(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    92
    -7кг со диетата на Жан Митрев. Продолжувам понатаму до посакуваната тежина! Нема откажување :) :dance: :party:
     
  2. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    искрено Стеф ме подзамисли со видеово,вчера разговарав со една девојка,ме убедуваше дека многу вежбам(никад не сум под 100 мин на ден) и дека доволно ќе било 40-60 мин.
    си направив нов распоред на исхрана,според тој што се водев едвај 500 калории на ден да внесам и слабеам по 7lbs неделно што не е здраво.се надевам новиов распоред ќе ми помогне да ги остварам своите цели на здрав начин.воведов многу протеини и овошје и зеленчук ии еден cheat meal во петок(ќе си јадам што сакам и колку сакам) и мора да се намали со вежбање таму во теретана се напињам барабар со машките за кревам тежини... anyway да не должам многу активна сум имам нов план и верба дека ќе ја постигнам мојата цел.
    Пријатен ден!! ;)
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.941
    Кога те читав ми текна на едно видео
    https://www.youtube.com/watch?v=8fxu4TGmo2A
     
  4. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Со вежбање можеш да станеш фит,но ако сакаш да изгледаш убаво и послабо сето тоа доаѓа од исхраната :)
     
  5. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    ахам истата сум,признавам :tmi:
     
  6. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    24.039
    Пол:
    Женски
    Добра ви вечер. :)
    Денеска имав малце покалорично и понездраво мени,ама не ја пречекорив калориската граница :)
    Д:едно од оние малецки гевречиња и пршута(моето вегетиријанство,ха!),бидејќи и побарав на мама одамна,а таа сега ми купи,ми беше мерак + едно малецко парче алва.
    Р: Леќа и какао леб (оние што ги имитираат црните,што не тупат на здрав мозок |( ) со кисела пиперка и потоа парче алва повторно.
    В: Сега треба да вечерам,со оглед на тоа што си легнувам во 5,ама ке вечерам нешто лесно овошка или салатка некоја.

    Инаку дали игра улога пауза меѓу оброците?Бидејќи јас доручкував во 10 а ручав во 6:30 потоа одев и сега ке вечерам..Дали сега таа поголема пауза,ако почесто ја „земам“,ке ми смени нешто во тоа колку ке ослабам?
    Фала за одговорот,однапред.

    Денеска де-мотивација ми беше братучетка ми која не ме беше видела месец дена,и ми вика дека сум здебелена... |( пустата јас,си се тешам со тоа дека не ме видела долго време,ама не сум сигурна во тоа.
    Ама па чекај како може да сум здебелена кога: метарот покажува дека сум доста намалена и вагата.
    Денес споредував слики: од пред месец дена и сега,и на слики не се гледа многу разликата,но во живо и јас веќе приметувам,а сега за тие што ми зборат а не ме виделе месец дена-два можам слободно да си ги закукам ушите бидејќи знам дека не е вистина.

    И уште нешто што знам е дека сум цврста и решителна дека овојпат ке успеам.
    Ке успеам да се облекувам во алишта коишто ги сакам,а не кои што морам да ги носам,
    ке успеам гордо да одам на базен и на плажа,
    и повеќе да си се сакам себе си!

    Поздрав. :hai:
     
  7. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Игра голема улога. Го забавуваш метаболизмот. Практикувај паузата да не е поголема од 4-5 часа. Од 10 до 6 и 30 поминале 8 ипол саати.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Метаболизмот се забавува со пролонгиран калориски дефицит.
    Тоа повеќе се прави за контрола на апетит и на инсулинот.
    Подолго време без храна особено вечер и ќе изедеш се и сешто пред тебе.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Дали тоа значи ,дека јас сега ми се јаде и покрај тоа што вечерав овошје,и ручав и доручкував и вежбав а сакам да ослабам,дека треба да земам да јадам затоа што ми се јаде или треба да издржам и да го навикнам организмот?
     
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Треба да следиш калории.
    Ако можеш да внесеш калории јади.
    Ако не можеш да внесеш не јади.
     
  11. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Мислам дека не внесувам многу но незнам колку калории му требаат на телото за нели срцево отчукување и такви ствари
    Конкретно денес оцабајле јадев праска,ручек,полнети пиперки без леб со малце сиренце и вечера пченка
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Почни да броиш и да следиш.
    Не знаеш не можам да ти кажам.
    Не дебелее ако јадеш пред вечера,дебелее целосната исхрана.
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  13. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Пу, јез'к бе, завидл`к. :tmi:

    Јас ваквите само ги поздравувам и остануваат со подотворена уста.

    Е така.

    И сега, секако, сакам да ги поздрават девојките што успеале во својата цел или се приближно кон истата!

    Кај мене за една недела ќе дознаеме колку имам ослабнато, три недели не сум стапнала на вага, си реков еден месец ќе гурам сега. :lol: Мислам кружни 5 кг а вкупно - 35 кг. По огледалото, толку. :wasntme:

    Доволно си говори гардеробата....
    Си купив фармерки 46 број. А носев 56.
    И 44 бр си купив, но за нив уште некои 4 кг треба да намалам, ми се засвидеа а и за поголема мотивација. :D Тука се, до мене, не се туткам во нив, само си плакнам очи и се топам како сладолед!
    Достојно ке чекам уште некои 4 кг да намалам и да си ги носам со мерак.

    За 2 месеца ќе уживам во секој нареден шопинг. Веќе и 6ката напред ќе ја испраќам, не сакам недобредојдени гости! :D

    е така, ај чао, вишок килограми, никогаш повторно нема да ви ја отворам вратата од мојот - скромен дом. ]:)

    Вежбав 70 мин, со тегови и орбитрек.
    Појадував салата од домати, јајце и чаша јогурт.
    Салатата од домати ми вклучува еден домат од 200 гр.

    и конечно еден викенд, сосема заслужено. Летам на Мајдан, ќе има скаричка, мезенце, некое добро винце, пивце ... оХо Хоо Хоо :rofl:
    Сосема заслужен викенд!

    Доста е од мене.
    Се дружиме повторно во понеделник :inlove:
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Мотивацијата ја добивам од неповиканите комплименти околу мене. Чудно сега конечно се опуштив од режимот (не по сопствена воља, заради недостаток на време и пореметен биоритам од лекарства) и се почуствував за никаде. Се случува и по 3 пати на ден секогаш различни луѓе да ме пофалат за фигурата. Вчера на работа дојде инспектор кој го познавав од претходното работно место. Mу текна која сум кога му кажав име и презиме за записник. Нема никаква сексуална наклонетост ниту друг било каков бенефит тој од измислен комплимент, 70 години е човекот, конзервативен. Шокиран беше, вели не ме препознал, толку сум ослабнала. Мислам, она старачкото - како манИкенка :rofl: Дојдов во родниот град и пријателката на мајка ми која не ме имаше видено од кога почнав во теретана вели дека целосно сум изменета во позитива. Е сега, боли и по малку кога ќе спомнат дека порано сум била ко погача во суратот али нема везе :|
    Всушност, коментарите доаѓаат од секаде, и едниствено и нормално само јас дали уште не сакам да прифатам дека бев многу дебела или не ја гледам промената од прекумерна окупираност со бројки и огледала.

    Многу ми е мило што сепак две работи кои ми беа двигател низ целиот процес се поќажаа точни во пракса :

    1. Промената ќе ја видат сите по 3 месеци
    2. Идеалната тежина е мит ( поздрав Стеф :hai: )


    Цело време од некоја причина одложувам да ставам слики. Постојано чувствувам како да не е мојата финална цел па да ја претставам. И тоа ми е некој вид мотивација, да бидам подобра и поуспешна.
    Моментално тежам 3 килограми повеќе од тоа што имав замислено. А тежам вкупно 6 повеќе од она што некогаш сум имала, а го сметав за идеално. Што значи, добро е во мускулна маса отишло.

    И конечно стартувам со добро испланиран тренинг благодарение на мојот тренер. Програмата која ја состави за маж ми даде неверојатни резултати за само 1 месец :x Едвај чекам да се вратам во теретана.

    Останете мотивирани, поздрав за физичката активност Зека. Ме радува што е се поприсутна во твоите постови.
     
    На Ammy.Lee и Rose-tulip им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.096
    Допаѓања:
    165.717
    А што кога имаш добар мускулен тонус со се фамозниот ГЛУТЕУС на Стеф, арно ама слој од салце врз него?
    Еве јас мака мачам цела пролет и лето, ако продолжам да вежбам ќе се набијам, ама слојчето си го имам. Се прашувам како да го исчистам?
    Да не зборувам колку јас сметам дека треба да симнам,ама факт е дека треба. Та дури и немам проблем со мускулите на внатрешниот дел на ногата, ама слојчето не си оди.
    Некаде упорно грешам, не знам каде. Или јадам премалку или не јадам тоа што треба за да дојде до тоа топење. Сериозно немам проблем со градење на мускулите како што е проблем кај поголемиот дел од жените. И не, не ми е тестеронот висок, да се разбереме, се е генетика. :D Пример ми се грбните мускули, вежбала не вежбала имам мускули на грбот, ако вежбам, ризикувам да станам годзила или Лила Филиповска :D Затоа ги вежбам само рачињата.

    Мене лично ми е полесно ич да не јадам, него ли да јадам по пропис...тогаш киксам одма. :( Само на вода да сум ок сум, евентуално по едно варено јајце, ако ми се сојаде ептен.
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Имам една проста изрека.
    If it jiggles it's probably fat.
    Мускулите изгледаат убаво на жена :).
    Еве да ве мотивирам малце.
    http://instagram.com/p/rejIHFyjFJ/
    [​IMG]
    Ако имаш добар мускулна маса во задникот и сакаш да ослабнеш треба да вежбаш и да намалиш на калориите.
    2 грама протеин на секој кг активна маса и полека намалувај калории.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.096
    Допаѓања:
    165.717
    Стеф... со осмехов си ми како Pepe le Pew :D

    И ништо не те сфатив...но добро. Инаку вежбам, секој втор ден кревање тежини или кардио и секој ден јога.

    Мускули како да ќе тепаш некој не изгледаат убаво на жена,затегната жена изгледа убаво,ама не и да рипаат мускулишта на сите страни.
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Затегната или тонирана жена= доволно мускулна маса и низок % телесни масти 18-22 % :)
     
  19. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    24.039
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Од сега малку почесто ке си играм со тегчињата.
    Тенкју,Стеф. :)
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Нормално како кола со 100 коњски сили или со 500 која повеќе ќе гори?
    Мускулна маса и нејзино одржување е доста битно за одржување на мераболичките болести како дијабетис, остеопороза, атрофија, одржување на здравјето на кичмата и здрави нерви.