- Не е добро! ----> точно Ајде еве еден предлог од мене: доручек јади овесни снегулки со дробено овошје и јогурт, и додади лажици мелени семиња на виталија се продаваат во тегличка: лен, тиква, сусам, сончогед и може и чиа, и имаш одма скок на протеини. ---- тотална утка правиш! ДОРУЧЕКОТ е најбитен ,ако го скокаш него џабе ти е цел режим ако сакаш до утре да пишуваш, друго, ручекот исто го прескокнуваш, битно јадеш десрети, тоа се ти се таложи на стомак зошто не си му дала на желудникот што да преработи ни за доручек ни за ручек. И цел ден си на шопска и на благо не ја бива така! Не се слабее со гладување значи тоа ви е основно и прво правило. Швацанегер не за џабе рекол: Стомачни се прават во кујна, не во теретана!
^ Знам дека нема протеини, но месо не јадам никако. Од мешункасти плодови, исто. А за тиа семки што велите, имам побарано во маркети, кај нас нема. Добро, освен ким и сусам. А од шеќерите не можам да се откажам. Значи немам дијабетис, проверував, но ако не внесувам шеќер, немам сила, ми се лоши Вчера немав овошје, па морав торта да земам. А еве денес што како: 6ти ден Појадок: 10:00 -Едно пржено јајце со една кришка бел леб Ужина: 12:00- една банана 14:40: една мала праска Потоа качив температура и немам воопшто сила денес. Ни желба за јадење. Така да, најверојатно подоцна ќе земам еден морков подоцна, и тоа е тоа
Тогаш не си спремна и не го посакуваш тоа како што викаш. Сакаш промена,мора да се откажеш од нешто да добиеш нешто. Месото не е штетно,особено рибата и пилешкото кое најдено дека го намалува ризикот од рак. Така да биди отворена за нови вкусови и предизвици. П.С рестрикциите што ги правиш,јадам ова не јадам ова ти го дава резултатот што го имаш сега.
Риба би можела да пробам, и пилешко од домашните кокошки. Но, свинско и телешко не доаѓа во предвид. Од самата миризба на месото ми се лоши, а не па да го јадам. Бљак. Од благото до некаде се бранам. Изедов сега 5 munchmelow, но се освестив и другите ги фрлив. Изедов и еден морков, а во текот на ноќта ќе се обидам да внесувам само вода и евентуално, ако сум гладна, една жива пиперка. А што да правам со тестенините? Да исфрлам тоа? Имам милион идеи како да ја подобрам исхраната. Да купувам црн леб. Наместо чоколади и слични блачки, има едни Wellness, здрави се и превкусни. Од цела куќа да исфрлам нездравите грицки, да не јадам пица, тостови, кифли.
Глеј го ова. https://www.youtube.com/watch?v=ESLx-CzWdNQ И вториот дел. https://www.youtube.com/watch?v=jipugKPoy2I
Првото си го згрешил, ама нема везе. Сфаќам што сакаш да кажеш. Пешачењето го практикувам секојдневно, само не го запишувам.
Го погледна првото? За градење на грб е. Тоа сакав да ти кажам. Не ми треба мене масивен грб, девојче сум. А што се однесува на скоро сите други мислења, заборавив да ви пишам дека всушност имам само 3кг за симнување. Вие помисливте дека имам 20тина килограми за намалување или дека сакам мускули да стварам? Искрено, поима немам. Но, второто е. Инаку, 7ми ден: Појадок: -Млеко со бисквити, во мало чинивче Ужинка: -Една праска По еден час: -Еден морков Планови: Ручек: * Домашен тост со домат, кашкавал и краставица. (непечено) Ужина: *Еден портокал Вечера: *Шопска салата Десерт: * 2 munchmelow
Првото е за високо-волуменска диета. Не знам зашто кај тебе отвара за грб. А и да вежбаш е битно,зашто така ќе ја зачуваш мускулната маса. П.С доста со ирационално размислување и изговори. Вежбањето со тежини е за секого . Ако воопшто не креваш се добива следното. http://www.acefitness.org/blog/4916/the ... oo-little/
Ајде дечки ми треба ваш совет Сакам да ослабнам за да ја избалансирам висината со тежината, и за да успеам во тоа треба да симнам (отприлика) 5 кила. Јас веќе извесен период внимавам на исхраната и неколку пати во неделата, во зависност од тоа колку време имам, трчам или скокам на јаже. Тоа што ме мачи е мојата конструкција на телото - немам големи гради и сум поширока во колкови. Најмногу сакам да ги средам нозете, но за да успеам во тоа, од вежбање и здрава исхрана, ќе останам со мали гради, што јас не сакам да се случи. Муабетот ми е дека ова го правам најмногу за да ја зголемам мојата самодоверба, јас сега ја немам на највисоко ниво, но ете дури и да ослабнам и да си ги доведам во ред нозете, што ако ни тогаш не ми биде? Тогаш само ќе се осеќам уште полошо затоа што сум останала со мали гради, додека сите другарки околу мене ќе ми се шетаат со деколтиња Така да, што е подобро - да се има добри нозе или да се има гради? Знам дека ова можеби за некој ќе биде смешно, ама мене тоа ме загрижува. Ви благодарам однапред за мислењата
Да си го сакаш телото,да се прифатиш таква како што си со можност за подобрување и нови предизвици. И да се едуцираш за вежбање и за исхрана. Горе линковите се добар извор на информации.
Тегови немам дома, но ќе си купам обавезно. Еве денес истрчав 6 километри, а шпринт 600 метри. Подоцна ќе вежбам со Џилијан Мајклс. Од пренапорно вежбање секој ден, цело тело ме боли, но нема откажување. Со храната малце забушавам, но не можам на гладно да вежбам.
Заклучно со утрешниот ден го затворам и Третиот месец од новиот начин на живот, почнувам нов Четврти месец полн со предизвици, успеси. Се осеќам како вчера да пишав го почнувам Третиот месец, времето навистина брзо поминува. Никаква потешкотија не осетив за овие три месеци. Позитивно, подобро! Навистина. Да напоменам дека ослабев 20 кг за период од три месеци. Премногу задоволна, од 110 на 90 кг дојдов. Ме чека уште голема борба, долг е патот, но успехот е загарантиран и сите убавини што ги носи убавиот изглед. Пред се е здравјето нели. Скоро никогаш не се предомислувам, но ете, има и такви, ретки случаеви. Мојата цел поради тоа што сум присутна на форумот е да се мотивирам повеќе, да мотивирам, да се искажам како се чуствувам. Поради таа причина повторно следи Фото од мојата трансформација за период од три месеца. Spoiler Повеќе сум фокусирана на протеини, но секако и јаглехидратите не ги исклучувам, само во помали количини, поретко. Тестенини, газирано,брза храна , прженици ми се исклучени 100%. Додека благо, знам да си дозволам, но ретко, еднаш неделно или еднаш на двете недели, марс, сникерс од малите. Останато не обожувам. Не барам брзи резултати, мислам со оглед на мојата тежина 6,7 кг на еден месец е Одлично. Брзите резултати ништо добро не ми донесоа. Уште 30 кг ми преостануваат. Јас си рачунам пола од истите да симнам и потоа следи уште поголем предизвик. Последните кг. Понекогаш се прашувам дали ова навистина се случува. Јас, Дебелата зека која бараше само изговори да јаде и да јадеееееее и притоа , па мали оброци имам бе, што е ова? Ај еден швепс, ухххххх, ми се јаде чипс, чили од 250 гр. Секојдневно. Што е еден кг повеќе? Неможам јас да трчам, имам обврски.Ај ај.. Само барање на изговори, епа доволно беше. Време за пред лап топ имаме со саати , за вежбање ни 20 мин во денот? Се освестив, на време, додека не си навлечам 1000 здраствени проблеми. Е така,
Браво зека, ти навистина си мотивација за сите тука. Јас деновиве сум катастрофа. Паѓам на психолошка основа - прва криза и бутај се што е пред тебе. Среќа што дома немам ремногу работи за јадење, иако доволно за да речеме од вчера до денес да имам 1 кг повеќе. Се тешам дека уште неделава да ја завршам и се ќе биде подобро. А знам дека зацртаните планови не можам да ги остварам. Тоа значи дека напнатоста нема да ми помине.
Секоја чест zeka! Браво! Јас откако намалив 10-12 кг (од 72 на 60 кг) пред година ипол (скоро две) константно сум си на истата тежина 60 кг. +/- 2 кг. Откако ќе забележам дека сум + ќе почнам веднаш да пазам за да не станат повеќе од 2 кг. Порано тука ми беше најголемата грешка, штом кога ќе забележав дека сум здебелена се разочарував и уште повеќе јадев и како резултат на тоа кг. се зголемуваа. Си јадам што сакам (и тостови и благо и чипсови) само не секој ден, ете во саботата малку се опуштив ама затоа вчера поминав со ручек мусака со салата без леб и чинија супа за вечера
Јас денеска имам за јадење варено герече и неколку кафиња, неможам да јадам повеќе, вагата ми покажа пола кило плус, има да го средам
8ми ден: Појадок: две кришки мајонез со малку домат. Ужина: еден морков Ручек: компир, пиперка и јајце, пржени заедно. (мала количина)+ 1 кришка леб Ужина: една праска Толку за денес. Вечера најверојатно нема да има, бидејќи сега ќе си легнам.
Срам да ми е hock: 9.01.2014 - 23.06.2014 Бев многу депресивна во последно време за тоа дека ни килограм не сум ослабена,но кога ги разгледав малку сликите од претходно,си велам и не е така лошо Првата слика ми беше инспирација да се сликнам денес Маки мачам да ослабам во рацете и нозете Заедно можеме повеќе!!