Вчера ме болеше се и неможев да вежбам дополнително, ама денес имам 2км за трчање, а утре ќе зголемам на повеќе. Уште некој ден па ќе се мерам, ама осеќам дека нема да имам промени бидејќи прекршив една недела. Нема врска, не е страшно.
    Да напоменам кога ќе осетам глад меѓу оброци јадам парче две суво овошје кое секогаш го имам дома и со себе, папаја, ананас, манго тој мискот на Good Nature или Виталија, друга алтернатива ми се бадеми, лешници, сончоглед, соја било што... Од ова мсилам дека нема штета во умерени количини само знае да држи ситост меѓу оброците.
     
  17. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    6 ден
    појадок: салата(патлиџан, краставица, кромидче, чушка и магдонос)
    ручек: едно парче леб,туна со златна мешавина и зелка салата
    каша попара :D
    вечера: компирче варно со кромидче
     
  18. LiliMari

    LiliMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    18
    Ајде и јас сум за, кој е планот и да засукаме раце
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Колку е само најубаво чуството кога сите ти викаат дека си ослабеан.
    Вчера на баир 2 ипол часа, денеска во теретана.
    Не се откажувајте, Ве чекаат прекрасни моменти!!!
    :)
     
    На Saki15, Viktorijaaa5 и AngelOfArh им се допаѓа ова.