леле кога ѓи читам коментарите погоре за еден месец толку јас се мачам еве веке два месеца и повеке и не сум многу ослабната само две три кила а редовно вежбам престанав да јадам мрсни работи аман веке ми се здосади од диети половина од животот така го поминав сакам уште седум кила и таман ке си бидам ама никако не ми оди а летото дојде нервоза опасна ме мава со денови девојките низ градот сите се ослабнати дури не ми се излегува повеке
Од денеска и јас ви се придружувам... Имам стомаче поголемо од дозволеното и започнувам со активно вежбање. Наутро веќе пешачам 30 мин, сега остануваат стомачни и зумба ќе вежбам. Исто би сакала и на диета да бидам малку од малку,ако некоја од вас знае некоја диета што навистина и помогнала или некој режим ќе бидам благодарна ако ми го кажите
од денеска и јас и се приклучувам на оваа група. почнав со фитнес и со здрава исхрана па се надевам на резултати дефинитивно треба да се подржуваме тие кој сакаме да слабееме, поздравче до основачот на групата за идејата
77 калории! http://www.fatsecret.com/calories-nutri ... ole-boiled едит- но зависи виножитка, варира од 70-90 во зависност од кој тип на јајце станува збор, поголемо или помало! Serving Size Calories 1 oz 44cal 1 small 57cal 1 medium 68cal 1 large 77cal 1 extra large 90cal 1 jumbo 100cal 100 g 154cal 1 cup 210cal еве на англиски за сите јајца! а ровко варено т.е меко варено има 68cal
77,ама кога ќе ги пресметаш калориите од мастите,протеините и јаглехидратите(според табелата од линкот),излегува дека има 152 калории.
прв пат слушам, секаде каде што сум читала биле овие калории, од 70-90! нема шанса 150 премногу е за јајце викам, зависи од типот, но до 100 максимум за варено
Така излегува оти,освен основните,да речам калории што ги пишува,треба да се гледа и ова: -протеини-1 гр=4 калории -јаглехидрати-1 гр=4 калории -масти-1 гр=9 калории
Не не Лајфлав, не е така како што викаш, нема основни калории и плус калории во еден продукт. Од секоја намирница се земаат сто грама, на тие сто грама во калориметриска бомба или со друг метод се пресметува колку калории има точно до калорија. Од тие калории пишуваат колкав дел се масти, колкав дел се јаглехидрати и се остало. Значи тие се калориите. Во едно јајце калории има од 70-90 зависи од неговата тежина, варено јајце. Не се преминува таа граница. ОД јајцето покалорична е жолчката, белката е скоро целата протеин и едвај да содржи 20 калории. Јас и така повеќе белка љубам па немам проблем Инаку јас сабајле пиев нескафе и цедевита, ручав 7 кебапи, малку компири и патлиџан. И тоа е за денес. Не ни имам апетит за повеќе ...
И месо и компири Теди? Ја не мешам, ако јадам месо, само месо, ако се компири само компири. А не ни јадам нешто многу деновиве, толку се заинатил ова биков во мене Едино што ме нервира кога ќе ослабам е тоа што и градите ми ослабуваат, а си ги сакам вака Spoiler големи и полни Ај уште малку, па после пак ќе јадам да ги пополнам, дечко ми да се порадува, па пак ќе си слабеам и така еден зачаран круг
леле, и мене ми е страв од тоа! ќе ги фатам ќе ги стиснам силно, и не ги пуштам Hе дај боже да ми ослабат, ајде ок, ќе претрпам ако ослабат малце
Значи сите си го имаме истиот проблем ...прво кога решив да се ставам на диета одма помислив на градите... Spoiler ептен си го сакам деколтето, сега ми е така полничко, градите а бе милина и да ги гледаш и да ги пипаш... а кога сум послаба-мизерно како две вреќи виснати и исушени Чаре ени уан
Нема чаре, НЕМАА! Арно да беа вреќи, среќна ќе бев. Моите се луѓе ПИРАМИДИ, надоле свртени. Уф, колку ме нервираат кога си ги гледам, страшно. Убави они, полни беа, сега... ПУФ, пуф, пууууууф...
Па со вежбање нема така да виснат, ама мене ми се намалуваат само. Чаре нема ваљда, тоа си е. Да одбираш или целата полна со се градите или слаба
Еве ви, за сите што мислите дека не треба да се мешаат протеини со јаглехидрати. Најздрав начин на исхрана е кога се јаде балансирано, според потребите на телото за одредени намирници. Јас обично одбегнувам да мешам протеини и јаглехидрати ама само во ист оброк, инаку не. И делува, башка што се чувствуваш убаво и имаш енергија. Може само малку да е побавно слабеењето, но затоа пак е и поздраво И не знам зошто така неправедно ги осудувате јаглехидратите бе, и сите ги одбегавате Не е убаво да се претера, ама не се страшни доколку се во нормалата. Па јас повеќе си ги сакам јаглехидратите, а вие сите така за нив . Не, озбилно, месишта ич не сакам да јадам, а и во ретките моменти кога јадам, обично е пилешко месо или мелено месо. Ах, не знаете што радости си пукнав откако ги поефтинија доматите, краставиците, пиперките... Секој ден летна манџа јадам Или салата со патлиџани и краставици, абе не можам да и се наситам Мој период е ова, дефинитивно .
Ќути Си велам, шуќур што живеам сама, па кога ќе ми се испразни фрижидерот не ми ни текнува да го наполнам, за инат. Само ќе се мачам. Не само заради убавите јадења - него да изедам се за да не ми се испорасипе! А вака - фрижидерот празен, стомакот исто така празен. Ариведерчи јадење навечер! Јас во последно време се мотивирам со претпоследниот спот на Лејди Гага - јао дупе И онаа Кејт од Лост си ја гледам чат пат - телце за мерак! Одма ми се одјадува! Некој да ме види од страна ќе мисли ги манијачам а јас само им ги следам цртите на сите мускули на телото, абе мераци. А има уште еден куп вакви женски кои служат за пример и како инспирација. Дузи, пак ли со пирамидите?! Инаку јас сум горе послабичка и кога слабеам тој дел иде прв, значи градите па потоа задникот. Си викам - ај плис обратно? Ако може Тоа е - сите имаме поинаква конструкција на телото. Блазе си им на тие кои слабеат складно и урамнотежено.
Раце, нозе, горен дел, стомак, нозе - така слабеам секогаш! Инаку 50 цреши за доручек, па...[значи вака планче:] 09ч. 50 цреши; 12ч. 50 цреши; 15ч. 300 калории ручек; 18ч. 300 калории вечера; 21ч. [по потреба] краставица. Вкупно околу 800-900 калории, зависно дали додавам нешто +. Вака гледано 750 калории. Е така ќе си слабеам откога добив зелено светло од irenna ЗА разгранување на оброците. Да живее irenna. PS: Лето вака[од петок]: 11ч. [по еден артикал] = 100 калории. 2 шољи цреши, 1 шоња вишни, 1 јаболко, 1 портокал, 1 гоолемо резне лубеница, 10 кајсии, 5 кајсии [големина] 1 праски 14ч. = 300 калории ручек без јаглени хидрати, само протеини и зеленчук 17ч. = 300 калории вечера без јаглени хидрати, само протеини и зеленчук 20ч. = 200 калории ноќна закуска 23ч. = 100 калории краставица, патчиџан [по потреба]. Ете тоа е, 1000 калории.
Ист случај. Цела година 2-3 кг ми задаваат проблеми, до 55 да стигнам. Вежбачка сум, диети...ама џабе...не иде и не иде. Само јо јо нон стоп