Се држиме некако Ептен направив рестрикција на храна неделава, ама ако, одма полесно се чувствувам Инаку целта ми е 5кг за 2 месеци, не сакам да си давам невозможни цели, мислам дека ова е сасвим ок. Се измерив бај д уеј, викам ај ако симињам бар да знам дали сум ја исполнила целта на крај и застанувам така јас на вага и кога што да видам: ЦЕЛИ 58 КГ!!!!! Тоа во живот не ми се случило, да бидам над 55кг. Е затоа сеа ќе си трпам и нема што било у уста да оди, така ми е! Идеална тежина според мене ми е 53кг, така да затоа и си ја поставив целта па ќе видиме.
За прости работи google има одговор. За сложени работи можам да одговорам. Пример како да почнам со исхрана. Каков тренинг треба да вежбам за оптимален раст. Што ве мотивира да продолжите напред. Не сме ние Баба Ванѓа и да знаеме колку % вода има во леќата и колку % е леќата.
^ Не знаев дека ти си домаќин на темава па имаш одговорност за секое прашање да се погрижиш. Не треба да си баба Ванѓа да кажеш колку калории има во 100 грама леќа ако знаеш, па за друго сами ќе си израчунаат. Оти и гугл не знае колку леќа има во тањирот.
Дали само јас сум на диета, нема никој никаде? Денешното мени ми беше вака. -За доручек си јадев 2 чинии супа -ужинка 1 јаболко -Ручек 1 јајце и салата од краставици -ужинка 2 мали праски -Вечера овесни снегулки со јогурт ! Се надевам дека ке издржам барем 1 месец да ги симнам овие 6 кг, додека не сум накачила уште некое ! Знам дека денеска не ми беше баш добро менито, но така испадна и затоа и сум мн гладна!
Има ,има еве јас сум сеуште на аткинсон веке 9 ден и имам изгубено 4 кг Си јадам редовно не сум гладна воопшто дури од многу малку храна сум најадена Одиме напред не се откажувајте денес еве појадок 4јајца варени, парче мало сиренце, ручек плескавица на скара+шопска вечера мислам да прескокнам
И јас сум на диета Од денес почнав со Carb cycling па да видиме како ќе се покаже. Еве и мое денешно мени: Доручек јогурт со овесни снегулки, Ручек 1 варено јајце, Вечера Туна салата, и секако кардио денес- трчање по кеј
Мене денеска ми е 4 ден Околу 1h си сварив 3 компирчиња си ги направив како салата и еве уште ме држат, кога ке почувствувам глад ке земам 1 јаболко и за вечер ке јадам овесни снегулки со јогурт. Со лесно нека ни е на сите
Е денеска сум си баш проудич на себе. Ја направив вежбата која ја пробувам веќе неколку пати и секогаш се откажувам 30 секунди подоцна,но овојпат ја направив целата,ха! Добро,сега нозете не си ги чувствувам ама вреди Не ми беше во план да го вежбам ова ама си го додадов. Еве за што зборувам,само што јас одамна ја знам на памет вежбава и на Wiggle Wiggle си вежбав. Добро сега направив пауза од 5 секунди трипати во текот на вежбањето,ама навистина ми се уморија нозете и ми се стресоа не можев да ги контролирам. http://www.youtube.com/watch?v=kJyZhOJ2Tag И исхраната ми беше кул денеска,проудич. Денес треба да направам Ден 1 од 30 дневен предизвик,и ке излезам да испешачам 1 км. Јеј,јеј се надевам секогаш вака мотивирана ке си останам.
Што мислите за нутри црниот леб со семки од сончоглед? Дали мислите дека е доволно здрав да се консумира во секојдневната исхрана? Го користам веќе две години и мислам дека држи ситост. Јадам по 3-4 парчиња дневно, а сакам да намалам некој килограм.
Мислам дека е ок лебот, али ако сакаш некое кило да симнеш намали на количина, на пр. ограничи се на 2 кришки дневно
Јас сум сеуште на диета, -1 кг, почнав и да вежбам, арно ама сега многу потешко оди слабеењето, за разлика од почетокот.
Абе луѓе ајде малце поактивно...Темава божем за поддршка, а од поддршка ни "п" деновиве Да се јави Зека одма!!! Инаку јас два дена по ред бев само на протеини и вчера толку ми се смути во глава дур бев на работа, ќе припаднев за малце, па затоа и не вежбав а вечерта од една чашка вино јас пијана бев веќе најверојатно ми бил потребен шеќер, ама ете денес ми е high carb ден, па ќе надокнадам. Не се мерам на вага, тоа наредна недела ќе биде. Вие како, до каде, што....? Anyone????
Еве и јас сум веќе долго време на диета ,подобро да кажам здрава исхрана. Ама сега дека сум настината и цело време дома лежам па и качив 1 ипол килце па еве сега сакам да симнам уште 3. И малце да се затегнам со вежби. Поздрав до вас женски и само упорно