(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Во ПМС едвај се додржувам да не јадам. Треба да се врзам за стол додека ми течат лиѓи, пред да се претворам во вркољача и да почнам луѓе да јадам :devil:
    Некако ме мотивира тоа што трите кила за кој бев здебелена ми ги нема. Сепак, ми се јаде :devil: И ќе пукнам :@
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.981
    Пол:
    Женски
    Кити да те поправам, не е Орбитрејк, Орбитрек е, само таму грешиш :D И да не те разочарам, 1ипол е само течности, не застанувај бргу.
    СексиЛи, мислам дека не си во право, за 3 недели кај мене има многу промени, видливи на око, јас од 14 успеав сабајлево да влезам во 12, знаеш кога сум влегла во 12? Никогаш! Преиспитај си го режимот, да не нешто не чини. Нормално, секој метаболизам е различен, секој организам е различен, ама мислам дека 3 недели се период во кој треба да се појават првите резултати.
    Колорке, јади лубеница, грицкај краставица, нешто мора да упали, мене најбедно би било кога ми се јаде и не можам да јадам.
    Е така, јас од 14ка значи сабајлето влегов во 12ка, скокав низ дома со танцот на пеперутките :D Маж ми остана со подзината уста ми се чини. Дома сликање денес обавезно, да видите како изгледам сега во споредба со онаа слика од пред 2 недели со црвениот фустан, не ми се верува на очите. Е сеа која е причината за ова мое веселење сабајлечки. Вчера го направив потфатот на векот, наместо вежбање го искачив Водно и по срт на Матка се симнав надоле, 20 километри е Водно Матка само, плус од Кочо Рацин до врв на Водно, мислам дека има до кај 7 километри, не сум сигурна, но со оглед на тоа што прилично заобиколивме на некои патчиња мислам дека стигнавме и до 30 км. И сеа кажувајте што да им правам на мускуливе да се опраат од воспаление. Пресреќна сум за тоа што го постигнав, пресреќна! Планираме следната недела некоја слична тура, но на Шара, по шумски јаготки, таму ќе биде комбинирано пешачење по планина и чучњеви :lol: Еве 4та недела ја терам со физичка активност и онаа фамозна мотивација сеуште не поминува, напротив се мислам како да ги средам мускуливе побргу и да продолжам со вежбање, Стеф овде би бил од помош. Секако ќе вежбам но не сакам тоа да биде некој минимален отпор и да трае одвај пола саат, сакам да си продолжам уште денес ама не знам дали ќе биде паметно, дали ќе ја ублажам болката која очекувам вечер и утре да биде ужасна или ќе направам полошо.
    Што се однесува до исхраната, Лубеница ис мај фејворит, можам да ја јадам за појадок и ручек комотно, вечера секако не практикувам. Вчера после 9часовната тура низ Водно за ручек изедов околу половина килограм лубеница наместо ручек, не можев да помислам да јадам нешто друго, од уморот веројатно, ама ме заситува феноменално и супер се осеќам потоа. Сега повторно се спремам да го обиколам пазарчето, за лубеница на работа немам услови, ама диња, мммм, кајсии, праски, крушки, ќе биде тоа богата овошна салата. И така до 16 часот ќе бидам на овошје, за ручек денес конечно ме чека делот од боранијата од вчера :D
     
    На Rose-tulip, SexiLy, Ammy.Lee и 2 други им се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Пробај кружен тренинг.
    Google HIIT bodyweight.
     
    На Twinkles му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Девојки,јас дојдов да се пофалам :D
    После еден месец од кога ја прекинав УН и почнав здрав режим на исхрана си стигнав до идеалната тежина.
    Физичката активност ми е присутна,рацете ми се затегнаа како што сакам,а решението беше напорно пливање секој ден додека бев на море,а сега еднаш неделно на базен.
    Во физичката активност вклучено и секојдневното пешачење,како и комбинирани вежби за затегнување.
    Исхраната ќе ми остане иста,следна цел е целосно да ја исфрлам пржената храна,а можно е и да се откажам од месните продукти,секако ги конзумирам минимално.

    Инаку,браво за Ангел,Зека и Стронгер се гледа дека си ја земаат работата за озбилно и слабеат бавно,и ефективно.Навистина сте огромна мотивација.

    И едно прашање до тинка-маче:Не знам дали си спомнала,не паметам,ама ако не е тајна,кој ти е нутриционист?
    Бидејќи целта не е да гладуваш,туку да конзумираш нутриенси кои се апсорбираат максимално,значи со диетални влакна,протеини,сложени јаглехидрати,незаситени масни киселини и слично.
    Маргаринот не се вклопува во никој случај,колку малку и да ставаш,тоа се транс масти кои никако не помагаат во слабеењето.

    А за другите што гладувате,не знам како издржувате луѓе :D И поарно еден асален оброк отколку нес кафе,едно фрапе со шеќер и млеко има 150 калории.
     
    На mims-89 и zeka им се допаѓа ова.
  5. Plavushka

    Plavushka Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    4
    Ехх..кога би имала јас некој да ме прави друштво наутро а не сама како ненормална си станувам во 6 часот и одам да трчам..кога ке им речам на другаркиве луда ме прават.. :tmi: ама имам желба големе..еве веќе 3та недела издржувам некако..трчам науутро, потоа скокам на јаже по 15 мин толку успеав до сега повеќе неможам, ама и тоа е за мене успех бидејќи од кревет не се помрднував :$ и комбинирам различни вежби за нозе, и за стомак..па ќе видиме :) Најголем проблем ми се нозете, од колената нагоре ги мразам :devil: а за сомакот имам ефекти, бидејќи се хранам поздраво..сега само доручкувам и ручам..после 6 часот не јада освен некоја овошка ако многу ми се јаде и така :) Поздрав до сите и се надевам дека ке го постигнете тоа што сте го замислиле само бидете упорнии :*
     
    На mims-89 и Rose-tulip им се допаѓа ова.
  6. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Треба да измислам време за да вежбам е реченица која мислев дека никогаш нема да ја изјавам. Ама последен период сум презафатена, од 6 до 4 сум на едно место, од 4 до 4 сум на друго. Искрено како функционирам деновиве и мене не ми е јасно, синоќа не спиев речиси воопшто, се вратив од работа и глумев аналитичар до ниедно време.

    Сепак магично најдов време да сум секој втор ден физички активна. Планирам да се олабавам себеси од обврските следната недела и со тоа да се вратам на стариот режим.

    Тренерот секогаш ме советува времето поминато во теретана да го прифатам како релаксационо и да ми причинува задоволство, не да ми биде обврска. Точно е дека најбитна е состојбата на умот за време на тренинг.

    Вагата неделава не мрднала. Не дека имав високи очекувања, многу сум уморна и не спијам доволно ама не правам ни отстапки во храната. Понатаму се хранам здраво, само треба да направам подобар распоред на оброците, едвај наоѓам време. Имам 3 главни оброци без ужина, порано ги разложував на пет.
     
  7. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Јас овие три дена тешко се хранам како што треба.

    Вчера едвај едно канче кисело млеко и сок од свеж лимон. Денес иста приказна, свежо лимонче и едвај еден кутлач супа.

    Ми се покачи притисокот премногу, па на храна неможам да помислам. ми се :puke:
    Знам дека не е правилно, се обидувам да биде подобро, само тешко ми оди.
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас сум тргни застани, еден период ги ослабев 8, па ги вратив 5 и сега имам уште 10 за симнување. |( Од завчера почнав режим, во неделата јадев овошје за појадок (1 банана и 1 праска), за ручек едно парче стек, 2 мали компира варени и салата, до вечерта едно нескафе и мохито.Вчера си купив мелени гранули од ореви на Виталија, ги јадев со млеко и банана, после за ужина гранулите цврсти на Виталија јаболко и цимет, за ручек јадев стек со пипер и патлиџан и салата и отидов точак да возам.Пијам и чај од Мацвал, body slim.Вчера се мерев, за 2 дена имам ослабено 2 ипол кила. 8)
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.981
    Пол:
    Женски
    Зекич така јас во Неделата, си дојдов од Матка и не можев залак во уста да ставам, цел ден на едно ипол парче леб со сиренце и патлиџан, а поминати преку 30 км по брдана на 40 и кусур степени, едно време почна да ми се темни и светки да ми искачаат пред очи. Стигнав дома и залак во уста не ми се ставаше, каснав лубеница и толку. Од умор тоа. Страшно ми беше, и сеуште не можам многу да јадам.
    Деновиве само овошје да ми дадеш и толку, понекоја краставица и кафе без шеќер и без млеко. Денес изедов пола кило кајсии, кола кило праски и по едно слива и едно јаболче петровче. Ќе каснам еден ладен сендвич со зеленчук и павлака колку да ме држи нешто треба да пијам аналгетици, иначе ич би јадела.
     
  10. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Јас денес ја прекардашив :fubar: За доручек изедов банана, праска, 1 плетенка- вегетка и најстрашното ми улета колешка у канцеларија со парче торта роденден и било...и ај јас да и го напраам атерот си го каснав и тоа...пошо нели роденден е, нема смисла :rofl: :tmi: Сега изедов едно јајце варено, и за вечера после трчање планирам печурки со салатка. И решив тортата да не ми се важи, пошо беше роденденска :lol:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.981
    Пол:
    Женски
    Хахахаха убаво си решила, ама нажалост се важи, ама не си ставај многу при срце за една торта. И јас знам повремено да си ја почастам душата со сладолед, и го прочитав Стеф на ФБ, се додека тој сладолед не ти ја надмине калориската рамка во денот, нешто во овој стил беше, ОК е, епа така и јас.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Телото не познава здрава и нездрава храна.
    Познава калории и макронутриенти.
    Калориите не се калории,не е тоа е линеарно.
    Протеините имаат најголем Термички ефект.
    Повеќе протеини=повеќе калории потрошени.
     
  13. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Mи треба поддршка, и тоа огромна.
    Си плачам за сочен сендвич и капричиоза со печурки во изобилство.Али мораам да престанам со ова стрвење,морам да бидам таква каква што отсекогаш сум сакала.Вежбањето ми е проблем,сеуште го правам со неволност.Мора да ми стане навика,оти готово. :devil:
     
  14. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Ајде ајде, не се давај! Кога ќе помислиш на храна, одма земај пиј вода или чајче или кафе(мене лично кафето најмногу ми убива глад). И помисли си на тоа колку си издржала и за што си издржала. Секогаш пред ум имај си ја сликата за тоа како сакаш да изгледаш и веќе пола пат си поминала ;) и секогаш кога ќе ме фати стрвот, си викам ако земам сега нешто ќе ми биде за џабе цел досегашен труд...и така успевам(во најголемиот дел од времето :lol: ). И на сите ни се плаче за вкусно мрсно јадење, ама мора да се издржи! Можеш ти!!!! :rock:
     
    На hristinnnna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.981
    Пол:
    Женски
    Христина, мислам дека подобро ти е да одбереш некоја здрава замена, изеди еден сендвич со интегрално лепче и со стекче само на скара, со печурки и салата, без компирчиња, направи го да изгледа како од сендвичара и седни нагости се, но немој да го сонуваш бидејќи ќе дојдеш во искушение и нема да можеш да одолееш и ќе се прејадеш некоја мрсна, калорична храна безвезе. Наместо пица на едно лепче купечко нареди си сос, кашкавал и печурки, можеш и малку зеленчук да ставиш, пиперка, патлиџан, маслинки и ете ти пица, но не ја мисли со денови бидејќи ќе оддолееш и ќе седнеш ќе изедеш цела фамилијарна така мислејќи. Вежбањето, ако не го сфатиш од почеток како задоволство немој ни да очекуваш дека ќе го сфатиш сега така. Јас еднаш имам така почнато и аман заман со сила вежбав, издржав 10 дена и прекинав, за разлика од тоа сега со мерак вежбам, дури и со воспалени мускули и зглобови направив синоќа неколку вежби за истегнување и тегчиња за раце, од што не ми се седеше така. Направи си го вежбањето поинтересно со тоа што ќе си купиш интересни маички за вежбање, хеланчиња, некои реквизитки кои ќе те развеселат, пушти си забавна музика или видеа од нет, тие многу мотивираат. Мене ми успеа тоа што си купив од Џамбо пилатес топка, си го истемпирав вежбањето со серијата која ја гледам и не ми е досадно, си се занимавам :D
     
    На hristinnnna и SV1911 им се допаѓа ова.
  16. starish

    starish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Баш истото си го мислев, дур не си дојде самото на место абе се мачев ајде вежбајјј, леле кој ќе вежба сегаааа:) и после си купивме прво тегчиња ( е добро де тегови не тегчиња си рековме дека ако се поголемки со прилагодлива тежина ќе можеме и двајцата да ги користиме:) ) со мм:) и почнавме да се напреваруваме кој може поише да дигне мада неможеме да се рамниме ( ама кај и да е ке го стигнам мухахаха) после си инсталиравме шипка, следно ќе видиме што ќе биде ама полека си прибираме опрема :) и некако ем е позабавно, ем и да е никакво времето си го имаш дома си пушташ музиче и си уживаш:)
    И многу добро се мотивирав со предизвици на пр денес 20 стомачни, утре 25 итн. Некои ми се како месечни на пр за следниот месец сакам да можат да направам барем 5 асални подигнувања на шипкана хх:)
    Инаку за храната дефинитивно како што пиша ангел, ако нешто ми се јаде во моментов одма му барам поздрава варијанта. Јас си сакам блачко тоа нема да си го сменам ама можам да одберам што ќе внесам. Ми се јадело чоколадо оки, ајде една коцка црно :( ама бре мала ми е коцката си сакам уште:) ама ако ја изедам цела чоколада ми е 550 калории плус со мал волумен е нема да ме држи како оброк. А ако си земам бре го мислам, ми се чини ќе го сонувам вечер :) И си викам, а да си направам вака, мусли со јогурт и со една банана и да си ја ставам коцката чоколадо внатре исецкана?
    Ем волумен, ем протеини, ем влакна и плус чоколадо. :) јеииии добитна комбинација :) калориски некаде околу 300:). Да беше како порано ќе го мрцнев цело чоколадо, плус и бананата, плус уште нешто што ќе најдев било што, па послеод толку благо ќе ми се јадеше солено и до вечер има да си врткам цел ден солено благо, солено, благо или и двете одеднаш :)
     
    На hristinnnna, SV1911 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  17. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Се препотив, сериозно. :sweat:

    Ситуацијата малку повеќе ескалира, нема да се среди ништо само од себе, знам. Се трудам да се вратам во нормала.

    Денес околу 9 часот си земав половина канче кравјо кисело млеко од битолска млекара.
    Нешто подоцна и лубеница.

    Денес е подобро од вчера. 5 дена вака, исходот, резултатот е лош, не сум поносна, задоволна, ни малку.

    Ке се потрудам утре да имам пристојно мени. Ветувам си. :drunk:
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако си долго на диета направи пауза,одмори го мозокот.
    Запомни психата е побитна од целиот друг процес.
     
  19. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Диетите не се за мене. :shake: Си јадам колку што ми е потребно, само што овој пат го сменив начинот на исхрана. Баш ми е безвезе тоа изгладнување. Белиот леб го заменив со црн, интегрален, а тестенини избегнувам кога можам. Овошни салати си правам секој ден, нормално без шлагови и преливи. :D За појадок најчесто јадам овесни снегулки со јогурт и банана внатре.
    Ете вчера успеав да одолеам на пржени компири, мојата најголема слабост. Ручаме сите заедно, јас варен компир, они пржен. :muscle: Исто и благото го шкртнав. Секој ден во фрижидер гледам нешто слатко, ама не посегнувам по него. Баш си се гордеам кога успевам да одолеам. :) Си дозволувам еднаш неделно црно чоколадо, обично од тие за готвење што се.
    Малце касно се мотивирав за да ослабам, ама битно ми текна. :D
     
  20. daks

    daks Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    207


    јас не го одобрувам слабеењето со хемикалии :fubar: