(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас денес одолеав на чипс, соленки, сладолед и пирошка. 8) На гости само кафе пиев турско со натрен и чаша сок и се залажав со лубеница и некоја кајсија.За доручек си јадев мелените граноли со млеко, ручек ориз со стек и гранола после јаболко цимет си апнав, до вечер уште едно нескафе и цедевита.Proud of my self. :rock:
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Само другпат одбегнувај да јадеш месо во комбинација со скроб. :)
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Значи телото е многу по софистицирано и може да комбинирате храна било каква и да ефикасно ја складира каде што и е местото.
    Единствено што ќе направиш со комбинација на јаглехидрати и протеини е што ќе ја забавиш дигестијата,што е добро и преферирано за време на диета.
    Има ензими кој ја дигестираат храната,може да го замислите желудникот како трака за асемблирање коли од секаде доаѓаат делови и на крај се вклопува кола.
    Така што сите макронутриенти без разлика во каква комбинација ги давате се метаболизираат во глукоза,аминокиселини и масни киселини(триглецериди).
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Искрено никогаш не сум внимавала на тоа комбинирање јх и протеини, и сум слабеела многу и со помфрит за ручек комбиниран со колбаси и павлака. :D Кај мене проблемот е што можам доста долго време да издржам на диета, немам ставано леб во уста по 4-5 месеца и не правам грешки со хамбургери, сендвичи, лиснати, него стрв ме фаќа многу по грицки и благо.Додуше овие денови не ми се јаде благо воглавно, ми плаче душава и цревава за хамбургер од Ројал во моментов а дома имам тон сувомеснато и колачи ама се воздржувам некако.Ама па кога не сум диета собирам се што има за јадење по дома, Цацко не ми е рамен, едно време ослабев 10 кила ама ги вратив 13 |( до 78 стигнав, ги ослабев пак 8, и наместо да ослабам 5 вратив 5. |( Сега сум негде 72 , според висинава треба да сум 62-63 ама планирам да стигнам до 60.Ако ги стигнам, ќе гледам никогаш да не ги вратам. :angel:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Во сабота точно четири недели од целокупниот режим на исхрана и вежбање. Минус 3 кг и неколку сантиметри во обем. Уште 7 кг до идеалната тежина.
    Инаку влегов девојки во М. Пука на мене, ама влегов и си реков дека кога ова ќе стои тамански ќе речам дека успеав. Неверојатно е колку голема тежина при вежбање си го прави своето. Сега малце ќе стагнирам, односно ќе правам повеќе повторувања со истата тежина, наместо со поголема.

    Кога не сум во теретана пешачам по 45 минути дневно, а некогаш и повеќе. Знам да направам отстапки во исхраната и да си каснам нешто забрането меѓутоа е сведено на минимум со иста калориска вредност како што би изела во изболие манџа или нешто друго поздраво. Се на се` најмило ми е што во проблематичните зони го симнам обемски салото, а целулитот е видно помал за разлика од пред еден месец.
     
  6. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Летото е одличен период за слабеење. Од жешко ништо не ти се става во уста, барем на мене. Веќе две недели менито ми се состои само од овошје, зеленчук и јогурт. И тоа со сила го јадам... Критични ми се вечерите посебно ако сум излезена, одма мора да се ксне некое помфритче, прсти, поховани тиквички, сладолед и слични гревни работи ама си го дозволувам затоа што не сум на диета :D .
    Многу по убаво се чувствувам кога јадам само салати, ми фалат протеини и гледа да изедам барем едно варено јајце, малку пилешко бело месо ама ни тоа не ми се става во уста. Само таратур и шопска :lol:
    Јас сакав само да намалам 2-3 килца и да се зацврстам убаво и целулитот да го снема. Тежината ми е иста, само што немам целулит, нозете и задникот ми се зацврстени не колку што сакам, ама работам уште на тоа и уште стомакот остана, мал дел што виси треба да се собере. Интензивно правам стомачни сите видови и планкови + трчање стигнав до 5км. :rock:
    Знам дека Стеф ќе спомне пак за кревање тежини, тоа совршено во разбирам меѓутоа несмеам да кревам нешто потешко од 2-3кг, така да со тегчињата од по 1кг само рацете си ги вежбам. :)
    И мене ми е цечта до 15ти Август да бидам ко девојкава на аватарот! :lol: Ајде Енџел можеме до 15ти!
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    1 кг не ти е ни новороденото бебе...
    Извини но нема да направиш ништо ако креваш 1 кг.
    Мускулот му треба отпор за да расте,а со 1 кг нема ништо да направиш.
    Не мора да креваш тежини,буткај коли,земи со лопата копај и секакви работи што бараат отпор.
    Биди креативна,не биди мрзелива.
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Не сум мрзлива, едностано несакам повеќе од тоа. Од здравствени причини не ни смеам.
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.871
    Допаѓања:
    109.992
    Пол:
    Женски
    И јас се слагам со Стеф во врска со тежината. Првата недела вежбав со сопствена тежина, после почнав со 2 килските, па 3 килските и сега 5 килски, малку деновиве забушавав поради сплет на околности, ама не е страшно, не се давам. И мојот најголем успех, успеав да се прејадам од ѓеврече, за 4 недели ми се намалил желудникот и се најадувам од многу малку, чинија манџа едвај пола, ѓеврече едвај дојадувам, али затоа во овошје и зеленчук па да ме удавиш сува ќе излезам. Јадам и сладолед повремено, ама затоа ручекот на пола или дупло повеќе вежбање, мора да се компензира. Сега сум на лубеница, па често знам наместо чинија манџа да изедам неколку парчиња лубеница кои ме држат до другиот ден. Кајсии, праски, дињи, лубеници, сливи... Додуша се збива на трчањето до тоалет, ама и тоа си има свое. И вода, леле колку вода пијам, одсабајле имам испиено рамно 2 литра, до вечер уште толку ќе испијам, ми бара организмот, веројатно поради тоа што она што било сало полека се губи, заробените течности во телото исто ги нема и ова вежбањево, абе милина, многу ми е убаво.
    Стеф да не мислиш дека не те слушам, се што ќе кажеш барам и проверувам и она што можам го применувам, али најблагодарна сум ти за урдата, ко манијак сум по маркет додека ја барам, врски почнав да фаќам за да ја добијам :lol: Ја комбинирам во се и сешто, али со црно лепче и лук како ми иде, па и некое оревче одозгора и малку од таа солта домашна што си ја правам, перфекција, те благословувам :D
    Е да не ми е срам секој ден во исто да идам секој ден во 12кава ќе идам, од мерак што сум влегла во 12 а пред 4 недели едвај се пикнав во 14, мерак невиден. Се заборавам да се сликнам да ме видите, мислам дека се приметува многу, а на крајот од летово и ќе направам една споредба лани-сега, чисто за моја сатисфакција.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Kitty-2102

    Kitty-2102 Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Помина една недела од мојот здрав режим на исхрана и резултат -2 кг :rofl:
    Вчера денот ми беше катастрофален...сладолед, грицки и што ли не друго..дури немав време ни да вежбам :( Ама денес ке надокнадам и за вчера :lol: За доручек имав 2 варени јајца и домат, за ручек и вечера уште не знам што ке биде ама веројатно некоја салата или овошје.
    Во сабота одам на одмор па се надевам дека таму нема многу да отстапувам од овој начин на исхрана ке се потрудам колку што можам повеќе. Наместо вежбање ке пливам по цел ден :lol: :D :rofl: Ете така. Здравје за 10 дена ке видиме резултати.. :*
     
  11. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    По неколку дена прв пат си обезбедив и имав воља за пристоен ручек.

    Полнети пиперки со месо и салата од краставички и домати само. :^)

    Без сиренце (јас за вкус си конзумирав Смојмировско), без многу сол. Само 0,5 гр. :?: Без ова, без она, хмммммм... не дека ми се допаѓа, секојдневно ме предупредуваат лекарите, па ајде, додека го стабилизирам , конечно, па да му кажам АДИОС. :|

    Тој на мене, ме изнамачи неделава и неќе ни да чуе да си ја поправи грешката. :rofl:

    Да си кажам искрено, и физички активна неделава не сум. Ни пешачам на долга стаза, ни трчам, ни вежбам. Ако се смета барем малкуцка тоа што одам ПЕШ до матична, два пута денес и имам скромни 1,5 км во еден правец. :wasntme: Да не рѓосам. :rofl:

    Инаку ги мерев км да си знам. :?: :geek:

    Уште малку останало за мерење, во недела, мерење после 14 дена. нешто ме удира во глава и да оставам за следната недела. Т.е да оставам на 20 јули.
    Да не се разочарам од резултатот премногу. Вака, после 3 нед, една средина ќе земам. :D
    Лошо се хранев изминатите денови.

    Ама Ајде, одеме даље, да остане зад мене и да не се повтори уште еднаш, оти, вака, искрено и скромно ќе го тепам! :lol:
     
  12. marija.980

    marija.980 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Devojki ako moze pomos
    Znaci vaka imam proglem so stomakot neznam kako mozam Da go namalam
    Ako moze sovet :(
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Не знам какви се тие причини, но без разлика тоа се само изговори.
    Нема ништо да ти биде ако кренеш повеќе од твоите шопинг ќеси.
    Здраствените придобивки, дали се тоа метаболички поврзани, мускулатурата у коските се подобруваат со кревање тежини.
    Тргни ги предрасудите, девојка ми беше така за 1 месец направи нешто што не можеше самата со сопствена тежина.
    Иди во теретана, испоти си го газето, намали на празна храна, зголеми на зеленчук, овошје, протеини и ако си јадела 5 лебчиња намали на 4,3,2,1 секоја недела.
    Уживај во трансформација :)
     
  14. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    2.045
    Јас ви предлагам да го слушате момчево над мене, мене искрено многу ми помогнаа неговите совети овде и приватно што го прашував така да, ако вели дека ништо нема да ти биде ако кренеш повеќе од твоите шопинг ќеси, така е :D
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Без тежина нема напредок. По одреден период одредена тежина веќе не е предизвик и нема ефект. Јас континуирано зголемувам на тежина. Да речеме, за нозе можеби додавам на неделно ниво, рацете ми се послаба страна и за нив додавам тежина на околу две недели. Ама активно работам на случајот.


    I made it! Достигнав нирвана во присуство на нездравата храна. Веќе не се лакомам, уште ако ви кажам дека работам на такво место. Не ми се јавила желба да пробам некоја работа на која порано не можев да одолем. Сега ми се дури и одбивни. Навистина ! Сепак успеав, конечно можам да потврдам пред себеси и пред вас. Целосно ги сменив навиките во храната.

    И понатаму мотивирано се чувствувам. Само ми е криво што понекогаш едноставно нема време. Кога теретаната би работела порано од 10 дефинитивно ќе можев да си го испланирам времето подобро. Ама денес бев, смешни 15 тина минути. Се трудев да ги искористам максимално затоа што само толку имав на располагање.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ако напишам дека проблемот е кила дали и тогаш ќе биде само изговор?
    Јас сум свесна дека кревањето тежини е многу битно за да постигнеш нешто, ама па и не е неопходно и со други вежби се постигнуваат резултати, можеби не такви какви со кревањето тежини и за не толку брзо време ама сепак се постигнуваат. Немам апсолутно ништо против во кревањето тежини, немам ни предрасуди, не ми е страв да не се набилдам зашто тоа е невозможно. Можеби понтака ќе можам, незнам, сепак сум задоволна од тоа што го постигнав и без кревање тежини. :)
     
    На Divajn му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Значи муабетот е да копаме со лопата или мотика :wasntme: :D Да му пружеме отпор на телото, несомнено убаво ќе го загрееме.

    Добро бе зекич, ах и ја! :fubar: има неколку добри работи во ова, не е така црно.

    1. ќе го развиеме аграрот (особено ние младите)
    2. ќе профитираме
    3. ќе заштедиме парички за здрава исхрана, нема дилема дека треба да посадиме органска храна.
    3. ќе постигнеме некој напреден резултат во слабеење, може и ќе се набилдаме.

    Новиот хит летово е да бидеме секси фит. :rofl:

    Да се развиеше порано идејава, уместо да вложував во орбитрек ќе купев малку земја и одгледував нешто бе, или тутнче па се собервме после од фемина и виткаме тутунче!!!!! :rofl: :rofl:

    Луѓе, бидете креативни а не мрзеливи. :!: :clap:

    Извенете за офф :geek:

    Активности за денес, креативност за векот. . :hai:
     
    На SV1911 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Женски
    луѓенца не најдов соодветна тема за прашањево и затоа тука ке прашам.Ми треба мислење од искусен вежбач.сакам да ослабам 10-15 кг и сеа скоро 2 недели си средував исхрана и од пред 5 дена почнав да вежбам.Вежбам само тежински тренинг а кардио може 5-10 мин и тоа скокање на јаже е сега прашањето ми е дали повеќе да вежбам кардио или не?
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас да се пофалам :D имам една сукња од младоста на мајка ми што според неа си гледам колку сум ослабната/здебелена.Пред некое време пукаше ја закопчував со мака, денес ја облеков без никакви проблеми, бутките скоро и ми ги нема, дури и без мидер фино ми стоеше.Само тие пусти спојлери ми кварат слика малце. |(
     
  20. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Комбинација од двете е најдоброто решение :)