Да не си на коњски трки па да немаш време. Сигурно си младо девојче што прочитало некоја диета и мисли дека тоа е најдобро за неа. Побавно е посигурно и прави помалку компликации со како после ќе ја одржуваш тежината. Си видела другарка твоја што е констатно на диета и прави јо-јо со тежината? Сакаш да бидеш како неа или сакаш констатно да си ја одржуваш тежината?
Нормално дека сакам константно да ја одржувам тежината. И се ќе дадам од себе така да биде. Имам време до средината на октомври, а ако јадам повеќе не верувам дека дотогаш би ослабела. Треба да ослабам 15 кг. Се надевам ќе ги симнам до тогаш.
Нема потреба да објаснувам. Еве StefChef го кажал тоа што го мислев и јас. Според мене ти си на гладување, а не на диета.
^Стеф,како тоа за 2 месеци најмногу 8 кг?Па нели ти за 3 месеци 30 кг си ослабел? Јас сум се здебелила од благото деновиве.Не,многу но... Денеска бев на шопинг, 5 броја помалку сум. Утре ми е точно 1 месец од кога почнав да слабеам.Ке се мерам,можеби и слика ке ставам,не сум сигурна. Туку,денеска доручкував половина тост,кој имаше внатре пржени јајца и домати.Мајка ми ме „советуваше“ дека бидејќи сум имала калоричен доручек,да имам полесен ручек и изедов шопска салата.За вечера овошје.И ајде,ми пропадна денот,веќе никогаш не ја слушам мајка ми.Знам дека не е здраво ова што највеќе ми се случува а тоа е за доручек да јадам салата,ручек саглам,а вечера обично пак салата или овошка.Сега пченка ке земам и чаша јогурт ке испијам,гладна сум. Не можам да дочекам да се видам на вагата. А,добивам многу комплименти дека сум ослабена. Пред некое време само фантазирав за ова што ми се случува. :geek:
Луѓе јас веќе полека но сигурно падам во депресија поради ова моја килажа. Веќе не знам што да правам се чувствувам изгубено во време и простор. Отсекогаш имав проблем со вишок на килограми, но пред 5 години успеав со здрава исхрана да ги симнам тие 15 килограми. Бев задоволна, ја одржував истата килажа без конзумирање леб и благо. Но, после година време почнав по малку благо, па по некоја пица, тост и кога и да забележам дек сум малку поправена веднаш се ставав на некоја строга диета. Веќе добри 2 години се вртам во круг, поправи се 4-5 килограми па ајде пак на диета и се така. И сега имам вишок од 5-6 кг, но веќе го немам тој цврст карактер да ја издржам диетата до крај, туку 5 дена се придржувам, наредниот ден веќе се прејадувам. Веќе ми е смачено, здодеано и лошо се чувствувам бидејќи сум оспедната со мојот изглед. Почнаа и од дома да ме приметуваат и да ми го префрлуваат тоа.Муабетите со другарките, роднините се ми се сведуваат на тоа како јас сум дебела и како јас се сум на диета, значи ги замарам луѓето. Навечер, насабајле прва помисла ми е тоа, се се сведува како изгледам и како ми сметаа тие вишок килограми. Лошо е и тоа што 5 дена сум на диета и се гледам во огледало и очекувам резултати, па кога ке видам дека нема никаков резултат што е и нормално веднаш се разочарувам, и ми иде да плачам. Се извинувам за долгиот пост навистина сакам да се искажам на некој како се чувствувам, а мислам ке ме разберат само тие кои го имаат овој проблем како мене или пак јас сум единствена- изрод! Знам како треба за да ослабам, но каде ми е тој цврст карактер за да издржам, навистина незнам што да правам...
не си единствена Софи и јас сум иста премногу очекуваме за малку време а тоа неможе да е така треба највеќе барем еден месец за 5кг и јас имам 5-6 вишка за симнување
Еве и јас ќе се приклучам. Периодов ми е катастрофа што се однесува до исхрана, нит пазам што јадам, нит кога јадам и лута сум си на себе, зашто накачаив некои си 5 кила, познативе ми викаат дека не делувам поправено ама ја си се осеќам така едноставно ми тежат овие 5 кила. Е сеа најголемиот проблем е што ми фали мотивација, тотално ја изгубив периодов и не знам како да си ја вратам. Давајте чаре диеталки!!! Која сака може и шамар да ми врзе, комотно,нема лутиш Се мислам да почнам со хроно исхрана, еве го симнав прирачников баш ми изглеа ок, пошо не е диета туку нешто како стил на живеење, не сакам брзи диети у принцип.... Па ајде дечки, дајте малце мотивација, не бидете скржави :geek:
Кога си тинејџер се ќе пробаш за внимание. Сега бавно но сигурно. П. С сите имаме нереални очекувања во животот и се сакаме брзо да добиеме. Си помислила ли некогаш да работиш со професионалец? Еве можам да споделам што постигнавме со еден клиент за два месеци со исхрана и вежбање. https://m.facebook.com/ZevsFitness/albu ... f=bookmark Мислам дека некој со менторство ќе те доведе до подобра личност.
Јас ништо не применувам, никаква разлика? Може малку во грбот, но споредените слики исто ми изгледаат :geek:
За 2 месеци што очекувате да изгради тело на Зевс. 4 килограми мускулна маса е супер почеток. И не е само за добивање мускули. Види што пишува друго.
Утре ќе бидам надвор од дома а тамо немам вага. Се измерив сега, една ден претркав, во ред е. Значи за цел, полн месец = од 81 кг на 75,5 кг! Интуиција. За мене одличен успех за 1 месец. Уште точно 20 кг за слабеење од неверојатни 55 кг! Се на се - 35 кг до сега. Се придржувам кон мојата цел…преостанува само да УСПЕАМ ! Благодарам!
Ќе се килнам еден ден мајке ми. Проблем ми е задницата.Ненормално ме нервира.Се` може да ми ослабне,ама тоа никако.Имам спомнато во УН диета,дека ја држев ама тоа пред три години кога уште бев во равој.Ослабнав ненормално многу и некако како да намалив во висина.Е кога видов не видов што направив,почнав со вежбање по некој мој план.И имав доста резултати.И сега кога вежбам,се` ми губи само задницата.Значи не се изгладнувам како што правев пред три години,јадам што сакам но умерено,а и да пијам многу вода дури и по 5 литри на ден,ама затоа тоалетот не ми бега. Сакам да прашам дали е здраво толку пиење вода? И дали има шанси ако продолжам со вежбите кои ги вежбам,да ја намалам задницата? Ги комбинирам сите заедно,со стомачни и грбни,понекогаш склекови. http://zena.hr/images/clanci/6726_big.jpg http://zena.hr/images/clanci/6892_big.jpg http://www.zena.hr/upload/vjezbe%20cije ... jelo03.jpg http://www.hellomagazin.rs/wp-content/u ... _glute.jpg http://www.24sata.hr/image/pilates-vjez ... 773046.jpg
Браво zeka, девојко навистина верувам дека ке успееш да ги симнеш и тие 20 кг, навистина се радувам за тебе и за постигнатиот успех ! Е сега, од денес и јас повторно се вратив на мојот режим кој до сега најдобро се покажал. Сватив дека ако само се жалам, а не преземам ништо вишокот кг тука ке бидат. Овојпат нема да си поставувам нереална цел, ќе ги избегнувам огледалата, ќе се придржувам до режимот односно до поздравата храна и се надевам на добар резултат ! Ви посакувам успех на сите !
Глутеус максимус и цело тело се гради во теретана. Дома само рекреативно. Освен ако имаш добра генетика за убав задник, тогаш можеш да го одржуваш со тие вежби. Иначе треба да создадеш мускули за да изгледа убаво и да не изгледа спласнато. И со било која диета што нема балансиран пристап и не ги задоволува сите макро и мирко нутриенти во текот на денот не можеш да создадеш убаво и здраво тело.
Очајна сум. Во депресија. Никако не можам да не јадам. Денес сум на малку грозје, чаша јогурт, едно јајце и парче двопек. Мајка ми денес ми го направи омиленото јадење. Толку лошо се чувствувам и ми е тешко. Не можам вака да живеам.