(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Де,де,не си Снежана,нема да си се задавела да си го изела јаболкото цело. :D
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Абе дај не коментирајте глупости на темава, не сте интересни.
     
    На Viktorijaaa5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Ако имате некој совет, сугестија - слободно коментирајте. Доколку немате, не ја полните со офтопици, нпр. мене многу ми значи темата и не сакам да се заклучи.

    Клучот на долготрајно ослободување од непосакуваните килограми е - правилна исхрана (никако прескокнување на оброци) и редовна физичка активност.
    Дневно внесувам од 1200 до 1500 калории. Со подолгото изгладнување можеби има `ефект` но тоа што се губи е всушност мускусната маса.
    Друго, важно е да сме свесни во секој момент колку и каква храна консумираме.
    Да бидеме пред себе,
    Искрени
    Прецизни
    Целосни
    Постојани

    Успехот е загарантиран. :!:

    Кога се чека до `пет за 12` за жал, луѓето се нафаќаат на сомнителни начини, такозвани `скратени патчиња`. Неприфакајќи дека меѓу нив демнат опасности кои сериозно може да ни го нарушат здравјето на дол рок.

    Во случајот, девојчето (тинка маце) упорно ги игнорира вашите совети, сугестии, тоа е доволен знак дека нема да не/ве послуша. Ќе свате и самата кога ќе почуствува на своја кожа. Исто како и јас.
    Сега со (по)правилна исхрана и редовна физичка активност за два ипол месеца ослабев 17 кг. И се хранам и слабеам, не гладувам.

    И за кратко одам на џогирање.
    Па да си го спремам менито за денес.
    Појадок јогурт и краставици со јајца.
    за ручек е веќе друга приказна. Денеска скара а во зависност од тоа колку ке се почастам ке си ја одредам вечерата. Дали само салата, супа или повторно некое мевце со салатичка. :emo: ]:)
     
  4. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Јас повторно ќе ве дружам и овој пат мислам дека ќе бидам поактивна бидеќи за да бидам повторно на диета ќе ми треба голема поддршка на почетокот, а после немам гајле. :)
    Инаку ослабив и сега си вратив некое килце, не како што кажав предходно дека пола ги вратив за 2 недели, тогаш бев некако подуена којзнае што ми беше, ама сепак се здебелив.
    Од утре почнувам повторно и следниов месец и пол планирам да го поминам со: за доручек овошје, ручек протеини, вечера зеленчук, многу вода и зелен чај. Знам дека не ми чини малце менито ама јас секогаш сакам брзи резултати, а и си имам мака со јаглехидратите и скробот, таквата храна многу ми го дуе стомакот, а јас пустата умирам по тенка половина и рамен стомак. :)
    На почеток размислував повторно да ја започнам Ун и да јадам тоа што сум јадела тогаш, така би ми било полесно бидеќи 3 месеци си пишував во тетратка што сум јадела за време на диетата и да одам според напишаното, ама се премислив.
    Планирам овој пат да бидам малце и физички активна ама се двоумам, па за тоа ќе пишам нахнадно. Можеби ќе одам на трчање, ќе ги правам вежбите на Jillian Michaels, стомачни, или пак ќе скоокам на јаже, ќе видеме. Што мислите за скокање на јаже? дали би имало ефект како трчањето? и колку минути би било доволно? :?:
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Џенчкиии ае ве молам да ме мотивирате некако да си почнам пак да слабеамм.. оти вака више не иде гнетам ко' свиња.
    Лани држев диета од март почнав до октомври ја држев и ослабев значи ств, не кој знае колку, али добро изгледав да ви кажам...
    е сега работава е шо скоро и да ги вратив сите претходно изгубени кила, и сега како да се мотивирам пак да почнам? неможам мн тешко ми оди значи.. Позз, имајте убав ден и извинете за долгиов пост ! :*
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.040
    Допаѓања:
    5.453
    Пол:
    Женски
    Облечи ги купаќите кои си ги носела кога си била послаба и сликај се. Потоа до неа стави слика за тоа каква сакаш да бидеш да плажа. Стави си ги на видно место, десктоп, фрижидер и сл. за секогаш кога ќе станеш од пц за да јадеш да да размислиш дали вреди 10минутното уживање во храната наспроти вистинските желби. Желудникот не ти бара толку мрсно, благо и калорично, туку мозокот, тој е оној кого треба да го исконтролираш :)

    Со брзо слабеење се враќаат дупло побрзо киограмите, верувај! Кога слабеев ги држев УН, медицинска, лунарна, со зелки и што се не и потоа сфатив дека само лошо си правам сама на себе без разлика колку долго ги држев. Плус, бев постојано нервозна бидејќи морав да внимавам додека други пред мене слаби јадеа во мек доналдс. Почнав да си правам планови и да си разгледувам кобинации кои би ги правела со здрава храна. Појадував барем 3 часа по станување и вечерав барем 3 часа пред легнување. Гледав што повеќе да пијам вода и пешачев скоро секој ден по 3км. И ова ми помогна, се навикнав на здрава храна, во умерени количини и сум посита отколку кога јадев се' што ќе најдев готово. Во готовата храна има доста адитиви кои дебелеат, вака знаеш што си внел. И лебот го намалив доста. Сега сум си таман, пу пу, да не се урочам. После година дена изгубив 18тина кила и не можам да си поверувам дека сум пропуштила волку добро чувство. После првите два месеци отприлика се навикнуваш и не го гледаш како строг режим. Кога ќе отидеш да се купиш нешто и не ти викаат продавачките: Уф, чекај да видам дали имам бројче ко за тебе...
    Едноставно се чувствуваш задоволен и убаво во своја кожа. Така што, само трпение, упорност и голема желба :)
     
  7. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    18 ден
    појадок: 1 парче црн леб, сиренце, пршута
    ручек: манџа грашок, 2 парчиња црн леб, 2 печени чушки
    вечера: варени компири со кромидче и магдонос
     
  8. Zule2000

    Zule2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    Уште колку мислиш да издршиш вака? :o
     
  9. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Хаха уште многу. Не разбирам зошто волку се чудите :?: , јас од ова дури и пренајадена сум а не пак да гладувам. :!: И пијам на Златна пчела таблети, на природна база, ми ги задоволуваат сите потреби за витамини и не може да ми заслабне крвта! ;)
    Неможам уште да сфатам зошто во темава коментираат некои кои никогаш не биле на диета, па викаат малку е ова, многу е, незнам шо |( .
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Кажете свое мислење и споделете свое искуство во врска со насловот на темата не фантазирајте други работи без потреба.
    Секој си има свое право да прави што сака и како сака да се храни така да нема што да глумите дека многу се грижите и на некого да му ставате во глава што да јаде а што не |(
     
    На Saki15 и tinka-mace им се допаѓа ова.
  11. Zule2000

    Zule2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    Не кажав дека е многу супер си правиш и внесуваш се баш нормално си слабееш прашав онака од радозналот ако имаш ефект нормално дека ќе продолжиш, иначе секоја чест за распоредот браво. А за таблетите мое мислење НЕМОЈ мала си ...
     
  12. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Луѓе аман !! :?

    Не пишувам, ама ве читам онака за мотивација и поддршка, темава е одлична, или подобро кажано беше, сега беспотребно ја полните со оффтопици, да му одмили на човек. Па не знам колку мислења имаше околу tinka-mace и нејзиниот режим. Порано актуелни беа препирките со StefChef.
    Пишете, помогнете си, а не ова ко на бојно поле да сте излегле, па демек сите душебрижници. Пф.

    Вратете се наназад низ страниве, ги следев мислењата уште пред 2-3 години на ludoto и остала екипа, и понекогаш пак таму читкам. За мотивација, вистинска.
     
    На Saki15, Waka-waka, LovelyGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Знаете што ми е мотивација за слабеење моментално? Свадба на крајот од месецот, фаците на луѓето кога ми кажуваат дека многу сум ослабела (ова чувство го знаат само тие што ослабеле повеќе кг. :) ) и последно целта за ова лето ми е буквално да се исушам. :lol: сакам еднаш во животот да видам каква ке бидам ептен слаба. :wasntme:
    Епа со мојата висина 164цм до август би сакала да стигнам до 52-53килца доста ми се, и онака кога бев 56 изгледав како прегладнета иако не се малце килограми и таман ми беа за висината.. незнам зошто така. :?:
    Менито си го напишав вчера, а денес сакам да ви кажам дека од утре секое сабајле ќе одам на трчање, а дома ќе си правам стомачни. Колку стомачни би биле доволно на ден да правам? :?: И никој не ми кажа што мисли за скокањето со јаже... :wasntme:
    И уште да кажам јас сметам дека tinka-mace не јаде малце, таман и е, а за StefChef да не слушнам лош збор! :P Мајтапот на страна слушајте го кога ве советува, за доста работи бил во право. Тој поминал низ ова ние што го врвиме и има доста знаење. :) И најмило ми е кога ќе ја отворам темата и видам мислење од zeka, нејзините мислења најмногу сакам да ги читам и ме мотивираат.
    Вагата некако овие дена како пијана да е, мислам нема логика за ден-два да покажува 4-5кг разлика, така да ќе ја почекам да се подотрезни па ќе се мерам да видам што ќе покаже.
     
    На zeka и tinka-mace им се допаѓа ова.
  14. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Жити се па тие таблети се како шумливине ги ставаш во вода и се прави сокче, и ги даваат на бебиња од 2 месеци а не па мене :D .
     
  15. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Има ли врска дали ке трчаш од сабајле на гладно срце или во текот на денот после некој оброк.

    Имајте во предвид дека одма после вежбањето нема да се јаде,туку неколку часа подоцна. :)
     
  16. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.231
    Допаѓања:
    91.843
    Пол:
    Женски
    Денеска сум премногу мотивирана за подобро утре и подобри резултати :lol:
    Јас пак започнувам со УН ми одговара начинот на исхрана навикната сум на таа храна што треба да се внесува секој ден и искрено да ви кажам повеќе ја почнувам затоа што за секој ден со време си знам што утре треба да јадам и што да си готвам.
    Веќе сум навикната да внесувам помалку храна начинот на исхрана со кој досега ми беше ми е добар но пак ќе кажам проблем ми е ручекот - незнам што да готвам за јадење затоа .
    И без ун се слаабее ако се придржуваш како што треба но мислам дека мене така побавно ми оди.

    Би сакала додека заминам на одмор да намалам уште колку можам повеќе затоа тоа ми е мотивација :wasntme: Одморот ќе биде на почеток на август здравје, па до тогаш се надевам ќе успеам да ослабам уште 6-7 кг .

    Уште од синоќа си почнав со подготовки ,си сварив зелен чај и си изцедив лимон за да имам готово деновиве да пијам.

    За да успееме мора да бидеме упорни во онаа што го посакуваме :)
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    https://www.google.com/url?sa=t&source= ... pxqPV9TMJw
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Да затоа што јас мислам на свој начин и мислам долготрајно не мислам само на краткотрајното решение.
     
  19. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Најпрво ви благодарам на сите, многу ми значи темата, можам да си се искажам комплетно како се чуствувам, што мислам. Мило ми е ако со тоа на некого му ја олеснувам ситуацијата и дополнително мотивирам. :$

    И секако,

    Со среќа Viktorijaaa5! Чекаме добри вести! 8)

    Подобрувањето на нашето здравје зависи од нашите желби и потреби! Славеењето и правилната исхрана се сведува на нашата ментална сила. Воопшто не е невозможно, непостои тоа, само треба да си го истренираме мозочето да размислува здраво. :!:

    Доколку на овој начин размислував години назад, немаше да станам буре од 110 кг! :D Но сепак поносна сум што се свестив навреме и недозволувам повеќе да оде стрелката на вагата нагоре. Одсега оде само надоле, до некои 55-60 кг. Предизвик!

    На почеток си имав поставени помали цели, и така и се мотивирав. А како одминува времето имам се поголеми цели, и сега верувам во себе и знам дека ќе успеам.
    Однапред си ги планирам оброците, што за утре?
    Толумбите или специјалитетот на баба изгледаат многу попривлечно од туна, морков, ама мораме да мислиме на нашето здравје. Дебелината е болест.

    Јас ехееееее 6-7 години си имам проблем со притисокот, често се прашував што ако ова е само почеток.
    Па почнав во депресии да паѓам уместо да седнам да го решам проблемот.
    Ама ете, дојде и тој ден, сватив и работам вредно!
    вредно! со здрава храна! можно е да се живее без брза храна, газирано и триста чуда.
    Благо исто, добро, него го немам исклучено скроз, нпр. два пати неделно знам да си дозволам еден марс!Нпр. вчера еден марс од малите. Си ја задоволив душичката.и двете страни, обострано среќни и задоволни! Ама толумби, еклери, палачинки да си дозволам по цела доза, но, но но. :drunk:

    Мислам сега да станам ида си удрам два бокса! каде ти бил паметот зекицеееееееееееееееееееееее :emo:

    ајде луѓе, само напред, да се подржуваме, да си филозофираме, да сме посреќни, да нема веќе тензии! :)
     
    На anakonda88, Saki15, Sky-butterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Денеска се мерев, најпрвин вагата ми покажуваше 66кг, а после 68, и мнгоу се разочарав :( Посеизгледа расипена е ..