(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Леле ми иде да се утепам...Незнам шо ми стана мотивација изгубив ама од утре no more :!:
     
  2. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    31 ден
    појадок: 2 праски
    ручек: компир манџа со 1 кришка црн леб и лути чувчиња
    вечера: варени компири со кромидче
    32 ден
    појадок: малку пинџур со пола парче црн леб и 1 маслинка
    ручек: манџа со грашок, 2 кришки црн леб и лути чувчиња
    вечера: пола парче црн леб со 2 печени чушки и малку подоцна пуканки
    33 ден
    појадок: 1 парче бел леб, малку диетален маргарин, лут буковец
    ручек: печени компири, 2 кришки црн леб, малку сиренце, лути чувчиња
    вечера: половина од ручекот без лепчето
     
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Знам, ама мама ме гледа како зомби ако не јадам од тоа што го зготвила. А за појадокот, се брзав па колку да не бидам на празен желудник. Утре за појадок: едно варено јајце и домат во сендвиче, а за ручек варени макарони со туна. Вечера: непознато, треба да размислам.
     
  4. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Јас сепак на некој начин ги предупредувам да внимаваат што прават и да не се подвргнуваат на диети девојчињата како nevermet18 која е премногу млада за било какви диети, бидејки таа сега е во фаза на раст и развој и секое изгладнување или држење на некако режим на исхрана може негативно да влијае и на физичкото и пред се на психичкиот развој на една млада особа. Секако дека доколку имаат вишок на килограми треба да избегнуваат благо, но не сосема, и одредени производи кои не се неопходни да се намалат, но никако да се подвргнуваат на разни диети кои ги читаат овде. Значи мој совет, внимавајте што и кому советувате посебно ако се работи за млади особи кои се сега во развој. Вие постарите наместо да ги советувате да не го прават тоа, вие напротив им кажувате некои диети од кои крајната цел е пагање по улици. Младиот организам има потреба од повеќе какории отколку организмот на една 25 годишна девојка која завршил со растот и развојот.
    Затоа ве молам, вие возрасните правете што сакате со себе, но изегнувајте да им сугерирате на младиве децаодредени начини на искхрана посебно ако не сте стручни за тоа. Секој организам има различна потреба за храна и затоа нетреба барем оние млади луге да примеуваат вакви ригорозни дието од типот Сабајле 2 кришки мајонез, на пладне пуире од компир ужина јаболка, вечер ништо. И што ќе биде резултат на аквата диета? Анемија, и пагање по улци.
     
    На XstrongerX и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    ^
    Хахах. Убаво ме насмеа. Ние самите сме свесни и знаеме што може да се случи. Да, има девојчиња кои не јадат ништо цел месец, па завршуваат во болница со шише инфузија. Но, ние внимаваме. Не се изгладнуваме воопшто. Барем не јас. :)
    И не е некоја си диета, само да симнам 3кг. Нема да трае подолго од 2 недели. :)
    А со мојот физички и психички развој сѐ е океј, сега засега. :) Не сум несовесна, повеќе треба да се обрне на оние кои имаат 10 и повеќе килограми за губење. Тие премногу се ограничуваат во исхраната и тоа подолг период. :)
     
  6. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    10 - ти ден од режимот. Резултат - 1 кг и значително намалување во обем што особено ме радува. Искрено ме фаќа сафра кога сабајле ќе ги видам на мени овесните снегулки и јогуртот но што е тука е, зацртав цел и овој пат мора да се изгубат тие фамозни 10 кг до идеалната тежина. Тешко оди не велам не. Денес имав огромна потреба од јадење пред тренинг па скршнав малце и изедов неколку велнес колачи за кои искрено не се каам бидејќи окапав во теретана и се надминав со вежби. Правев прогресивен тренинг со тежина, односно наместо 3 серии по 10 повторувања чучневи, направив по 15 повторувања со 10 кг тежина на мене. :muscle:
    Кардиото го продолжив за 15 минути, односно 30 и севкупниот тренинг се состоеше од саат ипол со пола минута пауза од справа до справа.

    Вечерата ја збогатив, сардина, кисело млеко, обезмастено сирење и две замотани сарми со блитва. Мајка ми некад знае да забушава и да ми направи нешто мерачко па си се почастив. :lol:

    Се размислувам дали да го зголемам обемот на оброци односно од три на пет. Читам на интернет многу аргументи кои се за, а другите се против, меѓутоа дури и да се решам на таков чекор тоа ќе биде строго со протеинска исхрана. Мора да се експериментира и да се најде индивидуалната формула за успех инаку резултатите ќе бидат далечни. Јас земав еден добар период од 2 до 3 месеци за намалување на оваа килажа затоа што е најтешка, меѓутоа верувам дека е изводлива со добар режим и шестдневно посетување на теретана. Јас сум таков тип на организам што моето слабеење единствено го забрзуваат вежби кои вклучуваат тежини. Е сега особено е тешко што мора да биде човек во калориски дефицит доколку сака да ослабне, а овој тип на вежби бараат поголема исхрана за да се поднесат. Напорно е! :@

    Некогаш мислам дека ќе скинам конци и ќе останам тука на пресата неподвижна, што од смрдеа, што од пот, што од немање сила. Али зимам воздух и идам даље, секој ден ми значи бидејќи го заокружувам како успешно завршен ден според замислениот план.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Ammy.Lee :clap: Секоја чест, браво!! Трансформација за околу 5 месеци, инзвонредни!! :bow:
    Полека, не се депремирај, најдолгиот пат го имаш поминато, со упорност и воља ке ги симнеш и тие плус, неколку кг.

    Јас Да си кажам дека сум невозможна мисија.
    И точка.

    Пред два-три дена видов дома дека има праски... И.. јас ниту една не земав да пробам, не сум многу по нив. И сега, станувам со мисла сакам праска, да си земам една. :!: Барам, НЕМА. АХ, каде се? :?:
    Се расипале и однесени на соодветно место.
    Е браво бе зека. :sweat: :wasntme:

    Вчера скоро ич не јадев на работа, во 12 и 30 ми беше ручекот (пред да тргнам на работа) и во 18 вечерата. Ама тоа не јадев и пак малку малку штимнав, ама не беше тоа тоа.

    Затоа сега се разбудив јас со спротивна насока.
    АХ.

    Доста брборам, многу е :geek: Вчера за прв пат добив комплименти од колешките дека сум ослабната, и одкако работиме заедно, и тоа многу. Јееееее! Неколку дена ми врти муабет, и вчера ме праша. Поцрвенев, како јаболко! :$

    За денес на мени,
    појадок шопска (домати, краставици, јајца (1), и 10 гр сиренце за укус)
    ручек шопска и пилешко месо со печурки
    за вечера што има од работа. Ма дај шта даш, да работи желудникот. :?:

    отидов на џогирање. :wasntme:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dancestr

    dancestr Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Здраво,и јас ќе ве дружам,стартувам со 69 кг/172 см,идеална тежина за мене 62 кг,мајка сум на 2 децаи имам 27 год.
     
  9. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    14 дена,-6 кг.
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Се е тоа во ред ама ти на многу погрешен начин сакаш да ослабеш и со таа исхрана што ја практикуваш сега нема шанси да изгубиш 3кг за 2 недели. Ќе ти опадне и енергија и нема да се чувстуваш убаво. Ништо хранливо не внесуваш, а со тоа нема да ти се стопат вишокот килограми.
    Најубаво ти е за појадок да јадеш житарици со јогурт, за ручек можеш било каква домашно приготвена манџа, чорба со зеленчук, варено или печено месо, риба, салата обавезно. За вечера можеш да поминеш и само со салата или овошје, варено јајце, двопек итн... Исфрли го белиот леб, ако веќе неможеш без никаков леб тогаш јади црн, интегрален. Ужинката може да ти се состои од овошје сега има преголем избор. Исфрли мајонези и намази, избегнувај млеко и млечни призводи како и сувомеснати производи, за грицки, сокови и благо веќе да не праиме муабет. Ако неможеш без благо купи си суво овошје тоа е доста благо и ќе ти ја задоволи дневната потреба и ќе ти даде дополнителна енергија. Ќе видиш како за брзо време ќе видиш резултати и ќе се чувствуваш многу по убаво и по здраво со зголемена енергија. Пиј многу вода и би ти препорачала зелен чај.
     
  11. DaniFani

    DaniFani Нов член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Sofijanoka kako gi simna be tie 6 za 14 dena?? :o :clap:
     
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    ^^
    Сѐ си е океј. Знам дека така треба, но не можам да се испочитувам себеси. Постојано правам некои отстапки. А често и имам само вечера бидејќи навечер не можам да спијам, а потоа цел ден во кома.
    Демек ќе си.имав супер појадок и ручек, се успав повторно. Не сум се измерила, но обемот ми е намален. Така да, диетата ја сопирам (неуспешно), а ќе се префрлам на фитнесот кој дефинитивно ми оди подобро. :)
     
  13. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мене друга ми е целта со килава,ама денес и вчера умрев.

    ПМС-ов,не е на арно.

    Значи се преполнив со јаглехидрати.Банички,пржени лепчиња,монте,слатко од смокви,смоки.
    Не е проблем количината,туку квалитетот на храната.

    Wish me luck.It'll be better.I hope. :wasntme:
     
  14. dancestr

    dancestr Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Женски ај кажете што да додадам и што да исфрлам во мениво,еве на пример денес доручкував 1 пржено мало лепче со мало парче сирење,ручек: пола чинија зелка манџа +салата патлиџан и краставици многу,и пола кришка леб, за вечера варено јајце со салата.Испив 2л. вода денес и 3-4 кафиња
     
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Исфрли пржено. Можеш да јадеш печено, а најубаво е варено. Знам дека варен стек или копан не е по мерак меѓутоа е многу похранливо отколку пржен леб.

    За доручек јади: јогурт со овесни снегулки и ленено семе или двопек со едно варено јајце и еден патлиџан.

    За ручек: Грав, грашок, боранија, или печено или варено месо со многу салата.

    Вечера: Најчесто вечерата нека ти биде протеинска исхрана: јајца, урда, кисело млеко, салата, јогурт,туна со кромид.
    До 20 часот.

    Со вакво темпо не очекувај дека ќе симнеш повеќе од 2-3 кг месечено, меѓутоа тие здраво ќе се симнат. Додади лесни вежби за почеток. Доколку се решиш за кардио нека биде на гладно. Доколку се решиш за вежбање поручек нека биде тежински па кардио.

    Ми поставија неколку девојки прашања околу „режимов“ во пп, па ќе одговарам тука. Јас немам диетален прирачник по кој се придржувам. Експериментирам на себе за да видам најчесто што ми одговара. Меѓутоа гледам да експериментирам со здрави оброци и со различни вежби за да го најдам идеалното решение во мојот случај. Не очекувам да изгубам 10 кг за еден месец, бидејќи знам дека ќе се вратат брзо, односно ќе се добие оној познат јо - јо ефект. Овој пат тоа не ми е целта. Не ми е по секоја цена да се пикнам во бикини со рамен стомак и после да се фрлам на гнетење као никад. Порано ќе поминев покрај пекара, ноздрите одма сателит. Мислам дека револуција ми се дешаваше во стомак и ми доаѓаше до грклан со сигнали дека морам да купам нешто за јадење оти ќе се онесвестам. Сега со оваа волја и цел не дозволувам да направам такви испади иако и јас сакам да грицнам нешто „забрането“ па си дозволувам енергетско чоколадце од виталиа, витанова или велнес. Се додека сум била “сезонски симнувач“ на сало ми се случуваше да дојдам пред огледало и да вртам поглед. Не сум била никогаш со екстремна килажа но се случувало да бидам плус 10 или 15 кои секогаш се губеле и се појавувале набрзо. Ако сакате изглед од списание мора да се одлучите дали ќе имате убаво тело без посакуваната храна или тело со посакуваната храна. Нема магична формула за брзата и нездравата исхрана, а притоа да се поседува манекенска дефиција.
     
  16. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    34 ден
    појадок: 1 парче црн леб со малку диетален маргарин, лут буковец и 1 патлиџан
    ручек: 1 парче црн леб, малку јогурт и 4 малецки поцни сармички со блитва
    вечера: 1 мало парче лубеница и подоцна 2 праски
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас веќе престанав да ги бројам деновите, се ориентирам по датата на месецот, фактички сега сум 6 месеци на здрав начин на исхрана :)
    Ќе почнам да пишувам и јас, подобро ми е така :)
    Денешно мени: шака корнфлекс со кисело млеко, црни сливи и две нескафиња.
     
  18. nonamefanatic

    nonamefanatic Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    53
    Од понеделник ја почнав медицинската диета, па сега за сега добро оди минус 1 килограм, сакам да симнам уште 15 килограми, па ќе видиме како ќе биде :)
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077

    Исфрли ги млекото и млечните производи, пржената храна, белиот леб, тестенините, а додади житарици, месо варено или печено, овошје, зеленчук, јајце, риба, црн леб, двопек, јогурт... 3-4 кафиња доколку се турски без шеќер е во ред, ама ако се со шеќер и млеко ништо не правиш. Ако неможеш да пиеш кафе без шеќер купи си засладувач стевија кој е дупло по благ од шеќерот а има 0 калории и додавај малку во кафето. Го имаш во сите маркети.
     
    На dancestr му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dancestr

    dancestr Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Фала ви женски за советите, денес:пола кифла и пола чаша јогурт, ручек- 1 патлиџан,1краставица и малку пржена пиперка со јајце без леб, вечер супа, цревава ми кркорат :(