Еве ме и мене тука... дали некој знае страница каде одприлика казува со кои активности колку калории се губи? Еднаш најдов една ама не ми текнува која беше...големо браво за сите што се хранат здраво и имаат физичка активност само така се добива траен резултат. Поздрав
^ http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 1%81%D1%82 повели * Инаку, мене ме фаќа криза некогаш. Ми се иде да си купам пица и ишлери и сама да си ги изедам. Особено овие моите дома ич не се колегијални, цело време ме тераат да јадам Јас ги одбивам, ама пак е тешко. Цел досегашен живот сум била ваква и сега менувам навика за исхрана. Моето не е диета, повеќа е како режим на исхрана. Тоа е всушност и диетата ама нема врска Се работи за тоа што не јадам леб и благо, помали порции, не јадам високо калорична храна и повеќе зеленчук и вода. И пак ми е тешко
Активно, упорно, истрајно, мотивирано и дисциплинирано ! Мојата финална цел изгледа вака, ова сум јас со 56 килограми. Моментално сум многу блиску до 64.
Вчера ја почнава јас оваа диета и ослабнав цело кило од вчера до денес не е многу тешка и кога ке ти текне јади си овошје, јас сум денес само на зеленчук но не ми се јасни баш последниве 3 дена незнам дали треба да изедам 4 парчиња од 85гр. илиии како .....
Голема подршка XstrongerX И јас целам кон такво витко тело. Долг е патот, тежок, но со моето трпение, упорност и воља - знам дека ќе успеам. Цел 55-60 кг. Во наредните денови го чекам и орбитрејкот и теговите... ќе видиме резултат. Во глава и е да си дотерам моја фитнес сала. Мислам дека вреди и тоа многу. Ќе ми требаат уште некои работи, но тоа подоцна. Со пешачење и трчање исто не ми е во план да прекинам, зависи, да ги добијам прво горенаведените работи. А витко тело секако ќе биде. Да ослабнам уште 15тина кг, после веќе се е полесно. Иако последните кг потешко се симнуваат, но и јас ке си бидам послаба. На денешно мени појадок 150гр печено месо. Само тоа, имаше со него компир и грашок, но го избрав месото. Ручек компирче подготвено во рерна со шопска Вечера ќе видам како ќе бидам.. но мислам дека само со една голема шопска салата ќе бидам. И малку покасно, кај 17 ке си пресечам лубеница. Вечер, штом залади одам на џогирање.
Зекич, овој пат и јас да те поздравам, и јас сум со исти ниет како тебе, сакам да си овормам свој простор за вежбање, имам степер, тегови, пилатес топка а сега ќе набавам и траки и подлоги асални, сега вежбам на подлога за сончање, во едни 4 квадрати во кои ако се опуштам малку готово летна некоја стаклена маса, некоја фиока, да не речам некој телевизор, ама ќе се снајдам додека да го добијам тоа што го посакувам. Пошто веќе ги надминувам тежините набавив нови тегови од Џамбо, од по 5 кила, сега ќе одиме на 5 па 10, досега вежбав со по 3 кила. Навршувам 3та недела и се осеќам супер, помотивирано и од почетокот, пошто не реков почнувам од Понеделник туку почнав веднаш штом решив, мислам дека тоа е тајната на успехот на крајот од краиштата. Јас со трчање не можам да почнам бидејќи имам проблеми со коленото на десната нога, мислам дека кога ќе намалам на тежина и тоа ќе се среди и тогаш ќе почнам да трчам. Подршка од мене
Благодарам Ангел! Поздрав и до тебе. Идеата е одлична, само ни требаше мотивација и упорност. Јас немам ништо што би ми било корисно за вежбање, сега почнав, ќе ја реализирам идејата од крај, секако. Малку ќе потрае , уште 2-3 месеца сигурно но важно ќе биде. Ух, барем просторот не ми е проблем, имам голема соба, ќе одстранам само некои работи за да биде повеќе функционална. Јас порано неможев ни да пешачам подолго, кога ќе се сетам само. По скали качување, 3-4 и изморена сум, срцето ми чукање 300 во секунда. Сега тој проблем веќе го немам. (имам поставено на форум слики пред и потоа, секој месец ги поставувам)
Здраво девојки. Имам вишок 25-30 кг и од пред некој ден почнав со здрава исхрана и вежбање. Да ве пофалам за групава навистина е голема мотивација а и подршка. Веке некое време ве следам и посебно Зека ми е најголема мотивација. Браво девојко продолжи само така, се надевам дека и јас ке ги постигнам саканите резултати. Сега за сега вежбам само на орбитрејк а понатаму планирам да почнам и со други вежби. Многу пати до сега сум почнувала со разни диети но неуспешни беа сите. Сега сум навистина мотивирана и нема откажување
Девојки јас само да ве поздравам, голема подршка особено до Зека, XstrongerX, Ангел, и сите други, страшна мотивација сте во овие топли денови. Јас сум сеуште со мојот режим, и ја заокружувам мојата трета недела. Резулатите се тука, намален обем особено во проблематичните зони како сало над колковите, спојлери и преден мешлак. Газот видно ми се дефинира особено од чучњеви со 20 кг на мене и мртво со 10 кг. Не се плашете не сум почетник, нема да колабрирам со толкава килажа. Би ви препорачала и исчекор кој моментално го зголемувам со 10 кг тежина повторно на мене. Тежинскиот тренинг лично јас го преферирам најмногу секако во комбинација со кардио. Искрено не се качувам на степери точаци туку пешачам до работа и назад вкупно 7,8 км дневно и успат добив и боја. Луѓево мислат дека сум се прчела на море. Продолжете така, се надевам дека за 2-3 месеци секоја од нас ќе го постигне резултатот кој си го поставила за цел. Јас за недела - две ќе ставам слики да го видите мојот прогрес.
43 ден појадок: 1 кришка црн леб, диетален маргарин, лут буковец, сиренце, 1 патлиџан ручек: 2 парчиња црн леб, малку печени компири и малку свинско мевце вечера: /
Девојки, Тинка Маче и Мароон имате голема жеба да ослабите гледам ? Како и сите кои сме овде се соочувате со вишок килограми, знам. Толку дисциплинирано се храните (мислам изгладнувате) зошто таа мотивација не ја пренасочите во УН диетата на пример ? Ваквиот режим на исхрана е самоуништување. Коментарот е даден најдобронамерно. Ве молам не ме сфаќајте погрешно. Но мислам дека повеќето ќе се/ веќе се согласуваат со мене. Немојте, не вреди, нема потреба. Разочарувањето следи потоа, кога ќе имате искуство со бумеранг ефект. Ако не верувате затоа што не сте го доживеале, истражувајте како се однесува вашиот организам во однос на складирање масти (резерви, во случај да е изложен на изгладнување) кога практикувате ваква исхрана. Што се однесува на мене килограмите ги губам како на шега. За време на постов има денови кога се хранам поопуштено ( по опуштено мислам по некое лепче со мармалад или ајвар (фала богу, последна тегла е ) ) а сепак има ефект. Внимавам количнински да не внесувам многу и бројам калории ама не преокупирано, од прилика знам колку внесувам, ги научив вредностите на продуктите. Не се случило да бидам гладна.
Џабе пишуваш Стронгер, јас незнам колку пати пишав и Стеф и незнам уште кој. Кога ќе пишат што јаделе во текот на денот мене страв ме фаќа и жал што се уништуваат на таков начин. Тоа може да доведе и до булимија, намален имунитет е шанса за многу болести и бактерии сега како што е лето мераци... За крвта да не правиме муабет. Кофеинот на празен желудник па тоа и по две нес кафиња на ден со 0 количество на храна ме асоцира само на чир на желудник. Вие си знаете, ама не е битно само да добиеш слабо тело, многу скапо може да го платите тоа.
Јас лично од старт зборам дека на Тинка Маче диетата не чини ама не сакам да ја разочарувам, ме убедуваа дека јадела по нутриционист, не знам кој жив нутриционист ќе даде маргарин, па и диетален, во диета ама ајде, и ако дал да му се земе дозвола за работа. На Марун исто сум и пишувала, девојката стварно има ослабено, изгледа дури и поинаку од лани, дефинитивно тука игра улога и фактот раст, ама пак не е здраво нејзиното мени ни под разно. Мое мислење е дека без физичка активност нема да ги задржи мањакот килограми надвор од нејзиното тело, дека при првото враќање на старо ќе накачи пак, ама нејзино е да одлучи што ќе прави. Ова од искуство зборам, во изминатите 3 години така слабеев на два пати, еднаш со УН диета и еднаш со Хербалајф, само што се вратив по старо одма ги вратив килцата. Нема да ве убедувам ама поголем дел од нас го поминале ова, јас имам една декада можеби поише од вас, сум поминала низ сето ова и од искуство зборам
^Енџл,мене тоа ми е ноќна мора.Ослабам со некој посебен режим,диета,и што потоа?Среќна сум,летам во облаци,но што потоа со исхраната? Кој пад би било да си ги вратиме старите килограми,па и дупло...
Епа затоа е бе Срцке целиов муабет, да не се сфати диетата како “казна“ да се изврши, да помине и пак по старо. Што е диета? Погрешен е концептот на пола овде, тоа е само начин на живот, да се сфати животот како таков, дека не се храниме здраво и тоа резултира со сало на критични места, па ете да направиме промена за да не биде веќе така, ама таа промена да биде трајна. А тешко дека диетата на Марунче е трајна, јас искрено и се чудам на живците досега како идржала, ова е премногу за мене, не би издржала толку долго, еден ден ќе паднам на улица. Додека пак режимот на Тинка маче па оди од крајност во крајност, од маргаринот кога ќе тргнеш па натака. Искрено понекогаш и на режимот на Зека се чудев на почеток, ама кај неа делува затоа што очигледно претходно било полошо, еднаш знам и се чудев на изборот од кашкавал до месен нарезок и одбрала месен нарезок. Нема диета без трајни промени, за жал од лично искуство зборам.
Незнам зошто се буните. Јас со оваа исхрана се чувствувам многу подобро од претходно. Не сте свесни колку малку маргарин ставам со врвот од ножот, на лебот не ни се познава . Ама јас сум крива шо го пишувам. Ајде кажете шо не е во ред, не ми е јасно... Spoiler Нутриционистот е многу познат мислам дека скоро сите го знаат и многумина се задоволни. И онака до 50 ден одам со нутриционист после сама ќе си мислам шо јадам. СИГУРНО ЌЕ БИДЕ ПОМАЛКУ ОД ОВА!
А ако не го напишеш не ти се рачуна мислиш? Зошто го ставаш ако не се ни осеќа, значи нема потреба. Додека се правдав се дебелеев, кога прекинав да измислувам изговори за извесни јадења почнав да станувам свесна за својот проблем. Познавам луѓе кои биле кај нутриционист, не дека не ослабеле, таман работа, ама режимот кај секој е исти, а кај тебе извини ама нема врска со тој режим.
Да друг е режимот ама знаеш ли зошто? Зошто имам здравствени проблеми и МОРА, АМА МОРА да биде по различен. Ем незнаат, ем зборуваат.