Јас да си ја олеснам душата за вчера. Денот го поминав со замисленото мени, освен што вечерта бев на коктел и испив една чаша кисела вода и изедов едно замотано саламче. Не ми е криво толку бидејќи ги стопив претходно ЈХ со тежински тренинг и извежбав 20 мин кардио. 19.06.2014 Денес на менито имам исто што и завчера: Доручек: Една чаша јогурт (баланс) со мусли и ленено семе. Ручек: Варени компири со салата Вечера: Белки (јајца), салата и варено пилешко (копан)
^^ Така е, само не е лесно да се дојде до тоа и некому му треба поддршка. Сите што ги знам и имаат некој кг повеќе уживаат во храната. Е има и такви кои уживаат, ама успеваат да избалансираат со коичина. Се додека не го постигнеме тој совршен баланс ќе се читаме во темава И во животот има секакви периоди - некогаш немаш ни волја ни време за активност, некогаш успеваш да најдеш и покрај сите обврски што ги имаш. Сум била на двете страни. Ама живи луѓе сме, и јас не би очекувала дека ако ги ослабам сега овие 5 кг веќе никогаш нема да имам проблеми со тежината. Мене ме мотивира шопингот. Во повеќето продавници се што имаат е до 40, а јас носам 42. Сакам да можам да си го купам тоа што ми се допаѓа, во бојата што ми се допаѓа. Да не е црно затоа што делува дека си послаб. Не ми е ради здравје, заради здравје треба да почнам со редовна физичка активност, без разлика на килажата. Не сум имала толку голем вишок да ми влијае на здравје од тој аспект. Патем речено, си купив еден црвен фустан бр 40, што ми стоеше совршено добро. Ама сепак повеќето работи кои ги носам се 42-ка. Ќе биде.
Пример кои особини Не треба да ги поседува еден тренер. Таквите стратегии се погрешни и контрапродуктивни. Крај. Мотивацијата е Темел на борбениот дух, сила, која обично се сметаат за неопходни атрибути за квалитетот на вежбањето.Мотивација е психолошка конструкција која објаснува зошто луѓето се однесуваат во одредено време на одреден начин. Нпр. Јас, веќе секогаш сум подготвена да работам (да вежбам) и да инвестирам. Порано мислев дека треба да се жртвувам, но не е така. Секој резултат за мене е огромна мотивација и ми носи плус самодоверба, ме поттикнува да продолжам, победата ја користам за да си поставам повисок стандард кој со понатамошната работа и залагање достигнам, додека, спротивната страна, односно поразнот го користам за да ги видам сопствените недостатоци и се со цел со дополнителна работа да ги надокнадам. Исход, резултат, Победа, Успех. А добриот резултат најлесно делува за да се зголеми мотивацијата. Освен тоа, Тренерот (доколку имаме личен тренер) или, пријател, другар се важни мотивацијски фактор во секој момент. Успехот првенствено е последица на нашите напори,секогаш пред мене има предизвик и потешко остварливи цели а нивното спроведување само ја потврдува мојата компетентност. Готово, да си го кажам менито за денес и да се одјавам. За појадок салата од домати и краставици со јорурт баланс. за ручек ке си спремам тиквички. за вечера туна. Проверено, има на мени, конечно. Да немаше ќе си земев од дома. Жално е што темата ја изгуби секоја смисла и полна е со оф топици.
Денеска околу 10км имам изодено.Дел истрчани дел испешачени.Нека болат нозите За појадок мусли,ручек грав и шопска,си земав една коцка чоколадо за готвење За вечера веројатно овошје.Планирам слушалки да си купам и со музика да трчам
Некој совет за диетална посна храна ? Искрено малку повеќе на леб тера, посебно во деновите без масло, морам да го решам тоа, иако утешителна околност е што е црн леб. Прескокнете предлог компир на повеќе начини, не бива, кој постел знае, неподнослив станува по некое време.
Ако се придржуваш редовно ќе имаш феноменални резултати со таков режим ден преку ден, не само што ќе почнеш да губиш тежина туку и здравјето ќе се подобрува (под услов да не ти е гладувањето контраиндицирано - тогаш можеш да го замениш со смути или сокови). Системи на прескокнување оброк или цели денови се познати како методи најмалку неколку илјади години. Тоа што е кај тебе опасност е дека во деновите кога јадеш толку многу ќе се прејадуваш што ќе поништиш секаков позитивен ефект од скокнатите денови и во таков случај можно е дури и да си наштетиш. Ако си способна да се придржуваш пробај и види како ќе оди но денот кога јадеш смееш да консумираш до 20% повеќе калории отколку досега инаку нема да имаш посакуван ефект. И тука важи правилото на што помалку шеќер (бел и жолт) во секој облик и производ, намален скроб (пожелно е лебот и тестенините да ги исфрлиш или многу да ги редуцираш), без маргарин и зденки а пржена храна на минимум. Ако толку ти се јаде дозволи си по некое колаче во денот ама стави си мерка, зашто колку повеќе јадеш шеќер толку повеќе организмот ќе ти бара следниот пат, шеќерот создава навика во организмот (слично како блага дрога). Во случај да ти е храната утеха за одредени животни проблеми или работи кои ти се скратени најверојатно ќе имаш многу послаб резултат (ради вољата) се додека не ги разрешиш
29 ден појадок: 2 праски ручек: 2 парчиња црн леб, 2 мали кисели краставички, луто чувче, една чинија бело гравче вечера: 1 банана
1 ден појадок: Го рипнав ручек: Едно мало коцкасто парче кашкавал вечера: 1 Јаболко Не ми е секој ден овој редослед. Целта ми е да ослабнам 15 килогрми за 3 месеца.. Можно е? Денеска денот не ми беше за јадење,се рашетував навака\натака и не ми се јадеше
Напнав и би пишала инбокс ама се надевам дека ќе има луѓе кои постат (исто читам и многу луѓе не јадат месо воопшто) и активно работат на случајот да си го средат телото па ќе прашам во темава. Извор на протеини од не животинско потекло (посно) освен печурките ? Можно е секако и без ваков строг режим. Во просек со здрава храна и броење калории се губат околу 4 килограми месечно, доволно блиску. Со мала физичка активност (најмала рака пешачење) процесот ќе се забрза и може и те како без мака да стигнеш до 5 месечно. Значи 3 месеци по 5 кг и ќе стигнеш до посакуваната цел. Ако продолжиш мислам дека ќе има тотален контраефект. Јојо ефект ќе е задолжителен, здравјето ужас а ти незадоволна и прегладнета. Нема никаква потреба од ова, со минимален труд и внес на здрава храна ќе го постигнеш без да се мачиш.
XstrongerX http://mojtrener.mk/proteini-od-rastitelno-poteklo/sportska-ishrana/155 http://www.dieti.mk/2011/10/deset-najdobri-proteini/
-Сите видови мешункасти плодови во комбинација со леб(за да конзумираш комплетни протеини со сите есенцијалните аминокиселини) -Соја и соино млеко -Јаткасти плодови -овес,овесни снегулки -кафеав ориз -путер од кикиритки -Цвекло -Киноа -Авокадо Тие се отприлика продуктите што имаат поголема количина на концентриран протеин,посебно првите 4.
5ти ден: -појадок: ништо, се успав. -ручек: ништо, истата причина -десерт: мало парче чоколадна торта -вечера: шопска салата -десерт: едно колаче. Сега вежбам со вежбите на TiffanyRotheWorkouts. 30 минути издржав, за повеќе не знам. Туку, да прашам, може ли астмата да ми влијае лошо за вежбите?
30 ден појадок: 2 парчиња црн леб, малку диетален маргарин, патлиџан, лути чувчиња ручек: 1 парче црн леб, малку печени компири, малку печено свинско мевце, лути чувчиња вечера: салата патлиџан со кромидче и лути чувчиња Spoiler пола тегла со лути чувчиња ја изедов
Би ти рекол да не правиш еден ден јадеш и друг ден да не јадеш. Зашто така? Затоа што секаде околу тебе има храна,да беше на планина или некаде каде што нема пристап до храна па да мораше да го правиш тоа би разбрал, али бидејќи сме урбан свет и имаме премногу избор и достап до храна, треба да практикуваш да се подобруваш со правилни навики во исхраната. Би ти препорачал да следиш што јадеш и да отвориш онлајн дневник да видиш каде грешиш. Грешката кај повеќето луѓе е што седите дома и мислите само на храна. Бидете активни и социјализирајте се, имајте обврски низ текот на денот, така помалку ќе мислите на храната. 2-ро земи да јадеш повеќе протеини. Ако јадеш само јаглехидрати и не ги комбинираш со протеини, ќе имаш нестабилно ниво на шеќер и секогаш кога ќе ти се падне нивото на шеќерот ти не си гладна ти паднал шеќерот и добиваш би го рекол инсулински глад. Стабилизирај го нивото на шеќер низ текот на денот без осцилации и би била повеќе сита. Најдобро е да се комбинира храна богата со диетални влакна,протеини и здрави масти.
Ужас. Баш добро ми појде. Правев вежби саат и пол. Ама, поради гостинчето, морав да јадам со него. И тоа 3 кришки бел леб со крем и пола чаша млеко. Браво. Ај, утре ќе е поарно
Океј, сега навистина може да почнам. Мислам... Епа, еве што купив за оваа недела. Зеленчук: -Краставици -Зелка -Домати -Пиперки (благи) -Моркови Овошје: *Праски *Банани *Портокали *Јаболка Планирам да ги јадам сурови, значи скроз НЕготвени. Само доматите и краставиците во салата со сирење. И тоа би требало да биде мојот режим на исхрана за наредната недела. Добро е вака или?