Инекции, лекови и ти само ова го јадеш? Инфузии не ти даваат, прихрана некоја? Човече, ке се упропастиш! Не знам какви лекови пиеш, ама ова не личи на добро. Ти треба месо, манџи, салати, овошја, а ти цел ден си на пола геврече и ориз?! Ти треба лимон, портокал, банани, моркови многу, како железо ке внесуваш? Знаеш ли колку е здрава чорба од коска? Телешка посебно? Железото за 2 недели ке ти се среди. Е да, ке се поправиш, ама веруј, машките повеќе ќе те сакаат со салце на газот, отколку со издупени раце од игли од инфузија и канила со тебе. Ноктите ке ти се кршат, косата ке ти стане слаба, кожата ке ти избледне, и од лепота, ништо нема да видиш. Сори, ама се нервирам кога млада девојка повеке мисли на убавината отколку на здравјето. Сеа, он топик, за мене. Денеска имав појадок и ручек, вечера не. Ужинав една банана и лубеница. Вчера каснав леб и една коцка чоколадо(лебот со појадокот, а коцката чоколадо после ручекот, исто не вечерав), ама пешачев 5 километри, па надежно ке се изгуби тоа. Се надевам дека со нејадењето вечера, леб и благо, газирано и чипс, ке се намали нешто. Нормално, сите ситници кои ги јадев од досада, сега се сведени на лубеница. Ова трае неколку дена, се надевам на мал резултат за една недела. Ми треба време, знам, само да не се излажам повторно и да се вратам на јадење благо. А очајно ми треба.
Покрај огромните грешки и прекршувања, да се пофалам дека сум 1кг плус. Денес вагата ми покажа неверојатни 67кг на 160 висина. Од сега ќе си мавам по 10 шамари после секое прекршување, не може веќе вака. Денес доручкувам лубеница, за ручек има гравче, а за вечера искрено врска си немам. Најверојатно една-две чаши јогурт, со мнооогу мраз.. Пијалок без мраз, што е тоа? Јас вода пијам со по 6-7 коцки мраз, па сега и во јогуртот почнав да го редам, сокови не пијам. Навикната сум, поубаво ми е со многу мраз, а и некаде (мислам дека тука на Фемина) прочитав дека ако пиеш ладна вода, организмот се стреми да ја задржи топлината од 36 степени, и така се губат повеќе калории. :geek: Хулахопот ене го стои, прашина фаќа. По цел ден се учам, и никако да се научам да вртам. Море денес има да се запнам, ќе научам па што сака нека е. Туку да одам јас барем 5 км да испешачам, гледам невреме ни доаѓа. А вие ми го читате потписот? Е, читајте го.
се движиме напред,најголема мотивација е зека моментално штом ставив 6 напред нема враќање назад(не планирам) храната е мој наголем предизвик,ама човек се навикнува на се. на денешно мени за појадок ќе имам јаболко,ручек зелнчук со белки пржено без зејтин на нелепливо тавче,голема салата(марула,краставица,домат),вечера салата и протеински шејк.
^Ех,и јас се измерив денеска.Деновиве јадам нормално,а слабеам,поточно сега сум -10 килограми.Од 94 кила на 84,за 16 дена.Сега не знам дали да се радувам што имам проклет добар организам кој веднаш слабее штом ке примети дека место 2 јадам 1 кришка леб,или да плачам што нагло губам килограми. А,нормално се хранам. Инаку,ај подучете ме,како да реагирам кога некој ке ми рече дека сум ослабена?Јас само се кикотам како будала. Многу ми е мерак Инаку,кога веќе спомна Стеф,дека треба да созревам,мислам дека само тоа е проблемот овде. Не сум доволно едуцирана и зрела за сама да си правам исхрана,но,кога и да побарам стручна помош(не зборам за нутриционист,туку општ доктор),во смисол,да ми предложи како да се исхранувам,добивам одговор да јадам се,само половина час пред оброк да изедам овошка,дневно да пијам вода,и да сум физички активна.За нутриционист не сум во состојба сега,но,натаму можеби. Имајте убав ден
Паузирам од теретана, работам од 8 и пол наутро до 3 ( кхм вчера до 6 ) и од 8 до 1, во викенд до 3. Ниту јадам редовно, ниту одам во теретана. Едноставно, не се стига. Форсирам овошни ужини и вода деновиве. Тортурава завршува од понедленик. Се враќам на стар распоред, ова е неиздржливо. Немам седнување, цел ден сум на нога. Се губам психички. Тежината ми остана иста, што е и малку разочарувачки. Ама добар знак е што свиркаат мајсторите . Задоволна сум од тоа како изгледам моментално. Искрено задоволна сум. Ама сакам тонирано тело, имам голема мотивација.
Би ти препорачал да почнеш да читаш нешто за едуцирање за исхрана. Не мора ептен софистицирано,само основата. ШТо се макронутриенти и калории.
Денеска е убав ден,ке се сконцентрираме на физичка активност. Вчера јадев повеќе бидејќи цел ден бев на гости,на родендени... Денеска подобро мени,и тоа две праски за доручек и една пржена кришка изедов сега,како ручек. Најверојатно подоцна ке возам велосипед,да стопам 10 тина калории. Сега се мислам дали да свртам на вежби,нешто чучњеви и сл.,па ке видам. Имајте и вие убав ден,don't give up.
Јас сакам да ве прашам нешто овде бидејќи во темата за ѓумбир не го пронајдов одговорот. Дома имаме свеж ѓумбир, а не во прав па како треба да го внесувам за да го добијам посакуваниот ефект?
Ginger is a spice that has traditionally been treated as medicine in both Traditional Chinese Medicine and Ayurveda, doses of 1-2g can reduce nausea and ease digestion quite effectively; superloading the powdered rhizome (vertical root) at 10-15g daily might increase Testosterone. http://examine.com/supplements/Ginger/
Нема магично да ослабеш од ѓубирот. Јас го консумирам повеќе од две години и ни килограм немам ослабено од него. Работата е што ти го забрзува метаболизмот, го олеснува варењето на храната и спречува подуеност на стомакот. Има многу здравствени придобивки ама не се слабее од него. Свежиот ѓумбир изрендај го и помешај го со мед, наутро јади по една лажичка.
Точно,нема магично апче. Магично апче за слабеење е калориски дефицит(намалување на исхрана) А дека ќе зголеми или ќе го забрза процесот на топење масти нема шанси https://www.youtube.com/watch?v=yXV5rlE2MDc
http://vistina.mk/2014/02/01/dieta-osla ... mo-3-dena/ Девојки дали некој ја пробал оваа диета и искуство ве молам
Компирот е здрав. Но јадење само на компир без ништо друго е еднакво на самоубиство. Ај размисли убаво што ќе се деси ако имаш пред тебе чоколадце или нешто забрането? До кога ќе ја држиш диетата? Не повеќе од 2 дена,ќе ти се здосади од компирите. Јадење на разновидна храна = долготраен успех во борба со килограмите.
Дали млекото е препорачливо да се внесува дневно,во умерени количини? Инаку денеска се мерев,-6cm обев и -4cm колкови сум точно.Не сум ништо сменила откако ја прекинав УН диетата,се мислам дали исхраната ми е повеќе за да ја одржувам тежината отколку за да слабеам,ама ке видиме,само полека. Инаку,не сум знаела дека имало луѓе кои не се разбираат во исхрана повеќе од мене,значи стварно сум изненадена од тоа што постои некој што мисли дека нема да се здебелиш од 200-300г чоколадо,најверојатно дека е црно,као да мења нешто.Ама сега кога на детски и глупав начин дискриминираа некој што се разбира,нека јадат и 500г ако сакаат Ај,да не зборам многу ја. (зборувам за темата УН диета)
Spoiler Девојки не знам колку ми е погодена темава за прашањево ама не знаев каде да ја сместам во фитнес а сепак се работи за слабеење па ќе си пишам тука ја видов статијава на фемина http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... -instagram Го пронајдов сајтот на девојката и ја симнав книгата со вежби. На нејзините профили на инстаграм и фб има доста слики од девојки кои се имаат доста затегнато со програмава и имаат и ослабено. Е сеа програмата е 12 недели http://www.kaylaitsines.com.au/guides Ама во книгата што ја симнав не се дадени вежби за 12 недели ( нели како кај инсенити или пх 90 - каде има и табели за точно 12 недели) Го симнав и тој линк каде што има поставено календар за следење на резултатите ама ми е многу нејасен. Има само две недели а не 12. Прашањето е овие вежби треба секој ден да се прави за секој дел од телото, или сите вежби во еден ден? И истиве вежби да ги вртам 12 недели? Ми нема некоја логика, некоја да ме поправи? Е сеа сакам да си ја почнам програмава за вежбање
Можеби е надвор од тема ама јас пак ке си кажам... Јас кога сакав да ослабам вежбав,пазев на исхраната итн... Јас бидејќи немав кондиција оти си бев залежана само пред телевозот и компјутер,кога почнав да вежбам сестра ми ми рече да пазам да не се преуморвам оти сабајле нема да можам од кревет да станам а јас од едното влезе од другото излезе.И така се превежбав и ми се воспалија мускулите...Шо сакав да кажам сега некој период едноставно немав апетит...(и то дојде до резултат ослабев )И без вежбање можи да се ослаби ама сепак со вежбањето се зацврснуват мускулите зато вежбајте и вие ослабете па пофалете се
Искрено да ти кажам јас немам искуство но ме заинтересира па реков ај да видам каква диета е ова... Стварно е напорна,но можеби вреди...ако си способна пробај ја Можеби ке ослабиш па ке ни се пофалиш
Имам подготвено целосен план за јадење и вежвбање но мислам дека нешто не е во ред.Повеќе не сум почетник и знам што како иде,иако има уште многу нејасни работи. Диетата ми е ова.Доручек овошје,ручек гледфам што повеќе д асе протеини без леб и многу масло,вечера салата.Одма послем станбување пијам цеден половина лимон во 300 мил вода мислам дека го забрзува метаболизмот,вода пијам до вежбање,послем вежбање јадам благо чојоладо за готвење или чоколатцата од виталија и послем вежбање литро зелен чај. Планот за вежбање е следниов прва недела имам 5 денови кардио,два вежби за стомак,нозе,задник.Втора недела 3 дена кардио и 3 дена вежби и еден ден одмор.Трета недела 5 дена вежби и 2 кардио и последната недела секој ден и кардио и вежби.Деталниот план за оваа недела е следниов Ако правам некоја грешка,ќе ве молам да ми кажете
И мислам дека неделава официјално ја потрошив цела енергија која ја поседував. Верувајте така ми се чини. Со нередовно јадење, и принудно јадење нездрава храна, пиење ко стока и едвај 5 часа сон незнам како функционирав на работа. Одев две смени, збудалувачка. буквално не наоѓав време за да одам в теретана. Работев од 08:30 до 18:00 и од 20:00 до 01:00 па и некогаш до 03:00. А обврските дома само се таложеа. Вчера конечно се вратив во теретана. Ама вежбав исфорсирано и крајно немотивнирано, почувствував недостиг на енергија, како да морав да одам дома и да се одморам. Сепак велат дека единствениот лош тренинг е онај кој не си го направил. Чувствувам како подолго време да стагнирам со тежина, повторувања и како да се повлекувам од предизвиците. Страшно многу ми недостига мотивација. Искрено сум и по малку депресивна периодов, млитава и меланхолична, слика и тон ми доцнат и по 15 секунди некогаш, да не зборам за реакција Ја отворам темава и се надевам ќе успеам да се мотивирам повторно за да стигнам до целта. Ах како ја чекам пуста плата, мислам дека најмногу ќе ме мотивира купување на еден протеин на кој имам фрлено окце. И додека нездравата храна баш и не ми е некој проблем, лесно можам да одолеам на слатки искушенија, алкохолот ми е. Нема ден да не се напијам пиво, 2, 3... И по незнам кој пат отварам тема УН диета. Не ми е некој мерак, ама по се изгледа нуди планирани оброци во наjздрава варијанта од диетиве, па можеби, сепак, ќе пробам. Сега се вратив во нормала и ќе имам време да си спремам и по нешто за јадење на работа.
Малце оф топик ,ама мораше да го постирам тука .МОТИВИРАЧКИ -ви делува? http://www.bezpardon.mk/makedonka-pobedi-na-izbor-na-debela-gola-devojka-vo-utreht-2/