Summerlover на кого се однесуваше ова? 10 ден појадок: пола јаболко ручек: една лажица пире, малку свинско месо и едно парче бриош лепче вечера: / многу ми е тешкооооо
Свадбите ми поминаа. Купив три нови фустани, а носев еден стар и еден нов. Собрав еден куп комплименти дека супер изгледам. Се чувствувам огромно и подуено, ама сепак имам 8.4 кг помалку од јануари. За три недели - плажа. Оваа плажа нешто посебно и не ме мотивира. Ама кладбата дена до 1 јули ќе имам -4кг од сега, да. Не ради друго, туку затоа што не сакам да признаам никому дека не можам. Ни себе си. Се надевам дека ќе успеам да продолжам.
Слаба слаба, ама стомакот кај и да е понапред од градите ќе ми дојде Ах, маки си мачам со него одамна, не се смалува никако... правам стомачни, а и пешачам. Помош, некој таен лек?
Да почнеш да трчаш наместо да пешачиш? Можеби ќе ти помогне. Ако имаш стомак, стомачните нема да ти помогнат да го стопиш салото, само ќе ти создадат мускул кој ќе биде уште потешко да го согориш отпосле, доколку правиш стомачни долго време и сакаш да се ослободиш од стомакот, можеби тоа ти е грешката.
Јас веќе 1 недела сум на здрава исхрана.Не јадам благо и леб,повеќе јадам салати,овошје и зеленчук.И од 54.4 кг денес се мерев после една недела сум 52.6 кг.Првите килограми полесно се ослабнуваат,дури подоцна ќе ми биде потешко.Целта ми се 45-44 кг,а во план ми е кога ќе имам 50 кг да почнам да вежбам. Приметувам дека и апетитот ми се намалува,а и овој пат сум навистина решена.Обично ми понудуват сакаш да пробаш,трте мрте и прифаќав,но научив да им кажувам не. Ах,за малку ке ќе заборавев,денешно мени: Ден 7 доручек:ѓеврече со сирење и јогурт ручек:мусака десерт:јаготки(околку 17,18 часот) вечера:/(не вечерам )
Јас имам претнато некои три кила во минус од последниот пат кога пишав, ама ништо не е тоа, онака кежуал. Коленото ужас, па се разболев, па ми се фати некој нерв во ногата почна да ми отекува, па пак се разболев... Утре одам на ортопед по чаре за колената, имало некои појаси да потпомагаат колку толку, ама назад од ситуацијава нема, за жал. Значи тоа што е уништено, не заздравувало, може само да остане во ваква состојба. Донекаде и е точно тоа, речиси една година помина, а јас уште немам асално подобрување. Матичнава ми вика одмарај што е можно повеќе и штеди ги колената. Си викам во памет, оо жено божја, од одмарање ни О нема да се види до октомври, ама ајде. Растрчана сум наваму-натаму, де ручеци, де испраќања, де нешто се прави... Денот си го почнувам стандард со овошје, а сега со јагодиве го активирав и блендерот. Сепак, колената и неможноста да вежбам, а камоли и да трчам, ми го скршија филмот скроз на скроз. Како и да е, ич не му ја мислам, епизодата трчам-како-мува-без-глава-во-странција почнува наскоро , сигурно ќе ги работам некои 10 до 12 саата, по мои предвремени калкулации, па и точак пак ме чекал, ле- ле... Колената пиштат. Лани со тоа гадното јадење кога можев да се вратам бааги во минус, годинава без обезбедено јадење којзнае што ќе биде, Твиги стајл.
11 ден појадок: едно јаболко ручек: 2 парчиња бриош лепче(иако е бел, неможам да му одолеам ) одозгора со мааалку рендано сиренце и 2 маслинчиња вечера: / Ахх вагава моја ненормална само ме нервира, оди нагоре наместо надоле .... Зоштооо?
Страв ми е со трчањето да не ги ослабам другите делови, пошто имам 54кг, за 166см. Знам за тоа со стомачните, затоа и побарав помош, не знам веќе што да пробам. Сполјерите и стомакот ми останаа иако ослабев.
Пробај исто така да си дадеш посебен режим на исхрана во кој ќе исфрлиш јадења кои ти го подуваат стомакот или ти задржуваат вода во него бидејќи подуеноста на стомакот ќе ти биде пречка да ги видиш вистинските резултати од трудот кој го вложуваш, ем додава неколку килограми плус, па можеш кардио вежби да правиш од време на време и да пробаш да внимаваш со исхраната која ја внесуваш. Значи не да држиш диета туку да си направиш некој режим кој ќе ти го држи стомакот во контрола.
Здраво на сите. Денес се мерев. Вагата покажа 3,100 помалку за 14 дена. Значи, вкупно 17.200 кгр помалку. Од 45 вишок ми останаа уште 27.800 гр. Задоволна сум,многу. Бев 110 а сега сум 92.800гр. Цел 65 кг. Инаку штом достигнам 65 , јавно, пред сите официјално ке имам уште 10 за слабеење. Значи 55. Ама за тоа има време, прво 65 па потоа 55.
Здраво имам 12 години а сум 50кг.Од другарките сум најдебела и дакам некој совет од ваас за некоја диета или слично.Сега доаѓа летото и не ми е баш пријатно во бикини.Тренирам одбојка но ништо не помага да се стопи стомакот а иначе добро е само да. намалам 3-4 килограми
ejj znae nekoj kolko otprilika se slabee nedelno samo so ovosje i zelencuk ? t.e najmnogu 600 kalorii?
Искрено? Ич. Ќе си го изгладнуваш телото и ќе се вклучи во starvation mode, ќе ослабнеш, но ќе си го уништиш здравјето. Не си играјте вакви работи, кога ќе видам, само со овошје и зеленчук без ова без она, абе без ручек со месо и салата или компир како мислите да ослабнете? Што ќе согорите вие и врз основа на што ќе го активирате метаболизмот? На интернет имаш безброј калкулатори според кои висината, тежината и возраста ќе ти кажат колкав треба да ти биде внесот на калории, од кога ќе го пресметаш тоа, ќе си направиш план за добро комбинирање на исхраната што ќе отфрла се што те дуе, дебелее и ти складира непотребни шеќери и соли во организмот, ќе научиш правилно да ги комбинираш јаглехидратите, протеините, и ќе вклучиш физичка активност најмалку по половина час секој ден. Јас за исхрана ќе ти го препорачам режимот на Ирена кој убаво ги има искомбинирано протеините и јаглехидратите кои ги внесуваш, и комбинациите во одреден дел од денот, ти нуди спектар на здрава храна која можеш да ја конзумираш и воедно да ослабнеш. Не е се` во тоа да се изгладнувате и да не мрднете од кревет цел ден, и после сакате да сте слаби. Се` што почнува со НЕ БЛАГО, НЕ ЛЕБ, НЕ СОК ВЕЌЕ НИКОГАШ, завршува со јојо ефект и никој не може да ми го докаже спротивното, само умереност му е мајката, на интернет имаш безброј информации за здрава исхрана и слабење, вежби, и не треба многу труд да ги најдеш истите, да си направиш план и полека со трпение да го следиш за да видиш резултати.
12 ден појадок: едно јаболко ручек: тавче-гравче 2 лажици, 1 парче црн леб и салата зелка малку вечера: /
Извини но како ти со толку малку јадење издржуваш цела ден не ми е јасно Што се 2 лажици грав па и малку зелка ... мислам дека не си правиш баш добро за себе со ваквата храна
Да ти кажам и мене не ми е јасно како издржувам, ни ми се јаде ни ништо. Ама пијам и 3 пати на ден таблети на Златна Пчела! Изгледа тие ме држат да не јадам многу.
И јас мислам дека треба да трчаш. Ако се храниш правилно не би требало да ослабеш, туку само да ти се оформи телото. И онака веќе си слаба. Друга работа што треба да ја земеш предвид е формата на телото. Според ова што го кажуваш, ми делува дека имаш форма на телото како јаболко. Јас на пример имам таква форма, и дури и кога сум била најслаба - стомакот не ми бил рамен како даска. Едноставно, тоа е конституција на телото и не знам колку може да се реши, можеби со многу труд.