Па мислам дека ќе симнеш 15 кг Правиш грешка за наутро-никако ништо, подобро земи барем овошје а денот почни го со вода. За ручек само супа па и подравка , никако, такви вештачки супи јадам ептен кога немам што друго. Подобро направи си сама супа, со свеж зеленчук-морков, кромид, пашканат, брокула, магданос итн... Ова како да речеш-за ручек само мала паштета ќе јадам (е*ати диетата со паштета или супа со разни хемикалии). Подобро изеди парче стек само без леб. Не знам зошто мора супа без било какво месо. Салата се јаде пред ручек а не после, иако јас знам прво да се накркам и ручек и салата, па ако ми остане салата си ја дојадувам веднаш после ручекот. Нема шанси да фрлам салата, тоа како да најдам 100 евра и да ги фрлам во канта. Не доаѓа во предвид. За ослабнување не е најважно да ги исфрлиш оброците, туку да ги намалиш количински. А најважна е физичката активност, иако зборувам и јас доволно не се трудам. И пред секој оброк-вода.
Дека ке намалиш тоа е сигурно, но дали ќе биде здраво мн малку оброци и во многу мала количина ти се подобро за појадок касни си некое овошје барем сега го има во изобилство и еден филдџан чајче може брусница , за ручек направи си турли тава со маслиново масло и салата и за вечера пак салата касни си доволно е и здраво и секако никако не заборавај да внесуваш што повеке вода 2л најмалку позз и среќно
Јас се ставив на предизвик 10 дена да издржам без чоколодо, леб, бели пецива и грицки и издржав. Ова ми е најголемиот успех до сега, особено без да јадам чоколадо. Сега имам малку денови за мамење, па пак ќе се предизвикам, овој пат построго.
Хмм... сега на осми септември ќе се сторат точно два месеци откако се ставив на диета. Ептен сум задоволна од самата себе, си докажувам дека кога сакам - можам. Предходно секогаш божем се намислував "ај од денес ај од утре" и никако не ми успеваше, а сега буквалнo станав од спиење сабајлето и нешто ме мавна, си рeков од денес, и така понеделнички, јас сум на диета и крај, и ете ме, два месеци подоцна, & still going strong. Првите неколку дена ми беа чиста агонија, кај јас навикната на таков начин на исхрана, па и плус одеднаш скратив се' и наместо препорачаните минимум 2000 калории дневно јас по 550 внесував, со по една краставица и два три патлиџани дневно. Ама, не биваше така. Се' што добив беа вртоглавици и црни точки пред очи секогаш кога ќе станев, а и онака од раѓање сум анемична... Па затоа сменив, и почнав со: овошје, зеленчук, свинска кртина (варена/печена), ослиќ и лосос (стриктно варени), домашни супи, варена боранија (така само стапчињата боранија обарени, без манџи, запршки и 300 чуда), кашкавал, јогурт Баланс, варен/печен компир, цели тврдо варени јајца. Значи исфрлив пржени, мрсни работи, леб и секакво тесто, вештачки конзерванси и емулгатори... Сама по себе сеуште не си гледам некоја промена и многу се нервирам, единствено гледам едни куси фармерчиња лани есен што ги купив на распродажба ова лето прв пат ги облеков и ми се широки, ама се' си мислам да не сум ги купила па така широки, што знам, ама луѓе одамна што не ме виделе тврдат дека има очигледна разлика, па ајде, да им верувам на збор, и ќе си продолжам и понатаму вака, до кога, ќе видиме. Само голем проблем си имам по дома, ама ич немам поддршка од моите! Мајка ми па каква жена е, брашно во наша куќа не опстoјува. Абе ќе и текне вечер во 12 ќе стане на сред филм гледање и ќе оди ќе замеси нешто, било да е благо или солено, и ќе земе ќе исече на парчиња и во тањири, и ќе ми донесе под нос ќе ми тутне: "земи бе, земи, види што убаво мириса", и на секое јадење со кришка леб: "сигурно неќеш?, ајде бе земи една кришка, зошто да не". И многу ми се за нигде овие два месеци поради тоа. Да вежбам не смеам, имам спортска повреда и забранети ми се од доктор секакви напорни физички активности, вежбање, трчање, планинарење, спортување... па единствено ми останува диетава, уште само да имав и поддршка.
Spoiler Фала ти премногу Мици за поддршката, многу ми значи Ќе симнеш 15, ама ќе вратиш 30. Вака само ќе си го запустиш желудникот, ништо друго. Јади варени јајца, пиј јогурт, јади салати, овошје само до 16 часот затоа што содржи шеќери, јади повеќе месо, пилешко, свинско, риба, па манџа компири, грав, боранија, сирење, пилешка супа. Покрај толку здрави намирници, ти избираш да гладуваш со една чинија супа, зелка и овошје? Немој да брзаш за месец дена да ослабнеш 15 кг, сите досега што ослабнале, ослабнале за 5-10 месеци. Ти можеш да ослабнеш за месец дена, ама ќе си ги вратиш килограмите во најбрз можен рок, и се што подоцна ќе добиеш ќе е само нервозата. Ако сакаш трајно да ослабнеш, немој да брзаш. И уште една грешка, ти планираш секој ден да го јадеш истово? На организмот му треба различна храна, протеини, скроб, па дури и јаглехидрати (само без претерување). А не секој ден 250 мл зачинета вода и 100 грама зелка салата. Прифати го ова како најдобронамерен совет од мене. Среќно.
А што мислите ако додадам и риба? И јогурт наутро? Подобро ли ќе биде така? И никогаш не ми било јасно,како се враќаат килограми?
Наутро ти треба нешто што ќе те најаде, ќе ти даде енергија, ќе ти го разбуди организмот и ќе те држи сит до пладне.Појадокот е најбитен оброк тоа треба да го запомниш.Идеално е мешавина од протеини и јаглехидрати.Треба да внесеш житарици(да не биде тоа бел леб и бели пецива) и протеини(јогурт, млеко, риба и сл)Мојот идеален појадок, а воедно и брз ми е:чаша овесни снегулки со мешани семиња и јогурт, варени овесни снегулки со млеко, свежо или суво овошје, ленено семе, мед и јаткасти плодови или кога ми прекиснува од овесните снегулки јадам 2 варени јајца, со парче сирење, јогурт и нешто зеленчук. Пред секој доручек пијам чаша топла вода со лажица мед и лимон.Мене овој вид на доручек ме најадува ептен и се осеќам лесно и сито барем до 2-3 часот, со тоа што појадувам од 8-10 зависи дали сум дома или на факс, во меѓу време ако ти се јаде тогаш ќе каснеш овошје. За ручек супа не е ни јадење, а посебно купечка.Ќе си направиш домашна.Јас за ручек јадам што има зготвено дома, најчесто тоа е пилешко и ориз, риба и пире, печен компир, понекогаш свинско динстано, некои специјалитети со зеленчук, салата, ова го јадам со парче црн интегрален леб, но некогаш си дозволувам и бел, 1-2 кришки, само што сега тоа е во 2 недели еднаш, а порано посојано го јадев. Вечера искрено некогаш и заборавам да јадам, некогаш каснувам нешто салата или овошје, но признавам има и денови кога после излегување ќе збутам нешто мрсно и штетно. Јас да напоменам дека не сум на строго здрава храна и диета, едноставно не можам да се ограничувам толку и не ни сакам, уживам во јадењето, ама затоа немам кој знае колку затегнато тело, но сосем сум задоволна од него, не сум дебела, имам облини задоволителни и може 2-3 кг вишок, но не се замарам толку, вежбам и се осеќам здраво.
Мене не ми треба многу да ослабам 58 кила имам,сакам да имам 50. Инаку,ако треба да ја збогатам некако исхраната,можам тоа да го направам со јаткасти плодови или нешто слично?
^ Како мислиш да ја збогатиш храната Ако сакаш да ставиш некаде јаткасти плодови можеш во муслите или овесот најдобро насабајле. Само внимавај дека јаткастите плодови се богати со масти и немој многу да ставиш, една рака ти е доволна Исто така можеш да ги јадеш помеѓу оброци
Месо не јадам,и млечни производи сакам да престанам да јадам,со што друго можам да ја збогатам исхраната? И да,ако не прекинам со диетата,како можам да ги вратам килограмите? Сакам ваква исхрана да имам,само овошја и зеленчуци различни
Токму месото и млечните производи даваат убава фигура и здрави мускули, едино ако сакаш вегетерјанец или веган да станеш тогаш треба да си најдеш соодветна исхрана, јас не се разбирам од тоа. Со овошје и зеленчук само немаш никаква корист од јадење, ќе ти ослабне крвата и организмот, мускулите ќе ти овенат и сл.Ти треба протеини нив ги има во месото и млечните производи најмногу.Пилешко, сирење, јогурт, јајца, риба.Не смееш да живееш само на овошје и зеленчук, не си играј играчки.Ќе си направиш соодветен план и така ќе се храниш.А тоа не е ни диета со овошје и зеленчук само, тоа не е ни исхрана.
Така ќе станеш дупло. Кога не јадеш доволно количински, и кога не јадеш правилно да, ќе ослабнеш, но од тебе не се топат масните наслаги туку мускулната маса, и тебе ќе ти се чини дека имаш некаков резултат ама всушност само си го уништуваш телото, па кога еднаш евентуално ќе ја прекинеш диетата (а тоа сигурно дека ќе биде -тогаш!) ќе се појави тој т.н. "јојо ефект" при што се' што ќе изедеш буквално ќе се залепи за тебе и ќе накачиш дупло од тоа што си имала. Токму затоа е најважно да примаш протеини и јаглехидрати. Ем нема да ја ослабнеш крвта и да го уништиш здравјето, ем ќе имаш енергија. Црвено месо, риба, варени јајца, мусли, кашкавал, јогурт - тоа се само дел од работите кои мораш да ги конзумираш. А и впрочем не знам што воопшто сакаш ти да слабееш, нели 58 кг имаш, што ќе ти се помалку?
Епа ако пијам јогурт насабајле,и еднаш неделно јадам макарони со кашкавал,подобро ќе биде? Инаку имам 58 кила,но сепак,сакам послаба да бидам.
Колку си висока, стршленке? Ако си 140, тогаш слабеј, а ако си над 150, тогаш немаш потреба од диета. Плус, ако си во пубертет, треба да знаеш дека треба да се храниш здраво и да не се изгладнуваш.
Можеш да јадеш мешунки односно грашок,леќа,грав,компир манџа,боранија...Можеш да јадеш варен компир или пак печен со многу малце маслиново масло.. Ако јадеш соја можеш и преку тоа протени да внесуваш. Џабе гладуваш можеш со зрава храна да ослабеш јас така ослабнав верувај затоа и не ги вратив килограмите
^АзискаСтршленка, те видов во темата `Модни критики за храбри феминки` и најискрено мислам дека немаш ама баш никаква потреба да слабееш. Супер си вака. Ако сакаш можеш да вежбаш и здраво да се храниш ама не со калориски дефицит.
Можам печен компир да јадам некогаш наместо супа,на пример еднаш неделно наместо супа печен компир а друг ден наместо супа туна и така,и од сабајле да пијам една чаша јогурт Вака да ми биде: Од понеделник до петок: Наутро варен ѓеврек со јогурт,на ручек супа,после 2 часа салата,после два часа овошје,после два часа уште едно овошје Сабота: Наутро варен ѓеврек со јогурт,на ручек часа туна,после 2 часа салата,после два часа овошје,после два часа уште едно овошје Недела: Наутро варен ѓеврек со јогурт,на ручек печен компир,после 2 часа салата,после два часа овошје,после два часа уште едно овошје Сите ми викаат дека нема потреба од слабеење,но јас сакам
Види, да си мала и да не се разбираш сигурно не си, а досега колку души ти укажавме на можните последици по здравјето од оваа недоволна исхрана која ја планираш, па сега понатаму ти си знаеш, не може никој сосила да те убедува, ама кога ќе почне да ти се лоши ќе видиш како е. Една туна (претпоставувам конзерва? која е мрсна) и еден печен компир неделно не ти го одржуваат здравјето. Ти треба варена или печена храна која не е мрсна а е полна протеини и растителни влакна. Веќе и предходно ти пишав што можеш да јадеш, а ако се вратиш неколку страни наназад по темава ќе видиш што јадам јас, па ако си доволна паметна, послушај не', не ти зборуваме за лошо.
Клучот за слабеење е во броењето на калории и калориски дефицит. Јади на секој 4 часа значи доручек,ручек,ужина,вечера. Во твоево мени фалат протеини. Ѓеврекот нема никакви нутритивни вредности а доручекот е најбитен тука треба да имаш јаглехидрати,протеини,влакна (протеините и влакната те држат сита подолго време).