(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Многу јасно дека неможеш така да живееш сето тоа што си го изелеа се на се има помалку од 500 калории. Пресметај си колку калории треба дневно да внесуваш и придружувај се до тоа, направи си дневно мени и број ги калориите. Ако вака продолжиш ќе направиш огромна штета на метаболизмот.
     
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.861
    Допаѓања:
    23.739
    Пол:
    Женски
    Зека,само да знаеш дека ти се восхитувам. :hai:

    Јас целото здравје си го пореметив заради наглото губење килограми,не можам да дигнам глава од апчиња и сирупи,но сега се вратив во колосекот.
    Откако изгубив околу 10 килограми за нецели 2 недели,се освестив и се вратив на нормален начин на исхрана,и откако прекинав со изгладнувањето изгубив уште 2-3кг,што е добро,нормално слабеам. :geek:
    Искрено,не сум горда на толку многу изгубените килограми за 1 месец и изгладнувањето,но горда сум на издржливоста!
    Која никогаш не сум ја имала...
    Денес си се почастив бидејќи ми беше нешо као месец дена од новиот начин на исхрана.Поточно се почастив бидејќи бев на роденден,а на прослави јас контрола немам,така да...несакам да зборувам за тоа. |(
    И така,ова здраво хранење си го направив интересно,секое сабајле измислувам нешто ново во кујната,што се не направив со банана,какви специјалитети имам ммм :geek:

    Ај чао. :D
     
  3. beauty1000000

    beauty1000000 Активен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Прочитав на интернет диета со магдонос во зовриена вода ама незнам дали може и нешто друго да се јаде или не?
     
  4. befit

    befit Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2014
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    12
    Здраво, јас сакам да кажам дека успеав да симнам 3-4 килограми со помош на ун диета во рок од 20 дена. Искрено сум задоволна и ја прекинувам бидејќи правев прекршоци псоелдните 3 дена па несакам веќе да ја држам бидејќи знам дека ќе продолжам со прекршоците.
    Одлучив да почнам да бројам калории, па ми треба предлог апликација ја телефонот и едно прашање.
    Дали храната да ја мерам додека е сеуште жива на пример не сварени макарони или жив пилешки стек или пак откако ќе ги сварам макароните или испечам/сварам пилешкиот стек затоа што немаат иста тежина додека се живи или откако се испечени/сварени.
     
  5. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    1.Апликацијава ти е најдобра,според мене.
    http://www.myfitnesspal.com/user/stefcho24/status
    2.Сите мери ги во сирова форма, се што ќе додадеш освен вода се додава во калории,освен зачини некој кој немаат голем број на калории.
    3.Очекувај 0.5 кг неделно
    До девојчето со магдонос сериозно прашање...
    Ако на интернет пишат да се тушираш со ладна вода 3 пати на ден би го направила тоа за да го забрзаш метаболизмот?
    Има докази за тоа,но ајде дали ќе издржиш.
    Поентата е да ти кажам дека се што пишува во магазините е за да привлече внимание и гледаност.
    Ич не им е гајле за последиците за твоето здравје, кој се големи ако се земе дека ќе пиеш само магдонос чај.
     
  6. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Денес само грозје, малку повеќе, ама не претерано (имав гости од друг град, роднини и ми донесоа голема кутија со грозје и не чини да скапе, баш е убаво). И шоља млеко.
    Тешко е многу. Ама ке помине. Ќе издржам. Можам јас.
     
  7. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Felisiti зарем само на ова си цел ден ? Немој бе така да се изгладнуваш, навистина незнам ни како издржуваш. Каде ти се салатите, протеините? Влкучи ги и нив во исхраната и пак ке слабееш, вака само се изгладнуваш се мачиш. Зарем не ја читаш феминката од погоре како си го пореметила здравјето со вакво изгладнување, немој така, најдобронамерно ти зборувам. :)
     
  8. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Џабе пробуваш да објасниш на очаен човек.
    Во нејзина глава тоа е целта, без размислување на последиците.
    Можам да ја разберам бев во нејзина кожа, знам како е да си дебел и да ги сакаш резултатите веднаш.
    Но со годините и искуството ќе научиш дека не се доаѓа од небо и дека се што правиш во моментот ќе има последици во иднина.
    Луѓе како неа имаат психолошка битка со самите себеси, многу се затворени и тешко прифаќаат совети.
    Така мислат дека е најдобро, заради тоа што не сакаат да другите се замараат со нивните проблеми.
    Тешко е да промениш таква личност.
    Замисли до вчера јадела се и сешто и сега мисли дека не може да го намали тоа прогресивно па пробува на екстремни начини да ослабне.
    Такви екстреми не прават ништо, но сепак луѓето пробуваат...
    Тука сме да помогнеме но личноста погоре не побара, иако изгледа така не помагај на луѓето дур не бараат.
     
  9. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Изедов една праска во 10. Многу ми е тешко што јадев толку касно. :@ :@ Ама после тоа направив 20 вежби.

    Се плашам да не не ослабам за одреденото време. :( ;( ;( ;(
     
  10. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Ти сакаш да стигнеш до анорексија? :|
    Не ми е јасно за кај брзаш толку.
     
  11. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Има еден кој што многу ме сака и во октомври треба да ни биде првиот состанок. Сигурно нема да ме сака ваква дебела.
     
  12. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Волку малку внесување на храна ке доведе само до едно- прејадување, порано или подоцна !
    Советот и го дадов бидејќи и јас ја разбирам многу добро и знам дека со вакво изгладнување нема ништо да постигне. И да изгуби некој кг брзо ке се вратат, но сепак нејзино е дали ке не послуша, се додека не проба нема да знае. :)
     
  13. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Како можат да се вратат кг ако не јадам?
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Зашто прво нешто што губиш е вода!!!
     
  15. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Да сите можат да ослабат што јадат премногу, а јас не. Зошто јас да не можам? И јас сум човек како и сите.
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Зашто јадеш повеќе отколку што трошиш.
    Не јадеш балансирано,јадеш екстремно.
    Не знаеш колку калории внесуваш и очекуваш веднаш да добиеш резултати.
    Се споредуваш со другите и тоа е лошо.
    Гледај за себе.
    За 2 месеци не се слабее 30 кг...
    Не е здраво и не е долготрајно.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Од каде јас да знам колку калории внесувам а колку треба?
    За 2 месеци не се слабее 30 кг, ама се слабее 15.
    Не се споредувам со другите ама се е јасно.
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Мислиш дека е достижно 15 кг масти да согориш?
    Знаеш колку енергија е тоа?
    150000 грама по 9 кцал пресметај.
    Тоа се 40 трчање без престан.
    Плус телото е 60% вода.
    Мастите секогаш телото ќе сака да ги заштити.
    Се што ќе изгубиш со деструктивна диета е вода,мускули и коски.
     
  19. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Е фала ти многу за демотивацијата. Фала. :)
    Нели сите можат а јас не. Не замарај.
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    За еден дечко не е прилина да ослабнеш.
    Причина е твоето здравје.
    Сум имал девојка што била дебела не ми било проблем.
    А како сакаш продолжи од мене толку.
    Твој живот твое право да правиш што сакаш.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.