(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. crowngirl

    crowngirl Нов член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Здраво,се зачленив на форумов заради тоа што ми треба мислење или помош со мојата состојба.Епа да почнам.
    Имам 19 години и од кога памтам за себе одсекогаш сум била слаба и сум ја држела линијата.
    на 18 години имав црти на стомачни на стомакот,но од кога завршив средно се омажив и немав избор морав да седам дома додека чекам вереникот да ме земе.Пред оваа состојба тежев 57,58 до 60 прееку сила.лани лето се поправив до 69 ама некако со вежбање и диета ослабнав со 63 ја држев таа состојба некое време,пак се опуштив и се поправив до 75 сега кога сум веќе во друга држава пробував да ослабам со тоа што вежбам секој ден,имам членство во теретана исто идам и таму вежбам и дома(сеуште не ми е дозволено да работам за да можам да се социјализирам и да не мислам на храна),но тоа не ми е проблемот преку цела недела можам да имам мал дневен внес на калории(бројам калории),ама а доаѓа викенд ние се прејадуваме, :tmi: јадеме нездраво и јадеме се и сешто.така што се што ќе изгубам во текот на неделата ќе надокнадам во текот на викендот.Сега за сега држам 70.
    Дали некој знае да ми помогне некако,да ми каже како да ја надминам таа состојба и слично.Ви благодарам многу.
    Зека те читам од поодамна најголема мотивација си секаде :inlove:
     
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    http://evidencemag.com/binge-eating-prevention/
     
  3. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Времето ме спречува да џогирам но не и да вежбам на орбитрек или фитнес. ]:)

    На денешно мени
    појадок јогурт 200 гр, една краставица, 10 гр сиренце, едно јајце (без жолчка) , целото промешано и одозгора малку лут буковец. Префинето.
    За ручек лосос со зеленчук.
    За вечера исто така.

    И рачунам вечер плус некоја калорија од винце, пивце, ракијче со добро мезе. :lol:

    И моите патешествија со гардероба.. ама ако, ќе ги поминам јас!

    Вчера 5 пара фармерки оставив да ми ги стеснат. Незнам какви ќе испаднат, да ги зготоват прво, ако се добри- ќе ги носам, ако не, нови.

    Не сум теснела никогаш фармерки, ова е прв пат. По еден месец немаат во мојот гардеробер, дали еднашка или два пати во неделата сум ги носела.Немав таква намера. Само не ги разбирам бутиците.
    Сега, одам, гледам фармерки.. ај на проба. Барам бројче помало и упорно ме убедува дека фармерките ми се одлични, не ми треба бројче помало итд... |( Небаре јас не разбирам.

    Во следниот бутик исто или со минимална разлика на понуда нешто спротивно од она што сум побарала. :drunk: Кога подобро и подетално разгледав сватив дека истите бутици, дали за пуни девојки или слаби имаат по 2-3 пара фармерки, по една различна серија и се собрале неколку. :drunk:

    Помалку и се разочарав од квалитетот на бутиците во моето градче! :|

    Да не драматизирам и ја, има наде, паричник у руке и друг град ,поголем, отракан! :geek:

    Е така. :talk:

    Сум кажала ли дека сум пониска од што мислев?
    Се мерев висински и испаднав Кепец од 160 цм! Да, Кепец со големо К! :drunk:
    На легитимација последен пат ми пишува 163 цм, сирота јас, колку си бев уфилмана дека сум 165 цм!!!

    Што значи тоа?
    Идеалната тежина за зека е поместена за уште некој килограм помалку.
    Али добро, да фатам прво 6ка напред, потоа ќе правам подетални, поточни-прецизни планови.

    Ај на здравје.
    :hai:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Samer

    Samer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2014
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    Браво Зека за твојата истрајност :) Според мене не си кепец ,160цм се супер висина за жена. Треба да се научиме да се сакаме такви какви што сме неможеме против природата , а и во секој од нас има нешто посебно :) Колку од познативе како Ким Кардашијан , Скарлет Јохансон , Шерил Кол , Ева Лонгорија сите се 160 , а им се воодушевуваме на нивните тела ;)
    Јас сум 161цм и 53 кила . Бев на диета летово односно се хранев здраво и за 3месеци ослабнав 9 кила, кои ги имав качено полека во изминативе две години откако се опуштив со храна. Не ми беше лесно ама се сплатеше . :angel:
    Сега сум задоволна со тежината али сакам да симнам уште 2 кила кои мислам дека ми сметаат. Продолжувам да се хранам здраво и не планирам да престанам , можам два пати во месецот да си ја нахранам душичкава со некоја забранета храна бидејки знам дека со едно лошо јадење нема да се здебелам , а ни со едно добро нема да ослабнам. Треба време и упорност јас така ослабнав :!:
    Поздрав до сите и ја имате мојата подршка :*
     
  5. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.565
    Допаѓања:
    181.091
    Сакам да прашам кога е подобро да се вежба наутро или навечер?
     
  6. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.109
    Допаѓања:
    34.599
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да се вклучам во темава хеххе =)....Лани кога бев на одмор, значи јадев се и сешто, благо чипсови и други чуда..но пешачев до плажа по 2,5 Км, и така за две недели ослабев 9кг...и што имав тесни панталони ме собраа и дури ми беа широки. Ех измина времето јас пак си ја вратив килажата..и сеа некако мора да се мотивирам да ослабам, ама малце е тешко ...:worried:S...
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Кога ти највеќе имаш енергија тогаш.
     
  8. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Навистина не чуствувам потреба да се доискажувам пред некого.
    Да го убедувам и разубедувам.
    Ставовите, размислувањата им ги почитувам. А дали некој ќе ми возврати со иста мера , негов проблем. Не е мој.

    Што е ова? Аха! Вчера дознав дека ДЕБЕЛИТЕ луѓе биле ДЕБИЛИ кои само буткале храна! :rofl: АХАМ..

    Уф, зеко, зеко, колку си била само неинформирана! :P

    ... никогаш не знаеш што е среќа а што е несреќа. Не трчај предвреме, не летај без криља. :tmi:

    И како шлаг на торта .. дебелите се мачат да ослабнат некој килограм да си фатат дечко, да го врзат во крпче и повторно по старо. :clap:

    Поштуем, фала ти господе што ослабнав 35 килограми а многу блиску до 40 , во спротивно без дечко ќе бев, а сега.. .. :rofl:
    Кога и да се сетам се смеам, од ноќеска после полноќ. :geek:
    П.С: Се најдов во лага, имав потреба да го кажам ова, вака на форумов, може некој ќе ме просветли. :lol:

    Инаку јас вежбам тогаш кога ми дозволуваат работните обврски. Не сум преокопирана со тоа -што, кога- како. Пред или после јадење.

    Има резултат, значи делува.
    :handshake:
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Обожавам да постам. Тогаш сум најригорозна во исхраната со планирано мени и продолжувам кај што застанав со губење килограми. Ја сакам посната храна затоа што искрено мразам месо. Вкусно ми е и лесно. Завршив со Богородичните пости и со 3 килограми помалку, значи ослабнав онолку колку што вратив.

    Морам да се пофалам си го купив протеинот :D Ух мераци. Од вишокот од платата земав и Л карнитин и Л аргинин. Ова ме мотивира да се вратам во теретана и да продолжам со тренинзите. Таму заостанав малку заради обврските, преуморна бев. Ама полека се враќам во колосек и планирам цела зима да продолжам упорно. До лето би требало да го имам телото од соништата.
     
    На zeka и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Не во СДК ове ќе кажам. Не сум наишла на дебеличок човек до сега кој не е духовит и мил.
    Многу си ги сакам, е не сеа да имаат 150 кгр мене не ми смета, ама за нивно здравје се работи, јас секогаш поаѓам од здравјето.
    Зека тој што кажал дека дебелите луѓе се дебили, за себе си кажува, Гомнеш еден.
     
    На zeka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Имам пријателка која е 145 кг.
    Цел месец заедно се мотивираме. Јас бев 110 кг на 160 цм. Таа 175 цм со 145 кг.
    Последен пат имав 75 кг а тоа беше пред скоро 3 недели.
    Не и се смеев, но од аспект на здравјето на нас самите .. кога ме праша како ослабнав разговаравме и одтогаш почесто се дружиме. Помила личност, полна со љубов не постои.

    Веќе ги има првите резултати на Вага. И заедно се радуваме на успехот.
    За огледало е рано, но времето брзо минува. Јас не сум експерт, но сама поминав долг пат, постигнав голем успех и со сигурност кога ќе видам дека некој навистина сака да се промени, тука сум за мотивација. :)
    Јас само 7 месеци внимавам а како вчера да почнав.
    Ако можеш да помогнеш, помогни. Во спротивно немој и продужи даље.

    Прва подавам руке.
     
    На Ammy.Lee, Viktorijaaa5, mici1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    :clap: :clap: :clap: :clap: :clap:
     
  13. mici1

    mici1 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Здраво феминки
    Би сакала да побарам совет од вас за мотивација за да ослабнам :/
    Бев некаде околку 100 кг кога поцнав 1 пат во мојот живот да размислувам за тоа да ја намалам тежината тоа беше некаде пред година дена почнав да одам кај нутриционис и резултатите беа фантастични за 5 недели ослабнав 10 кг и понатака се одеше супер бев на здрав режим на исхрана резултатите беа фантастични што за неполни 4 ипол месеци ослабнав 22 кг и тука преку нок мотивацијата падна не бев ни сама свесна дека се враќам на стариот начин сега после 1 година и повеќе решена сум да почнам пак и да туркам што подалеку проблем ми е само 1-та недела некое ваше искуство за мотивација добро би ми дошло позз до сите и само со насмевки да се симнуваме од вагите :*
     
  14. zeka

    zeka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    :hai: од зека и успешно слабеење диеталки! :!: 8)

    Дојдов тихо и заминав во легендите. |-)
     
    На mici1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crowngirl

    crowngirl Нов член

    Се зачлени на:
    1 септември 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Се ставив на ун плус ќе бројам калории.сакав да прашам дали ми е дозволено да имам еден cheat meal еднаш неделно?
    **(да јадам што сакам и колку сакам)
     
  16. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    3.182
    Браво за Зека, огромно БРАВО! :clap: Најголема мотивација си ми. :bow:

    Јас го чекав 1ви Септември за да почнам со новиот начин на исхрана, ама ајде дома имаше милка чоколадо, да не се фрла. 2ри Септември баба ми ми донесе тазе ѓевреџиња, топли, мх мх. на 3ти не знам што измислив. И така почнав вчера, иако од прв ден утнав.
    Знам дека слабеењето е долг процес, дека не можам за 1 месец да очекувам којзнае какви резултати, дека за да успеам ми треба упорност. Јас можам, само досега најверојатно не сакав да го покажам тоа.
    Денес за доручек имав кифла и јогурт, знам дека ова е премногу, ама околностите не ми дозволуваат да јадам нешто друго. Пред 1 година си држев ист ваков режим, насабајле јадев кифла или некое бело печиво, па повторно имаше резултати.
    Ручав 2 варени компирчиња и салата. Вечерав само салата од краставички, домати, пиперки, кромид. Што најдов си ставив. :lol: И меѓу ручекот и вечерата си каснав едно јаболко, бидејќи знам дека за вечера е премалку само салата.
    Со хулахопот сеуште водам војна, никако не можам да се научам да вртам. Денес скоро 1 час се учев, и никако не иде. Се пренервирав веќе. |( Утре од сабајле ќе одам на трчање.

    Само немам мотивација и поддршка од никого, а потребни ми се. Секогаш почнувам и прекинувам, немам поддршка, нема кој да ме поддржува. Да се надеваме дека овој пат ќе издржам.

    Цел- -14 кг за 5 месеци. Изводливо е.
     
    На mici1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    Што мислите за диетава:
    Сабајле - некогаш јадам варен ѓеврек мал а некогаш ништо
    Ручек - една чинија супа обична од петел Подравка
    2 часа по ручек - Зелка салата
    2 часа по тоа - Овошје од типот банани,грозје,портокал или јаболко
    и што мислите,за месец дена колку ќе симнам вака?
     
  18. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Каде ти се протеините?
     
  19. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.502
    Пол:
    Женски
    Ази, свака ти част како го издржуваш ова? што ништо не јадеш... иначе ќе симнеш доста, али да не зборам пред рука али дали ќе остане само на тоа, не ми се свиѓа ич маа, зашто не си почнеш со некоја диета поарно него ли ова.
     
    На AziskaStrslenka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mici1

    mici1 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Браво пред се за одуката да си го смениш начинот на исхрана и за тоа што за разлика од многу други си имаш дадено цел која е остварлива за тој период од 5 месеци сите честитки за тебе
    Се согласувам со тебе дека доколку немаш подршка и мотивачија од луѓето околу тебе многу е потеко ова го имам осетено на своја кожа сепак ти држам среќа и очекувам позитивни коментари во блиска иднина :*
     
    На waterllady му/ѝ се допаѓа ова.