Луѓе... тукушто си ги мерев пропорциите, и нешто чудно ми падна. По точно два месеци диета колку мислите дека може да се намали струкот во обем? Затоа што летоска се мерев и струкот ми беше 84 а сега ми излезе 76, што е доста голема разлика, и некако не ми е веројатно, а градите и задникот ми се исти (105 & 105).
леле луѓе јас незнам како ќе ослабам. Некако немам сила да се придржувам. Ја држев десет дена онаа диетата со 20 дена и се откажав се разочарувам кога ќе видам -2 кила а се откажувам од се. Е сега видов тука дека УН диетата многу ја фалат а и ми одговара режимот имаш слобода како сакаш да си комбинираш и сакам да издржам ми требаат -30 кила а јас неможам ни -30грама Најтешко ми е викенд кога сум по цел ден дома, е тогаш се што ми дојде при рака оди во уста
Џабе која и да е диета ако сама од себе немаш доволна цврстина и одлучност во намислата, ниту пак волја да издржиш (инаку, сум чула дека УН била штетна). Еве јас не држам никаква пропишана диета туку сама си ја измислувам од почеток на јули уште, и сеуште не сум се откажала од истата, а од предходниот мој коментар ќе видиш дека имам резултати, колку неверојатно и да ми се чини тоа. Само, јас станав сабајлето, решив дека од денес сум на диета и ништо не може да ме поколеба и готово, и после не дозволив ниту родендени, ниту слави, ниту месените специјалитети во ниедно време на мајка ми да ме поколеба. Се' е до психата. Инаку, озбилна си со ова "30 кила" или само така ти беше зборот? Колку си висока, а колку тешка? Немој да не ти треба диета па само да го малтретираш организмот за џабе.
Да MagsDestiny сериозна сум бидејки имам 98кг а висока сум 164 Јас бев кај нутриционист пред едно 2,5 години и за три месеци ослабев 14 кг, и стигнав до 80кг и место да продолжам за до си дојдам до некои 70 килограми јас смотана се откажам и се запуштив. Имав триста проблеми приватно и на работа и сега после, и еве резултата уште малку стотка. Е сега се решив и сакам ништо да не ме поколеба ако издржам 15 дена е после имам резултат и воља. Па ќе се трудам наредниве две недели да не мислам дека сум на диета и кога ќе јадам за да не се разочарувам зошто не сум ослабена -а свесна сум дека првите десетина дена нема многу резултат.
Знам и свесна сум дека ќе ми треба период поголем од 6 месеци за да постигна но се надевам дека ќе успеам, морам бидејки ми е многу тешко
Епа тогаш да, да не се лажеме ама навистина мора да ослабнеш, не толку за естетскиот изглед колку за здравјето. Замисли како им е моментално на твоето срце и твоите коски, кои треба да трпат толкава тежина и да пупмпаат крв низ вени и артерии полни со масни наслаги. Здравјето пред се', а доколку тоа не ти е доволна мотивација тогаш не знам што би ти било. Само биди трпелива, првите денови се чиста агонија и тогаш е искушението дефинитивно најтешко, но потоа станува се' полесно и евентуално се навикнуваш. Доколку сакаш пиши ми лп и ќе ти кажам што јадам јас и како се придржувам до тој режим.
па бидејки ми е се потешко, притисокот ми се качува, маснотиите и шеќерот а и неможам ни да се наведна кодури да облечам, и цврсто сум решена. Се надевам дека ќе имам успех
Сепак не издржав 1 месец без да се качам на вага. Денес, на 5ти ден од „диетата“, сум -1 кг. Е сега, за ручек јадев сардини, сега за вечера може ли да јадам месо со сирење? Мислам, месото не е проблем, ама сирењето? Бидејќи риба во комбинација со млечен производ е отровно (како што имам слушано, а истото го читам и овде), па ме интересира смее ли да се јаде сирење за вечера ако за ручек си јадел риба?
Ме интересира девојки што правите во ПМС, зошто јас неможам да се контролирам многу ми се јаде и секогаш прекршувам и малце качувам во килажа.Има ли некој начин да се намали апетитот
Телото познава калории. Долколку си во дозволениот калориски внес тогаш не гледам никаков проблем. На крајот калориите си се калории дали ќе внесеш 100 кал. од краставици или од сирење тоа не е битно, всушност битна е нутритивната вредност на храната колку е таа хранлива. И биди сигурна дека од риба и сирење во комбинација нема да се отруеш.
Јас пак една недела пред да добијам и додека имам добиено ми е толку намален апетитот што понекогаш не јадам по цел ден. Aко навистина не можеш да се воздржиш, можеш да земеш некое овошје, зеленчук, сега има тоа, а е здраво и не дебелее, па да си грицкаш на рает.
И јас слушнав дека јадењето јаглехидрати пред да си легнеш ќе те здебелат, но се едуцирав и дознав дека се додека си во калориски дефицит нема разлика.
Дали е во ред да се јаде туна за вечера? Оваа што ја јадев беше во масло но ја прецедив па ја јадев.Инаку конзервата беше 95g и пишуваше дека има околу 200 калории.
Иста ситуација сум и јас значи истото ми се случи и мене ослабев што дури не можев да верувам дека тоа сум си јас коа ке се гледав во огледало и наместо да продолжам со режимот се опуштив си мислев еј имам режим ке си уживам во храната некое време па пак ке почнам помина година дена вагата полуде а јас никако да почнам диета
Јас ја држам аткинсовата диета денес ми е девети ден гледам колку што можам помалку да јадам аама само -2кг сум ама то е не се откажувам имам 59кг висока сум 160 цел ми се 55кг,е ќе бидам многу среќна кога ќе ја видам таја бројка на вагата