Сакам нешто да споделам со вас. Го пронајдов трикот за брзо слабеење,поедноставно кажано: само кардио = не согорување мускули. Бидејќи им дојде сезоната,земете една лубеница в раце,и,трчајте,пешачење,вежбајте орбитрек или степер-загарантирани резултати! Се шегувам Денеска бев на доктор,и ме тераа да се мерам и видов дека сум ослабела 4 килограми од последниот пат кога се мерев.А тоа мислам беше пред околу 3 недели или повеќе.4 килограми-мислам дека се доволни,кога подобро ке ја анализирам мојата исхрана која не е баш сјајна.Но,тоа што ме ослабе мислам дека е редовното џогирање насабајле(да се разбереме,без лубеница ) И пиев повеќе вода од тоа што порано пиев,бидејќи порано знаев и цел ден на сокови да сум. За неколку дена ке одам на...нешто како одмор каде што имаме појадок,ручек и вечера,и + тоа што не ќе можам да џогирам насабајле (ке одам со професори).Ке пробам физичката активност да ми биде пливањето,па,ке видиме. Зека,да те пофалам,секоја ти чест!
Оваа недела сум прва смена на работа. Станав во 4 сабајле (небиваше уште пола час да спијам) , се спремав, кафенце и.. си сварив 2 јајца едно без жолчка другото со жолчка го изедов. беше некаде кај 4 и 30 мин. Во 10 часот на работа си каснав едно парче од 150 гр свинско месо, испечено. Штом си дојдов од работа кај 15 часот варени компирчиња со печурки и салата шопска. И сега, штом го допишам постот ке си кснам повторно. исто од ручекот, само дозата ке ја намалам, и салата само домати и краставици, Навидум изгледа многу, Ама не е со оглед на тоа кога станувам и се бара од мене ефективност. Утре штом станам ке се напијам чаша јогурт, Баланс. Пред малку си дојдов дома, отидов на џогирање.. но кратко траеше, само 20тина минути. Се отвори небото, многу врни дожд. Денеска добив многу позитивни критики, едноставно се стопив, повеке не одрекувам, не не , јас на диета, добро ми е вака/ Резултатите се видливи, и на вага -23 кг (што воопшто не се малку) и плус, видливи резултати на огледало. Па нема зошто да не кажам Гордо, Да, ослабната сум и продолжувам понатаму!! Многу размислував и дојдов до заклучок зошто не сме (биле) физички активни? - Секојдневни изговори кои си ги измислував и се лажев сама себеси, само за да немам грижа на совест. Токму поради ова, со мирна совест не ни ги почнував тренинзите (камоли да ги почнампа да ги прескокнам) Почнувам од понеделник? - Оф еве го дојде, од наредниот месец, имам многу обврски.. Заборавив, грев било да почнем СЕГА и од средината на неделата и МЕСЕЦОТ? Се лажев, се лажев долги години.. САМО СУМ БАРАЛА ИЗГОВОРИ.... Кога разбрав,сватив, едуцирав подобро, ја подобрив организацијата на обврските во текот на денот, затоа што еден саат во денот е само 4% од моето време. Нема нешто подобро од здравјето и доброто чуство... Се извинувам за долгиот пост... можеби и претерувам, но тука сум да се искажам... има уште.. но да не должам, утре. :geek:
Е неможе бе тоа вака ај од утре ај од утре од кога ославев 13 килограми јадам како нездрава значи стварно СТОП, од утре не јадам ништо освен овошје и зеленчук. Знам дека не е правилно ама што да правам морам 8 кила да симнам до 1 Август значи итно. Поправена сум и тоа како, секој ден има да планинарам и трчам планот ми е да правам стомачни и вежбам кардио, значи стварно се нервирам. ВЕТУВАМ РЕЗУЛТАТИ, СО СРЕЌА НЕКА МИ Е, ако не кажам пак од утре
40 ден појадок: 1 мало топче од домашна погача со сиренце и 2 патлиџанчиња ручек: исто како појадокот вечера: /
Devojki, ve molam kazete mi nekoja dieta, sto moze da se oslabi okolu 5kg za 1 mesec? Planiram od utre da pocnaм, pa ve zamoluvam, tie sto ste poveke informirani da mi kazete. pozz [mod-kirilica:2gafu9tg][/mod-kirilica:2gafu9tg]
Искрено? Не милсам дека би требало да имаш некој посебен режим да искрена јади умерено и не внесувај повеќе од 1200 калории
Детоксификација е мит. Телото веќе ти се детоксифицира. Ако одиш на јадење зеленчук и овошје се што ќе направиш е да ја ослабнеш крвта. Ако сакаш да продоложиш по тој пат бујрум.
Денес на мени. Доручек-1 варено јајце,домат и малку диња. Ручек-утнав али нема веза.1 блага пиперка, саалатаа со домати и кромид,печено пиле и пржени компирчиња. Вечера-чинија супа. Преку ден пијам зелен чај и многу вода.Исто следно во план ми е скокање на јаже 30/40 мин и пред спиење 150 чучневи.А пред некој саат вежбав фокус т25 бета кардио. Има резултати, ми велат дека сум била ептен ослабена, али треба уште нормално.Не сум сеуште задоволна.Треба даа се стегнам малку, ама мрзулка сум за во теретана да идам. Ама ќе се потрудам,ветувам.
А најбрз и најздрав начин кој е? Броење калории и брзо пешачење по 8 км, ќе помогне ли да симнам 15 кг за 3 месеца? фала
41 ден појадок: 1 парче црн леб со диетален маргарин, лут буковец, сиренце и 1 патлиџан ручек: 2 парчиња црн леб со зелка манџа вечера: сирење и патлиџан
Овие два дена малку промена. Во 4 и 30 чаша јогурт. кај 10 и 30 пире. Штом си дојдов дома ручав грашок со шопска, за вечера исто така. 4ри, помали оброци. Утре сум на протеински ден. А што, ке смислам додека спијам. Она што го увидов конечно и посебно ме израдува е тоа што салото околу стомакот ми е намалено видно. Но има уште многу работа. Тука се исто и бутовите и колковите. Си порачав орбитрејк и некое тегче за вежбање. Морам работите да ги превземам во свои раце, да вложам повеќе, да добијам повеќе. Совет до девојките, не прескокнувајте оброци! а најпосакувана диета е онаа која нема да ни остава чувство на мачење и жртва. Колку позабавено се губи вишокот килограми толку потешко истите се враќаат. Не може да очекуваме доколку ни текнало во `5 до 12` деа треба да ослабнеме 12 кг за еден месец. невозможно! јас Сум повеќе од 4 месеци на поздрав режим на исхрана, ослабев 23 кг, иако имав 40, да не кажам 50 вишок.
^ Девојките како тебе мотивираат. Мене исто многу ме мотивира темата со постигнати резултати. Исто се инспирирам од луѓе со голема тежина кои напорно и упорно тренираат. Многу повеќе ме мотивираат од оние со веќе витки тела. На крајот на краевите после долго стагнирање се борам со 5 то изгубено кило. Очекувам до крајот на летото вкупно да изгубам 15, секако ако продолжам (а планирам) со ова темпо.
http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%82%D0%B0 Што мислите за оваа диета? Имам можеби вишок 2-3 кила ама бројките не ми се важни.Сакам да ги обликувам нозете и стомакот Нозете цели,значи сакам да ги ослабам,а не мускули да ги направам.Стомакот,сполјерите не ги сакам,иако ми имаат речено дека тие стојат убаво Вртам и хулахоп некаде 20 минути дневно(без да ми падне хех ) и орбитрек 15 минути на поголем отпор. Spoiler Мојата братучедка исто така има орбитрек,таа е поголема од мене неколку години,ама од многу вежбање,била во болница зашто имала воспаление на мускули и одвај се движела..Па и мене не ми даваат многу,сепак сум била дете Мислите би имала резултати?
Благодарам XstrongerX. Денеска имав три оброка. Појадок 200 гр стек и цвекло. Ручек риба и салата од домати и краставици. Вечера шопска и чаша јогурт Баланс. Се вкупно Мешана скара. Тоа е зека. Него, да ви кажам, Во ПМС сум, ужасно ме дрма, си наоѓам активности и добро се снаоѓам. Во спротивно тешко, а не дека ми се јаде. Девојките знаат најдобро што зборам Уште ден-два ќе издржам, ама не се предавам, јас на него ќе му се смеам! Неделата замина неосетно, уште многу малку и ќе ја чекам недела за повторно мерење, еехеејј, 14 дена, повторно поминале, но, искрено имам осеќај дека килограмите побрзо летаат од времето, ама сериозно. Следна цел 84 кг, рамно. Може зека, можат сите. :geek: И да се фалам пак, досадна сум со фалбите, знам. Не поминува веќе ден без да добиам некој позитивен комплимент, дал од страна на женско или машко. Така и денес.Порано се правев на `тошо` а сега.. сега веќе Не, постигнав резултат и нема да негирам, него гордо ќе си потврдувам и уредно заблагодарам за укажаниот комплимент. Верувајте во себе, вложете - ќе добиете. Јас тоа го направив, за некаде од прилика, 4 недели или поточно 27 јули цел ми се 80 кг. А после тоа, следи најдоброто... ќе се борам за последните вишок кг.
А може да ми одговориш на прашањето и да ми помогнеш ако знаеш,а не да ме напаѓаш вака зашто незнам што лесно а што тешко се создава?
Побарај ја темата напишана од мене на форумот. Има објаснето како да се почне и мојот канал на youtube.com/stefcho22