Класчето во каква група на храна спаѓа?Протеини/скроб...?Или пак е како секое друго овошје/зеленчук ?
Надвор од секојдневниот план за слабеење: Кога црна глад ми го исполнува желудникот,наеднаш се сепнувам и помислувам ,,ВРАЌАЈ БЛАГОТО НАЗАД ВО ФРИЖИДЕР''.
Јас имам само еден проблем, не доручкувам. Станувам многу касно, кај 12, па кај 13:30 ручам, и во 16:30 вечерам. Од утре ќе пробам накај 8 да станувам, па ќе одам на пешачење од сабајле. Само не знам што да доручкувам.. Овошната салата ми е ужинка, неа не можам да ја јадам за доручек. Леб не јадам, ниту црн ниту бел, а и јајца исто. Ако има месо, сигурно ќе го чувам за ручек. Да јадам нешто зеленчук, краставичка.. Ќе ме држи ли? Дај ве молам предложете ми нешто за појадок, стварно не знам што да јадам.
Jогурт со ленено семе или пак со парчиња овошје или зеленчук. Со овошје како го правам, го миксирам малку, колку овошките да пуштат боја и повеќе вкус во jогуртот, пола минута некаде, на средна брзина.
Голем и срамен грешник бев неделава. Свесно и неконтролирано пиев како алкохоличар. Утре рано одам на трчање. Без изговори. Се надевам теретаната ќе работи, денес намерно ги завршив сите обврски по дома и на работа за утре да направам се што имам замислено. Некој поконкретен совет за да ги скинам задните спојлери ? Голем проблем имам некако, странични не ама во делот над задникот јаоо And nothing seems to work. Знам, дека трчање е мајката ама и сакам да го зацврстам тој дел.
Вчера не сум пишала. на сите феминки. Вчера на мени имав 2 праски , чаша јогурт. За ручек лосос со зеленчук и за вечера бев на зеленчук, едноставно не ми се куваше и решив така. Дека ден за одмор, ама заборавив и вежбав и на орбитрек, со тегови и истрчав неколку километри, ме фати дожд и си тргнав, во спротивно ќе продолжев. За денес, Се разбудив, се спремав и на џогирање, комбинирано со пешачење нели. 1:15 минути. Вечер во план сум да вежбам на орбитрек 20тина минути и некоја вежба со теговите. Времето денеска е многу убаво, погодно за излегување на патеките за џогирање. Порано барав изговори зошто неможам да вежбам, денес токму спротивното од тоа. Има напредок, не само во изгубени килограми, него на секое поле кај мене. На секоја свера. На мени денес за појадок салата домати и чаша јогурт. За ручек супа од моркови и павлака, За вечера исто така. Со салата, секако. :geek:
Да,така е, сум згрешила за мастите. Инаку Стеф,што мислиш ти кога е најдобро да се пие вода? Нели има митови дека не треба после оброк,некаде пак пишува дека не треба пред оброк или не знам што. Според тебе,дали е битно времето кога се пие,или сеедно е?
^Јас сум слушнала само дека не треба да се пие после оброк. Инаку,мојата приказна: Држиш диета со која внесуваш едвај 900 калории дневно,слабееш 8 кила за 15 дена,се радуваш уште 2 дена и закажуваш преглед кај матичниот. Официјално сум со „висок“ имунитет како сида да имам
Јас не знам што правам повеќе. Демек на диета сум, ама не сум баш... Внимавам по малце ама не е тоа тоа. Наместо да јадам нешто здраво, јас се тупам со леб и благо, само не се препрејадувам како што си знам. Слабост ми беше само благото, а сега ми стана и белиот леб. Единствено добро е што овие неколку дена вежбам на Орбитрек. пред 3 дена 35мин, завчера 40, вчера 45. Обично грешките ги правам на вечер, пред да си легнам, ама денес од сабајле си почнав со топло лепче, сиренце, една бонбоњера Атлантис... и да не продолжувам. Денес сеуште немам вежбано на Орбитрек, ама да се расонам малце со кафенце па ке одам. Кафето го пијам горко, без шеќер па мислам дека не представува проблем. Се надевам за физичка активност се важи и тоа што го поминав цел спрат со правосмукалка и после уште еднаш со онакво што е за да свети паркетот.. незнам како се вика.. Што и да правам денес, ништо не може да ги стопи калориите што ги внесив со Атлантисот. Имам кажано, ама уште еднаш ќе кажам, обожавам да ги читам мислењата на Зека, голема мотивација е, исто така и мислењата на Стеф, некогаш ме нервира, ама баш кога ќе прочитам негово мислење ми се намалува желбата за грешка. Јас пак што да кажам што 3 месеци живеев со помалку од 500 калории. Сите се чудеа како сум ослабила толку многу за краток период, но исто така ме прашуваа дали сум во ред бидеќи бев многу бледа, се познаваше дека сум неухранета. тешко на мајками беше не знаеше како да ми го најди чарето. Мене тогаш супер ми беше, ама касно сватив дека ништо не било баш така супер. Затоа сега си вратив дел од килата, а и сигурна сум ако јадев повеќе можи и повеќе ќе ослабев.
Денеска беше многу убав ден! И мило ми е што не ја преминав калориската граница За доручек јадев мала порција јајца со пиперки, кришка ипол леб и чаша јогурт. Ужина - една праска. За ручек јадев шопска салата со овчо сирење (ова не ми требаше, ама ај), рукола, манџа со зеленчук и парче леб. Сега можеби ќе изедам уште една праска. Истрчав 3.5 километри, а тоа би биле околу 250 калории Полека, но сигурно се приближувам до целта
како би се викале на англиски оние тиквичите малечки?? Spoiler не се sweet potato не е pumpkins и колку калорични се? ако знае некој
Денес не мислев да пишам, али, морав. Поттик муабетите -20 кг за еден месец, или неполн месец. Да не бидам офф топик во Темата Ун-Диета, скромно мислење во оваа тема. Точно е, дојде лето , многумина сакаме да го добиеме изгледот од соништата. Али, Со неправилна исхрана, хемиски супстанции загубените килограми брзо се враќаат, сериозно може да го нарушеме сопственото здравје. Згора на тоа, рецептите за диети и рекламите за средства за слабеење не бомбадираат од сите страни. Ако навистина сакаме да сториме нешто во врска со изгледот а цената да не биде нашето здравје мора да се направи добар баланс меѓу внесот на храна и трошењето калории, односно да се јаде умерено и да се има зголемена физичка активност. Треба да бидеме трпеливи затоа што постепеното и здравото слабеење е нешто што најмногу му одговара на нaшиот организам. Јас 6ти месец како водам сметка што и колку внесувам, физичка активност и сл. Изгубив 30 кг и понекогаш се мислам дали сум претерала. Не сакам краткорочно, сакам долготрајно решение. Можеме да го добиеме со добар баланс меѓу внесот на храната и трошењето калории. Додека ,здравиот спортски живот ни пружа многу предности. Имам уште 25 кг за слабеење. Значи вкупно 55 кг а тоа е една половина од мене. И после тоа, со сигурност ќе продолжам со здрава исхрана и спорт, вежбање. Ако се вратеме на стариот начин на живот килограмите кои што сме ги изгубиле многу брзо и лесно ќе ги повратеме, може и плус ,дополнително ќе заработиме нови. Засега немам проблеми и со кожата, во одлична состојба е. Кај бавното и здраво слабеење проблеми со кожа -нема бидејќи кожата има време постепено да се прилагоди на новиот телесен облик. Јас Изминатата година бев кај нутриционист (незнам од каде и е дипломата искрено, сега после 1 година мислам способна сум јас на Неа да и бидам Професор) и ослабев за 2 недели 8 кг. Без разлика што падна вагата охоохоо за краток период се освестив и знаев дека не е здраво, да се изгладнувам практично. Прекинав, се едуцирав и тука сум сега каде што сум. Среќна и задоволна за постигнатиот успех. Пред се, здрав.
Јас сум искрено многу разочарана. Ја држам ун диетс веќе два ден и до сега немам некои големи потешкотии но проблемот е во вежбањето. Сега е лето и кај мене во градот никој веќе не држи зумба, фитнес кардио или аеробик. Единствено има тенис што не верувам дека ќе ми помогне. Ми треба ваша помош што да почнам да вежбам. Дали секое утро да трчам по 20-30 мин или да вежбам два пати дневно кардио вежби од јутуб по 7 минути значи вкупно 14 минути дневно. Ми требаат навистина вашите совети бидејќи само со диета мислам дека нема да имам добри резултати. Благодарам за читањето
Луѓее мене најголема мотивација во последно време ми е Зека Девојко ти се воодушевувам на истрајноста и упорноста. Алал да ти е! -30 килограми не е мала работа Од се срце ти посакувам да си ја оствариш целта