Девојки што би ми препорачиле за забрзување на метаболизмот? Пијам Баланс, Јога јогурт, не бива, зелен чај пак не бива
Почитувана феминке, до неколку дена диетата е ок но кафето го кисели организмот и многу подобро би било без кафе. Повеќе од три дена на ваков режим може да се развие кандида која потоа тешко ќе ја извадиш. Excercise is the key .
Кафето замени го со зелен чај (умерено!!!). Не да дава енергија, да не беше, немаше да преживеам ниту една испитна сесија. Една шоља е доволно сосема. Вежбањево е исто многу битно, со тоа што голем проблем е што мотивација и колосек неверојатно лесно се губи, но по одреден период упорна доследност, без забушавање, тешко е да се откажеш. Друга работа. Не е малку премногу за желудник ако се внесува ѓумбир во рамки на диета, со полесна храна... или пак баш обратното беше?
И со јаболки може да не се ослаби ич,посебно ако јадеш по 5 кила на ден. Ама кога ќе ти заслабни крвта,кога ќе станеш омалаксана и ќе почнеш да се онесвестуваш,да не се жалиш Јади леб,ама интегрален.Благо ако сакаш,само црно чоколадо и то од оние со 70% какао. Газирано убаво што не пиеш,не пиј и алкохол. Кафето не помага,ама не одмага бидејќи е без шеќер. Наутро јади што сакаш,за ручек месо и салата(протеини и зеленчук,а вечера можеш чаша јогурт,само салата или пак ништо,се разбира ако јадеш 3 часа пред спиење. И нешто најбитно,вежбај минимално 1 час на ден.Физичката активност е неопходна за слабеење.
Не се наоѓаме на место каде што се кладиме, веќе да си пружиме емоционална подршка, мотивација. Насочиме едни- други на прав пат. 24ти. Ден кога почнав да се грижам за своето здравје. Ден кога почнав да чекорам кон својот нов - живот. Случајно видов и се сетив на фемина. Потребно е да си обрнеме само малку внимание на самите себеси, да ги избереме вистинските состојки во исхраната и трајно да си го подобриме квалитетот на живеењето. Свесна сум дека некои работи во животот едноставно не можеме да ги променеме, но исхраната е една од нештата за кои ние сами ОДЛУЧУВАМЕ. Не сум се мерила одамна, во ПМС сум, веднаш после него се мерам и кажувам резултати Последните две недели имав малку нездрава исхрана на мени, но количински намалив и сега се стабилизирам. Неможам моментално дома да кувам, али, затоа ресторанчето ми е тука да ми подготвува диетални мениа Денес ќе имам стек на скара , јогурт и салата. Месото ми е омилено, т.е се што е протеинско. Вчера и денес вежбав по час и половина. 40 мин орбитрек, 40 мин степер и 10тина мин со тегови. Степерот ми стана омилен и одкако го имам а вежбав само неколку дена намалив 1,3 цм во колкови. Мојата најголема проблематика! Spoiler Првата е со 110 кг. Втората е со 75 кг. Моментално 69 кг. Немам сегашна, но и втората е добра, чисто да се види разликата. Многумина побараа слика, затоа ставив. Ако послужи на некого за мотивација, мило ми е.
isto taka dobra e i fitbit app ...ti pokazuva so edna strelka dali si in/out of zone spored kcal koi se vneseni preku den veruvaj ovaa aplikacija me drzi celo vreme vo taa IN zona i mi dava motivacija da trosav poveke otkolku shto vnesuvam pozz
jas da vi kazam oslabete samo ako se resite cvrsto ne so dieti ne so apcinja sirupi ili bilo sto tuku samo so ne jadenje jas oslabev 18 kila taka da moze sekoj samo ako se resi cvrsto
издржав денес со 6 јаболка и кафе , не се вагам бидејки ми е страв дан се разочарам мн , така да идемо даље
6 јаболка?? едно средно јабокло е околу 100 калории(со лушпа) тоа се 600 калории а за тие 600 калории ти можеш да се изнајадеш се и пак да си држиш граница...после ,,диетава,, има мускулите да ти овенат. ко на Шумахер што му овенаа и на Џоли,па сеа ги види си како ти одговара.
Феминки како напредувате? Дали имате видливи резултати? Јас на себе приметувам дека сум подослабната, а и така се чувстувам но вагата сеуште не го покажува тоа, ама не се откажувам ќе продолжам со ова темпо и пак ќе се вагам.
После некое време пак ме гледате мене во темава.Станав физички активна веќе половина месец тренирам кошарка и изгубив 4 килограми.Имав 59 кила,сега сум 55.Се надевам до Нова Година ќе стигнам до 47 .И така мене почесто ќе ме гледате во темава
Не дека сум на некоја диета, туку само внимавам малку повеќе на исхраната веќе еден месец. И нема, не си ја одржувам ни тежината, туку качувам. Страв ми е да се качам на вага, ама се гледа. Фармерките ми се тесни, стомакот ми и како... не можам ни да го опишам. А не јадам многу. Дури и лебот го намалив. Порано јадев повеќе од 7 кришки дневно, сега по две. Благо јадам само еднаш неделно.
Многу ми смета оваа тежина што ја имам. Затоа мислам време е да превземам нешто. Тешкко е да, секој почеток е тежок но со цврста воља се се може. Се од себе ќе дадам да успеам. Редно време е. Се некако одложувам, ај од утре, ај од понеделник ама нема веке залажување. Ќе одам пополека но сигурно. Решив да почнам со УН диета, па ќе видиме како ќе иде.
Јас да прашам навистина ли печената тиква има малку калории? Овие 2 дена си поткаснувам од неа како ужинка, а и навистина многу заситува. Би можела цел ден само тиква да јадам
Тиквата е малку калорична а богата со прехранбени влакна коилесно се усвојуваат од страна на организамот. И јас печена тиква обожавам. Ја мислев изминатата недела. Се потсетив сега, штом можам ќе ја дегустирам Деновиве малку настинав, со температура, кашлица не можам да кажам дека бев на режим. Едвај буткав помалку, чисто да кажам дека Јадев... Сабајле се мерев и вагата падна надоле Уште 15 кг да намалам и посреќна нема да бидам. Да оздравам во целост и се враќам на здравата исхрана и редовни тренинзи
Денес се зачленив одкако ја видов темава. Една година по ред пробував разни диети. Висока бев 1.60 и имав 60 кг.. Диета бр. 1 ми беше само со јадење на овошје и зеленчук. Со која ослабев 5кг. За жал по 2 недели пак добив +3кг. Диета бр 2. Ми беше здрава храна односно се што не е благо, мрсно, леб. Плус и количината на храната ја намалив. И тоа што беше најважно е спортот. Три пати неделно одев да трчам. Освен него исто така е важна поддршката кога имаш од некој до тебе што ке те потсетува на тоа која е твојата цел. И еве ме луѓе за само 2 месеца ослабев 8кг. Сега имам 15 години, висока сум 1.62 и имам 52кг. И верувам дека секој може да успее во слабеење само ако се сака. Ја имате моја поддршка девојки
Браво мис греј, тоа е правилен начин на слабеење, само со здрава храна, активност и количински да се намали храната. Туку јас нешто се изгубив во свемирот. Како можам да ја пресметам дневната потрошувачка на калории. ова БМР ми вика дека ми е 1400, ама тоа нели е за основните потреби на организмот ако 24 саата спиеш само. А ако си активен колку треба да се додаде? По некоја моја логика ете на диета да сум да намалам по 500 калории на ден , да ми е потрошувачката 1700 значи треба 1200 да јадам или не?