И јас сум лебарка, ми се чини дека можам цел живот на салата и леб да живеам (да си мацнувам со лепчето ). Ама еве од понеделник ја почнувам шестата недела без леб (ги исклучив и тестенините) така што ако можам јас, можеш и ти На почеток е малку тешко, особено ако сите околу тебе јадат леб со путер, леб со маслинки, со оригано и не знам ти што. Манџа јас во живот не сум јадела без леб, сега дури си се чудам како ја јадам така. Ама се навикнуваш и после немаш гајле. Еднаш решив да се почастам со мала пица после месец дена без леб, и сто пати се покајав. Толку тешко ми дојде на желудникот, мачно ми беше цел ден Уште поголема мотивација добив да се откажам од лебот
Лебот не е проблем,проблем е што јадете со него и плус целосната исхрана. Не може да ја делите една храна лоша или добра,може да јадете леб во умерени количини. Ако избегнувате еден период може да се прејадете на него и да се вратите 4 чекори наназад.
38 ден појадок: 1 зелено јаболко ручек: 1 парче црн леб и пинџур вечера: исто како ручекот Spoiler Ми се јаде ми се плаче.
Денеска т.e. вчера беше ден за награда И таков си имаме со другарките Се почастивме со по едно парче пица Јас можев цела пица да ја изедам, ама нема! Крај тоа беше, сега пак на режимот
Од како си ги ослабнав тиа9 килограми еве 2-3 месеци си ја држам тежината а си јадам од се па дури и благо,хамбургер, бурек Е сега од утре сакам да симнам уште најмногу 5 килограми и ке бидам ок Сега се мислам дали пак да држам недела две аткинсон или пак да си терам со ова темпо само да вклучам и пешачење??? Имено леб не јадам еве 6 месеци на прсти се брое колку пати имам пробано друго се си јадам пс Од пред 4 години се на се имам -18-20 килограми
- 3.100 гр се запишав за овие 14 дена. Се вкупно, од 110 ( ова морам секогаш да го напоменам) дојдов до 87 кг. За денес појадок баланс јогурт и две јајца. За ручек печено пиле (нешто постојано мислам на него.) со шопска за вечера исто од пилето со шопска. Да напоменам дека деновиве знам меѓу оброк да си вметнам лубеница или праска. Сметам дека слабеам здраво, не барам брзи резултати. Бидете упорни, истрајни, со јасни цели, резултатот е неизбежен. Али веднаш не го барајте, за на огледало треба да поминат 3-4 месеци, за видливи резултати, ако имате поголем вишок, секако, не зборам за +5 кг. Е така. Зека, како и секогаш многу се израдува, многуууууууууууууу па секако, исто така и вежбам, џогирам, пешачам. Да прашам, што мислете за хеланките HOT SHAPERS -од топ шоп? ми треба нова опрема - да ја наречам така за вежбање и се мислам што да земам. Секако, на ум ми се да ги ѕемам, т.е да ги порачам во понеделник, во пакет со Орбитрек Елит 2. За него се одлучив.
браво Зека, за хеланките и јас се мислам, се научив да не јадам,ме фаќа криза ама си ги погледнувам фармерките кои не можам да ги закопчам и ми поминува. Мени денес: до сега 1 кафе,од тие малите кифлички пола, за ручек тавче-гравче и за вечера јахце варено со салата а може и само салата
Здраво феминки. Висока сум 165, а тежината ми изнесува некаде 57-58 кг. Имам малку стомак и сакам да ослабам. Водам прилично здрав режим на исхрана, но не можам да се откажам од благото. Можам без леб да поминам 4-5 дена, но без благо многу тешко. Би сакала да знам колку калории содржи една бисквита, односно колку калории има во 100 грама. Кога сум жедна за благо, а не можам без него, ставам 6-7 бисквити со малку топло млеко и ја заситувам таа желба. И сакам да споделите мислење за баварскиот леб од Жито лукс, дали е добар за намалување на тежината и дали мислите дека во 100грама леб се доволни 1,6 гр. диететски влакна. Претходно, во исхраната користев нутри леб и тој содржи чинам 6 гр. диететски влакна и мислам дека е далеку подобар од баварскиот. Исто така почнав да го користам баланс плус пробиотскиот јогурт, бидејќи имав и проблем со тврда столица и сега мислам дека до некаде е стабилизирана состојбата во мојот дигестивен систем. Јогуртов ги забрзува метаболизмот и перисталтиката на цревата и го подобрува варењето на храната и мислам дека е доста погоден за користење во исхраната. Што мислите вие за ова, дали некој го пие редовно?
Јас земам од битолски јогрут ама изгледа јас сум некој изрод мене од јогурт и кисело млеко ми се подува стомакот чаре?
Крајот на постот полека се наближува. По завршувањето планирам да земам недела дена слобода комбинирана здрава храна со внес на млеко и јогурт. Чувствувам дека ќе се соочам со недостаток на калциум ако ги исфрлам од употреба овие продукти. После планирам да ја почнам УН диетата. Зацртаната цел полека се наближува. За почеток решив да слезам на 63 кг. Мислам дека тоа е добра почетна форма за трансформација на телото. Можеби сепак ќе ослабнам нешто повеќе, барем 60 но не планирам на 51 да се вратам, планирам да правам мускули. Моментално тежам 65,5 кг. На почетокот имав 71. Задоволна сум од напредокот. Килограмиве ги изгубив во месец и нешто. Значително намалив на тежина откако ја средив исхраната до крајности, а посебно за време на постот. Значителен прогрес имаше откако значаен дел од кардио тренинзите го заменив со тежински трениниг. Тогаш конечно добив забележителни резултати. Долг период стагнирав и дури малку бев разочарана. Но сега се чувствувам мотивирано. Денес паузирам од теретана. За половина час одам на трчање. Планирам да правам стомачни по распоред. Неодамна ја почнав програмата, ми се допаѓа што ги работам сите групи мускули, странични, горни, долни. Има добар ефект. http://www.youtube.com/watch?v=c140_bqmfF0 Денешно мени : П : една кришка црн леб со печена пиперка и неколку маслинки. Р : малку шопска салата, една риба, малку печен компир со магдонос и една кришка леб (знам грешник сум леб и компир убиствена комбинација ) В : вечера, она што преку ден ми е ужина - цреши
Не постои скратен пат, нема магична пилула, нема магична исхрана само чиста посветеност и дисциплина. http://goo.gl/mA6zTd Најдено е дека храната богата со диетални влакна е добра за намалување на апетитот и со тоа намалуваш на калориски внес. Што е до јогуртот не го забрзува метаболизмот. Ако внесуваш доволно зеленчук и овошје нема да ти направи некоја голема промена.
39 ден појадок: салата краставици и патлиџани ручек: 1 парче црн леб, зелка со малку свинско месо(печени заедно) измеѓу ручеков и вечерава каснав пола резанка лубеница вечера: малку зелка со месото Ова вагава ќе ме умре , од 72 покажува 65 па 67 па 64 па 66 и денеска конечно 63.
Денешно мени: појадок: / ручек: чорба, ориз + салата краставици ужинка: нес кафе вечера: ориз + салата домати
Бисквитите се калорични,барем оние за торта.Една бисквита има од 34-38 калории зависи од видот. За Нутри лебот јас мислам дека има прилично добра количина на диететски влакна,го јадам интегралниот со сончоглед и плус вкусен е.Има 82 калории,значи малку повеќе од обичниот бел леб,ама многу поздрав за организмот и помага на варењето. За јогуртот,не штети во никој случај,ама мене не ми менува ништо посебно на метаболизмот.Сепак се водам по тоа,подобро јогурт отколку чисто млеко или некои други преработки.
СОС помагајте луѓе денес се качувам на вага и има што да видам 95 кила...лелееееееееее никад не сум имала волку во септември имав 68-69 сега 95. знам стрес си јадам на велико... притисок од моиве дома дебела дебела.... дајте предлог за како да се исхранувам планирам да поцнам со јаворов сируп 7-8 кила за 10 дена ама после да не си ги вратам дали ке издрзам со него... ке си пукнам. одмор годинава нема да имам, ради моиве со не ми го дозволуваат тоа.. гледам сите веке идат фотку и кукаки а јас 95 кила... СМРТ... помош феминки
Висока сум 1.63 и имам 71 кило Од кога памтам за себе сум имала проблем со вишок килограмите,решена сум овој пат да не се откажам и да почнам да ги топам. Мојата цел е 60 килограми. Посакајте ми среќа
Посната храна не држи. Резил на векот, вчера пред излегување јуначки желудник не издржа и си изедов три лепчиња со ајварче , за после да си продолжам со јагоди, цреши и неколку пати да набодам со вилушката од шопската на гости, па дланка полна кикири си изедов за крај. Но тоа не е се (во рекламен тон), си дојдов дома со низок притисок и качен апетит. Разгледав во фрижидерот зедов некоја јагода, малку чај, еден бедоксин и си заспав. Сакам малку повеќе да се информирам за односот меѓу тежината и месечниот циклус, нешто ме зафркава вагата. Како и да е, денес работам на горен дел во теретана. Кардио тренинг дома, можеби ќе падне џогинг ако остане време. Ме радува што конечно го има видливи резултати во критичниот дел, односно мастите наталожени во горниот ден на колковите. Одвратно искрено. Тргнав доволно за со самодоверба да се гледам во огледало. Но, трансформацијата само што почна. Незнам кај ми е крајот со толкава мотивација .