Исполнет, успешен ден. Вежбав 45 мин на орбитрек, 10 мин со тегови и 60 мин пешачење-џогирање=комбинирано. После 10тина дена се мерев повторно во обем. Во критичните делови имам намалено уште 2 до 3 цм. За некого малку, за мене О Д Л И Ч Н О. Реално уште малку ми фали во обем. На вага ќе дознаеме во недела, но мислам уште некои 20тина кг. Инаку, ручав полнети пиперки со урда и јајце. салата од домати со малку сиренце. Уживав во јадењето, одамна не сум конзумирала сиренце, но се решив малку - да не претерувам. Сеуште не сум вечерала, ручекот ми беше во 18 часот, Сега се мислам една чаша сок од свеж лимон. Без шеќер. За утре компир манџа со печурки. Да сменам малку. За промена. - Добро ќе ми дојде.
Знам, свесна сум за вчера. Не го организирав доволно добро времето, за жал. Денес за појадок јогурт баланс и две јајца. За ручек компир. Вчера кажав ќе си правам компир манџа. Но на работа ми текна за печен компир со сусам. И така и направив со салата од домати со малку сиренце беше мммм За вечера исто така. Плус се освежив и со Диња. За прв пат летово, не сум многу по неа, но денес ја посакав. Ах, колку желби денес и сите си ги остварив. Зека сега оде на вежбање, цел 50 мин орбитрек. И оваа недела помина, неверојатно колку брзо поминува времето. Јас и не го осеќам. Но добро, наликува дека се жалам а не е така. Од друга страна кога ќе размислам килограмите побрзо летаат од времето. Океј, во ред е 30 кг за 5 месеци а 35 за 6 месеци, помалку секако. Доста зборам, да се фатам за
Бидејќи си по активна внесувај повеќе протеини. Протеини и јаглехидрати го стабилизираат нивото на шеќер во крвта и имаш повеќе енергија. Протеините ги штитат мускулите да не се горат. Протеините имаат најголем термички ефект од сите макронутриенти. Амино киселините играат улога во одржување на имунитетот,здрави коски и хормонот за раст.
http://ubavinaizdravje.mk/%D0%B6%D0%B8% ... 0%B8%D1%82 Со исклучок на Марија Нацева која е сериозна во оваа работа и е навистина фитнес девојка, ова е каталог за ескорд дами во Скопјево или како? Кои се овие анонимуси и како тоа фитнес девојки? Анонимуси се од тоа што не направиле ништо важно, ама по Скопјево и те како се знае ценовникот... Па секако, секој вежба од тоа што заработува. Другото се прави за здравје, а не за реклама... мислам увек сум за добра реклама кога се трудите да продадете нешто.
Овие денови ми е кризен период. :geek: Секој ден по малку благо јадам. Се радувам што е малку,ама не се радувам што е благо. Од утре построго,не можам да дозволам да се вратам на старо.
Благодарам. За денес на мени Појадок чаша јогурт, салата од домати. За ручек Лосос со зеленчук. За вечера исто така. Го обожувам, на неделно ниво ќе го има еднаш на мени. И секако за освежување Лубеница. Покасно ќе вежбам на орбитрек и тегови, цел ми е 40 мин. Со плус џогирање. Да залади малку само, едвај чекам. Се на се некои 2 часа активност Особено сум среќна кога ќе се погледнам во огледало и забележувам огромна промена, од изминатиот месец, секако. Бутовите, колковите ми се преполовени. И облеката тоа го потврдува, новата од пред извесно време. Веќе со сигурност да си кажам дека ги променив навиките за исхрана Не се измачувам, уживам.
Само што израчунав колку калории сум внела вчера. Само 365 калории. А вежбав многу, многу, многу. Да накачам внесувањето на калории или да намалам вежбањето? Јас мислам првото. Не ме утепувајте, ве молам.
Денес почнувам своја диета. Разгледав мн диети и ни една така не ми се допадна. Сакав УН диета ама мн е бавна и долга. Се откажав. Затоа моја диета. Денес ми е прв ден. Доручек, ручек и вечера немам, туку само два оброка во денот. Насабјле грозје, поручек шопска салата (домат, краставица, кромид, масло, сол и малку сирење.) И многу вода. Тоа е тоа за денес.
Ако сакаш да добиеш хипотиродизам, продолжи напред. На твоето тело му треба се не само еден оброк во текот на денот.
Брзо и ефикасно слабеење... Звучи како (не)остварлив сон или како приказна за мали деца. Тајната на успехот за губење на килограми лежи во промената на навиките, трпеливоста, физичка активност а никако во гладувањето. И подоцна после остварена цел исто треба да ги задржеме здравите навики, избалансирана исхрана, физичка активност, доколку се вратеме на стариот начин на живот килограмите несомнено ќе ги вратеме експресно. На крајот изборот го правиме Ние.Со последиците и придобивките самите се носиме.. На денешно мени Чаша јогурт, потоа парче стек од 100 гр. Пред малку си дојдов од работа и конзумирав туна со салата. За вечера ќе зготвам нешто лесно, супа е добар избор. Секако домашна, зеленчукова. Да се излади малку, пуштив клима и ќе вежбам. Едночасовно вртење на орбитрек! Потоа генералка дома, и тоа е активност, со сигурност ќе потрошам троа повеќе и со генералката. :geek: Секојдневно Се поубаво се чуствувам. Се променив многу, многу и тоа. Самата не се препознавам. И психички и физички. Најважно. Си сварив кафе, рака на срце - се немам напиено месец дена. Притисокот ми варира, но, едно, едно само и тоа со лажиче шеќерче.
зарем кафето штетно е? јас го пијам чисто(без шеќер и без кример/млеко)цедено од кафемат. 50 минути вежби дома 25 мин трчање и пешачење надвор,овесни снегулки за доручек со пола scoop protein powder ужинките ќе ми бидат овошје за ручек омлет од белки со шунка и вечера супа бистра. успеав да задржам килажа тоа ме радува..