Има ли некоја овде што оди на училиште? Што јадете кога сте прва смена ,а што кога сте втора ... тоа ми е најтешко.
И мене ми е тоа проблем, огромен. Кога сум поручек на училиште гледам дома убаво да се најадам, па на училиште земам една витанова или диетална плочка.Знам дека не е доволно, ама не ми се вкусни сендвичите со зеленчук и све диетално во нив.Сакав и да прашам, дали бејк ролс од сол дебелеат? Од сабајче ѓеврек варен и јогуртче.Ме најадува доволно.
Само да ви кажам дека беjк ролс, брускети и сличните грицки се едни од најштетните јадења кои можете да ги внесете во вас, особено кога стe на диета. Мижеби ви се чинат малку по количина, па и дека крцкави не се осеќаат, ама преполни се со масти и емулгатори, а поштетно од тоа нема. Значи, јадење такви грицки - не. Подобро од витанoва или од виталија земете си од оние малине што се како чоколатца, тие се правени со разни мусли, сушено овошје и што ти не, и се каде-каде поздрави и подиетални отколку бејк ролс.
Незнам дали некој од вас има прочитано што се содржат тие такви "диетални чоколадца" особено витановата. Можам слободно да кажам дека се исти како и другите недиетални чоколади.И имаат повеќе калории. Нека некоја од вас ги прочита состојките на витановата и нека ги спореди со др.чоколадца ќе видите дека ги има истите состојки.
Високо протеински храни луѓе. Може да си земете соја,пилешки сендвич,туна сендвич или салати и ќе бидете најадени. Се додека не внесувате доволно протеини нема ништо да направите.
АзискаСтршелнке само исфрли пржена храна, благо со бел шеќер и бел леб и ништо повеќе не треба да се замараш. Започни некоја лесна физичка активност, пиј по 2 литри вода на ден и зелен чај и килограмите ќе исчезнат.
Кога сум прва смена јадам пред часови,и јадам некој нискокалоричен но богат доручек. За време на паузата во училиштето некогаш си земам јогуртче,овошка,витанова и сл. но во главно ништо не јадам и после кога ке се вратам од училиште си ручам. Кога сум 2-ра смена,бидејќи јас станувам околу 8 часот,си доручкувам и пред да одам на часови ручам,и потоа исто во училиште некоја мала ужинка си имам и после училиште вечерам. Секој ден си имам некои ситни ужинки и тоа ме одржува да не бидам гладна. Ајварот не е штетен,во смисла не е многу калоричен и мрсен,така?
Напротив мене баш ми одговараше втора смена си јадам од дома времето додека сум во школо си носам свежо овошје некогаш и овошни салати и сосема ми беше доволно додека да дојдам дома. Од друга страна зависи од тоа каде учиш и какви ти се другарите и другарките моите беа мн фини и културни па немав некои коментати како "што јадеш тоа, некои некултурни коментари си слично' некогаш се случуваше и да си ручкам во школо ке си премам од дома и си јадев крставички, спанаќ, печурки и сли
Дали е многу ако за доручек и вечера јадам овесни снегулки со јогурт зборувам само за денес, а за ручек имав туна со салата?
Многу не е, ама со овој режим ќе се откажеш на половина пат. Најдобро инсталирај си myfitnesspal на мобилниот и број си калориски внес дневно
Почнав режим без леб и благо, овојпат не брзам со симнување на кг,имам вишок 5-6кг. Денеска така ми се погоди двапати да јадам овесни снегулки, но не сум сигурна колку имаат калории и затоа и прашав дали е мн што двапати од нив јадев.
Појадокот е најважниот оброк така да можеби не си гладна но тоа никако не е во корист на твоето здравје Подобро купи си јаболки 1-2 и гркицкај си ги, ќе те заситат и секако полни се со витамини
Да ве прашам,на прослави на кои има богати јадења на маса,што правите? Дали си куснувате по малку,дали само ја гледате храната или пак зимате само од здравите ствари? Малце глупо,ама ме интересира како да постапам.