Имам еден проблем, јас бројам калории и се е во ред досега но проблем ми е тоа што не одам често во голема нужда. Пијам вода по 3 литри и одам во мала нужда на секои 30 минути но во голема нужда не можам да одам. Пиев апчиња на природна база вивафлоре 8 дена и ми помагаа по малку но не можам постојано од нив да пијам. Јадам и модри сливи но не помага, туку имам само гасови и мала подуеност. Мислам дека тоа ми и смета да намалам килограми. Дали треба да барам решение за забрзување на метаболизмот, бидејќи овој проблем го имам веќе 20тина дена а порано одев и по два пати на ден по голема нужда. Помош, што треба да правам?
Ова ти се случува од промена на исхраната. Ако земаш подолго средства за празнење на цревата тие ќе станат мрзливи, е дури тогаш ќе имаш проблем. Повеќе течна храна, а ти пак број си калории, дневен внес до 1200 кал. Пии зелен чај. При диета многу е важно да не мешаш исхрана. Пример: само јагленохидрати, белковини, масти, никако да не мешаш продукти од различен вид.
befit, и јас го имав истиот проблем од кога памтам за себе. Се зачудив како, од кога почнав да одам на работа проблемот магично исчезна, и тоа само во работните денови. Штом дојде викенд - пак се по старо, се чувствувам како поддуена свиња . Што е разликата од мој работен ден и викенд? Јас работам седната, значи на работата немам никаква физичка активност, освен што сум најчеста на апаратот за вода од цела фирма Пешачам многу, и мислам дека повеќе пешачам во работни денови отколку во викенд, ама не ми беше тоа зборот... Кога одам на работа јас станувам секојд ден во исто време, јадам секој ден во исто време, приближно исто количински јадам, не викам дека се хранам здраво. Може е до тоа, пробај... Научи го организамот дека имаш ред - и тој ќе се научи на ред.
Ви благодарам на сите одговори, ќе пробам со сушени модри сливи а за киви не сум сигурна дека сега има. Јадам и житарици и интегрален нутри леб и пијам по три чаши дневно зелен чај. Исто така пијам и баланс јогурт, а за весот на диетални влакна не знам. Во што има голем број на диетални влакна, бидејќи не планирам да продолжам со пиење на апчиња без разлика дали се на природна база или не. Од утре почнувам на училиште така да ќе имам подобро организирано време за јадење. А исто така се прашав дали е можно и до тоа што имам три оброка дневно, но доволно големи. Можеби треба да имам по некоја ужинка измеѓу оброците?
Befit, богат извор на т.н диетални влакна се интегралните житарки, мешунките (грав, наут, леќа), од овошје - смокви, сливи, малини, боровинки, авокадо, лубеница, од зеленчук - црвена( виолетова) зелка, спанаќ, потоа ленено семе ( за подобро асимилирање од страна на организмот, препорачливо е да биде мелено - јас го мелам во електрична машинка за кафе и тоа во мали количини, затоа што брзо оксидира), чиа семе... Пробај барем со дел од наведените продукти, но не очекувај за два дена да го решиш проблемот. Сепак, не станува збор за медикаменти, туку враќање на организмот во рамнотежа преку храна. Успех
Епа следиш калории не знаеш колку грама дневно внесуваш диетални влакна. Препорачано е да се внесува од 20-30 грама во текот на денот.
здраво девојки , сакав да ве прашам за совет,,,една моја пријателка ослаби многуу за два месеци околу 15 кг и тука сакам да спомнам дека и е многу тешко на неа да ослабне после години и годиини диети само ова му има праено ефект,,значи таа пиеше многу РЕД БУЛ, мозеби за еден ден по 3-4 и тоа велеше дека му даело енергија и си немало глад ич,,,сакав да ве прасам дали некоја има пробано вакво нешто и какви ми беа резултатите..поз и фала однапред
Ќе видиме какви последици ќе има после таквото нагло губење на килограми и премногу големи дози на кофеин. Ќе ги врати многу брзо, зашто не јаде констатно и мисли дека решението е во такви магични напитоци. Да кофеинот намалува апетит, но ако не јадеш правилно џабе ти е се. Исто и ако не вежбаш. Поентата е да добиеш две во едно пакување не само да ослабнеш и после проблеми со здравјето.
Програмата што ја користам, не покажува дневен внес на диетални влакна. Инаку благодарам на сите феминки, јас јадам секојдневно наут, суво овошје и било какво свежо овошје од тие што ги набројавте, па сега ќе го зголемам внесот на јаткасти плодови, па се надевам со тек на време се ќе се среди бидејќи навистина се чувствувам многу подуено.
Од наутот ти е,исклучи го на некое време. Ама обично е препорачлива храна при дијареа,заедно со леблебијата на пример.
http://www.protekal.mk/ Дали е ова уште еден малку глупав начин како да се заработат пари? Демек ако дадам пари ќе бидам помотивирана да се придржувам кон режимот? Мислам дека горе-доле веќе сите научивме што треба, поголемиот дел имаат проблем со мотивацијата, во случајов ова е измислување на топла вода, со тоа што резултатите би биле поуспешни затоа што секогаш имаме тенденција повеќе да си ги цениме дадените пари, отколку здравјето, односно паре сам дал, ќе те јам работава. Оу, видете ги цените. http://www.protekal.rs/slani-ukusi/ Во денари, 1000 денари за 7 кесички прашок??? Прашок со сомнително потекло кој веројатно ќе ме убедуваат дека не е гмо, дека е природен и подобар од домашното јајце купен од некоја домашна фарма? Овакви глупости со се оние хербалајф според мене може да горат во пеколот. http://nedovrsenarecenica.blogspot.com/ ... ijeta.html
Се извинувам за грешката. Јас ова го знам како наут. А,ова како леблебија Сега укапирав дека станува збор за ист мешункаст плод,ама веројатно различниот начин на подготовка направил да мислам дека станува збор за различни плодови.Затоа што наутот е мек,а ова што јас го знам како леблебија е сува и цврста,ама веројатно дека е печена.
Не дека сум хејтер или не знам што како. Но искрено не може човек да се базира на само нивен избор е само кратко трајно решение на килограмите,долготрајно се знае. Јади здраво и количински намали и имај активност секој ден барем 1 час. Ја читав темата за нивната исхрана се базира на нивни продукти и продукти што не можеш да ги јадеш освен ти. 30 000 денари за што да им дадеш. За истата работа што можеш преку здрава исхрана и тренинг. Ама ајде луѓето се палат на приказната, не на фактите.
Таблети за слабеење се само за мрзливи луѓе. Готово. И јас бев мрзелива и јас посегнав по таблети за слабеење, лошо поминав. Ниедна добра страна а милион негативни .. .. После, ај физичките последици но психичките?! Не, не! АКо навистина сакаме ТРАЈНИ РЕЗУЛТАТИ, запознавање со сопствено тело и изградување на сопствен систем за остварување на нашата цел. Секој организам е различен и слабее со различни видови на храна. Ако неможеме сами, нутриционист. Потоа физичка активност. Фитнес центар или во домашни услови ако се нема доволно средства. Џогирање, пешачење - брзо секако. Загарантиран успех. Многу е битно и после постигнатата цел да не се вратеме на старите навики Многумина гледам се трудат да ги променат навиките на исхрана - но највеќе грешат кога станува збор за ВАГА. Емоционална врска со вагата? Раскинете ја, не е потребна таква врска. Ахам, сватив, не се мерат ,изгубените, килограми за само еден ден туку се мере самата самодоверба. најдобри резултати после 2 недели, увидување на реалната состојба на вагата а после 2-3-4 месеци видни резултати на огледало Кога бев помала почнував диети, разни, 2-3 дена држев и се откажував. Секојдневно на вага, да не кажам и по неколку пати на ден. Затоа и разбирам и понекогаш знам да се замешам. Кажувам од сопствено искуство. Сега почнав на секои 4 недели и најубаво ми е кога ќе видам за еден месец минус 4 до 5 килограми едноставно се топам како сладолед. Денес бев на џогирање, 65 минути повеќе трчам, шпринт, помалку пешачам. Покасно ќе повртам на орбитрек. За појадок јогурт баланс и две јајца. За ручек стек динстан со печурки. Салата од домати. За вечера исто така. Повеќе се социјализирав периодов. баш како тинејџер се осеќам. Психички и физички. Со самото тоа и дополнителен внес на калории, ама ако. Ги внесувам во дневниот калориски и макронутритивен внес. За зека веќе ни небото не е граница. За кратко (3 до 4 месеци) ќе се фалам со финалната цел... со некои минус 55 до 60 кг од себе.