И јас се приклучувам на оваа група. Јојо ефектот ме стигна па сфатив дека мора нешто да сменам. Од денес почнувам со здрава храна и збогум им кажувам на јадениците со празни калории.Нека оди бавно но славно. Зека прво честитки за постигнатите успеси, те следам од почетокот кога почна да пишуваш и многу ми е мило за твоите успеси.Се надевам дека и јас ќе имам иста храброст и волја, главна мотивација си на групава. Еве го моето мени денес, доцна станав па почнав од ручекот 2 пржени јајца со многу малку зејтин и мало парче кашкавал без леб , еден домат ужина овошна салата од 1 круша 1 праска и 2 модри сливи и 3 оревчиња вечера 1 чаша јогурт ( не е со намалена масленост) Имам едно прашање каква храна треба да се јаде после вежбање? Spoiler Почнувам со 10кг вишок
Здраво диеталки. Благодарам за убавите зборови на сите диеталки! Денес уплатив во теретана. Имам орбитрек и тегови но сепак се одлучив за тој чекор со пријателка. Особено ми е драго што и бев мотивација да го промени начинот на живот. Заедно сме посилни. Денес вежбав и согорив 698 калории. Скромно, налик на зајакот со брзина на светлоста! Задоволна сум. Изминатите денови исто бев активна, вежбав но си дозволив и помалку забранет пијалок, поточно. Храна не. Го внесив во дневниот калориски и макронутритивен внес. Денес на мени имав јогурт и салата, пилешко дропче со печурки и морковчиња и салата. За вечера исто така. Порано во салата ставав по малку зејтин а изминатиот период се навикнав без зејтин, само малку сол и навистина ми е превкусно. Полека но сигурно се приближувам кон мојата цел. Уште само 20 килограми ми требаат! Се чуствувам како победник. Се она што ми беше зацртано - Цел го остварив. Сега со нови цели, предизвици. Тие ме водат напред.
И што ако содржи шеќери? Пред да обвиниш нешто погледни ја целосната исхрана,а не да обвиниш еден макронутриент.
И сега овошје за вечера може или не? Разговарав и со мајка ми и според неа може и покрај тоа што има шеќер.
Ве молам бидете љубезни и помогнете ми Кажете ми како освен со стомачни можам да го ослабам стомакот и пределот под колковите односно кај бутките(јас така си ги викам немој да ми се смеете) несакам да набијам мускули туку сакам само да го симнам салцето што се собрало на мене,така да ве молам кажете ми некои вежби со кои вие сте имале позитивни искуства Однапред сум ви многу благодарана Морам да спомнам не смееам да држам диети бидејќи имам проблеми со крвта,така да од послабо јадење и изгладнување ми ослабнува :\ Не дека сум дебела туку имам нешто вишок што сакам да го тргнам.
^Мускули да се градеа така лесно сите ќе бевме бодибилдери. Еден мит од таквите инструктори што воопшто немаат поим од физиологија на телото, особено женското и мора да продаваат стереотипи. Се знае ако сакаш резултати, да ти се подобри крвната слика и хормоните да ти се регулираат се крева тешко и интензивно, само така ќе има промена и мускулите ќе имаат стимул. Се кладам дека ако имаш 10 кг мускули на сите места ќе изгледаш како бикини модел,а не како пивтија со изгубени мускули(атрофија). Рецепт за убаво тело е доволно мускулна маса во цело тело и низок % на телесни масти,каде што највеќе ќе се гледаат женствените точки(задник,нозе,струк,грб и раменици). И се кладам ќе поминеш секакви клипови од интернет, ќе пробуваш разни програми и исхрани и нема да успее. Затоа инвестирај во нешто убаво, некој добар нутриционист/тренер. Ќе платиш скапо да но знаеш вреди за тоа што даваш,колку време ќе потрошиш во некој програми што не функционираат? Размисли убаво. @felisiti Тоа е сосема инвидуално. Секое тело реагира многу различно на секоја храна. За да го дознаеш тоа инвестирај во куњска вага, пребарај на интернет flexible dieting и калкулирај колку калории ти требаат и макронутриенти во текот на денот. Следи го тоа како боже наш и ќе ги добиеш резултатите. Ако ти треба прирачник еве ти целосен. https://www.youtube.com/playlist?list=P ... JfctsVQ1QJ И статија. http://karas4training.com/mk/nutrition/ ... anje-dzver
Ако си упорна ке успееш јас сум презадоволна од ун, иако сега не ја држам но гледам така да се хранам да немешам храна
Јас сакам да прашам нешто. Значи бројам калории и плус секојдневно вежбам а внесувам до 1200 калории максимум дневно. Е сега се чувствувам дека премногу јадам. За појадок јадам едно парче овошје и јогурт баланс 200 мл со натура мусли (разни овесни снегулки со суво овошје) потоа ручек најчесто три варени јајца или туна во вода или леќа или кафеав ориз или пак пилешко месо едно од тие со салата најчесто домати, краставица и уште нешто и плус едно парче леб. Искрено вечерата ми е најголем проблем, немам многу идеи па најчесто јадам јогурт со сува брусница и семки од тиква или нешто слично. Количински се мерам и мислам дека не правам грешки во броењето калории и често јадам по 1100 калории а плус вежбам. Ми треба совет што да сменам во исхраната, дали да накачам со калории инаку апликацијата ми вели по 1280 калории дневно но јас мислам дека над 1200 не треба да одам па кога стигнам до 1100 се плашам дали да јадам уште нешто и секаков совет е добредојден. Благодарам!
Епа ако може тогаш добро. Јас не држев некоја строга диета, само јадев тоа што треба, а не тоа што не треба ослабнав 15кг и тоа за овошјето ми го кажа нутриционист не го измислив јас сама. Извинете ако ве обвинив
После долго време и јас да пишам на темава Сама себе си зададов предизвик колку ке можам да ослабам на вага и во обем со диетата на ирена и плус три пати во ден вежбање за 10 дена ,до почеток на школоска година Па ке видиме што ке направам
Нутриционистот може е во право, ако во текот на денот ти ги дал другите калории. Но ако ти си во калориски дефицит, нема значење.
Океј,планирам да си останам дебела засекогаш бидејќи гледам дека слабеењето не е така едноставно како што се чини. Се испошокирав кога прочитав за вишокот кожа која да кажеме не може да се природно намали,најозбилно страв ме фати. Не за друго,туку јас сум една од тие кои се со над 20 вишок килограми,а многоу ретко правам вежби за затегнување ( ). Но не,до денеска правев ретко од сега напорно и кардио и „билдање“ А ке може ли некој да ми каже некоја физичка активност што заменува тегчиња,или пак некој предмет што можам да користам? Бидејќи тие тегчиња 3 кг што ги имав,ги вратив на сопстеникот,не беа мои. А за купување,отприлика колку се и каде можам да најдам ?
Бананите во принцип треба да се одбегнуваат, се сметаат за доста калорично овошје и со тоа не се баш најдобар избор. Сега е сезоната избери попаметно. Кикитирките се калорични, заедно со сите јаткасти плодови. Обирај попаметно повторно, има добар избор, навистина со висока енергетска вредност но нудат добар бенефит во макронутренти. Умерено и правилно е вистинскиот избор.
Јас би ти дала совет уште сега да прекинеш со броење калории, затоа што од лично искуство ти кажувам ќе станеш опседната со калориите кои што ги има одредена храна, и со тек на времето ќе почнеш да јадеш механички, водена од калориската вредност на храната, со тек на времето некои намирници и скроз ќе ги исфрлиш затоа што во психата ќе ти биде врежано дека се многу калорични и дека е строго забрането да се конзумираат дури и во мали количини. Како што гледам веќе си почнала да мислиш дека многу јадеш, напротив јас сметам дека не е многу и биди сигурна дека за одредено време ќе стигнеш до тој степен што ќе јадеш многу малку дури и премалку од тоа што му треба на телото за нормално да функционира и пак ќе мислиш дека премногу јадеш. Ова ти го кажувам од лично искуство, и јас самата сеуште сум премногу опседната со калории, кога ќе земам нешто да јадам веднаш почнувам да пресметувам што сум јадела во текот на денот, колку количински и потоа цело време се јадосувам, и како резултат на тоа живеам механички живот, штом некој ќе ми понуди чоколатце, сладолед, смоки, крекери јас бегам како од оган затоа што нормално во психата ми е врежано дека тие се многу калорични и дека ако си каснам дури и едно мало чоколатце ќе се здебелам. Искрено, се надевам дека и јас самата ќе го пребродам ова и дека нема да бидам толку заробена помеѓу калориските вредности на храната и дека нема после секое залче да се каам што сум го каснала. Доколку од брзо време почна со броењево јас ти препорачувам да прекинеш, или барем да си припазуваш повторно ти на калориите, но да не опседнуваш до толку за да не дојдеш до овој степен до кој што сум јас сега бидејќи верувај многу е тешко. Се извинувам на рефератов, сакав само да ти дадам совет и да споделам искуство позз
Се надевам дека ќе успеам,ептен ме мотивира кога гледам дека има резултати Инаку што сум му се намерачила на сладоледов ама нема да јадам сигурна сум Иако така убедливо се смешка. И ќе заборавев да кажам дефинитвно зека ми е инспирација на темава.
уфф ми треба совет скоро месец дена сум на диета не јадам благо,пржено,грицки,салами,кашкавали и такви работи јадам црн леб по 1 до 2 парчиња дневно се хранам здраво и како што приметуам нема никаков ефект да не е тоа поради што јадам овошје помеѓу оброците? дали да намалам со овошјето или не?
Не си во калориски дефицит. За да стопиш мастите треба да направиш дефицит од 500 калории дневно. Тоа можеш да го направиш преку исхраната само или со исхрана и вежбање. Калкулирај и следи што јадеш и ќе видиш дека си преку калориите.