Па пред тренинг јади нешто полесно, некој јаглехидрат за да ти даде енргија ама глеј да биде 2 саати пред тренинг, за да не ти биде тешко дур вежбаш, а наредниот саат после тренингот јади нешто со повеќе протеини. Бар за мене ова најдобро си функционира
Дечки, може да ми кажете некои рецепти за каши (зеленчукови и овошни, помалку калорични)? Во последно време многу ги јадам, дури и обичните јадења ги пасирам и така ги јадам. Па затоа сакам да си правам овошни и зеленчукови, по здрави се, а сигурно и помалку калорични.
Здраво, нова сум на форумот и сакам да ми дадете некој совет за ослабнување или некоја диета што сте ја пробале и што била ефикасна.За 10дена сум на свадба и сакам да го немам стомачето.Ве молам ако знаете некоја брза диета пиешете ми
Доручкувај јаболка, портокал или грејпфрут, ручај 2 варени јајца или туна или парче пилешко печено, вечерај салата со малку сиренце или бистра супа или јогурт. Благо во ниедна варијанта, леб и тестенини такоџе. Меѓу оброци апсолутно НИШТО не ставај во уста, вечерата нека ти биде минимум 4 саати пред легнување. Алкохол ИЧ. Вежбај секој ден кардио вежби мин. 30 минути. И мислам дека за 10 дена ќе имаш резултат. Ефективно, али крајно нездрав начин на губење кг. , али пошо ти сакаш за токлу кратко време чудо јас да ти се најдам во небрано......
Одамна не сум пишала на темава. Ама уште се држам. Не сум намалила килажа ,ама пресреќна сум што немам ниту грам ставено. Се хранам здраво и бројам калории. Денес ќе гледам да сум повеќе на овошје/зеленчук и чајчиња.
Искрено јас сум гоелм противник на брзото слабеење и попрво би носела мидер за да го стегнам стомакот отколку да си го истоштувам телото со такви диетски шокови. Еве ти една диета, јас лично ја немам пробано ама изгледа прифатливо. http://dijetaplus.com/brza-dijeta-7-dana-7-kg/
Јас се здебелив неколку килограми, но сеуште не се решавам за диета. Од следната недела ќе одам на теретана, и ќе пијам повеќе вода, па се надевам на резултати.
За десет дена не можеш да ослабнеш, само можеш да исфрлиш добар дел на вода од организмот и нормално ке изгледаш послабо, а мастите ке почнат да се топат после тие 10 дена нормално ако продолжиш со режим. а околу исхраната исфрли го овошјето, и се што содржи шеќер, конзумирај сложени јаглехидрати секое утро но во мали количини остатокот од денот јади цело време протеини и здрави масти и конзумирај зеленчук како на пример Марула или зелка.. и еден ден во неделата изеди нешто слатко, калорично и внимавај на калориите а и обавезно користи мултивитамини и минерали во додатоци .
Прашање до редовните диеталки:Како е можно со истиот режим со кој одржував тежина досега,сега да сум поправена 3 килограми? Не конзумирам бел леб,не конзумирам газирано,благи работи ептен малку,преку ден.Не мешам јаглехидрати и протеини,не јадам овошје и ништо друго после оброк.Салати и супи секогаш и тоа во големи количини.Млечни производи само сирење и јогурт. Вода пијам од 1-2л,зависи од денот.Вежбам 4 пати во неделата,по 1 час. Не ми е јасно од што се поправам,жити се,како воздухот да го собирам
Значи вака за да направиш стомачни и линии на бутовите мораш телесните масти да ги намалиш на многу ниско ниво, а тоа ке го направиш само со правилна и паметна диета. Прво и основно конзумирај помалце калории од што ти троши организмот пример 500 калории помалце, второ почни со циклирање на јаглехидрати пример 3-5 дена јади многу малце јаглехидрати по 50, 80 грама и после зголеми ги јаглехидратите на еден ден и пак нов циклус со малце јаглехидрати и така натаму , јади повекје протеини (стек,јајца,сирење без маст, веј протеин,риба)и здрави масти (бадеми, лешници , ленено семе, ореви, риба...)и зеленчук пример зелка,марула краставици..и обавезно користи мултивитамини и минерали. Прави мамење на метаболизмот(јади нешто забрането, калорично јадење еднаш на 15 дена пр..) сето ова мора да го испланираш во дневните калориски потреби и никако да не ги надминуваш калориите..вметни кардио тренинг (трчање, скокање јаже, возење велосипед.) и дигај тежини. Пред тренинг можеш нешто интегрално но ептен мали количини, после тренинг било што само да содржи квалитетни протеини(најоптимално е протеин од сурутка) и пак малце хидрати. Гледај да спиеш минимум 8 часа, и помалку стрес нервоза, и знај дека не е воопшто лесно но ако имаш желба, трпение, мотивација ништо не е недостижно, а и имаш многу страници на интернет за оваа проблематика истражувај и учи со среќа!
тие три килограми или се вода, или си ги надминала калориите без разлика што јадеш само супи, салати, сирење и јогурт и тоа содржи калории и ке те дебелее ако немаш ориентација према калориите.
Заборавив да напоменам дека си ги бројам калориите отприлика,1400 ми е лимитот,а никогаш не го надминувам.Можеби до метаболизмот е,дигестијата е забавена..
Мора точно да знаеш колку калории внесуваш дневно а потоа пресметај неделно и види дали си во дефицит.
Ви благодарам на одговорите, додадов повеќе протеини во исхраната и додадов сурутка која досега ја немам употребувано. Три дена одам на вежбање, а другите денови трчам, само еден ден во неделата не сум активна, баш ме интересира за колку време ќе добијам резултати Инаку не сум човек што се придржува кон диети, а калории да бројам да се замарам нема шанси, колку ми се ајде толку јадам, ама во секој случај не внесувам повеќе одколку што трошам. 90% од храната што ја јадам дневно е здрава и се состои од протеини и сложени јаглехидрати, и зеленчук јадам многу. Слабост ми е неделата затоа што обично секогаш одам на ручек во недела и несакате да знаете колку калории внесувам тогаш ама ќе гледам да се сведе тоа само на салата и ракиичка Предлог некој за мултивитамини и минерали?
ја отварам темава и одма барам мислење од зека за мотивација... да се пофалам јас симнав неколку кг и околу 20 см во обем постепено не на брз начин денес на мени за доручек јаболко и кафе ручек една кифла,кришка леб и smoked ham за вечера ќе земам нешто полесно зошо вчера се прејадов.
Najprvo sakam da se izvinam za lat.zosto sum od tel. sakam da prasam kako da go namalam stomakot???sekade sum slaba nemam celulit nitu strii no na stomakot imam natalozeno mn mn salo i kako da go namalam. devojki pls help i vi blagodaram odnapred. *
Треба да внимаваш на исхраната, да заборавиш на брзата храна, тестенините, лебот, бели пецива, газирани пијалоци или сокови што содржат многу шеќер, да го оставиш благото и да внесуваш повеќе вода, вода со лимон, јогурт, овошје и зеленчук, јаткасти плодови. Исто така можеш да почнеш да броиш калории и да ја џвакаш храната повеќе пати (пр. еден залак 40 пати). Намали ги оброците, еден оброк нека ти биде со големина на дланката, внесувај повеќе помали оброци во текот на денот. Почни да вежбаш, кардио вежби кои што го топат салото на стомакот, на интернет покрај стомачните можеш да најдеш и други вежби што ги согоруваат салото и калориите. Можеш да почнеш со танцување или со џогирање. Трчањето комбинирано во кардио вежби е најдобар избор. (Ти не спомена никаде стомачни мускули, но доколку случајно сакаш такви, не почнувај со градење на стомачни мускули пред да го стопиш салото, прво топење на сало, па потоа градење на мускули). Исто така додека трчаш или вежбаш можеш во областа на стомакот да намоташ фолија за повеќе да се испотиш во тој предел
Fala ti a nekoj drug nacin nema li??? a za vezbanjevo da bide aktivno celo telo ili samo stomakot inaku da napomenam 5 pati vo nedelata pesacam po1saat so umerena brzina