еве ме пак мене 4 дена како сум на мојот режим hock: и оди некако.Чувствувам како да ми е намален стомакот ми е намален во обем но не знам зосто денес кога се мерев на вага не ми покаЖа ни 200 грама помалку.... дали треба да се разоцарувам? watherleady каква е твојата програма за исхрана ако не ти е теско да ми каЖес?
Намален стомак за само 4 дена? Сигурно не јадеш ич, па желудникот ти е празен, и осеќаш како да имаш помал стомак. За 4 дена нема никакви шанси ниту да изгубиш килограми, ниту да се намалиш во обем. Потребни ти се 4 месеци, па и повеќе. И немој да се разочаруваш, за 4 дена никој не може да ослабне. Слабеењето е долг процес, кој бара упорност, трпение и самодоверба. Ти сега си се разочарала што немаш ефекти за 4 дена, а што ќе биде ако пола месец вежбаш, ги зајакнуваш мускулите, и кога ќе застанеш на вага гледаш не си изгубила ниту 1 килограм? Ќе се откажеш иако гледаш дека има видливи резултати, а вагата покажува друго? Направи си 30 дневен предизвик, 30 дена јади здраво и вежбај што повеќе, но не застанувај на вага пред 30от ден. Ќе видиш дека има неверојатни резултати. Мојот режим во глобала е следниов: Наутро одам на училиште, и немам многу избор, а и ми треба енергија. Јадам варен ѓеврег и обавезно ладен чај (домашен или оној на Вива). За ручек јадам што има дома, само гледам тоа да не биде пица, шпагети, макарони, јуфки, и никако леб. За вечера салата, месо со сирење, или пак исто како и ручекот. Денес си направив и предлог мени и вежби за 10 дена, ќе се трудам да се придржувам до него, и ќе го менувам после секои изминати 10 дена. Поздрав до сите!
Здраво девојки Јас решив да ослабнам..И се одлучив на здрава исхрана,несакам некоја посебна диета мој режим решив да применам.. Е вака јас одлучив да внесувам секој ден супа од зеленчук дали е тоа добро? Исто така нема да јадам воопшто леб,мада јадев 5/6 месеци само црн леб и мислам дека морам скроз да го исфрлам зошто едно залче ме тера на уште и уште.... Насабајле почнав само што ќе станам да се напијам сок од лимон цеден без шеќер и после саат време јадам.. Јас сакам да се задржам највеќе на супата значи и дали ќе може да јадам полнети пиперки,ориз,компир,јајца и такви јадења? А воедно ќе внесувам и цвекло салата за да не ми ослабне крвта..Почнав со ваква исхрана но некако немам сила за вежбање (или пак јас така си мислам) :/ Ве молам кажете ми мислење,дали ќе ми вреди овој режим на исхрана или да не пробувам залудно.........? Знам дека ние не сме специалисти за ова,но секое мислење од Вас ќе ми значи многу,а и ќе ми помогне многу!
Прво треба да пресметаш колку калории треба да внесуваш дневно за да можеш да ослабеш значи треба да си во калориски дефицит. Држи се до таа бројка и вежбај. За храната што ќе ја јадеш мора да знаеш колку калории има. Тоа може да го пресметаш сама. Потребна ти е кујнска вага и google, се што ќе јадеш во текот на денот запиши го . Може да користиш и my fitness pal. За се што ќе јадеш види колку калории, јаглехидрати, протеини, масти содржи. Гледај храната да не биде процесирана да нема хидрогенизирани масла( се што ќе види со зборот хидрогенизирано фрлај), вештачки бои... ПС АКо има некое др, прашање слободно Поздрав.
вака сабајле кога станав пиев сок од лимон,цеден без шеќер,после тост си направив со едно парче салама и кашкавал ама мн мало тостче,после јадев супа од зеленчул,па кафе без шеќер,после 2 часа пак супа,па пола крставица така ја јадев,едно јаболко и две полнети пиперки би ти пишала и во инбокс но бидејќи ми е надминат лимитот нема да стигне :/ израчунај па пиши
Ова се што си го јадела се само празни калории и нема шанси да си изела само 550 кал.Само во тостот има околу 300 кал. плус пиперките и меленото месо,оризот,јаболкото има само 80-95 кал. зависи. Моја проценка некаде околу 800-1000 кал. Мора да внимаваш каква храна јадеш не се само калориите и ова што си го јадела е малку.
најдов на фемина во темата за броење калории,една листа и ја препишав,можно е и грешка да сум напраила прв пат ми е броењево xD
Пред 4 дена почнав со здрава исхрана, не само поради намалување на тежината туку и поради подобрување на здравјето. Сега јадам многу помалку, не јадам ништо што има шеќер, не јадам мрсно, готвам со маслиново масло, салати, манџи, овошје.. така веќе 5 дена. Првиот ден и вчера вежбав кардио и се чуствував супер, но денес нешто чудно се случува со мене, губам рамнотежа кога ќе станам од стол или од кревет, губам рамнотежа кога ќе седнам или ќе легнам.. се околу мене се врти, кога ќе се наведнам исто, како да се лулам... Можно ли е да е од промена на храната?
Што да правам...Стварно сум за ќотек :/ А решам да ослабнам и се добро добро..и одеднаш мора да ме привлече некое вкусно јадење..Или пак ако брат ми купил нешто вкусно морам и јас да пробам....Како да бидам упорна девојки? ..Како да не се откажам и како да не посегнам по вкусните јадење...? Ве молам помогнете. Денес пиев цеден лимон,супа пола тањир и брат ми купил две лиснати со мѕнка за мене и двете ги изедов а сеа ми е многу криво....Што да правам понатака? Колку калории имам внесено?
Прочитај ги следните линкови и одма ќе се откажеш од се што е штетно за тебе и што не сакаш да го јадеш! http://press24.mk/se-krielo-od-javnosta ... 923-godina http://www.surovoivkusno.com/ph-vrednos ... ela-hrana/ Мене многу ми помогнаа да се откажам од благото, штетните масти и лошите јаглехирдатите.. и немам план да се откажам!
Можно е од преголем калориски дефицит или од многу малку шеќер во крвта. Провери си ја диетата и колку калории внесуваш дневно.
pato ти пишав во инбокс но не ти стига... вака значи ајде решив нова страна да свртам,и сакам да ве прашам сите Вас што ја посетувате темава дали е добра и правилна следнава исхрана: *Сабајле кога ќе станам да се напијам 2 чаши вода *После еден час да јадам овесни снегулки со млрко или јогурт..мада ич не ми се свиѓаат па така да би пиеала само една чаша млерко или јогурт *После ужина да ми биде нешто овошје *Па после 3 часа да јадам што има дома за јадење некоја манџа нешто без ЛЕБ *После нешто од јаткастите плодови *Пак овошје до 16 часот И вечера да ми биде салата некоја ,таратур и слично нешто И како е...Ви се допаѓа ли? Има ли некој/а што држи ваква диета,или слична има ли резултати?
За да ослабеш мора да бидеш во калориски дефицит. Пресметај колку калории ти се потребни. http://www.myfitnesspal.com/ регистрирај се овде има се што е потребно. За мениво неможеме ние да ти кажуваме што да јадеш тоа мора сама да го одлучиш. Треба да имаш доручек, ручек, ужина и вечера. Јади на секој 4 часа.
колку калории има во две јајца и две парчиња пилешка салама? Од моб сум па не ми ги отвараа тие веб страните,па тука да прашам хехе