Вчера бев уште повеќе мотивирана од другарките.И се договоривме,од среда,ке почнеме да трчаме од сабајле на кејот.Од 7 саат сабајле.Некои за кондиција ке трчаат,некои за да намалат но,важно си се направивме друштво за трчање.Исто така се договоривме почесто да возиме точак,ама тоа навечер т.е. попладне. Јас,до сега имам минимален резултат,ама сепак -2 кила,никој нема да ти ги туку така одземе. Денешно „мени“: Кога станав испив малку лимон со уште толку млака вода. За доручек јадев ептен малку нискомаслено млеко со една дланка корн флекс. За ручек: риба конзерва со многу салата и кромидче Вечерата најверојатно ке биде мала,можеби некоја салатичка,овошка и сл. Физичка активност денеска: возење точак. Имајте ми убав ден диеталки,не се откажувајте.
Еве и јас да ја кажам мојата историја,додека одев школо цело средно мојата килажа се движеше 58-60,и си имав зацртано дека тоа е мојата идеална тежина.За мојата висина 1.62 и мојата конструкција таа килажа ми беше иделна.Ама после тоа се вработив цело работно време седната ич не бев во движење и по цел ден само јадев и грицкав нешто.Приметував дека се дебелеам и на секое меренје си викав 65 ај не е ништо ке ослабам аха дошло и 70 и така кога последно се мерив мојата килажа изнесуваше 78 кг.Бев лута на цел свет,после некое време решив да слабеам ама никако не ми одеше од рака,и кога дечко ми ме побара за жена тоа беше тоа решив да ослабам по секоја цена не сакав да бидам дебела невеста која на ништо не личи.Немав некоја посебна диета од сабајле јадев овошје нешто и кафе обавезно,ручекот никогаш не сум го прескокала само сега го јадев без леб,и после тоа ништо не јадев само вода мн пиев можеби во денот внесував по 3-4 литри.И тоа светско чудо се случи јас ослабев се донесов себеси до 64 кг и никако не сакаше килажата да слезе подоле ама задоволна бев.Ама затоа после свадбата се направив 55 кг и бев презадоволна се чуствував како цел свет да сум го освоила.хехехе.долго си ја носев таа килажа ама сега сум бремена и се дебелеам сега засега сум 63 кг ама до крај сигурно ке качам повеќе од 70.Ама здравје со господ напред да сме живи и здрави јас и бебенцето па после ќе мислам пак на слабеење.....позз се надевам дека сите ќе ја достигнете посакуваната тежина и се извинувам за предолгиов пост.Само најдете мотив и слабејте заради себе а не заради другите.
Еј ми треба ваше мислење за 1 месец колку одприлика можам да ослабам акоо ссабајле јадам само салата од зеленчук а на ручек овошје да пешачам и трчам по 2-3 саати 3 пати најмногу 4 во недела и секој ден по 500 стомачни и + други вежби?
Zule2000 сигурна си дека можеш да направиш 500 стомачни на правилен начин? А ако јадеш само овшје и зеленчук ќе ја изгубиш мускулната маса и се ќе ти биде виснато. И да, големи се можностите да завршиш во болница. Плус, ако навистина имаш неколку кила вишок, мислиш дека наеднаш можеш да преминеш на ваков режим? Не ме зезај. Тешко на телото, шокови ќе му приредуваш само.
Вежбав 1ипол недела на орбитрек,по 20 минути,еднаш по 30 и еднаш по 15 и некои други вежби после тоа. Од вчера навечер ме боли нешто кичмата.Мајка ми вика може од вежбање.Да продолжам да вежбам или да одморам некое време? Spoiler како старине сум,одвај станувам од кревет ептен ме боли одвај се вртам,по потреба само станувам
16 ден појадок: пола јаболко и пола банана ручек: малку повеќе од шо требаше домашна кора со компири и кромидче со кисело млеко вечера: 10тина јаготки
Уфф,морам на строга,строга,строга диета,такозвана гладување..денес пробав едни стари пантолони 4о величина,пукаа на мене,а кога ке се сетам само дека широки ми беа..ги запетлав уз помоч магије.Точно 73 килограми на 174 висина.Не е трагично,ама оди натаму...што е најстрашно заради повреда не можам да трчам и вежбам,па целта мора да се оствари со намален внес на калории.А каков гурман сум,подобро да не почнам да раскажувам.Мнооогу инспиративни приказни прочитав овде,и се надевам дека ке го следам вашиот светол пример девојки.На одмор одиме на 11 Јули и мојата луда фантазија е дотогаш да симнам 8 кг.Малку нереалистично,али се надевам дека блицкригот ќе успее,без јо-јо ефект после...
За 16 дена од 71 кило до 65 ... Многу брзо симнав 6 кила, изгледа сега нема да симнувам па за некое време ќе симнам наеднаш.
На гладување изгледа Шејм он ми.Никоја особена диета не планирам да ја следам,освен да внимавам внесот да е многу помал од предходно
И јас така бев 3 месеци диета диета ништо и наеднаш за 1 недела 7 кила А извини може линк од диетата или по свое си одиш и физичка активност нешто така?
Одамна ме нема по овие теми треба да се засрамам нели? За неполн месец ми е најавено вработување а ме факја страв од клограмите е работа постојано на нозе и многу се плашам дане ми се испуштат вените од тешко. Имам доста кг.но за почеток би се задоволила со 5-6кг. Во последниве месеци сум мн.запоставена психички преоптеретена и под стрес па работава ја глеедам како светлина на крајот од тунелот... би ве замолила за совети како да постигнам резултат а да не биде изгладнување....
Ич неам мотив да ослабам,ама ич.А условите ги имам,и време и орбитрек справа и се.Ама пак не ми се вежба,немам желба а и не можам многу да издржам...
целиот денешен ден беше голема грешка.од утрото почнав неzдраво со пица,продолжив со тазе печени кифли и мафини макарони со сос,ванила фростинг пепси и што уште не сега кога веќе дојде 8 часот navecer сум без енергија цела омалаксана,не јадев никакво овошје или зеленчук... неможам да вежбам во теретана па не се брукам да одам за џабе.се срамам од себеси...многу лош осеќај...
казете некоја ефикасна диета сто ке ми го намали и апетитот секогас кога ке поцнам се отказувам после третиот ден
Види во моите мислења, за секој ден имам напишано шо јадам за појадок,ручек и вечера, тука во темава. Исто така и многу пешачам, правам по околу 60-70 стомачни и надвор во дворот играм со топка 1-2 саати. Чекам да дојде 20ти ден па да ставам слика колку ми се широки фармерките .
И оваа недела си замина. за денес на мени имав јогурт (0,5л) Баланс и две јајца. За ручек супа, салата од домати и краставици и едно парче од 100 гр чаден стек. Од вчера го мислам. За вечера супа и шопска. Сега прилистувам денови наназад што сум конзумирала. Свесно или несвесно, повеке сум фокусирана на протеини. Компир, леќа, грав, грашок, боранија имам секој ден на работа, презаситена сум од тоа. Не сакам и дома тоа да конзумирам, затоа менито ми е такво какво што е. Од страна на тестенини, макарони, шпагети и слично Не јадам. Останато се што конзумирам гледам да го вметнам во исхраната. Не сакам да гладувам а нити премногу да се ограничувам. Бидејќи не ми е тоа целта. Не сум некој експерт, нутриционист или слично. Али гледам подобро да комбинирам од пред два ипол месеца. Секојдневно се едуцирам и учам нешто ново. јас со 45 кг вишок во просек за еден месец слабеев од 7 до 7,5 кг. Па се баш прашував да не е премногу. Денес повторно бев вредна, подобра сум од минатата недела, имам поголема кондиција. трчав 20 мин непрекинато. Па потоа брзо пешачење и повторно трчање. Без одмор. На почеток само пешачев, потоа со мали предизвици за трчање, сега со веќе поголем интензитет Успех. Предизвик. Уште 20 кг да ослабнам и почнувам во теретана да се затегнам или вкупно 37-40 кг. Тоа ми е цел. Нема неможам, ако нешто реално сакаме - можеме. Не постои пречка на патот што неможеме да ја отстранеме ако тоа го сакаме и решеме нешто да променеме на правилен начин.
17 ден појадок: пола јаболко ручек: 2 парчиња црн леб, пинџур со лукче вечера: 1 парче леб, малку ориз, сиренце, патлиџан