(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.861
    Допаѓања:
    23.739
    Пол:
    Женски
    Прашајте ја колку кила има,ке ви каже 60,сигурна сум... |(
     
  2. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Ех да имав 60 пресреќна ќе бев. Имам 75 а сум висока 155 цм. А треба да имам 50. Ама доволно ќе биде да ослабам 15 кг и да имам 60. :)
     
  3. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.861
    Допаѓања:
    23.739
    Пол:
    Женски
    Мила,јас сум висока 163 и имав 96 килограми пред месец дена,сега имам 83.Сега пијам сируп за железо,и некои апчиња не знам точно за што се,но немам добро здравје заради наглото губење килограми.Бев малку подобра верзија од тебе,но,и јас се изгладнував. :)
    И,да,да бидеме реални дека на наши години ретко кое момче знае да цени пред се карактер,но тој/тие не вредат цело твое здравје.
    Никој не ти брани да ослабиш,но направи го тоа спонтано,и без изгладнување.Многу добро што сакаш овошје ама не го јади цел ден само него.
    И немој да слабееш за некое момче,слабеј за себе,тоа момче само нека ти биде дополнителна мотивација. :)
     
    На Felisiti му/ѝ се допаѓа ова.
  4. S.o.F.i

    S.o.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    4.021
    Felisiti никој не ти вели дека сите можат, а ти не. Едноставно ти дадовме совет, бидејќи навистина многу малце јадеш, а тоа може да се оддрази на твоето здравје. Но, сепак ти си знаеш, како што реков додека не пробаш нема да знаеш. :)
    Srckata28 те следам и тебе некое време, најбитно е што си увидела дека гладувањето не е решение.
    Ти поскаувам успешно симнување на кг. :)
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Majcho

    Majcho Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    5
    Здраво Феминки!

    Денес почнав со диета, ок, не толку диета колку здрава исхрана. Некаква си модификација на УН диетата ќе правам па ќе видиме како ке се движат работите (читај:килограмите) хаха ха

    Поздрав и ај со лесно нека е на сите шо се на диета! :lol:
     
  6. Angelaaaaaaaaa

    Angelaaaaaaaaa Нов член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    дајте помагајте како да ослабнам 10 килограми најбргу што можам. УН диетата на сајтов корисна ли е да почнам да ја држам? :sweat:
     
  7. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Посебно ми е интересно кога од цел форум со едно 100тина теми за диети,здраво слабеење и триста чуда,ќе се најде некој член со барање како она над мене. :D
    Без лутење,ама побарајте малку,едуцирајте се,Стеф и еден куп феминки на секоја втора страна објаснуваат режими на исхрана,режими за вежбање и слично.

    ^Еве уште еднаш,калориски дефицит и зголемена физичка активност,најпросто кажано :)
    УН е добра диета,според мене најефективна од сите други.Со мали модификации би била одлична.Држи ја ако имаш повеќе од 10 килограми за слабеење,ако не,внимавај на тоа што внесуваш и активирај се малку повеќе и килограмите ќе ги снема.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lella1

    Lella1 Активен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    85
    Значи 100 пати го прочитав мислењето на Стефчеф и никаде не прочитав дека сите можат да ослабат освен тебе. Наместо да ги укривувате другите, видете ја грешката кај вас. Како е можно да издржиш цел ден со грозје само? И ако сакаш толку да бидеш слаба зошто не се освестивте порано? Мислите дека ако до вчера сте јаделе хамбургери, пици и тостови денеска и утре ќе бидете само на овошје или зеленчук и готово за 10 дена ќе ослабете 15 или 20 килограми незнам таму колку сакаше. Глупости. |( Ми личиш како 12-13 годишно дете. Секогаш кога ќе прочитам вакво мислење ми се појавува сликата на Стефчеф што ја стави тука, на првата слика имаше идеална, секси жена со 63 килограми а на втората слика жена со 57 килограми а целата со витки надоле, кожата и виси и се оптегнала надоле како јаже за бесење :puke: ...
     
  9. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Е ме изнасмеа :rofl: Стварно бе девојки, читнете малку, милион диети има на форумов, не ќе се повторуваме сто пати :D 8)
     
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Темава ми беше една од најмотивирачките на форумов. Посебно феминките како Зека, со задоволство ги читав. Дај не ја носете по ѓаволите и темава. Пробавте на најчовечки начин на некој да му објасните како треба ама не бива,гледате и сами.Оставите нека продолжат мислењата на темата да течат како што беа. Џабе советувате :) :hai:
     
    На Rose-tulip и StefChef им се допаѓа ова.
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Felisiti, речиси сите овде сме минале низ истото.
    И јас прејадував неколку месеци по ред, па кога се освестив имав големо стомаче. Сакав веднаш да ги снема вишокот килограми. Две недели гладував. Јадев само по една праска на ден. Потоа, стигнав до болница. Се онесвестував, немав сила да одам. А знаеш колку килограми изгубив тогаш? Нула.
    Сфатив дека се уништувам себеси. Почнав да јадам сѐ, дури и месо, иако бев вегетеријанец три години. Еве ме сега, со секојдневно вежбање (иако намалено периодов поради здравствении причини), јадам сѐ, дури понекогаш и чоколади и слично и имам нормално тело, здрав желудник. Дури и мускули имам на рацете. Малечки се, но со труд сум ги створила и сум горда на тоа.

    Не е убаво да се споредуваме, но еве, погледни ја Zeka, се бори и ќе успее. Не се изгладнува. Го имаме и StefChef кој ни кажува каде грешиме. Г
    Тука сме да си помагаме, не да се лутиме затоа што другите тврдат дека некој од над не е во право.
    Разгледај во фитнес, има поставено различни видеа за вежбање. Навидум се изморувачки, но по неколку дни ќе се навикнеш, сѐ ќе биде лесно.
    Размисли уште еднаш. Ако продолжиш вака, нема да има толерантност. Може да ти удрат бан, и чао пријатно, никој нема да се замара.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Felisiti

    Felisiti Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    5
    Зошто бан? Затоа што слабеам како сакам? И не ме споредувај со други. Што сака нека прави не ми е гајле. Јас си гледам за себе.
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќај погрешно. Не поради тоа што слабееш на твој начин, туку поради тоа што им замруваш на другите за нивните мислења.
    Кажав претходно, мразам споредување и не сакам да те споредувам со никој од овде. Сакам да погледнеш кои биле нашите грешки и да не ги правиш истите.
    Не делува како да гледаш за себе. Можеби сакаш да имаш убаво тело, но не внимаваш на тоа колку ќе бидеш здрава. Сето ова влијае врз тебе како личност. Не само физички, туку и психички.
    Со здраво тело, и здрав дух, знаеш?
    Нема ништо лошо ако возиш велосипед, трчаш, возиш ролери или скокаш на јаже барем 30 минути дневно. Не е се` во изгледот.
     
  14. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Океј Фелисити СЛАБЕЈ ДЕВОЈКО! Не реплицирај на секој пост кај што си спомната.Ако сакаш да слабееш слабеј како мислиш дека треба и не им пиши веќе. Дај Боже да успеиш во тоа шо го планираш и се за ти бидекако шо треба, ама ај олабави ја темата од офтопици.
    Фала ти однапред :*
     
  15. Schmetterling01

    Schmetterling01 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    Како да истраеме...

    Здраво на сите форумџики. Во последно време, особено летниов период, премногу се разочарав од моите резултати од диетата. Отсекогаш сум сметала дека диетата не треба да биде изгладнување на организмот и свесна бев дека доколку се изладнувам телото ќе си чува резерви и дека килограмите ке се намалат послабо. Но искрено што се не пробав за да ослабнам.
    Но најголемиот проблем не беше диетата, туку мојот слаб карактер. Неможам и незнам да кажам ,,не,, на сите оние слатки и се она што ми е толку вкусно. И се разбира откако ќе изедам се што сакам, чувстувам вина за тоа што сум го изела. И секој нареден ден јас '' почнувам'' со некој нов изум, со некоја нова диета, но со мала желба и мотивација. Па ме интересира, како вие ги истрајувате овие моменти. Дали имате некои начини на кои што успевате да речете НЕ. Веќе ми е скиснато од тоа што неможам да ја најдам силата во себе да истраам и скиснато ми е од тоа да гледам како оваа или онаа девојка го постигнала посакуваниот резултат, а јас поради мојот слаб карактер уште сум заглавена со оваа килажа. Веќе ми е страв и да се качам на вага. Секогаш си се шокирам со некое грамче повеќе. А да не зборам и за тоа што мајка ми изгледа ко да ги има моите години, а јас нејзините. Мала помош, некој совет..??
     
  16. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ги внесувам калориите од сите храни и кога ќе видам дека не можам повеќе да јадам прекинувам да јадам :)
     
  17. Schmetterling01

    Schmetterling01 Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    Мојот проблем не е диетата, мојот проблем е мојава глупа психа.. секогаш кога малку ке намалам и ке почне тоа да се приметува, веднаш си се наградувам со нешто благо, и откако ке го изедам тоа, продолжувам да јадам.. Ми викаат да пијам вода, но искрено јас вода воопшто несакам. Ме тера на повраќање, пробав со лимон, освен една чаша дневно макс. 2 чаши неможам ни да замислам да внесам. Еднаш решив со сила да пијам, и да бидам позитивна додека пијам, демек наводно било добро за организмот, е ај не се истурив од повраќање. Се ми е познато.. не треба доцна навечер да се јаде, избегнувај благо, леб, шеќери, газирани сокови и алкохол, внесувај здрави калории, распределувај што јадеш, не мешај белковини со јаглехидрати и бла бла.. СЕ МИ Е ВЕЌЕ ПОЗНАТО. Ги читам постовите на некои девојки како што е Зека, и можам да и кажам секоја чест за таа сила и позитивна енергија која што ја собрала и што ја шири на групава. Малку морам да признаам дека ме иритира детинестото размислување на Felisiti ама верувам дека и тоа што го пишала е најмногу поради нејзината преголема желба за брзо слабеење и бидејки се уште не сфатила дека брзо не се слабее, или можеби се слабее но сето тоа е краткорочно. ЈОЈО ефектите се повеќе од познати на сите нас.

    Единствено нешто што ми преостанува е повторно да се трудам, повторно започнувам со нова диета, и тоа е броење на калории. Се надевам дека ќе успеам. Еве денес е 19.08.2014, висока сум 162, со моментална тежина од 71.6 кг. Целта е 60кг. Не би било лошо еднаш после толку време да ја видам и таа убава 50+.. Wish me luck!! Кога ке западнам до депресија и тешки мигови ќе ви се обратам и се надевам на мала помош. И плус од утре ќе почнам да го гледам еден од моите најмотивирачки филмови, незнам колку ви е познат, но take a look, филмот се вика ,, Lying to be perfect"

    Еве мала подршка од мене.. Keep up the good work girls. :*
     
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски
    Метерлинг01, не мора скроз да го отстраниш благото, или лебот. Само поретко да ги употребуваш.
    Според мене, најлесно е да си го создаваш менито пред една недела. Да речеме, денес да смислиш што ќе јадеш во наредната недела. Ќе се снабдиш со сите потребни продукти, во доволно количини и во текот на неделата нема да купуваш додатни нешта кои ќе ти текнат во моментот. Еве пример за еден од деновите. (Ако има грешка, нека ме поправи некој)

    Појадок: 2 варени јајца, 1 варен компир, сето ова во салата со масло, оцет, кромид (и не мора) и сол.
    Ужина: 1јаболко/праска
    Ручек: ориз со пилешко (не преголема порција)
    Ужина: 1 чаша млеко/ јогурт и 3 бисквити
    Вечера: салата.
    Можеш помеѓу порции да вметнеш и некое парче чоколада. Но, не секој ден.
    Со среќа. :*

    П.С. филмот што го пиша е премотивирачки. ;)
     
  19. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    Прво фала ти на одговорот. :)
    Инаку од страната на татко ми сите сме такви г`зли.Значи гените ми се такви.Немам проблем со нозете,но страшно ме нервира тоа што задницата ми е ту мач.И не, не ми е сплесната ,напротив многу добро ми е оформена.Јас со овие вежби пред три години да напоменам пак со УН диета ја ослабнав,но финтата е што сега не сакам да држам диети,не сакам да скратувам задоволство за храна.Значи да не бидам погрешно сфатена ,не јадам како лудача,но јадам умерно и пијам многу вода,ептен.Горниот дел на нозете ми е зацврстен,единствено што сакам е да ја намалам задницата и муабетот ми беше дали ако продолжам со овие вежби,рекреативно како напомена ти ќе ја намалам.Значи не се брзам,туку дали ќе имам ефект на пример за една година.Ете тоа.
     
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Јас пред три дена, НЕВОЛНО, се качив на вага и мојата реакција кога видов дека сум качила над 8 кила, за само 1 месец беше.......
    и после тоа решив веќе леб нема да јадам...сега јадам само палачинки :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • jdrp1.gif
      jdrp1.gif
      Големина на фајлот:
      868,5 KB
      Прегледи:
      289
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.