10х God, мене пак немат јо-јо. Едноставно неможам 2 кг. да намалам. Ајде белким со ваков режим за 1 недела ќе намалам. И ќе продолжам со режимот цело лето, ептен ми се допаѓа. МЕТАБОЛИЗМОТ ФУЧЕ
Jас сега се вратив од лекар,таму имаа точна вага,и се мерев и се разочарав,од крајот на мај до сега имам изгубено 3-4кг,а се трудев барем од што јадев порано,сега доста намалив,нејкам да сум на 80 и нешто,како меца Cамо како си дозволив од 65-70 кг да дојдам олку? би била многу благодарна,ако ми препорачате некоја диета,ама да е ефикасна
волфче зашто не ја пробаш на жан митрев?? 15 дена, има ефекти од таа диета многу брзо се слабее! а доколку си 0 група, нема да згрешиш ако ја избереш аткинс! Jас сум 0, ама не можам да ја држам таа диета, зашто не сакам месо, а целата се сведува на месо и салати! и тешко ми е да ја издржам! ја држев пред некој месец 10тина дена имаше ефект ослабев некое кило, ама ја прекинав Aко си љубител на месо, тогаш диетава е супер за тебе
Cега ги видов и двете,ми се допага на жан митрев-но читав дека дупло се вракале килограмите некој ако знае нека каже,15 ми се супер,аткинсовата е ок,баш ваква диета имав пред 2 месеци во три фази,ама рецептите им беа и се откажав и по мое си одев,а баш сега читам на форумов за нулта не е препорачливо млеко,а јас секое сабајле нескафе со млеко Cакам да ја почнам од жан митрев,а ти лудо ја имаш пробано?
Девојки,имам слушнато дека на гладно треба да се испие една чаша млака вода со лимон.Некои ми велат со еден цел лимон,некои само со едно исцедено парче лимон дека може.Вие правите ли така за време на диета,и колку лимон ставате?
као демек ! Aма секогаш сум се враќала на мојава стандардна! Aма лилит има ослабено доста од диетава, и не ги врати, а кај Tрендафиљ ко што памтам малце потешко и идело слабеењево последиот пат со диетава!прашај ја нејзе ќе ти каже поубаво
Kе прашам кога ке се вратам,морам да одам сега на зумба,ке се мачам за инат да ги стопам овие кила-терорсити,уф бесна сум
Ајде Волфче ќе биде, не му се нервирај само многу, денсај си сега на зумба, лабаво И кај мене нема нешто ептен резултати, повеќе се затегам само, ама и мене не ми требаат многу килца за симнување. Ај ќе си ослабеме, кад-тад
Јас со протеинска т.е Аткинс одма слабеам. За 5-7 дена, 2-3 кг. ама тешко ми е да се придржувам и на крај пак се враќам на јаглехидратите (ама повеќе одколку што треба), и пак + 2 кг.
Мене ми имаат кажано дека првата недела [тура] од Жан Митрев се слабеело од 2 до 2,5 кг. па сакав да ја пробам само 1 недела, но велат ако се прекрати веднаш се враќале килограмите. Дали мислете дека по диетата ако се хранам како шо треба [1 неделно брза храна, насабаље благо и без мешање] ќе ги вратам веднаж дека нема целосно да ја држам? Инаку си апнав сега пак 50 цреши, во 3 некој ручек околу 6-7 вечера.
Од денеска почнувам со Дуканова диета.Ми изгледа дека е баш добра.Мора малку да ослабнам летото иде И да прашам дали имате некое искуство со диетава ??
ја прочита??? 1 фаза само млечни производи месо и јајца! нити зеленчук малце тешка делува, ама пробај, и среќно па за 10 дена пиши резултати п.с Jас веќе почнувам да слабеам! -1.5 кило деновиве сум ослабела! не можев да издржам се измерив!
Диетата на Жан Митрев се држи 15 дена, јас ја држев 35 дена и симнав точно 7 кг. Не знам јас во кој паралелен универзум со 3 циклуси од по 5 дена може да се ослабе 15 кг, во мојот случај не беше така. И не мрднав од намирниците , се' беше според пропишаното. Порано полесно слабеев со оваа, сега многу побавно и потешко. Годинките си го прават своето, ќе се измачиме за секое килце. Тоа е, зависи и од организмот, мене не ми беше погодена многу диетава.
Јас не сфаќам како може 2 кила да ги осеќате како плус и да држите толку строги диети ... Ниту кај мене нема напредок ... можеби полесна се осеќам ама не сакам да се мерам. Ни во обем а па килажа пу пу скраја да е. Битно се осеќам полесно и некако поубаво. Можеби не ми се гледаат резултати дека треба да добијам ... го осеќам организмот како ми се мачи ... ме убива бре пустиот. ИЛи нека дојде или ич нека не доаѓа не може веќе помалку да ми е гајле. Инаку вие што ме каравте погоре ... па измешав ... мислев од растително и животинско потекло може да се мешаат а дека не може млечно и животинско. Нема врска и така една шака компирчиња изедов. Друг пат нема да мешам.
Оф леле, ама ич не ни е лесно. Јас вчера бев на овошје цел ден (има фруктоза, стопира слабеење ама јбг многу ми е вкусно) А денес само на кафиња сум и брокула од сабајле јадев. Незнам што да јадам после... најверојатно пак цреши, јагодчиња, јаболче
Јас испратив свечено 3 кила. Со здравје, не наминувајте пак. Инаку практикував стомачни вежби колку што можам повеќе од ден на ден, пешачење по минимум 5 км дневно, плус трчање во времетраење од 20 мин (за почетник премија е тоа ). Леб ич, благо и сладолед малце, пржено не, повеќе зеленчук и овошје, салати и премногу вода и пола литар дневно зелен чај. Одам понатаму смело. Ама и да не се мачам, мислам дека ќе ме стопат горештиниве и ќе ме направат како за во фрижидер... да се дружам со 16-годишнана.
Леле јас вчера се вратив дома, и денеска мајка ми како и вообичаено ме разбуди од сон за да јадам А како да не станам, знам дека направила некое специјално јадење за мене, зошто нели, си дојдов дома. Ем ќе ми се налути, ем стварно човек тешко може да одолее на нејзините јадења . Ќе ја предупредам од утре да не ми прави вака .
Jас купив намирници за диетава,па ке видиме како ке оди,почнувам од утре,сакам на сред недела да почнам,зашто ми се чини ако почнам од понеделник ке бројам до петок Bечерав грејпфрут,и ништо повеке,море синџири на уста ке ставам,од толку што сум лута на себе Tрендафилка,пиеше кафе кога само пишуваше да пиеш или чај? или си конзумираше нормално?