(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Не ме разбра како што треба... Не велев само за еден ден во неделата, туку за еден ден не јадење, еден ден јадење, па пак утре не јадење, па не јадење... и така. И јас објаснување :lol: се надевам дека сега ме свати што сакам да кажам.
     
  2. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    348
    Пол:
    Женски
    Имам 59 кила а висока сум 170 сакам да ослабам за помалку од еден месец 5 кила,како можам да го направам тоа без диета има некој идеа,или морам да држам? :\
     
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.038
    Допаѓања:
    5.452
    Пол:
    Женски
    Нормално и здраво слабеење е по 1-2 кила за месец, со се што е над тоа му правите само стрес на организмот. За се' треба време, да се привикне телото за после да нема јојо ефекти. И само со држење диета без вежбање не се постигнува добро тело, не е поентата само да си слаб.
     
  4. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ти воопшто не треба да слабееш.
     
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Денес претерав со јадењето, ам ај, ден за славење.
    Појадок: ништо
    Ручек: 2 чинии печен ориз, без леб и додатоци
    Вечера: 4 домашни кифлички, 2 тенки парчиња кашкавал, половина Милка со лешници, Малку пуканки, тенко парче торта.
    Се обидов да јадам во помали количини, да не е многу ова? :(
    Од утре почнувам со вежбање, си ставив рок, до 20 Јули треба да ослабнам во струкот. Килажата не е важна. Од утре, пешачење и велосипедизам. А сега ќе пробам зумба. :)
     
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Од која причина да се изложиш себеси на ваков режим ? Толкав недостаток на самодисциплина имаш ?

    Неможам значи несакам. Организмот ти е дизајниран да функционира нормално со одреден број калории, се останато е изговор.
    Нема да постигнеш ништо, јас тврдам. Еден ден ќе му приредиш шок на организмот, друг ден ќе се прејадеш. Пробај да јадеш помалку количински и почесто. Така е помал ризикот да прегладнеш и после тоа да изедеш нешто сосема непотребно во сосема непотребни количини.

    Ефектот ќе е голема нула, ќе снемаш енергија и ќе те обземе безволност во деновите кога нема да јадеш.

    А зошто не пробаш физичка активност ? Твојата мрзеливост те дели од посакуваната цел која очигледно не копнееш многу многу да ја оствариш штом си во потрага на скратени патови кои меѓу останатото водат до ужас за здравјето. Пробај потрчај, ќе преживееш, ќе ослабиш, ќе бидеш фит и здрава. Не гледам тука ни една лоша причина да не почнеш.


    И гледам глобално најголема слабост е благото. Џаба се изговорите дека е изедено само еднаш, или само неколку коцки. Зошто не пробате со поздрава варијанта ? Сушено овошје е супер, а сега е достапно и тазе во сите видови. Темното чоколадо исто е добар избор, медот.

    Тука се наметнува прашањето "Јадам за да живеам, или живеам за да јадам ?! ". Кратко кажано немојте да дозволите салото да манипулира со вас :rofl: ! Сечете го, в корен.
     
    На Elence93 и arontt им се допаѓа ова.
  7. Zule2000

    Zule2000 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2013
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    6
    Денес супер си поминав
    Доручек/ручек 2 домати 1 краставица и едно парче растително сирење
    вечера 3 портокали + испив 3 килограми вода :D :D
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Like за вакви личности на форумот.
    Од мрзеликовци и луѓе што се полни со изговори ми е преку глава.
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    https://m.youtube.com/watch?v=r_J8btnIEKQ

    овие цел саат ги вежбав до сега и плус зумба пола саат. Планирам вака да продолжам секој ден, а со храната да намалам секако. Ама доручекот веќе не го испуштам. Си ветувам. :)
    Ќе има резултати за месец-два?
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако си во калориски дефицит се ќе функционира.
     
  11. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Готово, од утре почнувам да јадам како што треба.
    За доручек овошје, некогаш ако чувствувам дека немам сила може и овесни снегулки, ручек притеини т.е белки од јајца (бидеќи не јадам месо) и салата и вечера пак некоја салата.
    И од петок секое сабајле ќе одам на трчање, а некогаш ако не трчам дома ќе скокам на јаже.
    Бива вака? :?:
    Мора да имам самоконтрола. Како што издржав 3 и пол месеци според мојата замисла без да направам грешка, ќе можам и сега.
    И од сега наместо да водам дневник што сум јадела цел ден, ќе ги пишувам само датумите кога сум погрешила и што сум изела.
    најмногу ме интересира StefChef што мисли... :?:
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Ух.. цели 3 часа вежбав ноќва. 2 часа вежби од Youtube, 30мин трчање низ спрат, и само 20 стомачни. Ќе вежбав повеќе, но тотално сум исцрпена. Ај, сега за сега е доволно.
    Уште 2 часа па ќе појадувам салата (домати, сирење, маслиново масло).
    За ручек не се знае, а вечера уште помалку. :)

    Еве зошто толку вежбав сред ноќ наместо да спијам:
    Гледав филм, а некако филм без чоколада не ми оди. Зедов еден ред чоколада, но ми се слоши. Не можам да дозволам сѐ повеќе и повеќе да се разочарувам. Ако чекам да биде убаво времето за вежбање, ништо не правам. Затоа, превземав сѐ во мои раце и одма на вежбање.
    Летово планирам и во теретана да појдам, ама не знам. Мислам дека ова е доволно секој ден да гл вежбам+ пешачење или велосипедизам. А и мала сум уште за да се оптеретувам со толку вежбање. Немам ни многи за намалување на тежината. 3-4 кг само. :)
    Ова е доволно или да почнам во теретана да вежбам? :)
     
  13. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    калориски дефицит ?
    Нека ми го објасни поимов некој подобро :)
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    Тоа што пишуваме во темава значи дека сме имале проблем со самоконтрола, којшто сакаме да го надминеме. Затоа и сме тука, да си дадеме поддршка едни на други. За мене не е ништо неочекувано некој да се обиде, па да престане, па пак да продолжи, да ослабе повторно да се здебели... Да сме ја имале потребната самоконтрола и дисциплина, не би биле тука.

    Лесно е да се каже не јади благо или вежбај, ама за некого може да е тешко да го оствари тоа. На различни луѓе различни работи им се тешки. Ама верувам дека секому по нешто му е тешко, па од прилика би требало да разбере какво е чувството да не наоѓаш доволно сила во себе да промениш нешто. Особено што има луѓе со посилни и послаби карактери. Не сме сите исти. Едно е сигурно, прекумерната тежина е одраз на слабост во карактерот. Ама секој има некаква слабост.

    Им се восхитувам на сите кои најдоа сила буквално да се трансформираат. е можам да се сетам на сите, ама еве ќе ги спомнам примерите кои ми се врежани во глава и ми служат како мотивациа: Анабела, Трендафилка и Геа. И се разбира, периодов зека и марун5. Има уште многу, овие што ги наведов мене лично ми биле највечатливи.

    Јас имам подеми и падови. Можев и подобро, ама и ова до сега е ок. Ако земам предвид колку напорен период имав, а јас јадам на емотвна база, можам да кажам дека резултатите ми се супер. Уште малку ќе одам на одмор, а таму сум активна цело време и знам дека тоа позитивно ќе ми влијае.
     
    На anabel-a, Ammy.Lee, zeka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас сум сега 65-66 кг, арно ама вчера имавме мнооооогу убава вечер со другарките па не бев на диета т.е јадев што имаше на масата, ама во мали количини. Инаку сега ич не ми се јаде, ама ич, може по 2-3 кафиња на ден и некоја овошка само.
     
  16. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Вољата е пресудна. Мене огледалото ми ја подигна свеста, исто болестите со кој со соочував периодов, коментарите од сите кои ме и не ме познаваат - Ама е буцкасто девојчето !

    Долго време не обрнував внимание и важев за помрзелива. Кога почнав да очекувам резултати забележав до кај сум сигнала, колку многу сум дебела, колку многу не сум посветила внимание на себе. Се засрамив и се решив.

    Цел месец не сум завршила на итна, тоа е најголем мотиватор за мене.
     
    На Maroon5 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Јади помалку движи се повеќе.
     
    На nikiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Пишувањето во дневник е основен двигател за да креираш здрави навики со исхраната.
    Ако пишуваш во дневникот автоматски знаеш што внесуваш,колку калории и протеини,јаглехидрати и масти,се друго што правиш е играње жмурка со исхраната.
    Како ќе знаеш дека си во калориски дефицит?
    Можеби прогресот ќе ти даде дека си во калориски дефицит но треба да научиш основа на исхраната.
    Тоа се постигнува со следење на тоа што јадеш.
    Убаво имам објаснето овде.
    https://www.youtube.com/watch?v=Bq1TRHVwgs8
    А што е до вежбањето,немојте само да вежбате аеробни вежби(кардио) зашто ако мислите дека е потребно за слабеење се лажете.
    Имам убаво објаснето зашто е тоа така овде.
    https://www.youtube.com/watch?v=9xB3HKYC6Zg
    И битно е да кревате тежини, зашто така ќе креирате мускули и ќе го забрзрате метаболизмот.
    Кардио го забавува метаболизмот, самиот факт што е катаболичен не го прави најдобар избор освен ако се прави стратешки и планирано.
    Се надевам дека ти го одговорив прашањето.
     
    На arontt му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.855
    Допаѓања:
    109.957
    Пол:
    Женски
    Да бидеме реални, слаб карактер не е изговор. Јас сум ете подебелка, ако така гледаме, имам некое килце повеќе од потребно, малку повеќе ми се свиѓа идеата да читам стуткана во кревет отколку да степувам на степер цел час, ама пробав да најдам компромис. Кога ми е потешко да се качам на степер ќе одолеам на блачките и мрсното. Мислам дека сите треба да ја погледнеме реалната слика во огледало, ако треба да си купиме и од поголемите, за што поцелосна да биде сликата и да се освестиме, онака како што вика Стронгрка. Долго време се убедував себеси дека и не сум толку дебела де, ама за тоа време ниту одев по одмори па да имам потреба да се соблечам по купаќа, ниту имав потреба да се стегнам во поасална гардероба, бев тип кој носеше вреќеста гардероба, секогаш под стомак фармерки, неуредно да не речам, ама ете се вработив на поозбилно работно место, мораше да се облечам во тесно сукниче, кошулка, да се дотерам и знаете како се осеќав покрај ултразгодната колешка, никако. Се што треба е кристален поглед кон огледалото и искреност, да не се залажуваме бидејќи така само губиме време, драгоцено време наместо да бидеме згодни и да уживаме на плажа ние се давиме во ветувања од идното лето, зимава, сега, после...
    Е сеа како јас се решив дека ќе продолжам летово, бидејќи сакам да си погледнам и филмче и реално шоу кои се едно по друго, и траат некои си 2-2ипол саати се решив тоа време да го искористам вежбајќи, така не ни приметувам кога прошло времето, се туширам и имам време и за малку книга пред спиење. Викендите решив да ги поминувам со мм во кампување, планинарење, точаци, уживање ама во природа. Појадоците на работа ги сведов на салати, овошје, некое суво ѓеврече, распоредени на неколку пати во текот на денот. Ручеците ги намалив во лебот, вчера имав еден од омилените летни ручеци, ама прекинав затоа што уште една кришка леб ќе значеше прејадување и во вода фрлање на цела недела вежбање. Така оди тоа, вагаш што ќе каснеш, што не, колку ќе извежбаш за тоа, колку ќе одлежиш. Така е тоа за сите нас кои имаме борба со килограмите, што да речам за колашката на работа која додека јас јадам праски си мцка помфритче со сирење и ич не и чуе, а физички не е воопшто поактивна од мене, напротив вели дека цели денови ги прележува. Епа сеа тоа е, не сме сите исти ;)
     
    На Ammy.Lee, XstrongerX и Maroon5 им се допаѓа ова.
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Или треба да јадеш за да преживееш,а не да јадеш за да гледаш задоволство или било што.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.