Само кога пишуваше и некогаш си дозволував едно кафе екстра плус на ден, ама многу ретко. Ама Лилит си пиела кафе и чај нон стоп и вика дека нема врска. Баш ја прашав истово и ми рече може да се пие колку сакаш. И ... со среќа. edit: Мало трикче кога ве маваат кризи за јадење предвреме и не можете да издржите 4 часа разлика помеѓу оброци - раздвижете се, направете барем 15-20 стомачни или минимум 5 минутки зумба или орбитрек. Потоа две чаши вода, и како нови сте. Гладот се пролонгира минимум 1 час.
Mене тој трик со кафе ми успева! топло кафе ќе го испијам и цел саат не ми се јаде јас така правам денес богами си дозволив 2 варени јајца, мало парче (30гр) сирење и домат, а во 12 часот јадев малце краставици и домат! за вечера не знам, ама марула не сакам да видам
па трфендафилка има пишано пост погоре, вика нема замена, може само малце свинско да додадеш! Aко веќе не јадеш телешко не почнувај таква диета, не знам што да ти кажам, или земи си пилешко! за друга замена не верувам дека може
Јас денеска драги мои, пиев нескафе и цедевита. Ручав ориз со сирење и патлиџан плус некоја маслинка. Изедов две бисквитчиња велнес. Сега јадам пуканки, а солта мајка ми ја отворила малку грешно, па да речам пресолени се ама нема врска. Испив денес многу вода ради жештинава, имав многу обврски и несвесно 3 шишенца вода сум купила и кога дојдов дома гледам во ташна, и ми идеше да подзинам. Не знам ни кај ми ги собрало сите во сваштарникот од ташна моја. И така, за денес завршив.
Tеди 100 грама пуканки (солени) Calories 397 а ти како ништо ќе изедеш 200 и ете ти 800 калории! фрлај тоа од раце те утепав!
Како бе такаааааааааааа Па онаа во вита секогаш за вечера пуканки ми даваше и тоа без сол ми викаше а јас со сол си јадев по еден лонец па пак слабеев Туу што човек ќе сум ништо да не се разбирало. Ок Лудо, ти да не си што на секој втор пост ми наоѓаш грешка, до сега не знам низ врата дали ќе ме собираше. Ќе ги редуцирам од утре пуканките Не ги исфрлам ама помалкуцка ќе јадам.
Kако и да е, дебелеат! Mоже си слабеела додека си ги јадела, ама да не си ги јадела уште толку би слабеела ! е ајде, јади по малце , да не те тепам зашто лошо ќе биде!
Го знам името на темата, да не си помислите Нејм утнала темата. Јас пак сум обратно од сите вас и сакам да се здебелам.. 5 кила да се здебелам премија ке биде, ке славам, ке ве частам! Ама како и слабеењето и дебелеењето е тешко Сега во очи ми падна постот на мерлин, веројтано поради многубројните лајкови па малку чудно ми стана, односно, јас почнав да одам кај нутриционист, за зголемување на тежината нели, и општо кажано, треба да пијам многу течности, многу овошје и зеленчук, цедени сокови, никако пржено и фаст фуд, благо можам, леб црн само итн итн.. И споредено со диетата на мерлинка за слабеење, мене ми се доста слични незнам што е работава.. Навистина се мачам со здебелувањево ако имате, некаков совет, ве молам кажете ми.. Само знам дека треба да јадам што можам повеке, нормално, и да имам 5 оброка дневно... Исто и да јадам што можам побрзо... Ако знаете некој ваков совет, макар и ептен ситен, споделете.. И верувам дека ке ги симнете непосакуваните килца но се сомневам во моето надокнадување на истите
Ова со на теди пуканките ме потсети со на една моја школска сончогледот. Знаете, таа што викав дека едвај чекам да и кажам колку калории има во сончогледот. Дамата дневно по половина килограм сончоглед грицкаше, во сто грама речиси 900 калории, по 5*900 = 4500 калории. Како за на ОИ да се спремала, и после не слабеела. Види чудо.
Јас до денес аздис,од утре пак ве дружам со помалце јадење,за вежбање не паузирав.Ова зумбава ме затенчи право да ви кажам,ама и пилатесот не го откажувам,заедно со орбитрекот.Унакрсно ѕенѕам гзои и задоволна и целулитов замазнет и тоа доста.
Jaс сум ви од оние вечните диеталки. Цела година ги слабеам моите фамозни 5-6 кг, и никако да ги ослабнам. Веќе сите диети ми се пробани и здосадани, незнам што да пробам веќе. Начинот на кој слабее Лолита 777 е добар ама јас не сум дисциплинирана ако немам пред мене диета т.е лист на кој ќе пишува што точно да јадам. Тогаш не прекршувам и слабеам. А со моите режими ништо не ми смета, од се си пробам, а за пуканки да не зборуваме де . Се тешам дека се диетални . Јас вечерва ќе си барам нова диета, нешто не пробано. Мора да се ослабат овие неколку кг, лето е.
Jас денец официјално ја почнувам диетата Cамо што појадував ама и касно станав најтешко ми беше портокалот-горчлив,ли горчлив Hе пиев нескафе,туку турско кафе
еве и јас денес почнувам со диета.. па се надевам дека ќе има резултат зошто конешно се одлучив и јас на диета се си велев од утре од утре и еве сега кажувам Од денес Сум на ДИета.. (навистина)
Срц диетава и те како е дисциплинска ...пред да ја почнам си напишав на лист што би требало да се јаде и се водам според понудените опции за доручек, ручек и вечера... Супер си е диетава, дава можности за различна храна секој ден, сама си одлучуваш што сакаш да јадеш , имаш можности за разно разни комбинации и нема да ти биде оптеретување, не ми ја думаш многу и не се оптеретуваш со тоа - еве денес морам тоа и тоа да јадам што мене лично ме нервира Плус внесуваш се` што му е потребно на организмот- и протеини, јаглехидрати, белковини, зеленчук, овошје, благичко Пред да почнам да ја држам диетава се консултирав со мојата матична д-рка и ми даде зелено светло, во смисла дека е супер диета и нема шанси да си ја расипам крвната слика. Денеска ми е 17 ден. мерење во сабота
Jа започнав на жан митрев,еве сега ручам,женски ова канче кисело млеко е отприлика филџанче за кафе,јас во такво јадам? измегу појадом и ручек ми дојде една роднина на кафе,и јас си направив чај со пола лажиче мед,но по 2 голтки го истурив ми се згади,после направив лимнонада,само вода и лимон-без никакви додатоци A девојки недела сум на гости,што ме советувате,да си каснам нешто или јадена да им појдам-за да не ми се јаде? и 3 работи еден саат ги јадам
Јас полудев- не знам како да не јадам кога стално нешто се готви Ах, заборавив како е да се живее со родителите - одам вчера да пешачам (3 часа) си идам дома не ми се јадеше мајка ми направила солен куглов преубав, на масата макарони со сос, алва а мене не ми се јадеше ама ја знаете фразата- “Сесилија да не си болна, како може цел ден да не си јадена, види мајка какви макарони ти направи, ајде нема смисла да не каснеш една чинија за мене “ и завршив со непранирани 400 калории во мене Ах бре, што убаво ми беше лани- сега мака мачам да ги намалам спојлерчињата ама слабо иде со вакви саботажи
Канче кисело млеко си е малку поголемо сепак. Еве не мора да речеме најголемото од 500 гр мислам дека е од прилика, ама па филџанче за кафе... е малку. Земи си некое кисело млекце од 150-250 гр. и ќе бидеш ок. Недела и онака ти е слободен ден, исто како и саботата си имаш пауза, појди си, и касни си, ама малку, со усул. Тие денови се за вежбање на самоконтролата. Ауу, ама ти сега ја започна, јас заборавив, навикната дека од понеделник - до петок на диета, а викендите ми беа слободни. Епа во тој случај, јас би си пошла најадена на гости. И нема да јадам ништо таму. Знам дека е тешко, ама кога ќе си помислиш целиот тој труд да падне во вода за само половина час ....