А зошто да не може? Јас си јадам благо речиси секој ден. Сладолед, крем, бонбони, торта, што ми се најде низ дома. Но, си вежбам и не сум покачила ниту едно кило.
да ти кажам може....и мене тој режим ми дал пред извесен период резултат кога се држам до едноличноста на храната...ај да видиме што ке направиме нели заедно сме посилни
Телото нема механизам за познавање еј оваа храна е нездрава ќе ја складираме во масти веднаш или јас ќе јадам брокула,пилешко и ориз и ќе мислам дека ќе слабеам. Горе беше примерот дека се слабее со броење калории, зашто трошиш повеќе отколку што конзумираш(калориски дефицит) Но од психолошки и заситувачки бенефит, храната што е “нездрава“ има малку придобивки. Може понекогаш да јадеш сладолед,но не тоа да биде 100% од исхраната. Зашто поентата е да научиш да јадеш здраво 80% од времето а не да стане џанк фест.
Од самата себе! Не се шегувам, Стеф е во право. Јас така приметив за себе, касни ова залче, она како од себе да се криев и не пеизнавав(самата себе се залажував) се додека не ставив СТОП!
Чим цел ден си дома доволно ми кажува какво емотивно се прејадуваш со храната. Да беше надвор каде што немаш достап кон храната ќе разберев. Знам по самиот себеси, не мора да лажеш
Spoiler Постов ќе биде малку подолг ама морам да се искажам/испразнам. Скоро една недела, неколку дена гладував. Мислев дека така ќе ослабам. Одев со главата во ѕид и не слушав никој. А причината за моето слабеење не беше моето здравје и самата јас. Воопшто не ми беше гајле за самата јас.. а и ич не се сакав, се мразев себеси. Бев сама и осамена. Ми беше потребно внимание, љубов, нежност. И покрај тоа што имав долгогодишна и сериознна врска и дечко кој ме сака најмногу на светот иако не го покажуваше тоа. Се појави еден многу нежен, влијателен кој ми велеше постојано како ме сака и многу други нежни зборови. Никогаш во животов не ми посветил толку љубов. Како некоја тинејџерка се разбеснив и целосно забегав. Гладував со денови само поради него, бидејки тој сака само слаби и згодни девојки. Поверував во таа приказна дека ме сака. А не ми ни познава. Се занесов кога ми ги кажуваше тие нежни зборови, ми ласкаше. Посветени љубовни песни, нежни зборови, љубовни пораки, цвеќиња.... Едноставно забегав. Но си реков стоп. Тоа што го правев сфатив дека не е правилно. Сите ми велеа, ама јас никој не слушав. Малку доцна ама сфатив дека јас сум си најважна. Овој период ке си се посветам себе и на своето здравје. Ке направам некои промени во животов. Ефикасно слабеење, без изгладнување, со здрава храна, режим на исхрана, секако со многу вежби, пешачење, трчање. Zeka, девојко огромно браво за тебе. Само напред. Најголема мотивација си ми. Ви се извинувам на сите за навредите и ви благодарам многу за искрените совети.
Мал милион пати сум рекла готово од утре сум на диета и пак старата песна.Но,овој пат кога ја видов бројката на вагата ќе си припаднев. Не дека ми е важна таа бројка,туку самата не се чуствувам убаво во сопственото тело.А,и мајка ми ме искритикува дека сум поправена.Чим она забележала навистина сум се здебелила.Решив дека нема повеќе да се откажувам мора дефинитвно да ослабнам. Започнав со УН диетата и навистина се чуствувам убаво дури и почнав да вежбам повторно. Искрено овој пат мислам дека навистина ќе успеам.
Леле девојки... Све супер, си се придужував кон режим на исхрана, и вчера оп пивце, ќебаче ај едно ај друго... ексик. А многу си сакам така да си пивнам некое пивце. Имат таква диета шо вклучвит пиво?! Хахахах... Ај чисто да си се пожалам, од утрово се враќам на режимот јбг...
добро утро....јас ти го разбирам ставот но усте помило ми е штоти си го согледала на време,никогаш повеке не дозволубај никого да направи повторно да се осејкаш вака,,,очајно.....сите еднашка бар жиботот сме биле вака,,,,но секогаш прво треба да направиме работи за самите себе ,па после за некој други,но ако и само ако тие заслужѕбаат...много ме натажи сега...одма помислив на еден виктор кој е идиот....помалко ми ги отвори и очите......ајде,,,ние можеме силни девојки сме,,,инаку јас изглеа ке се простам со диетите ке земам нацин на исџрана сто стеф стално ни го пика во очи за да го разбереме,,најправилниот начин...ајде убав ден
Добро луѓе,ај,да прашам нешто. Денеска за доручек имав 2 банани,и бидејќи огладнев а не ми е време за ручек зедов 2 шаки кикирики.И внесувам храна на myfitnesspal,точно количински и ми вели 829 калории,како цел ден во кикириките да сум го изела. Кажете ми ве молам дека не е точно,инаку...ништо,ај ај ... Јас знам дека кикириките се калорични ама ова...
Не сум запознаена со твојата диета, искрено ме мрзеше да барам по мислењава. Можам да ти кажам дека точно е дека кикирите се калорични, но исто така и здрави бидејќи се протеини. Затоа ако ти е толку грижа, излези малце, прошетај, ќе извадиш се што си јадела. И бонус совет: За диетата да ти функционира треба и психички да си спремна. Ако мислиш дека многу имаш јадено (макар што спротивното се случува) нема да ослабиш. Всушност јас цел живот бев на некои диети и никако да ослабам. Кога си ја олабавив душичката и го пуштив мозокот на пасење фино, лепо си ослабив.
Во 100гр. има 570 калори па сеа ти рачунај во 2 шаки колку има. МОј совет ти е да го смениш доручекот во него да вметнеш протеини и влакна за да те држат сита.
Океј, сфатив дека во УН диетата за доручек се јаде само овошје. И дека сум премогу дебела. И дека сега ќе одам до крај. И дека ме повредуваат и нервираат зборовите од баба ми, мајка ми, татко ми, брат ми и сите околу мене. Намирниците спремни, јас психички спремна, светот околу мене спремен да ме види во ново светло. Одиме до крај! Само не знам дали да одам на одмор кај баба ми утре, ако одам почетокот на диетата ќе мора да се одложи. Ќе се одлучам во последен момент, како и секогаш. Како и да е, ќе ве известам да може да спиете вечер. Се помирив со тоа дека морам да јадам овошје за доручек. До крајот на ноември ќе ви се фалам дека сум симнала -14 кг. Барем толку ми е целта. Ако не успеам да ги симнам со УН, ќе ги симнам без леб, благо, грицки и газирано. Имам 9 месеци на располагање до следното лето. 3 за УН, а другите 6 за здрав начин на исхрана и вежбање. Другото лето нема да се срамам како ова, другото лето нема да ме повредуваат комплиментите на другите, нема!
Добар ден девојки! Прв ден на диета. Од денес друга песна ќе се пее. Малку подолго ќе потрае, со месеци ама се надевам ќе ја завршам борбава со килограмите, секако да излезам на крај победник. Од денес нема повеќе благо, брза храна, газирани и густи сокови, алкохол, грицки-мицки, тестенини. Нема јадење после 7 саатот. И многу голема физичка активност. Многу овошје, зеленчук, многу вода, протеини. Запознав нов дечко и големи се шансите да биде нешто, ме праша за врска, но овој пат не го правам тоа за него. Овојпат тоа го правам за себе и моето здравје. За да се сакам себеси и да се чувствувам убаво. А тој што ме сака ќе ме сака каква што сум. Инаку гледам многумина овошјето го јадат за појадок, но јас сметам дека треба да се остави за вечера. За вечера треба нешто полесно како овошје. Исправете ме ако грешам. Прв ден: Појадок: овесни снегулки,; Ручек: чинија домашна супа (коцка супа, морков, пилешко месо, вегета, магдонос) и парче варен стек; Вечера: грозје. Исправете ме ако нешто погрршив. Еден час пешачење и 30 вежби. И многу вода. Тоа е тоа за денес.
За 2месеци си качив 9 килограми бравост Е од денес сум на аткисонова диета ајде кој е за дружба да се подружиме
Навечер не се јаде овошје, бидејќи овошјето содржи шеќери. Него јадете го наутро, а навечер јадете зеленчук, пијте јогурт со 0 маснотии.
nema potreba od dieti,samo treba da imash disciplinirano vreme za svoite dnevni obroci!!! shteta shto mng.malku od nas go imaat toa zadovolstvo... vo ova brzo i dinamicno vreme na nasheto postoenje teshko shto nekoj ke misli u kolku saat treba da pojaduva.