(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Вчера заборавив да пишам. :D
    24ден
    појадок: 1 јаболко
    ручек: 5 мали сармички и 1 парче црн леб
    вечера: исто како ручекот
    25ден
    појадок: 1 парче бел леб, маргарин и лут буковец
    ручек: риба, малку топено сирење, 2 варени компирчиња и 2 парчиња црн леб
    вечера: половина од ручекот
     
  2. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Епа од средата почнав,некогаш трчање,некогаш пешачеше(ама ногу) важно терам.Денеска глеам каишот се закопчува на последното без проблем. ^_^ Не се познава ама има некои мали промени...Денеска грешка малце леб си каснав повише ама утре нема шанси. :x Ви посакувам успех на сите :*
     
  3. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Со таков глад се разбудив сабајлево што мислам дека креветот ќе си го изедев...Па така поштено, по пат накај работа, си влегов у пекара и си купив бурек и тоа со месо. И сеа и си го м'снав...Али мн добро ми дое, да не ве лажам. Tоа е, мора малце одвреме навреме да се почастиме со некоја мрснотија ;)
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Тинке ја не знам ти како слабееш ама ова воопшто не е мале јадење, напротив и многу е, сакав и поодамна да ти пишам ама 5 сармички, не знам колку се мали ама треба да се колку показалецот за да изедам и пак нема да изедам 5, од 3 повеќе не знам дали некогаш сум изела. Башка топено сирење, калории на тон, со риба плус, па и компири, многу бре. Ти си знаеш, нејќам да те демотивирам, ама ова количински е многу и многу е измешано, протеини, скроб, јаглехидрати. Маргарин во диета? Немој те молам, тоа се празни маснотии кои едно се многу штетни, друго не се вклопуваат воопшто во диета ;)
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Не се многу под 1200 калории...
     
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Девојки и јас ви се придружувам.

    Од саботата сум во теретана и од завчера почнав со режим на исхрана. Не сум човек што нема физичка активност, дневно пешачам многу, меѓутоа сакам да симнам 10 кг.

    17.06.2014

    Доручек: Овесни снегулки со ленено семе и јогурт.
    Ручек: Варени компири и салата (домати и краставици)
    Вечера: Јајца (белки), салата, урда и една чаша јогурт.

    Меѓу ручекот и вечерата сум во теретана, правам кружен тренинг со тежини и на крај 20 - 30 минути кардио. Доколку навечер ми се пријаде си каснувам повторно салата во помала количина.
     
  7. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Ќебапи на скара, вешалици колку калории има отприлика?

    Обавезно еднаш у недела јадам, и тоа у комбинација со шопска, и ептен ако многу ми се јаде, една рибанка парче леб на скара, со вегета шо е.
     
    На Dd1 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Сега гледај,прво и викавме на tinka-mace дека јаде малку,сега и збориме дека се прејадува.
    Срам ме фати,најозбилно.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Јас не сум рекла никогаш дека јаде премалку, на Марунче и викав да, затоа што она стварно малце јаде, ама за Тинче мислам дека овие два дена што ги опишала се стварно многу, поготово првиот ден, се сомневам дека е во опсег на 1200 калории ко што вика Стеф.
     
  10. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    :bow: :bow: :hai:
    Џенцкии :)

    Иако не пишувам почесто , не се откажав. Само продолжив со уште поголема сила,решителност.

    Во неделата како што сигурно знаете ми беше ден за вага. За 14 дена изгубив 2,7 кг. Задоволна суум иако сум нешто поналку резултати до сега. Најважното го изостсвив,да се надоврзам и со голема радост,понос самата себе, Ослабев точно 20 кг!!!!! :angel:

    Пола пат го изодив (добро уште 5 кг ме делат од половина), но сепак се чуствувам дека сум го решила проблемот,бидејќи разбрав,свстив,видов и го пронајдив решението.

    Веќе со задоволство се вртам по огледала, но сепак пппродолжувам да раборам со уште поголем интензитет.

    Значи, пред да почнам и одкако почнав си поставив цел. И целам кон тоа. Во главчето имам две слики. Каква бев едната а другата каква сакам да бидам. Секогаш кога размислувам што да готвам, колку количински да внесам,кога вежбам тие се пред мене. Мојата најголема мотивација. И здравјето секако.

    Тоа е она што веќе не уживам во брза храна,благо во обемни количини, чипсови ,газирано и леб...

    Е така.
    И да знаете, кога ќе одлучите да работите нешто,направите за самите себе нпр. Морате да вложите максимално,колку се вложите, вложиме толку ќе добиеме.
    Штом има труд,воља упорност резултатите де неизбежни. :)

    За настанати грешки во типкање. А не сум ги корегирала се извинувам, од мобилен дум.
     
    На Lacrimosa, Ariel, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Има ли некаква нискокалорична замена за млеко? Сакам да си ставам по малце во кафето. :D Пробав со оризово и соино млеко,ама отприлика е исто калорично,а не ми е нешто вкусно кога го ставам во кафе.

    Има ли бадемово млеко кај нас?Како стои со калории тоа?
     
  12. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Бадемовото се праи, не се продава кај нас, од сто грама бадем отприлика литро млеко искача. Претпоставувам исто калории има ко бадемите сирови.
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Диетава ми е од нутриционист. Сармичките беа премногу мали колку нокт, беа со ориз и соја и завиткани со блитва. Маргарин ставив премногу малку, ама премногу малку, всушност незнам ни зошто го пишав кога не ни се познаваше на лебчето. Топено сирење не каснав ниту колку половина кафена лажичка. Компирите беа од тие ситните и ги изедов 15 минути подоцна одкако ја изедов рибата. После во вечерата изедов само половина парче црн леб, половина компирче, половина риба без топено сирење(зборувам за 25 ден).
    Вчера пак заборавив да пишам :D .
    26 ден
    појадок: пола банана
    ручек: 1 парче црн леб, патлиџан, чушка, кромид и лукче(се печено)
    вечера: /
    27 ден
    појадок: 1 парче црн леб со лут буковец и патлиџан
    ручек: малку печени компирчиња, 1 парче црн леб и патлиџан
    вечера: /
    Вагата покажува 63 килограми, презадоволна сум. За 27 дена ослабев 8 килограми :dance: :party: .
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Бадемово млеко.
    Али сама ако го правиш ти е поефтино.
     
  15. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Да беше повеќе ќе слабееше по 2.5 кг месечно,а не 8 кг.
    Мотивирана е од вагата,не од долготрајните резултати.
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Има и резултати и тоа видни. Нозете под колениците ми се премногу ослабени, бутовите, а за стомакот веќе немам коментар, премногу ми е ослабен. Ќе ставев и слика ама нешто од телефонот неможам да ги префрлам а апаратот не е кај мене. Стомакот скоро пола ми се смкна народски кажано :D .
     
  17. Zule2000

    Zule2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    Значи повеќе се нервирам отколку што имам вишок килограми ми треба подршка, од утре сум на диета и тоа само овошје и зеленчук, стомачни и трчање се надевам на резултати значи ќе полудам :devil: :devil: :@ :@ :@
     
  18. katestojkoska13

    katestojkoska13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2014
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    18
    :$ Aj napisete nekoja dieta ,ama nekoja lesna da e sakam da oslabam bar 10 kg za na odmor letovo :rofl: :lol:
     
  19. Zule2000

    Zule2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    За колку време сакаш?
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум тотален дебил :hai: .

    По напорни 4 недели дојде време да пишам во темава за скромен (срамен) напредок. Бројам калории, математички толку активна не сум била од 4 одделение некаде, се трудев да внесам блиску препорачана доза на протеини, јаглехидрати, масти и сл. во текот на денот, активна сум 5 - 6 пати неделно по 2 часа ( од кои 1 час аеробни кардио вежби ) на ден. Не се мафтам низ теретана безвеза и со долги паузи, активно, посветено и напорно вежбам секој момент однапред испланирани вежби. Ги работам секој мускул, не само критичните делови. Пауза меѓу вежби правам колку да земам здив, буквално. Искрено и кондиционо се подобрувам но не сум нешто посебно спремна. Грешки ми се што првите 2 недели не се трудев да пијам доволно вода, и секоја втора сабота јадам хамбургер ( мал и без компири и слично, ако се важи нешто информацијава ). Јадната, станав неколку пати да трчам на сабајле ама времето ме одврати последниве 2 дена, врне, ама не роси, туку има поројни дождови дури и град. Јадам одвратни "здрави" работи, газирано и благо не конзумирам. Белиот леб го заменив со црн од цело зрно и сончоглед и конзумирав во мали количини исто. Земам Л- Карнитин, ми годи пласибо ефектот.

    ОСЛАБЕВ 1 КИЛОГРАМ. Цело едно кило. 3 см во обем ( мерено салото кое се теси како желе во долниот дел од стомакот, патем половината дури половина сантиметар :rock: )

    Разочарана од "напредокот" реков ќе си напраам мерак на душава и сега постам. Не се давам во храна, постам. Внимавам да сум во калориски дефицит.

    Мотивација од мене до вас - Јас и понатаму не се откажувам. Во фаца ми плескаат добри резултати и изгубени килограми без нималку труд од безвезни диети или пазење на исхрана ( хах, но не количински, една краставица на ден покрај мрсните оброци е "здрав живот" ) и пешачење пом*чан пола сат околу зграда и вау 20 килограми полесни.

    Немам претерани амбиции, недостижни навидум. Сакам да го тргнам целулитот и салото наталожено на половината и стомакот, не се стремам кон Јен Селтер позадина ниту ЏејЛо стомачни ( иако, вежбам напорно како за такви ! ). Сакам да бидам она што бев и јасно ми е дека ќе е тежок патот назад. Моментално тежам 69 килограми, идеална тежина ми е онаа која ја имав ( 55 кг ). Тогаш бев задоволна од себе и тоа како изгледам.

    На прашање за коментар, викаат арно, затегната си, ќе ослабнеш, ќе биде, а маж ми се смее зелено.

    Од еден инат ќе дадам се од себе и за една деценија би требало да стигнам до посакувана цел. Ако не, доживотно нема да пријавам присуство на плажа.

    Патем се тешам дека тироидната ме сјеба, не таложење масти ама течности берење и те како. Кога ми беше многу тешко добивав отоци на рандом места без причина. Медицината нема одговор. Барем не вработените во брза помош.
     
    На Rose-tulip и Zule2000 им се допаѓа ова.