Од кај знаеш дека тие килограми се масти? Се мери прогрес со телесни масти,огледало и како ти стои облеката. Можеби ако си вежбала си добила мускули и си накачила вода. Можеби си во циклус и добиваш вода од хормоните. Можеби си внела повеќе сол и јаглехидрати и си внела повеќе вода. Телото е 75% вода и секогаш ќе сака да одржува хомеостаза.
Нема зошто да се разочаруваш. Не ја користи вагата толку често, честото вагање е проследено со големи резочарувања а како резултат на тоа е објаснето во горенаведениот пост. Да не се повторуваме. Еднаш на две недели е сосема доволно а 2 пати месечно. Јас така правам. Дури размислувам да ја вадам вагата еднаш месечно, не два пати. Па мој совет ти е тоа. И јас порано бев опседната со вагата, дневно се мерев 3 до 4 пати. Будалче. Ама,кога седнав, кога се едуцирав повеќе, ја разбрав суштината. Сега и не помислувам на вага, дури си ставив аларм да ме потсетува телефонот кога да се мерам пошто пред еден месец и заборавив дека големиот Д ден пристигнал. а резултатите се на самата себе. е така.
Деновиве цело време по ручеци и кафанчиња. Три обилни оброци дневно. Катастрофа. Ваљда од утре ќе се средам, што да кажам. Не се резултатие толку драматични колку што би можеле да бидат, најмногу кило да имам ставено, ама не треба да ставам, туку да намалувам. Битно ве читам скоро секој ден, за мотивација.
19 ден појадок: 1 парче црн леб сиренце и пршута ручек: гравче, 2 парчиња лепче неколку кисели краставички вечера: варени компирчиња со кромидче Вагата покажува 64 кила, пресреќна сум. И осеќам дека стомакот ми се смалува.
Ново интересно видео за аеробниот тренинг. Зашто кардио тренингот не е потребен за слабеење?: http://youtu.be/9xB3HKYC6Zg Погледнете доста интересно
ЗОШТО Оставај ги целосните линкови, не скратените. Скратените не се отвараат веднаш поради оној глупавиот банер на форумот.
Аааааааааааааааааа! Поддршка! Поддршка огроооомна ми е потребна! Таман денес си реков дека повторно се навикнав и дека нема повеќе да подклекнам, се упропастив. Убаво ми почна денот, јаболко, белки, зелка.. и после се иззнајадов глупости. Идиот. И ај Стеф постирај го повторно линкот за прашањето на Срцката дали има врска ако трчаш на утре или на вечер, не го отвора, а и менене ме интересира тоа.
се уништив со исхранава...до пред некое време ми беше проблем вежбањето бев мрзелива и се тоа со исхраната бев скоцкана сега обратно со јадењево сум катастрофа.. покрај секоја диета која имаше краткотраен ефект почнав со броење калории испадна дека кога најмногу јадам внесувам не повеќе од 1000 кал... денес за доручек овесни снегулки и јагоди ужина јаболко ручек варено пилешко со салата од пола краставица и еден домат ужина пола цитрон вечера не знам само што јадев цитрон(по потреба ќе се вечера) и ајде ова број број не повеќе од 400 калории на исхрана ли личи?? ајде демек и бирам храна која не ме дуе и која ми одговара на организмот абе џабе си, а внесам повеќе од 1000 калории ко буре сум во стомакот цел ден и утрото што следи...
20 ден појадок: едно јаболко ручек: неколку фишфингери, 2 парчиња интегрално лепче малку печурки вечера: малку кајмак, 1 парче интегрално лепче и 2 маслинки Денеска се сликав колку сум ослабена ама нешто неможам да ги префрлам сликите.
Пред 15 мин. се вратив од џогирање!Пресреќна сум,бидејќи издржав,не трчав цело време,но не седнав некаде.Трчав па кога ке снемав ваздух-одев.Не се откажав.Одсабајле испив половина чаша лимон-половина вода,за подобро да ми се вари храната во текот на денот. Инаку,денеска за доручек имам корн флекс со јогурт,за ручек не знам што е,иии за вечера некоја овошка или салата. Нека ми е со среќа!
Кога ќе паднеш во искушение за нешто мрсничко, полно со шеќери и нездраво прашај се дали досегашниот труд ти бил за џабе? Ако сега ја каснам оваа глупост тогаш за џабе сум јадела сабајлево само овошје...Ја бар така си викам кога моите дома ќе земат да ми јадат пред нос тостови, тестенини, хамбургери од 7ца и има ефект бар кај мене Инаку ослабена сум видно, почнаа лугево да приметуваат, посебно ми е мерак што моите дома ме приметија Уште две килца да намалам и толку, ќе се трудам да ја држам таа тежина.....И за сите што сакаат да ослабат само трчање му е мајката, слушалките на уши, музика до даска и шибај И најголема поддршка до сите феминки што сакаат да ослабат и уште поважно, да водат здрав живот
Денеска од 7 до 8 бен на сала трчавме со другарките.Еден круд трчање еден пешачење! И се испешачив додека да отидиме и си дојдиме.После ќе одам да завршам некој работа до чаршијата,пак пешачење и на крајот со друарките ќе испадниме да се прошетаме. Ептен сум хепи! Се надевам ќе ослабнам накај 10 кила.
Луѓе ајде малку помошш Сега сум на диета, го изоставив целосно благото више една недела.. Но сакам да го изоставам и лебот малку по малку.. што ми предлагате за доручек? не сакам леб да јадам..
Јас еднаш во денот јадам леб, две сечени кришки. Гледам да го избегнувам не поради диета, туку зашто е штетен. За доручек јадам корнфлекс, житарици, јајца варени и парче сирење (имаат мноу протеини, а малце калории и се доста здрави), понекогаш си правам вегетаријанска пица, ја замрзнувам и по потреба дирекно во рерна и ја јадам на два пати. Исто со секое јадење скоро си правам салата, некогаш си правам овошна салата и го полнам целиот сад за мусли.
Многу спијам, се надевам дека се трошат калории при спиење. Исто така, доста време поминувам на интернет, се надевам дека куцањето на тастатура троши калории, бидејќи ако е така, јас видно слабеам а не приметувам. Исто така обожавам бејли денс па и чочек да си пуштам, или нешто во тој ритам, е тогаш уживам, легнувам на кревет и мрдам со газот (како го викаа она-тверкање) ама тверкам лежејќи, од една страна, па се вртам од друга страна, и мислам дека има ефект, ми го стега и онака црвстиот газ. Се си јадам, во последно време се трудам да биде во помали количини. Но од благото не можам да се откажам (средно кафе, крембананчиња, чоколатце, тортичка,сладолед но во помали количини), исто така и од лебот не можам да се откажам, особено ми е вкусен домашен месен леб, било што дома замесено, некој селски леб, чиабата и сл. оди па одолеј. За сега вака се одвива мојата диета, се додека некој не се смилува па да ме почасти орбитрек До тогаш во кревет, газот во вис и вибрирај. Не се шалам, ова е чиста вистина, целта и желбата се тука уште средства фалат.
Abeja ме изнасмеа 21 ден појадок: портокал, јаболко и пола банана ручек: интегрално багетче, малку кајмак, 3 маслинки, маааалку месен нарезак, кромидче, чушка и патлиџан вечера: варени компири со кромидче
Според мене најдобро овесни снегулки со јогурт, а можеш овошје или варени јајца. И јас како Elence93 си велам нема да јадам благо и леб поради тоа што не е здраво, ама кој да му одолее на тоа пусто благо. Spoiler Атлантиас чоколадца цело време ми се вртат низ глава.