(Морална) Поддршка за сите што сакаат да ослабат

Дискусија во 'Диети' започната од Vampire-Girl, 26 јуни 2010.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.888
    Допаѓања:
    183.102
    Почнав да ја читам темата од почеток до кај 60 страна луге толку убаво почнале па група за подршка ,па заедно се бодрат,се тешат ,се консултират од мерак и да не си на диета ке бидеш заради дружбата :lol:
    Мислам кога би биле исто формирани во група со една заедничка цел би било полесно верувам дека повекето феминки нема да се откажат лесно од диетите
    Затоа еве сум тука и ставам нов предизвик
    Кој како сака нека си држи диети ,или режим на исхрана,или здрава храна небитно ајде да си оствариме сонот и за нова година да бидеме нови луге
    Јас имам за симнување 6-7 килограми денес го завршив вториот ден и сум на аткинсон Планирам 2 недели да ја држам па ке планирам за понатаму
    Има некој спремен за дружба ????Ајде заедно сме посилни и послаби :lol: :lol: :lol:
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  2. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Не е проблем тоа што сакате да ослабете туку на каков начин го правите.
    Аткинс,УН диета имаат еден недостаток, а тоа е што не можеш да бидеш долгорочно на неа.
    Што после тоа ?
    Како ќе ја одржувате тежината?
    Повеќето од аткинс килажата е вода.
    Затоа после враќање на старата диета брзо ги враќате килограмите.
    И се што треба да знаете е баланс.
    Тој баланс се постигнува со тек на време.
    Ниедна храна не е лоша и таа што ја рекламираат за лоша е добра ако ја јадеш во умерени количини.
    Нема докази дека ако изедеш нешто што ти е омилено 1-наш неделно ќе биде штетно.
    Затоа сакајте си го здравјето, најновите истражувања за аткинс укажуваат на виска поврзаност со срцеви болести.
     
  3. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.888
    Допаѓања:
    183.102
    абе си ја знаеме маката јадиме премногу и нездрави работи затоа и имаме проблем со килажата
    Остави не да се порадуваме малку :D
     
  4. krufce

    krufce Активен член

    Се зачлени на:
    18 август 2014
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    21
    само да Ве поздравам и да Ви пратам подршка. јас веќе денес 8ми ден од УН и се осеќам супер и не се мерам уште некој ден да не се разочарувам но осеќам малку попуштање околу пантолоните.
    Само напред на сите и нема откажување :up:
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас пак си се ставив на предизвик. 15 дена без леб (или пола рибанка дневно), чоколадо, крем, колачи, грицки, газирано, пржени компири, сендвичи, паштета/сувомеснато. Сега сум на 8ми ден и добро ми оди. Многу ми е тешко без благо особено, се залажувам со компот од вишни. Ама ќе издржам. Денес почнав и со вежбање. Планирам да намалам до 50-52 кила. Ќе се ставам вака на предизвици и кога ќе завршам еден ќе имам денови за мамење, па пак предизвик и се така. Кога ќе намалам, планирам да продолжам со режимот, ама во неделата на пр. да смеам два пати да јадам чоколадо, два пати месечно грицки и слично, да го вратам лебот во исхрана, ама интегрален и да продолжам со вежбање :)
     
    На Sunshine.Sunshine му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.888
    Допаѓања:
    183.102
    јас сум без леб од јануари месец воопшто не јадам и не осекам потреба за него исто е и со газираното е благото ми праве проблем али се мислам да испитам хормони се си мислам о нив е што сум толку склона кон брзо поправање
    што мислите ???
    на сето пазење јас пак со + килограми па си викам не е можно бре
     
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    1.Не си во калориски дефицит!!!
    2.Ниедна храна не е штетна.
    3.Не раководиш колку калории внесуваш
     
  8. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.888
    Допаѓања:
    183.102
    раководам бре штеф ти пишав 900-1100 секојдневно
    еве пр за денс да ти пишам
    појадок-туна +2цедени лимони
    ручек -шопска огромен тањир+5 кебапи
    вечера-туна+1цеден лимон
    кафе 1 ,цај без шекер 1
    тоа е
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.448
    Допаѓања:
    143.673

    Сериозно?
    Имај на ум дека има тука луѓе што можеби не читале доволно, а тебе ти веруваат. Ако веќе се трудиш да создадеш таков имиџ, тогаш не смееш да си дозволиш да пишуваш вакви работи.

    За што не е ниту една храна штетна? Знаеш ли колку истражувања има за поврзаноста на храната со еден куп болести? Едно е калориски дефицит, друго е дали некоја храна е штетна.

    Да не бидам оф топик, имав многу динамичен перод, т.е. уште имам. Обично во вакви периоди многу јадам и многу качувам, ама овој пат за среќа барем останав иста. Сакам да симнам уште некое кило, и 3 се доволно,а 5 би било супер, ама некако немам сила. На диета не ми се ни помислува. Најмногу ме мачи тоа што сум физички многу неактивна, не за друго, туку закржлавена сум и се ме боли. Оваа недела сигурно не почнувам, ама од понеделник би почнала до пливање.
     
    На ColoursOfTheRainbow и sofijanoka им се допаѓа ова.
  10. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Убаво ви е објаснето со истражувања.
    http://evidencemag.com/clean-eating/
    П. С се во умереност.
    Ако јадеш здраво не значи дека си здрава, поентата е умереноста.
    Ако изедеш едно колаче ништо нема да ти биде или смоки или твојата омилена храна.
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.862
    Допаѓања:
    142.578
    Значи да си јадеме препржен помфрит од сендвичари со несмнет зејтин еден месец, или од последната инспекција :)

    Иначе 4 кила помалце, уште 4 остануваат. Сега не е толку тешко, навикнав, иако има денови кога од ѕидот ми иде да гризнам.
     
  12. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Ако јадеш еднаш неделно нема да те повреди.
    И прочитај ја статијата пред да судиш.
     
  13. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Има милион болести поврзани со преконзумација на калории.
    Ако ти се прејадуваш, без разлика дали е таа храна здрава или нездрава со тек на време креира болести.
    Нормално тешко е да се предадеш зеленчук или овошје, но поентата е дека ако јадете 10-20 % од времето храната што си ја сакате и раководите дневник за исхрана во кој ги задоволувате вашите дневни потреби за микро и макро нутриенти нема да имате никаков здраствен проблем освен како што пиша во статијата немате веќе некоја болест.
     
  14. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.869
    Допаѓања:
    23.776
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки.Како оди? :)
    Одамна не сум пишала,м?

    Јас не сум добро нешто. :D На 16-ти Август бев на роденден и од тогаш не сум мрдната со килажа,мислам заслужено,не се хранев добро.Денеска повторно решив да почнам умерено да се хранам со цел да слабеам барем 5 килограми месечно,но,ке сум задоволна и само 3 кила да се.

    Не,нема да ги оставам тие симнати 13-14 килограми да бидат само толку. :devil:

    Слабо со физичката активност и пиењето вода,но се трудам колку што можам.

    Денес на менито за доручек имав некоја интегрална кифла што ја купив на школската пауза.Кога се вратив дома јадев компир чорба со малку бел леб и парче сиренце.За вечера ке видам што ке јадам,прво треба да пресметам калориите. :)

    Имам некоја фобија дека доколку не држам некоја посебна диета како Ун (на пример) нема да можам да ослабам,и губам мотивација.Но,знам дека тие диети не се многу здрави,така да...одиме напред,мора да има резултат.

    Бидете ми поздравени. :hai:
     
  15. Viktorii4e

    Viktorii4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    258
    Денес денов овошен ќе да е,да не биде залудно вежбањето со тежини да се направи некое мускулче ќе пијам и протеински шејк.
    немам сила да вежбам се осеќам слаба па се одлучив денес да земам ден одмор и да одам само на пешачење подоцна.а останатиот дел од денот ќе го поминам во кревет.
    -бурмата и вереничкиот почнаа да ми паѓаат од рака лабави ми се а килажа сеуште иста(варирам 69,70),можно е да сум накачила на мускул?
     
  16. Rose-tulip

    Rose-tulip Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2014
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    287
    Пол:
    Женски
    Јас, јас сум спремна за дружба :D Како ги откажав цигарите, никако не можам да се вратам целосно на патеката. Само во поглед на физичка активност сум дисциплинирана, ама со јадењево ништо не праиме :tmi: Многу се поправив, си ја осеќам облеката се ми стои затегнато а на вага ми е страв да се качам, така да јас веќе почнав од минатито четврток со некој мој режим без да се мерам(и така мерењето ми ствара дополнителен стрес и притисок) па ќе видиме за понатаму. Битно да си се бодриме и поддржуваме и да останеме истрајни! ;) И едно ОГРОМНО БРАВО за Зека, девојко стварно си инспирација за СИТЕ на форумов!!! Само продолжи така! :rock:
     
    На zeka и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.448
    Допаѓања:
    143.673
    Колку прави разлика дали вечераш или не, да не му се верува на човек.
    Само друштво е така малку зезната работа. А иде зима, знам дека ќе си седиме по дома и ќе си правиме ручечиња со лепо друштво.

    Неверојатно многу уживам во заедничките ручеци. Недела, собрани 10-тина возрасни и уште толку деца, ракија и салата, главно јадење и вино, десерт и кафе, деца си играат и се тоа трае околу 8 саати. И оди после ослаби :D
     
  18. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Во врска со она за штетната храна, изгледа некој не сретнал тука статии, истражувања и сл. за како се лечи рак со храна. :wasntme:

    Ама мижи Митро тулумби паѓаат, кој си нашол овци, ќе ги стрижи, нели. :angel:
     
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Нема лоша храна има лоша исхрана.
    Поентата на мојот пост е да ви покажам дека било која храна може да се стави во вашиот дневен калориски внес, нормално тоа да е 10-20% и другото да е здрава исхрана.
    За луѓето што не се валидират како моето погледни ја мојата исхрана и ќе видите дека јадам 100% здраво, но понекогаш си дозволувам сладолед, кекси и разни работи што ги сакам и ги класифицирате како лоша храна.
    Ако толку сакате ќе направам и крвна слика да видите што сакам да кажам.
    Но бидејќи никој не посочи ниедно истражување, тогаш ќе го сметам за мислење.
    Не можете да валидирате факти, со вашите мислења.
    Мислења не се факти.
    Науката е солидна за тоа што го кажувам.
    Ако имате контра аргументи ве молам пишете, ако не тоа е ваше мислење.
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.888
    Допаѓања:
    183.102
    штеф не се потресувај многу :D 2 мислења исти си пратил
    Инаку да прашам како се држите девојки ? Симнувате килограми??
    Јас сум5 ден на аткинс добро ми е не осекам дека сум на диета а за мерење не се мерам барем недела две