(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Ова ми наликува на доброизбалансирана диета со доста протеини, ваквиот режим се покажал најделотвотворен кај мене, некако слично изгледа моето мени. :clap:
     
  2. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Без вежбање и да ја средеш исхраната тешко ќе постигнеш резултат.
    И обратно, и да вежбаш а да буткаш што ќе ти дојде прво, нема резултат.

    Тенка е линија меѓу нив.

    Улогата на среќна дебела девојка повеќе не ми се допаѓаше. Однадвор зрачев со енергија и бев девојка на која не и пречеше тежината, али всушност вистината беше сосема спротивна. Само не бев подготвена за промена.

    Потајно си замерував за дебелината, но немав доволно сила да кажам СТОП иако го достигнав максимумот. Цели 110 кг. на 162-165 висина.

    Си дојде сестра ми од странство, имавме помалку емотивен разговор, и тоа беше пресуден ден да го променам начинот на живот, едноставно во мене пукна нешто. Од тогаш до сега а за некои 5 дена точно 5 месеца од новиот начин на живот.

    Трудот ми се исплати. Успешно елеменирани -23 кг а 3 недели и не сум застаната на вагата. Во недела, здравје, со сигурност имам уште нешто намалено.

    Сега се чуствувам здрава и среќна, се сакам себеси и го сакам она што го гледам во огледало. Свесна сум дека треба уште многу да работам за идеална тежина, на себе, за себе, но сега сум друга личност.
    И после достигнувањето на мојата цел, со сигурност здравата исхрана и вежбањето ќе бидат дел од моето секојдневие.

    Најбитно е да се храниме здраво, редовно и да конзумираме разновидна храна. И секако да вежбаме.
    Со план и цел.

    Успехот е загарантиран. :bow:

    Насочете ја целата енергија кон вас, кон вашата цел. Да не ви бидат главна преокупација останатите личности кои се дел од вашиот живот. Ако не се разграничат овие работи, нема напредок.

    Ова го напишав инспирирана од постот на смајли.. да и ја доловам малку ситуацијата и искуство од една екс екстремно дебела девојка.

    Денес на мени
    Појадок праски
    За ручек грашок со домати салата.
    за вечера печено Месо и супа.

    Со печеното месо има и компир, само него го елеменирам.
    :hai:
     
    На Saki15, oraiaeleni и Ammy.Lee им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.882
    Допаѓања:
    110.032
    Пол:
    Женски
    Аууууу.... волку хранаааа.... Многу е бре Мимс, многу е... Појадокот, боже мили, 3 палачинки, многу е.... На ручек си била очигледно во ресторан, рачунај дека сосе алкохолот ти искача ко да си изела бар дупло повеќе од ова што си јадела. Вечерата :tmi: Овде имаш во најмала рака 3000 калории според некоја моја груба проценка, мои два дена, јас сега се трудам да внесувам до кај 1500 калории. Нема да те карам и сама си свесна колку си изела, па и која сум јас да ви кажувам дека е многу, ама вака нема да ослабеш ако имаш вакви денови секој месец. Во иднина, за појадок изеди една палачинка, за ручек избегни си нафората и помфритот, а наместо полнето пилешко завиткано со сланина одбери обичен стек. За вечера, мислам вечерата дека не треба да ја ставаш воопшто на памет, ич не ни мисли на неа. Мој совет, ако сакаш прифати го ;)
     
    На mims-89 и zeka им се допаѓа ова.
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако самата не се одлучиш да престанеш, џабе ти се сите совети и шамари.
    Затоа размисли што вистински сакаш и дали си спремна да го направиш тоа?
     
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Ааа не, јас сум на идеална тежина, сега сум во фаза на зацврстување. Диети никогаш не држев само на по здрава исхрана се трудам да бидам освен кога во ПМС ден се случува тоа што го пишав вчера :drunk:
    52 кг имам иначе и денес од сабајле кога се измерив исто, незнам кај ми отишле 10000 калории од вчера :D Ви благодарам на сите што пишавте меѓутоа знам што треба да јадам, а што не, тоа го пишав чисто за да прочитам колку лошо звучи.
    Денешно мени:
    Појадок - пред појадок секогаш јадам лажица мед со таан, мелени ореви, лешници и бадеми и зелен чај со ѓумбир, потоа појадував варена брокула и едно варено јајце.
    Ручек: само некое овошје ќе изедам, праска или цитрон
    Вечера: е на свадба сум ама ќе се задржам само на салата и некоја чашка винце :)
    Од сабајле си ги извежбав сите стомачни вежби и вежби за задникот, од џогирање денес одмарам.
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мимс, 3 палачинки и 2 гира, и 52 кила, you are the luckiest person alive, my child! :rofl:
     
    На anuskaNESTLE, Saki15, simoncelicius и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.407
    Допаѓања:
    143.119
    И јас сум во ПМС, само мене не ми удира на сланина и кашкавал, туку на благо.
    Не можам да престанам да мислам на благо. И не застанувам само на мислење :D

    Вчера бапнав еден голем сникерс, па за десерт сладолед марс. Во однос на јадење, количински маклу јадам, ама изборот ми е ужасен.

    За појадок најчесто 2 коцки чоколадо, кафе, јогурт и малини.
    За ручек најчесто салата (и ракија) или што ми се најде - пица, кифлички и руска, месо... Ова беше минатата недела, остатоци од слава :D Инаку гледам да јадам салати повеќе, ама многу убаво идат со ракија.
    За вечера пиво или ако искризирам - нешто благо.
    Лошо е што 2/3 од калориите ми се од благо и алкохол. Ептен здраво се хранам, што би се рекло.

    Многу ми е мака да држам диета. Ич не ми се држи. А тупкам во место со килажава и сафра ме фаќа. Ич не си се бендисувам кога ќе се видам во огледало. Ама никако да се решам да преземам радикални мерки. Барем од едно да се откажам - благо или алкохол за почеток - супер би било.
     
  8. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    3.182
    Де бре луѓе, зарем и грамите ги броите? :D Па било дали си 60.400 или 60.700, се исто. Јас ни на -1кг не се радувам. Можеби денес ќе изедам повеќе, па од 60 ќе качам на 61, или ќе изедам помалку па ќе бидам 59 (пример кажувам со килограмиве, инаку имам повеќе). Ослабнете повеќе од 2кг, и тогаш барем знајте дека навистина слабеете. :)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Бидејќи 100 грама масти е 700-800 калории загуба еве како изгледа тоа буквално и зашто треба да се мери секој ден.
    [​IMG]
     
  10. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    61.068
    Секој си знае за себе, ама јас нема шанси да живеам таков живот каде секој ден ќе си мерам со колку грами се здобив/намалив. Па тоа е ропство бре.

    Има неколку жени што се успешно занимават со фитнес и кои ги следам по социјалниве мрежи, навистина ми се мотивирачки, пред се затоа што се реални. Обично советуваат да се ослободиме од сувишни стеги како оконстантно ѕверење во вага.
    Исто кога дојде ден кога се натрупаме со глупости или со прекумерното јадење, да не се обвинуваме, паѓаме во очај и слично, туку едноставно да продолжиме следниот ден таму каде што застанавме. Да не намалуваме на редовните оброци поради тој "грешниот" ден, туку едноставно да продолжиме нормално, со повеќе вода и најдобро вода со лимон преку целиот ден. Па луѓе сме, нормални се и овакви "излети". Што помалку имаме чувство на вина толку поистрајно и позрело ќе продолжиме понатаму, во животот на здрава исхрана и редовна физичка активност.
    Една од тие моите мотивирачки жени е мајка на 3 деца, уште една мотивација плус за мене како мајка,
    Мариа Канг (кој е заинтересиран нека ја побара на фб како Maria Kang)
     

    Прикачени фајлови:

    • maria-kang.jpg
      maria-kang.jpg
      Големина на фајлот:
      62,5 KB
      Прегледи:
      223
    На Ariel и sofijanoka им се допаѓа ова.
  11. mimoza.mk

    mimoza.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    892
    ^
    И јас ја следам Мариа Канг на ФБ,мене лично ми се допаѓа,баш е инспиративна.
    Сликава горе предизвика големи реакции пред некое време,дебелите американки ја нападнаа :lol:
    Да се пожалам дека и јас сум за карање,бев на одмор една недела и јадев таму нормално а се вратив со иста килажа како пред да одам.Откако се вратив сум качила 2 кила за една недела,ке се убијам :@
    Од понеделник повторно Жан Митрев три недели,имав само уште 5 кила до крајната цел,сега имам 7 :fubar:
     
  12. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    171
    Денес на мени:
    Доручек-две праски
    Ручек-шопска салата и малку пржени колбавчиња.Не требаше колбасите ама ете не одолеав. :tmi:
    Вечера-шоља јогурт,варено јајце и домат.
    Најверојаатно и едноо нескафе ќе биде бидејки ќе излегувам ама ништо страшно. :)

    Цела недела одмарав,воопшто не вежбав.Немав енергија и мотивација и решив да си дадам одмор.Али од другата недела сериозно почнувам.
    Сепак добро е тоа што колку толку се задржав на поздрава храна,немав некои огромни испади,кои често се случуваат кога не вежбам.Така помалку имам грижа на совест,којзнае. :emo:
     
  13. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.859
    Допаѓања:
    23.735
    Пол:
    Женски
    Да си ја објавам мотивацијата на денот:
    [​IMG]

    Колку да останеме мотивирани :D
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    107
    Секоја чест, оваа искрена споделба на една успешна метаморфоза е голем поттик за сите што се борат со вишокот килограми ама и за оние што се на "одржување". Доказ дека секоја промена прво започнува од внатре, а надворешната промена е самоманифестација, последица на таа промена што се одиграла во свеста. Ти посакувам успешно докрајчување на преостанатиот вишок (ако останал) и успешно одржување на новостекнатите навики :)
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Благодарам! Има има, има уште вишок. :$ Утре ќе видиме уште колку вишок има преостанато, три недели не сум се мерила. Според мојата интуиција (а благодарејќи и на добрата воља на огледалото) мислам имам уште 19-21 кг вишок од вкупни 45кг. 8)

    Денес денов ми е катастрофален.
    Пропаднат ден.
    Не мислам на буткање храна што ќе ми дојде прво.. Мислам спротивното од тоа.

    Со измените кои се случуваат на работа, практично ќе полудам.
    Вчера непосредно пред да ми заврше работното време добивам известување утре прва смена на работа. Јас своето го завршив високо професионално, како и моите, тројца колеги. Ама, не не пријавиле во кујна. :o И тоа го дознаваме кога одеме во кујна, да знаевме порано ќе порачавме нешто барем. Паузата ни замина а штом немаш пауза несмееш да излагаш надвор од фирма. Вчера последен оброк ми беше во 17:20 а денес прв во 16:45 мин. :drunk:

    За прв пат денес ми се сврте, и се ми се гледаше црно. На сето, па и 10 часа работевме. i Од 06-16 часот. на пат кон дома си порачав батаци од ресторанче и домати салата си спремав (тоа во домашна атмосвера). :) Идила!

    Како добро ми дојдоа, мњам, мњам. :geek:
    3 батаци и салата од домати. Пред 10 минути си направив повторно салата, еден домат и толку. Времето меѓу оброците моментално беше реално малку, ама, чуствував огроооооооомеееееенн апетит :wasntme:
    За ,вечер, ќе видиме, како и кога.

    Дали беа многу за ручек, незнам, знам дека почнав да ги пунам батерииве полека! Да одморам уште малку и ќе се дружеме со чичко Орбитрек! го обожувам! :)
     
    На mamma му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање за вас. Веќе подолго време јадам corn flakes со јогурт за доручек и со нив се е супер, не дебелеат, ама почна да ми скиснуваат и сакам да си купам чоколадни и да ги јадам со млеко? Дали ќе ми дојдат многу калории и што е подобро да јадам од нив или обичен појадок со леб и нешто намачкано на него?? А лебот го избегнувам повеќе време и конечно успеав, бидејќи порано многу јадев леб. Пробав да јадам и мусли ама не ми се допаѓаат. Ако може совет :) И да додадам дека немам премногу вишок килограми (2-3 кг) и дека сеуште сум во развој така да не одам на строги диети :)
     
  17. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Женски денес ми е трет ден од диетата. Со истава диета од зимоска зимнав 7 кила ама сега летово си вратив 2,па пак ја почнав :( Ама овој пат ништо не ме запира,одам напред до посакуваната тежина,лимит ми е први септември :) Доручкував праски,за ручек имам печено месо од 200 гр. и денот ќе го завршам со некоја салатка ;) Имајте убав ден и само упорно,штом јас најголемиот благојадач на сите времиња успеав да се откажам од чоколадо и да ослабам,сите можете :*
     

    Прикачени фајлови:

    • large (11).jpg
      large (11).jpg
      Големина на фајлот:
      63,9 KB
      Прегледи:
      486
  18. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Вчера и преостанатите 2 батаци си ги каснав. Бев будна до 1 по полноќ а кај 11 си ги искркав. |(
    Вежбав 20 минути на голем отпор и си ,играв, со теговите.

    Ми беше многу напорно, ама не застанав. Не смеам да се откажам на првата бариера, издржав до крај. Колку и да изгледа глупаво ,клише, јас сум задоволна и горда на себе. Правам нешто за себе.

    Треба да се почне и да се биде конзистентен. Колку повеќе вежбам станувам подобра. Успехот лежи тука. Вистински натпревар со самата себе. Да бидам подобра од она што бев вчера.

    Пред да тргнам на работа како што кажав се измерив (во 5 сабајле се мерев и среќа завршивме се и работевме само 4 часа ;) ) Стрелката на вагата падна многу, се збунив, го земав дневникот каде што бележам, прерачунав и сватив дека сум полесна за уште цели 6 кг. Моментално имам 81 кг. (Следното мерење ќе биде 7мица напред, јеееееееее ) а кога почнав бев 110 кг. Значи, за овие 5 месеци сум ослабнала цели - 29 кг. :makeup: :party: :party: :bow: :bow: :bow:
    Во просек по -5,8 кг месечно премногу сум задоволна!!! Инаку, 5 месеци навршувам за 3 дена,само немам намера да се мерам за 3 дена, заокружувам сега 5 месеци и колку сум успеала во мојата цел.

    Математичар. :rofl:

    Покрај горенаведените бенефиции се здобив и со редуциран стрес, подобро здравје, расположение, концентрација, натпреварот со самата себе искрено ми овозможи да научам многу за себе и исклучително важни животни лекции.

    Совет до сите кои се борат против вишокот на килограми.
    Бидете конзистентни, амбициозни, вешти, вежбајте и хранете се здраво, редовно и конзумирајте разновидна храна. Не се откажувајте на првата бариера.
    Успехот лежи во горенаведени работи.

    Ни на крај памет не ми е да се правам паметна или да попувам, само да си се искажам, тоа што го чуствувам.

    Едноставна и брза формула за успех, напредок а со цел да го оствариме тоа, ќе мора да ги засукаме ракавите и да работиме напорно, континуирано за/на самите нас.

    За денес, појадував шопска, а уште малку ќе почнам да го приготвам ручекот, компир манѓа со салата. Истото и за вечера со салата од домати.

    На здравје, добар апетит и успешна трансформација на сите кои целат кон идеална форма! :hai:
     
    На anuskaNESTLE, Monna.Monna, mimiiiii и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    И јас би сакала да ви се придружам, ама како?! :tmi:
    Поминаа за миг 6 месеци, а од бременоста си закачив +10 кг и сега му се мислам како да ги симнам. Пробај вака, пробај онака, никако не ми оди :sweat: . Во глобала не сум предебелка ( на лице, колкови, бутови), имам само стомак (можеби 60% од тие килограми), додека на другите делови сум само малку поравена, незабележително.

    Во триста дилеми сум со хранава, ни со неа, ни без неа. Се испитував самата себе извесен период со исхраната.
    Навечер започнав да јадам салати и да не јадам леб и покалорична храна, ама ќорсокак на крај. Млеко ни еден мл во мене, бебето гладно.
    Наутро иста песна. Започнав да јадам овошје како замена за оброк (и тоа пообилно, мешавина од 3-4 пар. овошје), ама залудно. Повторно и од него немам млеко. Само кога јадам повеќе и покалорична храна ми надоаѓа млеко. Некои викаат да се пијат течности, искрено се сум пробала. Течностите ни за миг не се здржуваат во мене, а ни од нив немам доволно млеко. Само храната ми е најважниот фактор, ама од неа не се слабее |( .
    Ми тежат и се нервирам за овие килограми, ама што да правам. Единствено се надевам само на вежбање. Да започнам повеќе да пешачам, да сум поактивна (иако со бебулево не сум седната ни 5 минути дневно, ама тоа е)...
    Знам дека нема да берам плодови за брз период, ама полека, полека.
    Нечие слично искуство?! :?:
     
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    ^
    Со доење во просек се губат околу 500 калории дневно. Ако сега се храниш исто како порано кога ниту си додавала ниту губела килограми, значи дека сега само со доење треба да слабееш отприлика килограм на 2 недели. Очигледно си ги јадеш плус тие 500 калории кои треба да ги губиш со доењето па затоа стагнираш на истата тежина.
    Понекогаш и до психа ни е дека ако не јадеме обилно ќе нема млеко за бебето, се чувствува вина дека како мајка наместо да ни е грижа за храната на бебето ние мислиме на слабеење, па затоа може мислиш дека ако јадеш помалку немаш доволно млеко. Точно дека исхраната влијае многу, и не треба сега строги диети да се применуваат, не мора да заменуваш оброци само со овошје или зеленчук, но со умерена храна а не прејадување мислам дека нема да е проблем да слабееш ниту млеко да губиш.
    Можеби грешам, ако вистина губиш млеко со малку помалку храна, тогаш нормално ќе гледаш првенствено за бебето, за слабеење има време.
    Друго, лето е, навечер е идеално за шетање, не мораш вежби ако не ти е до вежбање периодов, долги прошетки по час или два јас редовно практикував, ми годеа и мене и на бебето.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.