Дечки а што мислите за Цедевита, дали дебелее по една чашка дневно? Не слушнав баш најдобри работи за неа ама многу ја сакам и освежителна ми е посебно сега во лето, но се се стегам да не ја пијам бидејќи имам мислење дека дебелее Ваши мислења????
Да јадам повеќе од порано, а да не сум свесна мислам дека не. Дури и помалку апетит имам од порано. Не сум во можност поради работата да јадам супи или нешто топло, тоа го можам само за викенди. Ќе пробам уште тоа, да јадам повеќе пати во денот наместо еднаш. А за апчињата едниот доктор ми рече дека тие самите не дебелеат ама другиот ми рече дека сигурно од нив се поправам така да не знам Фала на сите што издвоивте време да дадете мислење
Јас сладолед по 0,5 па и по 1 кг јадев секојдневно, абе секојдневно! Кога килски, кога по неколку пати од стапчињата на браво.. Чипс чили од 250 гр... Швепс од 1,5 л секојдневно. марс, пионир чоколади, сникерс по 2-3 на ден, палачинки, толумби... итд.. Пржена, мрсна храна, лебче 0,5 од векна... и зека нејадела многу! да ги рачунав 4000 минев секако, оооо зеко, оди убиј се! Кога ќе ми текне кога читав статии колку калории трошиме на секој клик од маус на компјутер. Детуле, детуле од 15 години. Лоооол! АМа, амаа!!!! зека се промени! :geek: Сладолед - кога ми сака душичево, со усул. ( во скоро 5 месеци само 2-3 пати се случило) чипс - со закон забрането!! швепс и газирано, густи соково - Но НО НОоооооооооооо! мрсна-пржена храна - ТЕНКЈУ ВЕРИ МАЧ... тестенини не наведувам, во предходните постови имам објаснето зошто не се дел (макар и ретко) од моите оброци. Со благичко знам да се почастам, исто со усул. И ретко. Е сега, сум се нашла во незгодни ситуации, ама шта чеш. Од пијалок - скромно - кисела вода. Инаку, денес појадував јогурт, ручав 2 јајца и салата од домат ( како звучи ) и вечера плескавица. Имав зацртано компир манѓа али поради бројните активности не стигнав да ја остварам зацртаната цел. Следниот ден! Утре пполнети пиперки со јајца и урда за ручек. појадок лубеница и вечера не знам е работата - дај шта даш! Активност на ниво! одржувам кондиција. Е сега, за викенд имав супер план изготвено, и малку да се релаксирам, и оно на работа, сабота втора смена, недела прва смена. ај на здравје! Зеко , зеко. Ќе симнеше некој грам повеќе. Со помин нека е, како што викаат Турците.
Демотивација: Истрчав 3 км и согорив 290 калории, дојдов дома, изедов 100 грама чипс во кој се содржеа 300 калории. Чекам шамари! За што се потев и губев здив 40 минути???
Епа нека има јас денес си купив прашок Цедевита и ќе си го пијам, ми сака душичката по 1 чаша дневно мислам дека нема да биде ништо страшно. Па за што живеам јас бре немој ова немој она, додека луѓето околу мене си го живеат животот и не се замараат за ништо, па пак не умираат или не се 100 кг поради 1 чаша Цедевита и други глупости. А јас? Јас немам енергија и од креветот наутро да станам, па нели здраво се хранам де, и сето тоа зошто- за да бидам слаба. Па веќе ми дојде преку глава од се Колку калории има ова колку калории има тоа, па колку грама било па се нека иде ...
Епа Смајли зошто се малтретираш? Една чаша Цедевита ништо нема да ти замени, ама баш ништо, а во исхраната многу ќе ти замени. Прво таа е полна со шеќер, бои вештачки и емулгатори, размисли како тоа влијае на организмот, не на диетата. За да не бидеш омалаксана секој ден по една чаша голема лимонада и супер ќе бидеш.
Смајли, наместо Цедевита купи си лубеница, стави ја во фрижидер, излади ја и ете ти нешто сочно ем прифатливо за ваков режим. И јас викав дека сите околу мене си го живеат животот, ама па јас ни со диети ни без диети не си го живеев, затоа стегни заби и издржи малце. Летово ви е идеално за слабеење, различни овошја и зеленчуци имате. 2 години поминаа од кога јас слабеев, од тогаш навака се си јадам, и стварно си го живеам животот у тој смисол, не си забранувам ништо и ниту едно кило немам качено, напротив дури и симнав периодов. Значи навикни го организмот на количински правилен внес и правилен внес во комбинации, и ќе немаш мака после ни Цедевита да пиеш.
Работата е што и јас пред 1 ипол година ослабев 35 кг и сега сум си супер не сакам да слабеам повеќе, но сега имам страв да не се здебелам пак и затоа сега се си ограничувам, дури мислам дека и премалку јадам па поради тоа немам енергија. Значи ако каснам едно чоколатце 1 во неделата, или еве ако се напијам една чаша Цедевита на ден имам грижа на совест и страв дека од тоа ќе се здебелам и пак ќе станам дебела. Многу се нервирам не сакам да сум таква
Нормално дека со едно чоколатце и една чаша цедевита нема да се здебелиш ако тоа се случува во неделата еднаш не се оптеретувај психички пушти си ја душичката малку. Јади повеќе салати и зеленчук кога чуствуваш глад грицкај семки или сончоглед дури и многу убаво е свежа краставица Нормални оброци по малку јадење и се ќе биде како што треба
Мене најмногу мака ми беше да се навикнам на новиот начин на исхрана кога мислев дека се казнувам себе и телото со него. Сега јадењето здраво и нормално го гледам како награда на телото и како долгорочна инвестиција во себе,за да ме држи здрава со години и да имам можност да постигнам се што сакам и да ги доживеам сите други убави работи. Не дека јадам цело време здраво,јадам по некогаш и нездрави работи ама ретко и со усул. А,исто многу е важно здравата и нискокалорична храна да ја направиме вкусна. За слабеење треба дисциплина. Станување во исто време,ист ритуал дневен,умереност во ручекот и вечерата и физичка активност. Јас само така можам да бидам мотивирана. Ако имам ред во денот. И зошто јадам за смирување,сега се привикнувам кога ќе се вознемирам наместо да јадам да прошетам или ако е касно да изгледам 20 минути смешна серија и сл. Поубав период за слабеење од летото нема,со целото овошје и зеленчук што го има. И треба максимум да го искористиме.
Веќе една недела успешно им одолевам на јаглехидратите и одбегнувам леб колку што можам повеќе. Не се придржувам строго кон некој режим од чиста неспособност да следам правила и ограничување на количини. Не се опседнувам од бројката што ќе ја покаже вагата, доволна мотивација е тоа што го гледам во огледало и самата помисла дека ова е нов начин на живот, а не нова диета. Имам три главни оброци на секои 4 часа и ужини кога е потребно. Денот ми почнува со чаша или две вода, овошје (еден вид или мешани во вид на овошна салата), 2 супени лажици семе (ленено или мешавина од неколку семиња), овесни трици или мусли кога сакам поблаг вкус. За ужина одбирам 1-2 интегрални колачиња или суви смокви. За ручек речиси и воопшто да не пребирам, јадам што е подготвено дома доколку нема многу масти. Вечерата се состои од некој свеж зеленчук или салата, понекогаш варен компир и задолжително јогурт. За физичката активност треба да ме искарате, но се трудам секој ден или секој втор ден да пешачам околу 4 километри. И за крај како успешни диеталци би ви поставила едно прашање: Често консумирам нес кафе (презасладено! ) па дали всушност ги надокнадувам сите шеќери што не ги внесувам преку исхраната и дали имате идеа за соодветна замена на истото?
Zarah, мене на времето нутриционист ми го замени 3 во 1 со обично нес кафе, засладено со стевиа и со додадено соино млеко.
На обично мислев, не обратив баш многу внимание дека пишува 3во1. Ме интересираше повеќе за засладувачот.
Од 3 во 1 почнав да добивам здравствени проблеми и воопшто не ти го препорачувам . За обично нес ќе го замениш шеќерот со стевија или јас како што правам едно пакетче стевија и една лажичка шеќер заради вкус. Се разбира ако земеш 5 кафиња на ден ќе ти се соберат и 5 лажички шеќер, така да користи умерено . Други вештачки засладувачи воопшто не ти препорачувам, штетни се а и стевијата види со што е помешана (да си најдеш добар бренд за себе) бидејќи 100% природната малку нагорчува и нема баш најубав вкус (не е како шеќер).
Денеска за доручек имав конзервирано тропско овошје,за ручек 2 варени јајца со една кришка црн леб и салата.(Како да сум на УН,хаха)Пред тоа изедов супа,ако може мал совет: Дали тестенините во супата прават „проблем“?Инаку,сега испив една лимонада,со лажичка шеќер.Си правам домашен ладен чај,сега размислувам дали шеќерот ке ми штети многу,ако ставам во него.За вечера ке земам нешто полесно. Ако грешам негде,ке ве замолам за поправка. Инаку смајли,и мене некогаш ми доаѓа преку глава сето ова,ама ајде,таков ми организам,морам да се контролирам.Сигурна сум дека јас да би го јадела истото што НЕКОИ од моите четириесеткилашни другарки јадат,би била 150 кила до сега.
Конзервираното овошје најчесто има шеќер,избегнувај такво.Најубаво е да избегнуваш секаков вид шеќер.Ако не можеш,пробај да го замениш со Стевија.Мене ми е убава на вкус,некои не ја сакаат.Ама сигурно е далеку поздрава варијанта од белиот шеќер.А,белиот и кафеавиот шеќер се исто калорични. АКо не сакаш да јадеш бистра супа,можеш да додадеш морковче,пашканат,целер,па и малку компирче во неа,магдонос,брокула и ќе добиеш убава,здрава супа,само немој тестенини.
Џинџерчајлд ако за претходното мислење ми испрати така добар шамар што ли ќе ми испратиш после ова. Најверојатно некој да ме убие! Тешка грешница сум и морам да се исповедам за денешното мени, одкако ќе го споделам и прочитам сакам да ми изгледа уште по грозно и да не ми текне да го повторам. Доручек: 3 солени палачинки полнети со доматно пире и млечен кашкавал Ручек: помфрит со сирење, нафора, полнето пилешко со кашкавал и печурки обвиткано со сланина за десерт 2 еклера и 3-4 чаши бело вино Вечера: 2 гира ПМС е страшна работа. Незнам каде ми го собра ова ни стомакот не ми е нешто надуен, не ми е ни тешко! Битно имав енергија да истрчам 5км, 100 стомачни, 100 кратки стомачни, 100 долни стомачни, 100 вежби подигање задник, 2 мин планк и 10 склека.